Две прашања за почеток: 1. Дали телото навистина продуцира канабиноиди кои ни го даваат чувството на еуфорија и благосостојба како ТХЦ? 2. И дали начинот на кој телото реагира на тие канабиноиди го трасираат патот за третман на психички и физички заболувања?
Често именуван како молекул на благословеноста, анандамидот се смета за ендоканабинодид. Пред да го дефинираме анандамидот и неговата поврзаност со канабисот, треба да се знае што е тоа ендоканабиноид, па ајде да го дефинираме:
ШТО Е ЕНДОКАНАБИНОИД?
Ендо стои за ендоген, а значи нешто што е продуцирано природно во телото. Канабиноид се однесува на група компоненти во канабисот кои взаемно дејствуваат со рецепторите СВ1 и СВ2 од нашето тело. Така што ендоканабиноид е еквивалент на канабиноид природно произведен од телото кој взаемно делува со овие рецептори. Взаемното дејство со СВ1 и СВ2 (како и останатите нетипични) рецептори има ефект на сеќавањето, апетитот и мотивацијата. Можно е да ги зајакнеме овие природни процеси со консумација на канабис (фитоканабиноди). Причината поради која поминуваме низ еуфорија, поголема среќа и длабок апетит пушејќи марихуана е поради приливот на канабиноиди; во голема количина преку рецепторите предизвикува нашите тела да реагираат на одреден начин. Па, како молекулот именуван по Санскритскиот збор за радост, благословеност и среќа влијае врз нас и која е неговата улога во ЕКС (ендоканабиноидниот систем)? Сега, кога го разбираме концептот на ЕКС можеме да потврдиме дека анандамид е еден од неколкуте канабиноиди кои нашето тело природно ги произведува.
ШТО Е АНАНДАМИД?
Откриен во 1992, анандамидот се врзува и за СВ1 и за СВ2 рецепторите. Важно е да се нагласи дека рецепторите се наоѓаат по целото тело што објаснува зошто канабиноидите имаат разновидни ефекти. Но, за разлика од ефектите од пушењето – преплавување на рецепторите со канабиноиди што предизвикува прекумерна и продолжена реакција, ендоканабиноидите се сметаат за ранливи молекули. Телото ги произведува само кога се потребни. Кога ќе се ослободат, брзо се разложуваат со ензими меѓу кои FAAH (амид хидролаза на масни киселини) и MAGL (моноацилглицерол липаза). Липофилната (афинитет кон липиди) природа на овој канабиноид го прави растворлив во масти, но не во вода.
КАКВА УЛОГА ИГРА АНАНДАМИДОТ?
Иако анандамидот е еден од првите откриени ендоканабиноиди, неговата улога во човековото тело и како да се влијае врз него е мистерија. Постојат бројни претпоставки за ефектите, но целосниот ефект е сè уште непознат. Како што знаеме, човековиот ум и тело се комплексен организам, а начинот на кој телата ни реагираат на канабиноидите варира од личност до личност. Некои научници дури и заклучиле дека анандамидот е корисен во борба против и инхибиција на растот на канцерови клетки. Ендоканабиноидот се врзува за СВ1 рецепторот блокирајќи ја клеточната пролиферација (намножување) на канцерните келтки.
Познавајќи ја ранливата природа на ананадамидот лесно е да се види зошто чувството на благословеност кое го дава кратко трае. Ја регулира болката и апетитот, задоволстовото и чувството на успех (награда). Тие се слични со задоволството и чувството на успех за некој кој истрчал одредена далечина. Се претпоставува дека оваа активност го стимулира ослободувањето на анандамид кој се врзува за ЦБ рецепторите во мозокот. И кога ќе земеме во предвид дека ТХЦ се врзува за истите рецептори давајќи ни еуфоричност, јасна ни е целата реакција. Главната разлика е што ТХЦ останува подолго време активен и го погаѓа системот во големи количини, напушувајќи нè, додека анандамидот (поради неговата ранлива природа) се разложува доволно брзо, така што ретко го достигнува нивото од ефектот на ТХЦ. Специфичните употреби на анандамидот и како може да се манипулира неговата продукција се тема на дискусија. Она што го знаеме е дека анандамидот е добар за третман на бројни психички и физички нарушувања, а кога ќе има повеќе истражувања ќе дознаеме точно и на кои.
Новинар: Никола Станчески
Уредник: MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment