Во Северна Калифорнија, Санта Роса едно малечко девојченце од предучилишна возраст може да продолжи да го носи својот лек на база од канабис за време на наставата во детската градинка од нејзиното јавно училиште
Малата Брук го користи својот конопен лек! |
Во саботата беше објавено дека судијата одлучил во корист на 5-годишната Брук Адамс (Brooke Adams), за која веќе опширно пишувавме на нашиов блог. Таа го користи лекот од канабис како итен третман за смирување на нејзините конвулзивни епи-напади поради ретка форма на епилепсија. Униското училиште од Долината Ринкон во Санта Роса (The Rincon Valley Union School District in Santa Rosa) се обиде да го забрани лекот на територија на училиштето. Тоа тврдеше дека лекот го крши федералниот закон.
* Дознајте повеќе за малата Брук: Девојче кое користи медицински канабис за лекување на епи-напади бара прием во училиште
Детската употреба на медицинска марихуана со препорака од лекар е легална во Калифорнија. Но, сите форми на употреба на марихуана остануваат нелегални според федералниот закон. Од секое правило постојат исклучоци! Привремената наредба на судијата ѝ дозволува на Брук да започне со школување во август, додека биле разгледувани приговорите на округот. Медицинска сестра ја придружува Брук на училиште и мора да го примени маслото од канабис три пати за да ги лекува нападите.
Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kron4
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
No comments:
Post a Comment