Tuesday, September 11, 2018

Пациент со мултиплекс склероза медицинскиот канабис го нарекува „чудо“

Пред да одлучи да проба апчиња од канабис, Јоана Фиорито (Joanne Fiorito) имаше големи потешкотии. Фиорито едвај ги подигаше нозете кога одеше и понекогаш се движеше во електрична инвалидска количка. Студијата од Монтреал, сега во Фаза 2, ќе се обиде да утврди дали канабисот може да се употреби како помалку опасна замена за опијатски фармацевтски лекови против болки особено за пациенти со МС


Фотографија од слична сторија за успехот на канабис кај МС!
61-годишната жена живееше со мултиплекс склероза поголемиот дел од животот, но и покрај големите дози на лекови против болки и разни мускулни релаксанти, симптомите само се влошуваа. Понекогаш ќе се разбудеше во текот на ноќта, измачена од болката предизвикана од тензијата во мускулите. Минатата зима, нејзиниот невролог ѝ предложи да ја искористи шансата и да учествува на клиничко испитување за медицинскиот канабис. „Немав што да загубам“ - рече Фиорито. „Канабисот беше како чудо. Во рок од три дена моите нозе беа поопуштени и не ги чувствував толку тешки. На физиотерапија мереа во рок од 6 минути колку можам да изодам. Во октомври изодев 89 метри. Оваа недела 251 метар. Не се шегувам кога велам дека е како чудо“ - изјавува таа.


Фиорито е еден од 70-те пациенти во областа Монтреал кои учествуваат во клиничко испитување за медицински канабис капсули. Студијата, која премина во втората фаза минатиот април, ќе треба да покаже дали канабисот може да се користи како алтернатива за апчињата против болки, базирани на опијати. Доколку е успешно и капсулите се признаени од страна на администрацијата за контролирање на супстанци во Канада (Health Canada’s Office of Controlled Substances), тие би се продавале во аптеките и трошоците за нив би ги покривало здравственото осигурување. Студијата е партнерство помеѓу клиниката Санте Канабис во Монтреал (Montreal’s Santé Cannabis clinic) и Тетра Фарма Био со седиште во Отава (Ottawa-based Tetra Pharma Bio). Таа главно се фокусира на луѓе со хронична болка и болка од рак, кои никогаш порано не се обиделе да го користат медицинскиот канабис. Ова е за да им се даде на луѓето како Џоан (Фиорито) шанса за пристап до лековите кои се контролирани со квалитет и се достапни“ - вели Ерин Проск (Erin Prosk), ко-основач на Санте Канабис. „Медицинскиот систем за канабис што го имаме сега не е доволен. Тоа е како брза помош, привремено решение“ - вели таа. Santé Cannabis и Tetra Pharma Bio сè уште имаат податоци за проучување и има многу повеќе блокади на патот за одобрување на нивниот производ. Но, Проск вели дека иднината изгледа ветувачка.


Канадскиот медицински канабис систем постои во сегашната форма само четири години. Секој од грубо кажано 250.000 пациенти со рецепти можат да нарачаат канабис на интернет од еден од 115–те произведувачи кои имаат дозвола од федералната влада. Но, за разлика од поголемиот дел на лекови, канабисот не е покриен со здравствено осигурвање. Впрочем, пациентите треба да плаќаат данок на промет за него. Згора на финансискиот товар на пациентите, законот за канабис - кој ќе ја легализира продажбата на рекреативната марихуана почнувајќи од 17 октомври - всушност додава 10% акциза за корисниците на канабис. „Законот за канабис предизвикува колатерална штета во нашиот свет“ - вели Проск. „Некои мислат дека со легализација, пациентите можат само да одат во продавница и да купат канабис. Но, луѓето кои користат медицински канабис имаат потреба од специфичен фармацевтски производ за лекување на специфични симптоми“ - додава таа.


Во студијата, на пациентите или им се дава плацебо или капсули кои содржат висока концентрација на два канабиноиди: Тетрахидроканабинол (THC) - кој има психоактивни поттикнувања и го убива ракот - и Канабидиол (CBD) - кој може да се користи како антивоспалителен, мускулен релаксант и за лекување на епилепсија. Досега, само еден од 70-те регрутирани пациенти пријавиле тешки несакани ефекти од лекот. „Освен за еден случај, каде што пациентот не беше во можност да го толерира, секој го толерираше добро“ - рече д-р Антонио Вигано (Antonio Vigano), кој го води истражувањето. „Бев изненаден од тоа колку е толерантно, колку е безбедно. Тоа е главната грижа, кога ги правите овие испитувања, да бидете сигурни дека производот е безбеден“ - заклучува тој. За првата фаза од студијата, на пациентите им беше дадена мала доза на CBD и THC таблети, така што нивните тела би можеле да се прилагодат на лекот. Вигано вели дека за некои, доволно е да се забележи поинакво управување со болката.


Проск е на чело на борбата за зголемување на пристапот до медицинска марихуана со години и вели дека истражувањето на канабисот сè уште е во рана фаза. Бидејќи студијата на нејзината клиника е во тек, Универзитетот на Британска Колумбија води опит за употреба на медицинскa трева за луѓе кои се борат со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН). „Со оглед на тоа каде бевме пред четири години – самата можност системот да ги лиценцира производителите на канабис - тоа е неверојатно колку далеку сме дојдени“ - вели Проск. „Ние сме глобални лидери во истражувањето на канабисот и добиваме интерес од меѓународни компании. Има огромен потенцијал тука и вистинските луѓе конечно го забележуваат“ - додава таа. На Фиорито, клиничкото испитување ѝ го спаси животот. „Се будев навечер, врискајќи од болки“ - рече таа. „Но, повеќе не се будам. Би рекла дека 80 проценти од болката ја нема. Минатата година чувствував дека инвалидската количка е доста блиску до мојот задник, ако можам да го кажам тоа. Ми се чинеше: ‚Ох, таа навистина ми се допаѓа, ќе останам во таа инвалидска количка до крајот на мојот живот‘. Минатата недела, мојот невролог рече дека не ме видел да се движам така со години. Тоа е чудо“ - заклучува засегнатата пациентка со МС која најде спас во канабисот! 

Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Montrealgazette

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





No comments:

Post a Comment