Wednesday, August 29, 2018

Која е разликата меѓу CBD маслото и маслото од канабис со целосен спектар?

CBD масло наспроти полн спектрум канабис масло? Ова е неодамнешно постојано прашање што е присутно кај јавноста. Токму затоа сакаме да ја разјасниме заблудата дека Канабидиол (CBD) изолираното масло е исто што и она што е познато како масло од канабис со целосен спектар или ФЕКО (Full Extract Cannabis Oil - FECO), т.е. домашно изработено масло од целиот цвет. Разбирањето на овaa разликa е од витално значење


ФЕКО
Маслото од канабис е повторно на насловните страници, особено во Велика Британија. Откако заостанува зад поголемиот дел од Европа и САД во однос на целосно искористување на медицинскиот потенцијал на канабисот, Велика Британија сега е во пресрет на размислувањата за реорганизирање на канабисот. Населението се обидува да се справи со сè, од производите на CBD кои одеднаш се појавуваат во продавниците за здрава храна, па сè до полн спектар маслото од канабис, што сега им е дозволено на децата со епилепсија. Сето ова се случува во врска со веста дека Велика Британија е најголем извозник на медицински канабис во светот, со пренесени 2 тони само во 2016 година. Оваа бројка е минимална од износот произведен во Велика Британија во истата година, поточно 95 тони.



Зошто е толку важно да се знае разликата помеѓу CBD маслото и комплетното масло од канабис?

Најголемата сличност е што и двата вида масло се прават од билката канабис. Постојат повеќе важни разлики меѓу Канабидиолот или CBD маслото (изолати; екстракти со изолирани активни сосотјки) и маслото од канабис со целосен спектар на активни состојки (како што природно постојат во растението). Тие се движат од тоа како се произведуваат двата типа на масло, до нивниот правен статус и што е најважно, нивните ефекти врз човечкото тело. Може да биде незгодно да се остане на врвот на сите случувања и разлики во полето на канабис што брзо се развива, дури и во земја каде што е повеќе или помалку легална. Потенцијална штета може да дојде од луѓе кои размислуваат дека можат да излечат сериозни маки со користење на редовни комерцијални CBD производи. Во напливот на делумната информација, дезинформации и испревртени лаги за канабисот, што е состојба во Велика Британија и Европа, не е изненадување што постои конфузија околу разликата помеѓу CBD маслото и маслото од канабис со целосен спектар. Она што е длабоко загрижувачки е потенцијалната штета што може да дојде од луѓето кои мислат дека можат да ги третираат сериозните заболувања и состојби со користење на редовни CBD производи. CBD е зачудувачки канабиноид, но во својата сегашна комерцијална достапна форма не може да излечи рак, доколку нема големи количини на ТХЦ во производот, да ги спречи епилептичните напади или да ги оствари големите подвизи, кои понекогаш може да ги оствари со домашно масло од канабис!



Изолирано масло
Што е CBD масло?

Очигледно постојат многу различни CBD производи кои го поплавуваат пазарот токму сега, а генерализирањето за нивниот состав не е толку корисно за нашите читатели. Канабидиолот кој се користи за производи од сенси семиња се меша со органско конопно масло од семе, двете изворни состојки од индустриски растенија од коноп кои се одгледувани во ЕУ. За да понуди најмногу погодности, CBD маслото доаѓа во капсули или шишенца со капалка, поради тоа што е доста ретко (неверојатно поретко од концентрираниот целосен екстракт, а се разликува и по бојата: ЦБД изолатите се речиси проѕирни, додека ФЕКО е густа скоро црно-златесто-килибарна смола). ФЕКО може да се меша со кокосово масло за поблаг вкус, а може да се консумира и во оригинална форма. CBD не е психоактивен, но има релаксирачки и антианксиозни својства. Главната разлика меѓу CBD маслото и маслото од канабис со полн спектар е дека канабидиолот е единствениот канабиноид во маслото (може да ги има другите активни состојки и канабиноиди во трагови). Треба да знаеме за ефектот на придружба и дека изолирани - канабиноидите не се толку ефикасни во борбата со сериозните болести!



Направете си го сами!
Што е масло од канабис со полн спектар?

Масло од канабис со полн спектар или ФЕКО, го содржи целиот спектар на канабиноиди, флавоноиди и терпени кои можат да се извлечат од канабисот (онака како што природно се јавуваат во билката). Ова се компонентите за кои се знае дека имаат лековити својства, од кои многу сè уште се истражувани. ФЕКО, исто така, содржи флавоноиди и други соединенија кои му даваат на канабисот уникатни вкусови. Главната разлика помеѓу ФЕКО и другите екстракти како што се отпорност во однос на содржината, е дека овие соединенија се внимателно вклучени наместо изгубени за време на процесот на филтрирање.



Законитоста на CBD маслото и ФЕКО?

Законитоста на CBD и на ФЕКО сè уште се дебатира и се расправа во разни земји низ светот. CBD е целосно легален во областите на САД, каде самиот канабис е легален. Во Велика Британија и ЕУ, производите од CBD се легални како додатоци во исхраната, а и кај нас во Македонија веќе се продаваат легални ЦБД производи во аптеките...  Сепак, важно е да се напомене дека тие не можат да се продаваат како ништо друго освен како додатоци во исхраната, како и сертификација на малопродажбата како фармацевтски бизнис. Со други зборови, ако CBD е лек, треба да се препише и да се продаде како лек. ФЕКО, бидејќи содржи THC, е нелегално насекаде каде што канабисот е нелегален. Треба да се запомни дека производствениот процес е илегален, бидејќи вклучува големи количества потентни цветови од канабис. Велика Британија моментално стои на врвот на клучната промена, катализирана од борбената и упорна мајка Шарлот Калдвел (Charlotte Caldwell.). На нејзиниот 12-годишен син Били му треба ФЕКО за да ги контролира неговите чести и потенцијално фатални епилептични напади. Таа донесе едно шише назад во Англија која законски ја добила во Канада и пријавила на царина кога влегла во земјата. Фатен на аеродромот Хитроу, виталниот лек на нејзиниот син не беше вратен речиси една недела.



Медицински апликации на CBD и ФЕКО

Како што веќе беше наведено, CBD во Европа се наоѓа во непријатна положба на супстанција која не е препознаена како лек, но несомнено има терапевтски својства и сè повеќе живи докази. Во моментов постојат 2,034 резултати за научни трудови за Канабидиол на PubMed, онлајн ресурс на Националната библиотека во САД и на Националниот институт за здравство во САД. Анегдотски и научни докази покажуваат дека маслото од CBD може да помогне кај широк спектар на здравствени проблеми, вклучувајќи, без ограничување: артритис, дијабетес, мултиплекс склероза, посттрауматско стресно нарушување, депресија и епилепсија. Истражувањето продолжува да расте, така што е сигурно дека оваа листа ќе продолжи да се зголемува правопропорционално. Маслото од канабис со целосен спектар, исто така, сè уште е под истрага, а исто така ветува дека ќе открие плетеница на лековити намени. Тековните докази покажуваат дека маслото од целосен спектар успешно ги пренесува и ги концентрира ефектите на прекрасниот потентен канабис. Затоа, сè што може да се третира со билката канабис може потенцијално да се третира со уште поголема ефикасност користејќи масло од канабис со целосен спектар.



ЦБД масло
Како се направени CBD производите?

Сите CBD производи од семе започнуваат со масло од CBD, кое е можеби единствено кај CBD маслата во тоа што фабриките имаат целосен надзор и контрола на квалитетот на секоја фаза од производниот процес, од семе до конечна точка. Клучната разлика помеѓу маслото од конопно семе CBD и другите масла од канабис е процесот на екстракција, кој се постигнува со суперкритичен CO2, а не со растворувачи.



Како е направено маслото од канабис со целосен спектар?

Маслото од канабис со целосен спектар се прави и без употреба на растворувачи, но најчесто во домашни услови со алкохолна екстракција (РСО - Рик Симпсон Оил методата). Бидејќи сите видови масло од канабис сè уште постојат на нерегулираниот пазар, тешко е да се каже што е стандарден метод за нив. Постојат методи кои користат многу силен алкохол над 96% етанол, па дури и бутан. Вториот се користи за цврстите верзии на масло од канабис. Најсовремени и најефикасни техники се оние кои ги задржуваат сите 500+ биоактивни соединенија кои  ги содржат зрелите туфки од канабис, а не само канабиноидите. Овие техники се лесно достапни на Интернет, но достапноста до професионалната опрема потребна за нивно постигнување сè уште е многу ограничена, а исто така голема е и нивната цена. За среќа, маслото од канабис со целосен спектар е нешто што може да се направи во домашна кујна со помош на тенџере, вентилатор, филтери за кафе, алкохол, неколку тегли, индустриски термометар, рерна и шпорет и желба за работа :)



Кое масло е вистинското за Вас?

Ова е прашање на кое, за жал, не можеме ние да одговориме. Ако сте заинтересирани да знаете повеќе за тоа што канабиноидите можат да направат за вашето здравје, истражувањето на многуте статии на овој блог за медицинска употреба на канабис, како и контактот со активистите од нашиот тим е добар почеток! Оваа статија е специјално напишана за лекарите и другите медицински лица како вовед во канабиноидите и маслата. Како и за сите промени што ги разгледувате во врска со вашата исхрана, најдобро е да се консултирате со квалификуван специјалист. Дури и да ви е потребна само одредена состојка од канабисот, мора да имате предвид дека поради синергискиот ефект, потребно е да ги има и останатите сосотјки макар во трагови за да го извлечете максимумот од вашиот лек.





ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Sensiseeds

1 comment: