Friday, June 16, 2017

Патологот д-р Пол Хорнби повторно во Скопје! На 24 јуни ќе ги реши вашите дилеми околу конопот!

Д-р Пол Хорнби (Paul Hornby)
Д-р Пол Хорнби (Paul Hornby) од Канада дипломирал зоологија, магистрирал биохемија и докторирал патологија. Тој е еден од ретките научници кои покрај тоа што го изучуваат канабисот и канабиноидите, тој истовремено е еден од еминентните залагачи за употребата на канабисот во медицината, како и за детабуизирање на оваа билка. Тој е основач и поранешен Претседател на Hedron Analytical Inc., мала фирма којашто хемиски ги анализира растителните препарати. 

Овластен е од страна на федералното одделение одговорно за подобрување на здравјето (Health Canada) за легално да го анализира конопот, односно канабиноидниот профил и хемискиот состав на врстите. Д-р Пол е автор на бројни научни трудови, студии и статии кои се однесуваат на конопот (хемиски состав, методи на екстракција на активните канабиноиди). Тој е светски признаен како канабис експерт, кој до сега има учествувано на бројни научни семинари за канабисот. 

Д-р Пол, покрај Д-р Роберт Меламед и Д-р Лумир Ондреј Хануш, исто така е еден од најавените гости на претстојната јавна дебата за канабис под името „Коноп – 1.000 зошто, 1.001 затоа“, којашто ќе се одржи на 24 јуни во Градскиот парк во Скопје (на Школка) со почеток во 4:20 часот. Оваа дебата е отворена за сите заинтересирани кои секојдневно користат, се лекуваат, препишуваат и произведуваат екстракти од канабис и се очекува слободно разговарање, поставување на прашања и споделување на искуства од ваша страна. На настанот од македонска страна се најавени следниве доктори: Нико Беќароски, Милан Ристевски (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје) и Аспазија Софијанова (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје). Присуството е задолжително! Влезот е слободен! Дојдете во што е можно поголем број за да ги срушиме заедно сите митови за канабисот!!!




Д-р Пол Хорнби има повеќе од 30 години искуство во истражувањето на билките и суплементите во човечкиот систем. Со докторат во областа ‚човечка патологија‘ тој има спроведено голем број на научни проекти со Инуитите во Канадскиот Арктик, рибарите од јужниот брег на Индија, како и Мангијан (Mangyan) луѓето од планините во Миндоро, Филипини. Зачуден бил од здравјето од кое бликале одредени народи и бил заинтересиран со какви билки се хранат и лекуваат.

Во изминатите 18 години д-р Хорнби го фокусирал неговото внимание на канабисот и оттогаш сè до денес постојано ја демонстрира ефикасноста и безбедноста на оваа билка. Со создавањето на првиот стандардизиран природен продукт од медицински канабис во капсули, д-р Пол стана еден од пионерите во отворањето на патот за канабисот да може да стане мејнстрим растителен лек. „Јас не синтетизирам или високо прочистувам ниту една од компонентите на растението, но ги изучувам заедно; нивната синергија (entourage), активност и механизам на дејствување.“ - истакнува д-р Пол Хорнби, потенцирајќи ја важноста на целата билка, а не на изолираните канабиноиди.

Во видеото подолу д-р Пол Хорнби објаснува што е тоа ДЕКАРБОКСИЛАЦИЈА:


Прекрасно интервју со д-р Пол Хорнби. Од секогаш сакал да студира хемија. Иако завршил средно уметничко, тој направил свесна одлука да го продолжи своето образование во научните води. Во ова интервју објаснува како го заинтересирало изучување на билките и лековитите растенија и конкретно канабисот и канабиноидите. Во ова интервју тој разбива неколку митови околу канабисот:


Извор: Cannabis Hemp

No comments:

Post a Comment