Friday, September 7, 2018

Студија: Медицинската марихуана може да помогне кај проблемите во однесувањето на децата со аутизам

Израелските научници открија дека медицинскиот канабис е корисен во ублажувањето на проблемите во однесувањето кај децата со аутизам. Студија спроведена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека 80 проценти од учесниците забележале намалување на проблематичното однесување и подобрување во комуникациските способности


Како беше спроведена студијата?

За оваа студија веќе пишувавме на нашиот блог, сега сакаме да дадеме дополнително појаснување за неа бидејќи сметаме дека е од суштинско значење. Резултатите за прв пат беа објавени во април. Студијата на д-р Аран покажува дека терапијата со Канабидиол или ЦБД може да го подобри животот на децата кои имаат аутизам. Израелската студија објави дека ЦБД може да ја подобри сигнализацијата во мозокот и затоа треба да се користи како потенцијален третман за аутизам. Шеесетина деца биле тестирани во студијата со просечна возраст од 12 години, според Neurology Medical Journal. Студијата се фокусираше само на децата кај кои редовната терапија со лекови немаше ефект. Децата беа третирани со масло од канабис со 20 проценти ЦБД и 1 процент ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната, поради меѓусебниот придружен ефект на активните состојки, што докажува дека синтетички изолираните екстракти не се ефикасни. Третманот траеше најмалку седум месеци, а родителите ги пополнуваа прашалниците преку кои ја оценија состојбата на нивните деца на крајот на пробниот период.


Позитивни резултати

Резултатите од прашалниците покажуваат дека 80 проценти од родителите пријавиле намалување на проблематичното однесување. Во исто време, 62 % рекле дека однесувањето на нивните деца значително се подобрува. Каj половина од децата забележано е подобрување во нивото на комуникација, а 40 проценти забележале подобрување во нивниот систем на анксиозност, иако 33 отсто од децата немале симптоми на анксиозност пред да започне студијата. „Резултатите се охрабрувачки, но ние треба да продолжиме да ги истражуваме ефектите на канабисот врз аутизмот во клиничките испитувања“ - рече д-р Аран. Сите родители на децата, со исклучок на еден, сакале да продолжат со терапија со канабис откако ќе заврши студијата, вели истражувачот. Други досегашни истражувања, исто така ги поддржуваат израелските резултати од студиите.


Повеќе студии откриле медицинска корист од ЦБД

Во 2010 година во O'Shaughnesy's клиничко списание за канабис претставен е случајот на мајката која на својот син со аутизам му даде Маринол, кој содржи синтетички канабиноид. Според написот на д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon), синтетичкиот препарат Маринол имал позитивен ефект врз однесувањето на синот, а жената подоцна го заменила овој третман со природна медицинска марихуана и забележала уште позначителна позитивна промена во начинот на кој дејствувал природниот лек во намалувањето на неговата агресија. Ова потврдува дека екстрактите од органско потекло не им се рамнат ни до петици на синтетичките препарати. Според статиите напишани од Bhismadev Chakrabarti, Antonio Persico, Natalia Battista и Mauro Maccarrone, можеме да заклучиме дека ендоканабиноидниот систем е поврзан со одговорноста за социјална награда, нервниот развој, циркадниот ритам (circadian rhythm) и симптомите поврзани со анксиозноста, што го прави канабисот извонреден лек во терапијата кај аутизамот. ЦБД е познато дека ја стимулира активноста на CB1 и CB2 рецепторите, но и останатите рецептори кои го сочинуваат ендоканабиноидниот систем.
 
 
Ефектите на ЦБД кај аутизмот се испитуваат и во други студии 

Други студии би можеле да го забрзаат развојот на терапиите базирани на ЦБД. Во април, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего, ги започнаа клиничките испитувања за ефектите на ЦБД кај аутизмот. Студијата вклучува 30 деца на возраст од 8 до 12 години. Целите се да се утврди дали ЦБД е безбедна и толерантна состојка и дали помага при симптомите на аутизмот? Во студијата, исто така, ќе се испитува како CBD ги менува активностите на мозочните бранови, невротрансмитерите и мозочното поврзување и ќе се испитува дали биомаркерите на невро-воспалението се засегнати од CBD.


Центарот за медицински канабис и истражување (Center for Medicinal Cannabis Research) на универзитетот по медицина од UC Сан Диего (UC San Diego School of Medicine) доби 4.700.000 $ од Фондацијата РRay and Tye Noorda за целите на студијата. Ова претставува најголема приватна донација која е направена за истражување на медицинската марихуана. Медицинскиот центар Montefiore и NYU Langone започнаа клиничко испитување оваа година, вклучувајќи деца на возраст од 5-18 години. Студијата ја предводат д-р Ерик Холандер (Eric Hollander), клинички психијатар во Медицинскиот центар Монтефиоре (Montefiore) и д-р Орин Девински (Orrin Devinsky), директор на Центарот за сеопфатна епилепсија NYU Langone’s Comprehensive Epilepsy Center. Д-р Холандер и д-р Девински најпрво ќе ги проучат ефектите на канабиноидот канабидиварин врз 100 деца, а потоа ќе преминат на уште едно истражување во NYU центарот, кое ќе го проучува ефектот на ЦБД.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Benzinga

No comments:

Post a Comment