Билката озлогласена поради давањето на корисниците на чувство на глад познато како munchies, всушност, може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, големина на половината, како и индексот на телесна маса (BMI). Еве една постара студија уште од 2013 година
Епидемиолозите на Школата за јавно здравје на Харвард (Harvard School of Public Health), Универзитетскиот колеџ за медицина во Небраска (University of Nebraska College of Medicine) и Медицинскиот центар Бет Израел (Beth Israel Deaconess Medical Center) откриваат нешто изненадувачкo за метаболичките ефекти на Cannabis sativa, попознат како марихуана. Нивната пионерска студија, објавена во актуелниот број на The American Journal of Medicine, дава основа за понатамошни испитувања. „Претходните епидемиолошки студии пронашле пониски стапки на преваленција на дебелина и дијабетес кај корисниците на марихуана“ - изјави главниот истражувач д-р Мареј Митлман (Murray Mittleman), во соопштението за медиумите. „Нашата прва студија е да го испитаме односот меѓу употребата на марихуана и преработката на инсулинот, гликозата и инсулинската резистенција“ - додава тој.
Користејќи податоци од Националното истражување за исхраната (National Health and Nutrition Examination Survey - NHANES) собрани помеѓу 2005 и 2010 година, истражувачите најдоа значајна врска помеѓу редовната употреба на марихуаната и подобра контрола на шеќерот во крвта. Студијата инкорпорирала податоци од 4.657 пациенти кои пополниле прашалник за употреба на лекови, поминале физички преглед и обезбедиле примерок од крв по девет часовно постење. Од нив, 579 биле актуелни корисници на марихуана, 1.975 ја користеле во минатото, а 2.103 никогаш не користеле марихуана. Во нивната анализа, учесниците кои пријавиле дека користеле марихуана во изминатиот месец имале:
* 16 проценти пониски нивоа на инсулин на гладно;
* 17 проценти пониски нивоа на инсулинска резистенција;
* повисоки нивоа на липопротеински холестерол со висока густина (HDL-C);
* помал обем на половината.

И инсулинската резистенција и големиот обем на половината се поврзани со поголем ризик од развој на дијабетес. Тестот за инсулин кој се користи во оваа студија е чест начин да се дијагностицира дијабетесот. Корисниците на марихуана имаат тенденција да консумираат повеќе калории од оние кои не се корисници, но според д-р Mittleman: „две големи студии покажаа дека корисниците на марихуана имаат тенденција да бидат послаби од не-корисниците, дури и по пресметувањето на други клинички карактеристики и карактеристики во однесувањето“. Mittleman изјави за Healthline News дека механизмите на работа сè уште не се сосема јасни. „Од претходната работа знаеме дека лековите што ги блокираат канабиноидните рецептори во телото имаат слични поволни метаболички ефекти“ - објаснува тој. „Можно е некои од канабиноидните соединенија во марихуаната што ги користат учесниците во студијата да имаат мешани ефекти, делумно стимулирање и делумно блокирање на [канабиноидните] рецептори“ - заклучува тој.
„Со зголемување на бројот на држави кои дозволуваат употреба на марихуана за медицински или рекреативни цели, клучно е да се прошират истражувањата за подобро разбирање на биолошките ефекти на марихуаната“ - истакна Mittleman. Медицинската заедница станува сѐ погласна во напорите за истражување на терапевтските својства и несаканите ефекти на канабисот. Главниот уредник на AJM д-р Џозеф С. Алперт (Joseph S. Alpert), јасно ја истакна својата позиција во уредувањето на тековната студија: „Би сакал да ги повикам NIH и DEA да соработуваат во изготвувањето на политики за спроведување на солидни научни истражувања што ќе доведат до информации кои им помагаат на лекарите во правилна употреба и препишување на ТХЦ во својата синтетичка или хербална форма“ - заклучува тој.
Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment