Sunday, May 31, 2015

Индустриски коноп за подобра иднина на Македонија

Македонците не се паметни земјоделци. Ние увезуваме двојно повеќе отколку што извезуваме и имаме се` повеќе и повеќе необравотливи површини! Константната внатрешна миграција село-град придонесе нашите села да се речиси ненаселени, а обработливите површини се запустуваат или се продавани за мигрираните селани да можат да си обезбедат поудобен градски живот.

Според статистичките податоци, земјава располага со 509.000 хектари обработливо земјиште од вкупно милион хектари земјоделско земјиште. Според последните статистички податоци во 2011 година во Македонија имало 137.000 хектари необработена земја. Ако само на половина од неа би се сеел и одгледувал индустриски коноп со возможни три реколти во годината... на целава наша закржлавена транзициона земјичка во постојан прогрес ќе и` се издигне стандардот на сите полиња и ќе живнат сите индустрии.


Конопот е навистина едноставна култура за одгледување. Не бара скоро воопшто посветеност и голем труд, а исто така ризиците поврзани со неговото одгледување се сведуваат на минимум, бидејќи тој е многу издржливо растение во поглед на променливите временски услови, не бара многу вода, а што е најважно речиси и не го напаѓаат штетници! Нашето македонско поднебје создава идеални услови за одгледување на ова корисно растение, кое пред се` бара сонце, а Македонија е земја со квалитетна и плодна почва и најмногу сончеви денови во годината или 1.400 сончеви часови годишно.

Пред се` не може ни да се замисли, ниту пак, опише колку почист воздух ќе имаме во нашите презагадени градови, поради тоа што конопот има способност да апсорбира повеќе СО2 отколку дрвјата и расте побрзо од дрвјата. На дрвјата им требаат години за да пораснат, а на конопот само 3 месеци!

Потоа, ќе се отворат нови работни места во буквално сите возможни гранки од економијата - фабрики за производство на храна за луѓе и храна за добиток од коноп, фабрики за текстил од коноп (облека, платна, јажиња, вреќи...), обувки, лиена пластика, фабрики за производство на најиздржливите, најлесните и најеколошките градежни и изолациони материјали направени од коноповите влакна, потоа фабрики за производство на хартија, биодизел годиво, етерични масла, масло за јадење, лекови, фабрики за производство на додатоци за исхрана од коноп, потоа легло за добиток, како и за производство на декоративна козметика и козметика за нега на телото... и што ли уште не! 

А, да не говорам и за тоа колку ќе зајакне туризмот! Нашите историски места не се доволни за привлекување на туристите. Тие се веќе видени и досадни кога земјата сама по себе е сиромашна и нема што друго да понуди за гледање, освен маките на сиромашното население. Доколку започнеме да одгледуваме коноп, сите ќе бидеме богати, здрави и среќни, а државата исто така ќе биде среќна бидејќи нејзината каса постојано ќе се полни од нашите даноци за кои ќе имаме пари да ги плаќаме :)





Thursday, May 28, 2015

Легализацијата на Канабисот претставува закана за фармацевстската мафија

Легализацијата на Канабисот ширум светот завзема се` поголем замав. Неодамна во Јамајка официјално беше засадено првото легално канабисово стебло, а се` повеќе индустрии започнуваат да произведуваат еколошки и природни градежни и изолациони материјали од коноп, како што е на пример хемпкритот. Легализацијата на Канабисот претставува закана за многу индустрии, бидејќи од коноп и канабис може да се произведува речиси сè! Една од тие индустрии е фармацевтската

Речиси безбројните научни истражувања на ова растение спроведувани низ минатото, само ја потврдуваат неговата лековита моќ дека лекува и превенира безброј заболувања, како разни типови на епилепсија, разни типови на рак, болки итн... Буквално не постои медицинска состојба што не може да биде третирана со Канабис и канабисовите деривати, а пред се` со канабисовото масло направено од цветовите на ова растение. Токму овој факт придонесе ова растение да биде забрането и масовно да се рашират лажни негативни информации за истото, за луѓето да се плашат од неговата употреба. Во Америка постојат неколку големи групи кои работат заедно во позадина за да го спречат медицинскиот канабис од користење за лекување на заболувањата, според Health Impact News. Фармацевтските компании се вмешале во забраната во 1930тите и работеле заедно со властите.


Како што побарувачката на лекови базирани на Марихуана се зголемувала, фармацевтските фирми се обидувале да произведуваат сигурни лекови од коноп со постојана моќност за успешно лекување на пациентите. Порано во фармацевтскиот маркетинг поважно било корисниците да бидат задоволни, т.е. излечени. Но, како што започнува да се модернизира светот алчноста и продажбата на лаги со цел да се оствари што е можно поголем профит - завземаат круцијално место. Се` до 1930тите најмалку две американски компании за производство на лекови „Parke Davis“ и „Eli Lily“ продавале стандардизирани екстракти од Марихуана за употреба како аналгетици, седативи и против грчеви. Друг производител „Grimault & Company“ произведувал и продавал цигари од марихуана како лек против астма.


Доколку го разгледаме економскиот процес и фактот што фармацевтските компании традиционално прават скоро се` за да го максимизираат профитот, може да согледаме дека постои животен циклус на многу лекови коишто тие ги произведуваат. Тие ќе произведуваат лек се` додека патентот тоа им го овозможува, а потоа ќе воведат заменски лек, најчесто по повисока цена и со најчесто помала ефикасност и ефективност од првичниот лек. 


Научниците поттикнати од Американската Влада вршеле истражувања врз Канабисот, а Канабисот на широко бил користен во медицинската индустрија и во останатите индустрии се` до крајот на 1936 година. Тоа е годината во која американската власт поради бројните научни студии, кои само ги потврдувале здравствените придобивки на ова растение, решила истото да се забрани. Американската Влада во тоа време започнува да ги користи и масовните медиуми и филмот како алатка за ширење на масовна антипропаганда против оваа билка, која од 1936 па се` до ден денес се смета како лесна опојна дрога. Оваа антипропаганда имала цел луѓето да започнат да се плашат од ова растение, како од законските санкции, така и од јавното мислење дека корисниците на Канабис се наркомани. Значи се` до почетокот на 1937 година сите 48 американски држави донесоа закони за регулирање на Марихуаната. Падот на употребата на Канабисот во фармацијата беше засенет со развојот на производството на други хемиски лекови како: аспирин, морфиум, но и други лекови деривати на опиумот и сл. Сите овие лекови придонеле успешно да се истисне и замени Марихуаната во лекувањето на болките и останатите бројни медицински нарушувања.


По 79 години поминати под закрила на забраната за употреба, одгледување и тн. на ова растение, луѓето полека се будат и ги сфаќаат бројните и смртоносни штетни последици врз здравјето предизвикани од новата генерација на субституирани хемиски соединенија, т.е. хемиски лекови препишувани од страна на нивните лекари од кои може да се предозира или да се стане зависен. Ваквите лекови не можат да те излечат, туку само те одржуваат во полуздрава состојба за да мораш подолго да ги користиш, едноставно кажано подолго да ги купуваш, а фактот што те прават зависен се поклопува со фактот што нивните производители сакаат да ги користиш (купуваш) што е можно подолго. Тие само ги намалуваат симптомите, а не го решеваат коренот на проблемот. Луѓето исто така, по толку години лека-полека сфаќаат дека живееле во лаги и ја сфаќаат вистината за Канабисот, дека е едно од најмоќните лековити растенија на оваа планета и дека не постои природен лек што е помалку токсичен од ова растение.


Како што може да се согледа од бројните историски докази, во минатото се произведувале природни екстракти, кои навистина биле природни, се` додека фармацевстската индустрија не сватила дека тоа не е исплатливо за неа, дека на овој начин нема профит, доколку луѓето се здрави.


И денес се произведуваат лекови и суплементи на природна база, меѓутоа и покрај тоа што во составот пишува дека производот е природен, т.е. на природна база, најчесто само 10% од составот претставува природен екстракт, а останатите 90% се хемиски соединенија создадени во лабораториски епрувети, а овој процентуален сооднос не го пишува на ниту еден производ!
Некои производители исто така, за да остварат профит започнуваат да произведуваат одередени видови на легални екстракти од канабис, како што се екстрактите со Канабидиол: Епидиолекс, Маринол или Сативекс, најчесто користени за третирање на епилепсија. Сепак, за нив легализацијата на ова растение претставува закана за нивниот профит, односно доколку целото растение се легализира како лек, нивните производи нема никој да ги купува, поради тоа што само целото растение има природна соодветна комбинација на канабиноиди и останати состојки, што само заедно можат ефикасно и побрзо да се справат со одредени болести


Денес исто како пред 1936 година, повторно масовно започнуваат да се спроведуваат научни истражувања врз ова растение но, сега за разлика од минатото кога цел на истражувањата била да се докаже медицинската корист од ова растение, денес истражувањата се спроведуваат со цел да се поткрепи забраната и да се докажат негативните страни на Канабисот, кои за среќа (или за жал) не постојат. Затоа многу од истражувањата се прекинуваат на половина или воопшто не се објавуваат резултатите од нив, а научниците велат дека им се потребни повеќе докази, бидејќи досегашните се неуверливи. Но, како може да бидат неуверливи доказите од луѓе кои од терминална фаза на рак се спасиле од смртна постела?


Уште колку истражувања ќе бидат потребни? Уште колку едукативни документарни филмови, емисии, книги и списанија како National Geographic ќе треба да бидат посветени на ова растение? Веќе сме ја истражиле речиси цела вселена и растенијата на другите планети околу нас, а се` уште не можеме да истражиме едно обично лековито растение, кое постои од секогаш на Земјата. Пациентите треба да имаат право на избор на кој начин ќе се лекуваат и самите треба да бидат во состојба да одлучуваат за својот живот и за своето здравје, а не некои големи компании заедно со Владите да одлучуваат за нашите животи! Очигледно се` уште живееме во робовладетелско управување под закрила на лажна демократија... Сепак, светот е во наши раце и само доколку непрестајно продолжиме да зборуваме за табу темата „Канабис“ и продолжиме активно и пасивно да вршиме притисок низ социјалните мрежи, телевизии, печатени медиуми итн. и престанеме да се плашиме да гласно да зборуваме - порано или подоцна ќе успееме да го вратиме овој лек на позитивната листа. Се` уште правото на глас не може никој да ни го оспори и забрани!


Monday, May 25, 2015

Не постои заболување кое не може да се лекува со Канабис!


Канабисот лекува: Астма, Псоријаза, Егзема и други кожни заболувања, секакви видови на Рак, Депресија, други видови на болести и состојби на расположението и однесувањето, Дијареа, Гадење, Епилепсија, Глауком, Мултиплекс склероза, Кронова болест, Грчеви во мускулите, Главоболки, Проблеми со спиењето, Анорексија, Булимија, Дебелина, Дијабет, Алцхајмер, Артритис, Болки, и... ЛИСТАТА ПРОДОЛЖУВА!



Речиси не постои заболување кое што не може да биде лекувано со Канабис! Секое заболување најдобро се третира со соодветна врста на Канабис, т.е. со соодветен сооднос на канабиноидите. Секој канабиноид дејствува различно на секоја болест и за третирање на секоја болест потребна е поголема концентрација на некој од канабиноидите.




Меѓутоа, Екстрахираниот Канабидиол или некој друг канабиноид не се доволни. Имено, за да се постигне целокупната лековита моќ за успешно да се победи одредено заболување, потребно е целото растение, а пред се` цветовите во кои се содржи волшебна природна комбинација од лековити состојки, кои само заедно можат да го дадат посакуваниот ефект - ЗДРАВЈЕ!


Hannah има тешка епилепсија - Драветов синдром. Се` што сака ова дете е да биде здраво. Тоа е невозможно, бидејќи „ЦЕЛИОТ ЛЕК“ се` уште е НЕЛЕГАЛЕН, а фармацевтските деривати со CBD од билката ги задоволуваат само потребите за профит на фармацевтските индустрии, а не и потребите на пациентите. Затоа потребно е да се легализира целото растение! 


Sunday, May 24, 2015

Научен факт: Канабисот го убива ракот!

Канабисот во историјата ќе се запише како најистражуваното растение. Научниците упорно настојуваат да ги потиснат неговите медицински вредности, но бројните истражувања постојано ја потврдуваат вистината, дека КАНАБИСОТ Е ЛЕК! Резимето од ова истражување е објавено и на порталот Collective Evolution.


Истражувањето кое беше водено од група научници во Универзитетот St. George во Лондон, потврди дека два од најпознатите канабиноиди во Марихуаната -Тетрахидроканабинолот (THC) и Канабидиолот (CBD) ги ослабнале клетките на ракот и ги направиле поподложни за терапија со зрачење, изјави Мајк Адамс од Herbal Dispatch


Ова истражување беше објавено изминатата година во медицинскиот весник Molecular Cancer Therapies. Тоа детално ги објаснува неверојатните повлекувања и намалувања на различни варијации на рак на мозок, кога овие два канабиноиди биле користени во комбинација со радијација.


Ние покажавме дека канабиноидите можат да играат голема улога во лекувањето на еден од најагресивните канцери кај возрасните“, пишува главниот научник во истражувањето Д-р Wai Liu во ноември 2014 година за The Washington Post. „Овие резултати се уверливи... Ова може да биде начин за лекување на туморите и спасување на повеќе животи“.

Д-р William Courtney пак, изјавува дека Канабисовото масло направено од цветови на канабисот излечило 8 месечно бебе од сериозен тумор на мозокот, кој не можел оперативно да се отстрани.


Американскиот национален институт за злоупотреба на дроги во еден извештај вели - „Неодамнешните истражувања врз животни покажаа дека Марихуаната може да убие одредени клетки на ракот и да ја намали големината на останатите. Доказите од друга студија спроведена врз животни сугерираа дека екстрактите од целото растение Марихуана можат да го намалат едниот од најсериозните типови на тумор на мозокот. Истражувањата на глувци покажаа дека овие екстракти, кога се користени заедно со радијација, го зголемуваат ефектот на радијацијата, да го уништува ракот.


Сепак, научниците не сакаат да говорат за штетните ефекти од радијацијата и хемотерапијата врз останатите здрави клетки на пациентите со рак. Една од несаканите последици е токму ремисија на ракот.



Tuesday, May 19, 2015

Научно истражување: Канабисот е безбеден и многу ефикасен при третманот на епилепсија

Најновата студија врз Марихуаната, исто како и претходните - повторно потврди дека состојките во ова растение, а најмногу канабиноидот КАНАБИДИОЛ (CBD) се потполно безбеден и неверојатно ефикасен лек за сите видови на епилепсија


Според резултатите добиени во ова истражување, презентирани за време на овогодинешната средба на Американската Академија за Неврологија што се одржува секоја година, 213-те испитаници на различна возраст, кои живеат со разни видови на епилепсија (вклучувајќи го и Драветовиот синдром, за кој се` уште не постои ефикасен фармацевтски лек, потоа Синдромот Ленокс Гастаут, како и 2 сериозно тешки детски епилепсии), покажаа во просек 54% намалување на бројот на епи-нападите откако започнале да консумираат екстракт од Канабис. Само 12 од пациентите од 213-те кои биле вклучени во ова истражување не успеале да го спроведат до крајот, бидејќи им се појавиле благи несакани од нивна страна последици како: зголемен умор, зголемен апетит или проливи.

Испитаниците користеле екстракт од растението Марихуана богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) - втората најактивна состојка во оваа билка, веднаш по канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Овој нов препарат се нарекува ЕПИДИОЛЕКС и е произведен од страна на GW Pharmaceuticals. Овој фармацевтски лек на база на Канабис се состои од 98% CBD и други канабиноиди. Тој е лабораториски тестиран и веќе е достапен во големите аптеки и продавниците за производи од Канабис во некои земји во САД. 

Студијата беше водена од страна на Д-р Орин Девински, кој е директор на Сеопфатниот центар за епилепсија при Универзитетот во Њу Јорк. Доктор Девински изјавува дека резултатите се веродостојни и ветувачки, но исто така вели дека ова е само почеток и дека треба да се спроведуваат уште истражувања. Постоечките лекови против епилепсија до сега не се потврдија како ефикасни и истите вклучуваат многу повеќе несакани последици врз здравјето на пациентите, отколку овој нов лек Епидиолекс којшто е направен од Канабис. Уморот и зголемениот апетит, што се јавиле кај само 12 од 213 испитаници не е ништо во споредба со последиците од другите досегашни лекови против епилепсија со кои пациентите лесно може да се предозираат и да настапи смрт. 


Се надеваме дека Канабисот наскоро ќе се извади од листата на дроги и ќе се легализира/декриминализира како цело растение. Најстрашно ќе биде доколку ова не се случи, а наместо легализација на Канабисот фармацевтските компации ќе почнат масовно производство на лекови и екстракти од Канабис, со цел да остварат голем профит. Треба да имаме пред вид дека само целото растение и канабисовото масло на Рик Симпсон имаат најголеми здравствени придобивки, а не хемиски синтетизирани соединенија од истото.