Showing posts with label МС. Show all posts
Showing posts with label МС. Show all posts

Saturday, May 4, 2019

Аргентина го доби најмладиот канабис доктор, а Македонија сè уште апси активисти и пациенти!

Фресија Силва Софрас (Fresia Melina Silva Sofrás) е биолог, магистер по фармација и во тек на докторски студии за канабис на Универзитетот во Буенос Аирес, стипендирана од страна на државниот совет за научни и технички истражувања во Аргентина. Македонија и понатаму апси и става во затвор активисти и пациенти!


М-р Фресија Силва Софрас од Аргентина
Фресија родена е во Ескел има 26 години и ќе стане првата докторка во државата за медицинска употреба на ова растение. При Една емисија на радио каналот АМ 550 таа го нагласила лековитиот потенцијал за третман на некои патологии со доволна научна евиденција која ја поткрепува примената, не само од маслото, туку од целото растение! Помеѓу патологиите во кои се потврди придобивката од канабисот е мултиплекс склерозата, намалување на епилептични напади, зголемување на апетитот кај луѓе со оштетен имунитет, намалување на гадење и повракање при хемотерапија. Покрај контактот со аргентинските организации кои се одговорни за распространувањето и применувањето на канабисот, Фресија има блиско искуство со користењето на маслото од канабисот, кај нејзината сестра која страда од фибромијалгија. Соборците коишто разбираат шпански, можат да го слушнат разговорот при нејзиното гостување во радио емисијата „Пат кон ноќно пристаниште“, на овој линк.


Поддржувачите на канабис знаат да уживаат во секојдневието!
АПЕЛ до Министерствата за образование, здравство и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република (Северна) Македонија: Кога ќе ја стипендирате Моника Ристеска која речиси 10 години е неуморен активист за легализација на канабисот во сите области од животот и која е Претседател на регистрираното здружение за демистификација на канабисот во Македонија „420 Македонија - Скопје“ - секојдневно објавува: видеа, статии, вести и научни студии за употребата на канабисот на македонски јазик на овој блог, им објаснува на пациентите како да користат канабис и екстракти кај различни дијагнози и им објаснува како самите да си го подготват лекот во домашни услови (затоа што екстрактите од аптека се преслаби за да излечат дури и настинка!), снима интервјуа со македонски пациенти кои користат канабис и македонски познати личности и самата е медицински корисник на канабисот за контрола на нејзините трауми, поради апсењата и го користи канабисот во форма на маст за нејзините (сега веќе болни и проширени) вени на нозете. Моника не е криминалец, туку интелектуалец и корисник на медицински канабис.


М-р Моника му направи интервју за канабисот на Кили!
Моника родена е во Полска има 30 години и цело свое образование го заврши тука, моментално е запишана на нејзиниот втор факултет - запишана е на Факултетот за земјоделски науки и храна и оваа академска година за неа е пропадната, бидејќи ја ставивте 2 месеци во притвор и не можеше да се вклопи после таа ТРАУМА која засекогаш ќе остави белег во нејзината психа, плус сега е осудена на 5 години условна казна! Таа веќе има завршено едни додипломски студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (просек 9.08) и е магистер на ЕСРА Приз-Скопје-Њујорк по продукција на филм, радио, телевизија и театар (просек 10.00). Таа е лидер, мотивациски говорник, хуманист, крводарител, екологист, учесник во школата за млади лидери на Претседателот Ѓорѓе Иванов, работи како судски преведувач од полски на македински јазик и обратно и многу сака да учи, а е НЕВРАБОТЕНА и живее сама од благодарноста на пациентите! Кога за неа ќе обезбедите соодветно работно место и стипендија за да го заврши факултетот што го започнала, па поедуцирана на темата да може да ви помогне на Вашите легални плантажи за канабис?!?!? Никој повеќе од неа не заслужува да ја добие наградата за своето дело и упорност. Да не беше Моника и неколкумина други, никој немаше да може да произведува канабис во МК - затоа што и понатаму ќе беше ТАМУ ТЕМА!!!


Уредник: MoniQue Konopova
Извори: Ar.radiocut.fmMejorinformado


Моника знае и да одгледува канабис!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 













Thursday, January 31, 2019

Канабисот нуди подобро олеснување од конвенционалните лекови за пациенти со Мултиплекс Склероза

Неочекуваната дијагноза во раните 20-ти години го редефинираше односот на Фил Квонг со растението, го одреди текот на неговата кариера и му помага да живее нормално со потенцијално изнемоштувачката болест. Сега неговата компанија 3 Carbon Extractions Inc. дизајнира екстрактори за ботаничка екстракција


Фил Квонг излечен сега им помага на други!
Животното патување со канабисот на Фил Квонг (Phil Kwong)  од Ванкувер, Канада, започна во неговите тинејџерски години во форма на повремено рекреативно експериментирање. Квонг сега е сертифициран специјалист за екстракција на канабис и тренер. Тој е основач на 3 Carbon Extractions Inc. компанија специјализирана за продажба на опрема за екстракција и обука.


Раните денови

Долго време го користев канабисот“ - вели Квонг, кој почнал да експериментира со концентрати кога имал 16 години. „Никогаш не сум размислувал да го користам во медицинска смисла, додека не ми беше дијагностицирана мултиплекс склерозата“ - додава тој. „Јас буквално се разбудив од мојот кауч и не можев да видам ништо друго освен заматеност на боите во моето десно око“ - објаснува Фил. Квонг почувствувал болка и отрпнувачко чувство во окото. Тој посетил неколку лекари за очи. Секој му кажал дека сè е во ред. „Конечно, стигнав до невролог-офталмолог и тој ме погледна и рече: ‚Имаш воспаление на оптичкиот нерв‘. Тој ми препиша 1,250 mg преднизон (prednisone) за да го контролирам воспалението со ризик од појава на слепило“ - вели Квонг. Лекарите ги навеле несаканите ефекти на лекот како будење параноја, несоница, „и во основа - губење на умот“. Па, каков е тој лек? „Доживеав страшни несакани ефекти и по воспалението стивнаа, па докторите ме испратија на МРИ за мојот мозок“ - заклучува тој. Квонг бил дијагностициран со мултиплекс склероза и веднаш бил испратен на лекување.


Twitter на компанијата за екстракција 3 Carbon Extractions Inc.
Фармацевтски третман

Почнав со Ребиф (Rebif) што ме натера да се чувствувам како да имав грип пет дена од неделата“ - вели Квонг, кој на крајот развил ткиво како лузна каде што морал да го инјектира лекот. „Престанав да го користам и не се лекував речиси една година и доживеав уште еден рецидив“ - Квонг потоа се префрлил на нов лек на рецепт, Гиленија (Gilenya) и иако тој не се соочи со физички несакани ефекти, тоа не беше ефикасен третман. Продолжените рецидиви го оставија со трајно оштетување во неговото лево око. „Ми беше кажано дека ако не се префрлам на други лекови, немам повеќе опции“ - вели тој. Па, Квонг ја напушти земјата и отиде во САД за да добие второ мислење од клиниката Мајо (Mayo Clinic). Тој беше отстранет од клиничките студии, а неговиот третман презеде драстични промени. „За време на овој процес почнав да барам алтернативи и да го истражувам канабисот. Најдов лекар кој ќе ги потпише Регулативите за медицински пристап до Марихуана (Marihuana Medical Access Regulations - MMAR)“ - раскажува Фил. Тој отишол во локалниот диспанџер за канабис за да купи канабис, за кој тој тврди дека не бил толку софистициран и напреден како постојните малопродажни места. „Го прашав бадтендерот (продавачот): ‚Дали имате какви било производи кои би можеле да бидат добри за МС?‘ и јас се сеќавам на него како ми подава производ и ми се обраќа: ‚Брат, не грижи се, овoj производ е со висок квалитет‘. Реално, никогаш не треба да го ставите продавачот во таа положба, но во тоа време не знаев“ - додава Квонг.



Опремата што ја нуди Фил на страната од неговата фирма
Играње хемичар

Квонг не можел да ги најде производите што ги сакал, па затоа почнал да ги прави. Експериментирал со различни видови канабис кои се покажале како ефикасни во лекувањето на други болести. „Ќе се обидам со капсула, ќе правев дебинг (форма на вапоризирање) дури и ќе експериментирав со цвет и ќе видам што функционира најдобро и што е најефикасно. Почнав да ги разбирам придобивките од лековите од целото растение и повеќе немав рецидиви“ - објаснува тој. Иако Квонг наиде на олеснување, тој потоа се бореше за да се поврзе со медицинската заедница. „Нема лекари, нема болници, нема клиники целосно посветени на помагање со терапија со канабис, па затоа само употребувате нешто кога вашите симптоми ќе се појават“ - вели Квонг.



Продолжување со претпазливост

Обично големи дози на лекот наречен преднизон се користат за лекување на рецидиви на МС. „Знаејќи ги неговите несакани ефекти, избегнував повторно да го користам и научив да се справам со моите рецидиви. Сум експериментирал со многу високи нивоа на ТХЦ како алтернатива, бидејќи може да функционира. Без разлика дали канабисот го поправа проблемот или не, тешко е да се каже, без да биде во клиничка студија и да се направат повеќе истражувања за развој, но токму тоа и се надевам дека ќе го работам и ќе бидам дел од тоа“ - објаснува Квонг. Тој рече дека би можел да искуси повеќе рецидиви од другите пациенти со МС, со тоа што веднаш нема да употребува други лекарски третмани и со тоа што ќе е толку истражувачки настроен кон нешто поприродно како канабис. Тој е префрлен на необележан лек што се наведува Ритуксан (Rituxan) и во моментов не се соочува со несакани ефекти. Квонг продолжува да употребува канабис за олеснување на симптомите на МС и за контрола на воспалението, како и за намалување на ефектите од релапсите на мултиплекс склерозата, кога ќе се разгорат. Од 24 август 2018 година тој е веќе една година без рецидив. Иако имал успех со канабисот, тој е претпазлив за советување на другите пациенти со истата болест да го следат неговиот пат. „Постојат анегдотски докази, но не и доволно студии за да го поддржиме тоа токму сега“ - рече Квонг, кој со нетрпение ја очекува легализацијата, бидејќи тогаш ќе биде полесно да се проучува канабисот како лек.


Иднината

Нешто што е важно за мене во одењето напред во индустријата за канабис е да се биде во можност да се возврати. Секогаш тоа ми беше страст“ - рече Квонг, кој продолжува да бара одговори во врска со канабисот и истражувања базирани за МС, како и за други болести и нарушувања. „Јас не одам никаде и размислувам дека реалистички, канабисот не оди никаде во мојот живот во скоро време. Јас ќе продолжам да го користам канабисот на дневна основа за мојата МС и за, добро, само онака“ - смета Квонг. Ве покануваме да ги прочитате и другите статии од искуствата на пациентите, како доказ дека FECO (фул екстрактот од канабис) успешно ја лекува МС, линковите се вметнати во овој текст.


За компанијата на Фил Квонг

3 Carbon Extractions Inc. дизајнира капацитети за екстракција и обезбедува тестирани и безбедни опции за екстракција за одговорни, контролирани и практични потреби за ботаничка екстракција. Со седиште во Британска Колумбија, Канада, 3 Carbon нуди платформа за водење на услуги, регулирање, образование, обука и наука заедно, за канадскиот пазар. „Нашите услуги носат вредност за бизнисите, заедницата, владата, машинското инженерство и заштитните групи на услуги. Нашиот пристап е вкоренет во стандардите за здравје, безбедност и квалитет. Преку нашите партнери, 3 Carbon е во состојба да обезбеди најдобра опрема за индустриски одделенија за обработка и екстракција“ - пишува на официјалниот Веб сајт.

Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Dailyhive

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Tuesday, September 11, 2018

Пациент со мултиплекс склероза медицинскиот канабис го нарекува „чудо“

Пред да одлучи да проба апчиња од канабис, Јоана Фиорито (Joanne Fiorito) имаше големи потешкотии. Фиорито едвај ги подигаше нозете кога одеше и понекогаш се движеше во електрична инвалидска количка. Студијата од Монтреал, сега во Фаза 2, ќе се обиде да утврди дали канабисот може да се употреби како помалку опасна замена за опијатски фармацевтски лекови против болки особено за пациенти со МС


Фотографија од слична сторија за успехот на канабис кај МС!
61-годишната жена живееше со мултиплекс склероза поголемиот дел од животот, но и покрај големите дози на лекови против болки и разни мускулни релаксанти, симптомите само се влошуваа. Понекогаш ќе се разбудеше во текот на ноќта, измачена од болката предизвикана од тензијата во мускулите. Минатата зима, нејзиниот невролог ѝ предложи да ја искористи шансата и да учествува на клиничко испитување за медицинскиот канабис. „Немав што да загубам“ - рече Фиорито. „Канабисот беше како чудо. Во рок од три дена моите нозе беа поопуштени и не ги чувствував толку тешки. На физиотерапија мереа во рок од 6 минути колку можам да изодам. Во октомври изодев 89 метри. Оваа недела 251 метар. Не се шегувам кога велам дека е како чудо“ - изјавува таа.


Фиорито е еден од 70-те пациенти во областа Монтреал кои учествуваат во клиничко испитување за медицински канабис капсули. Студијата, која премина во втората фаза минатиот април, ќе треба да покаже дали канабисот може да се користи како алтернатива за апчињата против болки, базирани на опијати. Доколку е успешно и капсулите се признаени од страна на администрацијата за контролирање на супстанци во Канада (Health Canada’s Office of Controlled Substances), тие би се продавале во аптеките и трошоците за нив би ги покривало здравственото осигурување. Студијата е партнерство помеѓу клиниката Санте Канабис во Монтреал (Montreal’s Santé Cannabis clinic) и Тетра Фарма Био со седиште во Отава (Ottawa-based Tetra Pharma Bio). Таа главно се фокусира на луѓе со хронична болка и болка од рак, кои никогаш порано не се обиделе да го користат медицинскиот канабис. Ова е за да им се даде на луѓето како Џоан (Фиорито) шанса за пристап до лековите кои се контролирани со квалитет и се достапни“ - вели Ерин Проск (Erin Prosk), ко-основач на Санте Канабис. „Медицинскиот систем за канабис што го имаме сега не е доволен. Тоа е како брза помош, привремено решение“ - вели таа. Santé Cannabis и Tetra Pharma Bio сè уште имаат податоци за проучување и има многу повеќе блокади на патот за одобрување на нивниот производ. Но, Проск вели дека иднината изгледа ветувачка.


Канадскиот медицински канабис систем постои во сегашната форма само четири години. Секој од грубо кажано 250.000 пациенти со рецепти можат да нарачаат канабис на интернет од еден од 115–те произведувачи кои имаат дозвола од федералната влада. Но, за разлика од поголемиот дел на лекови, канабисот не е покриен со здравствено осигурвање. Впрочем, пациентите треба да плаќаат данок на промет за него. Згора на финансискиот товар на пациентите, законот за канабис - кој ќе ја легализира продажбата на рекреативната марихуана почнувајќи од 17 октомври - всушност додава 10% акциза за корисниците на канабис. „Законот за канабис предизвикува колатерална штета во нашиот свет“ - вели Проск. „Некои мислат дека со легализација, пациентите можат само да одат во продавница и да купат канабис. Но, луѓето кои користат медицински канабис имаат потреба од специфичен фармацевтски производ за лекување на специфични симптоми“ - додава таа.


Во студијата, на пациентите или им се дава плацебо или капсули кои содржат висока концентрација на два канабиноиди: Тетрахидроканабинол (THC) - кој има психоактивни поттикнувања и го убива ракот - и Канабидиол (CBD) - кој може да се користи како антивоспалителен, мускулен релаксант и за лекување на епилепсија. Досега, само еден од 70-те регрутирани пациенти пријавиле тешки несакани ефекти од лекот. „Освен за еден случај, каде што пациентот не беше во можност да го толерира, секој го толерираше добро“ - рече д-р Антонио Вигано (Antonio Vigano), кој го води истражувањето. „Бев изненаден од тоа колку е толерантно, колку е безбедно. Тоа е главната грижа, кога ги правите овие испитувања, да бидете сигурни дека производот е безбеден“ - заклучува тој. За првата фаза од студијата, на пациентите им беше дадена мала доза на CBD и THC таблети, така што нивните тела би можеле да се прилагодат на лекот. Вигано вели дека за некои, доволно е да се забележи поинакво управување со болката.


Проск е на чело на борбата за зголемување на пристапот до медицинска марихуана со години и вели дека истражувањето на канабисот сè уште е во рана фаза. Бидејќи студијата на нејзината клиника е во тек, Универзитетот на Британска Колумбија води опит за употреба на медицинскa трева за луѓе кои се борат со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН). „Со оглед на тоа каде бевме пред четири години – самата можност системот да ги лиценцира производителите на канабис - тоа е неверојатно колку далеку сме дојдени“ - вели Проск. „Ние сме глобални лидери во истражувањето на канабисот и добиваме интерес од меѓународни компании. Има огромен потенцијал тука и вистинските луѓе конечно го забележуваат“ - додава таа. На Фиорито, клиничкото испитување ѝ го спаси животот. „Се будев навечер, врискајќи од болки“ - рече таа. „Но, повеќе не се будам. Би рекла дека 80 проценти од болката ја нема. Минатата година чувствував дека инвалидската количка е доста блиску до мојот задник, ако можам да го кажам тоа. Ми се чинеше: ‚Ох, таа навистина ми се допаѓа, ќе останам во таа инвалидска количка до крајот на мојот живот‘. Минатата недела, мојот невролог рече дека не ме видел да се движам така со години. Тоа е чудо“ - заклучува засегнатата пациентка со МС која најде спас во канабисот! 

Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Montrealgazette

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





Monday, January 15, 2018

Анѓа Мариќ: Квалитетен живот и покрај мултиплекс склерозата со помош на канабис!

Во Хрватска лекувањето со канабис исто како и во Македонија е возможно, но скапо. Анѓа Мариќ кажува како се излечила со канабис од МС, исто така, потсетува и на многу сериозните несакани ефекти од „обичните“ аналгетици

Anđa Marić се лекува со канабис од МС
Пред две години Хрватска ја воведе употребата на медицински индиски коноп (марихуана) во здравствениот систем, за да помогне во олеснувањето на симптомите на болеста. Меѓутоа, нема официјални бројки за бројот на корисници, бидејќи Хрватскиот институт за здравствено осигурување (ХЗЗО) не ги собира овие податоци, затоа што овие лекови се издаваат на рецепт кој се нарекува „приватен рецепт“ потпишан од лекар, но здравственото осигурување не ја покрива цената на лековите.



Подготовките засновани на т.н. медицинска марихуана се препишани на пациенти од онкологија за лекување на хемотерапија и радиотерапија, пациенти со мултиплекс склероза, пациенти со СИДА, пациенти со синдромот на Дравет и ретки детски болести кај коишто марихуаната може да ја намали појавата на епилептични напади. Штета што канабисот сè уште не се препишува за лекување на канцер, во што е најуспешен. Вообичаената работа на макрофагите е уништување на страните честички, но при мултиплекс склероза тие поради некоја причина ги напаѓаат нервните влакна - и според прогнозата на лекарите оваа болест предизвикува неповратно оштетување, сè до парализа и предвремена смрт.


„Размислете за купување гроб“

Ова не го велиме затоа што во проесек цената да излечиш пациент кој боледува од канцер со масло од канабис, чини помалку од хемотерапијата со која ќе го доотруете, а што е најтрагикомично канабис терапијата со масло (екстракт) е поевтина и од погребот... Според податоците од Институтот за имунизација, вели сајтот Zeleno Zlato, во хрватските аптеки, на пациентите им е достапно маслото од канабис увезено од Канада, спакувано во шишенца од 25ml. Достапни се две концентрации на THC и CBD активни агенси: 2,5 mg / ml и 5 mg / ml. Најмалата цена за пакување чини 1.000 куни и ХЗЗО не ги покрива трошоците, па сметката е прескапа за повеќето хрватски пациенти и тие сè уште се потпираат на нелегалниот пазар. Затоа уште не е лесно да се привлечат пациенти кои јавно ќе зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.


Нашиот соговорник, разноврсна музичарка Анѓа Мариќ (Anđa Marić) одлучи да зборува отворено и вели дека нејзиниот синтетички состав е достапен во аптеките, но е премногу скап  и недоволно квалитетен, така што таа, за ублажување на симптомите на мултиплекс склероза, сè уште се потпира на марихуаната која ја набавува на меѓународниот нелегален пазар.  Исто така поради тоа што ниту една синтетичка имитација на канабисот не може да го има ефектот како FULL EXTRACT масло од природен органски канабис. Исто така, синтетичките комерцијални фармацевтски имитации на канабис препратите се многу поскапи, отколку самите да си го направите вистинскиот лек во својот дом. Мултиплекс склерозата на Анѓа Мариќ беше дијагностицирана пред пет години, со многу лоша прогноза за развојот на болеста - за две години требаше да заврши во инвалидска количка, и ѝ беше советувано да размисли за купување на гробно место додека било време.


Од моите 30-ти, користам марихуана, бидејќи тоа беше средство што не ги уништи моите бубрези, црниот дроб и дигестивниот систем и немаше несакан ефект. Тоа ми помогна да се смирам и добро да спијам, да се носам полесно со секојдневните стресови на работа и стресот со кој се соочуваат младите мајки. Многу луѓе ми рекоа да земам лекови за смирување, но кога сфатив кои несакани ефекти ги имаат тие лекови, почнав да се едуцирам себеси за природните препарати кои можат да ми помогнат. Па, така го открив индискиот коноп. Од пријателите во Словенија купив индиско конопово масло и морам да кажам дека марихуаната и сите нејзини препарати се многу подобри во Словенија, отколку во Хрватска“ – вели Мариќ. Препаратите базирани на канабис различно се третираат во ЕУ. Нивното испраќање и купување во странство е всушност „сива зона“ помеѓу забраната на наркотици и дозволената трговија со лекови.


Некои од синтетичките имитации
„Претходно се немав напиено ни аспирин“

Кога првпат дојдов во бањата, ми дадоа неколку таблети што секој ден морав да ги пијам. Мултиплекс склерозата се карактеризира со хроничен страв, несигурност, сомневање и за ублажување на овие состојби на анксиозност се препишуваат многу лекови за смирување. Но, овие средства на крајот само ја влошуваат состојбата и моториката. Тоа беше неприфатливо за мене. Пред да се разболам, не пиев ни обични лекови за главоболка. Бидејќи болеста ме тераше да размислувам зошто се појавила, почесто ќе се појавеше дехидратација или глад, па ќе исчезнеше веднаш штом ќе испијам доволно вода или ќе јадам. Благодарение на употребата на индискиот коноп и неговите препарати, немам тремор кој се карактеризира со мултиплекс склероза, имам совршено мирни раце. Не страдам од несоница, која е исто така класична со симптоми на невролошки проблеми, немам грчеви, добро спијам и се чувствувам одлично. Јас навистина не ги разбирам луѓето кои сè уште не го користат овој лек“ - истакнува Анѓа Мариќ.


Таа денес ги користи сите препарати од индиски коноп, дури и масло за јадење, ЦБД масло. Мариќ открива колку луѓе молат за помош во изнаоѓање квалитетна марихуана и нејзините подготовки – на заболените не им е важно дали доаѓа по легален или нелегален пат, бидејќи најважно е да си помогнат и тоа дека постои алтернатива, добро развиена европска мрежа на продавници за марихуана кои служат за лечење од најтешките болести, објаснува таа. И покрај дијагнозата мултиплекс склероза и лошата прогноза од страна на лекарите, тие (лекарите) се чудат како и оди така добро на Анѓа Мариќ.


Овој цвет е незаменлив!
„Како сè уште не сте во инвалидска количка?“

Меѓу оние кои бараат помош се и многу од врсниците на мојот татко, а бараат помош за себе или за своите заболени сопружници. Постои цела мрежа луѓе во регијата која е поврзана со мрежите по цела Европа. Доаѓа до Балтикот, каде што можете да го најдете и купите најдоброто решение за вашиот тип на здравствен проблем, а за тоа да не мора да издвоите богатство кога би требале да се ослоните на купување синтетички препарати од марихуана во аптеките“ – рече Анѓа Мариќ. Сепак, таа исто така предупредува дека покрај марихуаната потребна е целосна посветеност и постојано слушање на сопственото тело кога се лекува сериозна болест и целосна посветеност и внимание на она што се внесува во организмот.

Постојано ме изненадува фактот што луѓето во здравствениот систем се изненадени кога ќе видат стари откритија, бидејќи по двегодишна дијагноза морав да бидам параплегичар во инвалидска количка. Најдобро можеме сами да си помогнеме. Ова не значи дека не треба да ги слушаме докторите, но прво мораме да се слушаме самите себе и нашето тело. На секој лек што ми го имаат препишано сум му дала шанса, исто на секој тип на лекување сум давала шанса барем три месеци, за да можам да кажам што од тоа функционира кај мене, а што не“ – објаснува таа. 


Да го ослободиме овој лек!
„Како на мене може да ми помогне лек за воспаление на коњски тестиси?“

Во моментов, таа не користи конвенционална медицина, туку природни препарати. Марихуаната е исто така прва помош кој несоницата, нема тремор и грчеви и придонесува за здрав апетит и јасна визија. За некои други пациенти со истата дијагноза кои знаат и се ослонуваат исклучиво на традиционални лекови од доктор, велат дека се во многу полоша состојба од неа.

Два пати сум земала кортикостероиди и можам само да кажам дека тоа е едно од најлошите искуства за мене. Не разбирам како мислат дека можат да лекуваат воспаление на коњски тестиси со истиот лек како и моите промени во мозокот. Кортикостероидите требаше да ми помогнат повторно да го вратам мојот вид, но тоа не се случи. Откако престанав да земам храна со глутен, престанав да пијам млеко, а земав огромни количини витамини B, D и почнав да медитирам, говорот и видот ми се вратија. Нашето тело е машина во која не можеме да внесуваме сè што ќе посакаме, мораме да слушаме како и на што реагира. Марихуаната и нејзините препарати се едни од работите кои ми помагаат, но прашањето е во вкупните промени во односот спрема мојот дух и тело. Треба да научиме како да се смириме, како да го смениме начинот на размислување и да водиме сметка за она што го внесуваме во нашето тело“ - заклучува Мариќ.

Автор: Кате К.

Sunday, June 4, 2017

Анксиозност, Параноја; Депресија; Мултиплекс склероза (МС); Зависности (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 103 - 105)

http://donate.hempcures.work/
„Јас мислам дека анксиозноста и паранојата со употребата на овој лек може да биде доста намалена ако системот едноставно би престанал да апси луѓе за неговата употреба. Кога се започнува третманот со маслото, јас им велам на пациентите, „Ако маслото те прави сонлив, не бори се со тоа.“

Некои луѓе може да бидат анксиозни додека се обидуваат да ги надминат релаксирачките ефекти од овој лек кога она што тие едноставно треба да направат е само да се релаксираат и да не се борат со овие ефекти. Многу вариетети на коноп имаат многу мал потенцијал да предизвикаат анксиозност, но има врсти кои можат. Ако пациентите се чувствуваат непријатно со маслото коешто тие се обидуваат да го користат во таквите случаи, јас често ги советувам да го направат лекот од врста којашто ќе предизвика помалку проблеми.

Ако употребата на овој лек беше само легална, јас сум сигурен тоа би ослободило од повеќето од анксиозноста поврзана со неговата употреба. Исто така некои врсти можат да произведат повеќе анксиозност отколку други, па ако вие искусувате такви чувства, едноставно промената на врстите може да го елиминира проблемот. Многу луѓе откриваат дека користењето на супстанци како темно чоколадо и лут црвен пипер е доста ефективнo во помошта при намалувањето на нивната анксиозност и дeка ја редуцираат нивната стапка на отчукување на срцето. Најважното нешто кое треба да се запомни за употребата на овој лек е да се има на ум дека тоа е најбезбедниот лек на земјата.

Употребата на оваа супстанца не предизвикува никаква штета и ако пациентот искуси анксиозност, таа е предизвикана често од страна на самите пациенти бидејќи тие стануваат изгубени за без причина. Или често фармацевтските лекови коишто пациентот без потреба се обидува да ги консумира може да претставуваат проблем којшто може да им даде симптоми на анксиозност. Но, тоа е лесно да се коригира во повеќето случаи со едноставно прекинување со овие штетни хемиски лекови. Покрај тоа постои исто така природна супстанца која нашите тела ја произведуваат наречена citicoline којашто би требала да биде ефективна во третирањето на анксиозноста исто така. Ми беше кажано дека citicoline е достапен во 70 држави, па ако вие само отидете на Интернет, треба да имате малку потешкотии во лоцирањето на она што ви треба.

Одзема малку време да се навикнеме на ефектите од коноповото масло и почетниците може да искусат малку анксиозност. Но за кратко време, повеќето ќе се прилагодат на неговата употреба и анксиозноста едноставно ќе исчезне. Впрочем, откако пациентите станат навикнати на ефектите од маслото, тие често се смеат за начинот на кој тоа ги има исплашено толку лошо на почетокот.

Доста често, јас сум сè уште контактиран од пациенти кои се обиделе да користат сатива врста за да го произведат нивниот лек и често ефектите од јака сатива можат да предизвикаат анксиозност. Ова продолжува да се случува дури иако јас истакнував многу пати дека таквите врсти не треба да бидат користени бидејќи се премногу енергетизирачки.

Не сакате пациентот да биде преполн со енергија, треба да употребите јака седативна индика за да му или ѝ помогнете да се релаксира и излечи додека спие. Јас мразам да гледам луѓе како го трошат своето време и пари обидувајќи се да произведат масло од погрешните врсти, но тоа е она што често се случува кога нашите инструкции не се следени. Со малку труд, сигурен сум дека ние можеме да развиеме добри медицински вариетети коишто нема да произведат анксиозност воопшто. Но ова не може да биде остварено на правилен начин сè додека ние ја добиеме слободата да направиме едноставни истражувања коишто се потребни.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение



Депресија

„Јас открив дека обете сативата и индиката врстите се ефективни во третманот на депресијата. Да, јас ретко користам сатива врсти за третирање луѓе поради нивните енергетизирачки ефекти. Повеќето пациенти кои дошле кај мене имаат сериозна болест и јас не би сакал да бидат наенергетизирани за време на процесот на лекување.

Јас открив дека сонот и одморот коишто ги обезбедува доброто индика масло се најкорисни за огромното мнозинство на медицински состојби. Маслото од добар индика вариетет е многу ефективно во третманот на депресијата и честго може да го елиминира овој проблем за многу кратко време. Повеќето кои дошле кај мене биле во депресивна состојба поради други состојби од коишто тие страдале. Кога состојбата е излечена или ставена под контрола, депресивната фаза којашто ја искусувале едноставно исчезнува.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение


Мултиплекс склероза (МС)

Кои се вашите искуства во лекувањето на мултиплекс склероза? Многу луѓе веќе знаат дека конопот може да помогне, но не знаат како да го користат.

„Неодамна ние добивме извештај од дама која страда од МС која внела 57 г од висококласно конопово масло пред една година за нејзината состојба. Ефектот од третманот со масло беше многу успешен и дури иако таа не внесувала масло во текот на изминатата година, таа остана во добро здравје. Од моето искуство, мултиплекс склерозата е често излечива, но за луѓето кои страдале со години од оваа состојба, ќе одземе време за да се поправи штетата што болеста ја има предизвикано. Многу од МС пациентите пушат коноп како олеснување, но користењето коноп на овој начин нема да ги излечи и болеста ќе продолжи да напредува.

Единствениот начин како јас знам да третирам МС и штетата поврзана со оваа болест ефективно е да се внесува маслото на регуларна основа додека таа не е излечена или доведена под контрола. Ако имаш МС, направете си услуга и дајте му шанса на овој лек. Животот треба да биде живеење, не страдање, па зошто пациентот треба да ѝ дозволи на оваа сотојба да му го уништи животот кога таа може да биде лекувана на ефикасен начин? Јас познавам пациенти со ова нарушување коишто не можат повеќе да одат правилно, но по само неколку недели од консумирањето на маслото, тие повторно можат да одат нормално. МС е само една од многуте состојби за коишто докторите велат дека не можат да бидат излечени, наместо тоа тие ни велат дека тие можат само да ги контролираат симптомите, додека болеста сама по себе продолжува да го зема својот данок. Ако сакате да докажете дека вашиот доктор греши, дајте му шанса на маслото и започнете да живеете како промена и кога ќе започнете, јас сум сигурен дека ќе сфатите дека типот во бел мантил не ги има секогаш сите одговори.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение



Зависности


„Јас неодамна набљудував терминално болен зависник од морфиум пациент со канцер како ПРЕКИНА со морфиумот „COLD TURKEY“ (нагло и целосно прекинување на земањето на лек од кој некој е зависен). Откако прекина со морфиумот, таа стана гладна; таа повеќе немаше констипација; спиеше многу звучно и нејзината болка беше контролирана многу подобро.

Таа исто така стана кохерентна уште еднаш. НЕВЕРОЈАТНО. Ако јас не го видев ова 180 степени промена кај мене, јас НИКОГАШ не би поверувала. Јас никогаш претходно не сум била за марихуаната, но ова лично набљудување ме направи верник.“ - Џенис (Janice)

„Едно нешто коешто сум го забележал сега откако земам РСО за 3 месеци, тоа речиси ме ослободи од моите страсти за алкохол. Јас имав навика да имам пијалак или 2 секоја вечер но сега јас ретко сакам пијачка и кога сакам, јас не пијам толку многу, јас исто така забележав дека моите панталони се многу полабави. Јас изгубив 4,5 килограми. Единственото нешто коешто јас го правам помалку е пиење алкохол.

Јас сè уште јадам исто и сè уште грицкам мешани јаткасти плодови, колачиња итн. во текот на ноќта кога сум гладен (munchies) и јас дури и можеби јадам повеќе отколку пред маслото. Да маслото може да те направи гладен.
Па дали недостатокот на алкохол или маслото предизвика да изгубам 4,5 килограми во 3 месеци. И јас не бев навистина предебел, 1,77 м (5’ 10“) и околу 90 кг (198lbs). Кога јас бев помлад, јас секогаш имав околу 84 кг (186lb) и во форма. Сега јас сум симнат до 85 (187lb) кога последно проверив. Во секој случај, маслото или недостатокот на алкохолот ме предизвикаа да изгубам на телесната тежина. Само среќен спореден ефект.“ - Скот (Scott)

„Опијатите ми прават констипација, гадење, тешки се да се погоди правата доза за ефективно олеснување. Тие ми прават вртоглавици, причинуваат небезбедно возење и така натаму и така натаму. Марихуаната не го прави тоа. Доволно кажано. - Фред (Fred)

„15 години зависник од опијати излечена со маслото. Јас не би го пробала тоа ако тоа не беше за Рик. Па јас морам да кажам јас навистина му го должам животот па јас сега сум еден од неговите најголеми поддржувачи. Јас секогаш пушев но тоа никогаш не помогна со болката што јас ја добивам од тоа што сум на апчиња. Јас само сакав да умрам толку многу пати поради тоа што јас повеќе не бев одговорна за мојот живот. Јас можам да кажам дека поради РСО. Јас не сум на морфиум, oxy, perc, vic, или suboxine... тоа ме ослободи од сето тоа!!!!! И јас имам 40 и се чувствувам како 20 повторно. Мојот артритис што јас го чувствував секое утро сега е ИСЧЕЗНАТ. Јас го земав маслото внатрешно 10 пати и мојот живот започна повторно. Не постојат зборови за да изразам колку сум благодарна. Ако сте на апчиња започнете со земање на вашето масло навечер освен ако имате цела недела за да спиете, тогаш јас би одела по тој пат. Пратете ми приватна порака ако имате некакви прашања.“ - Ребека (Rebecca)

„Канабисот ме симна од Benzo по над 30 години зависнот повеќе од пред 158 години, без тоа, да продолжев како што бев, јас ќе бев мртов сега...“ - Фил (Phil)

„Јас прекинав со лек против болки и сега сум во состојба да функционирам - јас сакам повеќе луѓе да можеа да веруваат на моќта на природата.“ - Сју (Sue)



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/