Saturday, June 17, 2017

Хемичарот д-р Лумир Ондреј Хануш на 24 јуни во Скопје ќе сподели со вас дел од своето знаење!

Д-р Лумир Ондреј Хануш (Lumír Ondřej Hanuš)
Д-р Лумир Ондреј Хануш (Lumír Ondřej Hanuš) е 69 годишен чешки аналитички хемичар и водечки авторитет во областа на истражувањето на билката канабис. Магистрирал по природни науки во 1972, а докторирал науки по фармацевтска хемија на Универзитетот Чарлс (Charles University) во 1995 година. Тој е еден од најистакнатите светски експерти за ендоканабиноидниот систем и има соработувано и соработува на различни научни истражувачки проекти со научници и истражувачи од целиот свет. 

Д-р Хануш е еден од најавените гости на претстојната јавна дебата за канабис под наслов: „Коноп – 1.000 зошто, 1.001 затоа“, којашто ќе се одржи на 24 јуни во Градскиот парк во Скопје (на Школка) со почеток во 4:20 часот. На настанот се најавува учество и на други двајца еминетни доктори, професори и научници од странство: молекуларниот биолог Д-р Боб Меламед од САД, како и патологот д-р Пол Хорнби од Канада. Најавени се исто така и македонски доктори: Нико Беќароски, Милан Ристевски (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје) и Аспазија Софијанова (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје). Овој настан е отворен за сите заинтересирани за канабисот!


Д-р Хануш долги години беше во контакт со Израелскиот истражувач за канабис Д-р Рафаел Мечулам (Raphael Mechoulam) кој го покани да го продолжи своето истражување на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, Израел. Д-р Хануш и неговиот колега американскиот молекуларен фармаколог Вилијам Ентони Дивејн (William Anthony Devane) беа првите научници кои во Израел го опишаа ендоканабиноидното соединение анандамид (anandamide), во 1992 година. Тие го изолирале анандамидот и за прв пат ја опишале неговата структура. Анандамидот е ендоген канабиноиден невротрансмитер. Д-р Хануш продолжува да го истражува канабисот, канабиноидите, ендоканабиноидите и неговите деривати.


Д-р Лумир Хануш го смета канабисот како „еден од најбезбедните познати лекови“. Според него, алкохолот и цигарите треба да бидат ставени на „црна листа“ наместо канабисот, поради тоа што постои можноста за обете: како физичка, така и психолошка зависност на првите две, додека не постои никаква можност од физичка и постои само ограничена можност од психолошка зависност од марихуаната. Покрај тоа, луѓето под дејство на марихуана не се опасни за другите. Тој не го поддржува пушењето на марихуаната, поради опасностите од инхалацијата на чад. Хануш е против неконтролирана употреба на марихуаната, но тој целосно ја поддржува неговата употреба за медицински цели. Во април 2010 година и септември 2011 година, д-р Хануш учествуваше во семинар во Чешкиот парламент чијашто цел беше воведување на канабиноидниот третман.

  

Д-р Хануш објаснува зошто канабисот е успешен лек.

2 comments:

  1. Здраво , мора јавно да ве пофалам прибидејки вие сте единствениот блог/сајт во земјава за канабисот и новините околу истиот.
    Ви благодариме што постоите. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодариме за искреното мислење! Целта ни е да измотивираме што поголем број на луѓе за да продолжат да го прават истово со цел побрзо да се промени јавното мислење за канабисот во РМ и со самото тоа да го ослободиме ова лековито растение од законските стеги што е можно побрзо!!! :)

      Delete