Дали можете да разликувате канабис што е одгледуван во затворени простории од оној што се одгледува на отворено? Овој прирачник е создаден да помогне за полесно разликување на бесконечните варијанти на канабисот. Кои се разликите, а кои сличностите? Ова не важи за сите видови, бидејќи секој вид има различни карактеристики и расте различно со засебната индивидуална грижа на одгледувачите
Лево: Outdoor; Десно: Indoor. ПОГОДИВТЕ?! :) |
На крајот од денот канабисот е незаменливо растение и не сите различни фактори ќе дојдат до израз во секоја конкретна ситуација затоа што секоја сорта е уникатна. Важно е да се забележи дека туфките можат да бидат одгледани правилно и неправилно, независно од тоа дали се гледани внатре или надвор на собна температура, неправилно одгледување во затворени простори може да изгледа како надворешното и обратно. Сепак, постојат некои одредени стандардни критериуми кои се важни за ваква форма на елаборирање. Сега, ајде да ви дадеме неколку корисни насоки за лесно да можете да препознаете како и каде канабисот е одгледуван, преку некои стратешки визуелни индикации:
Големината на туфките
Големината на цветовите е меѓу првите визуелни знаци и клучни показатели било да се внатрешно одгледани или надворешно. Но, генерално правило е дека сѐ е поголемо кога е надворешно одгледано. Поголеми и порунтави се цветовите кога се на отворено, но разликата може да се забележи единствено ако се погледне дршката на цветот. Надворешните туфки ќе имаат подебели стебленца од оние култивирани во плакарот. Внатрешните туфки типично ќе се помали од надворешните и позбиени, погусти.
Трихомна густина
Трихомната густина е клучна визуелна показателна точка, кога се обидуваме да најдеме диференцијација помеѓу собно и надворешно одгледана трева. Собните туфки се помали, бидејќи се растени и зосревале поблиску до светлината во перфектно контролираната животна средина и тие типично се рангирани високо на трихомната густинска скала. Со набљудување и евалуирање на беспрекорно одгледана собна туфка, јасно видливи се и со голо око малечките кристали кои блескаат и ги има навистина многу. Надворешните туфки се генерално поголеми и нивните трихоми најчесто не се во состојба да ја покријат целата површина на надворешно одгледаниот цвет. Додатно, надворешните растенија се изложени на влијанија што можат да ги нарушат трхомите и нивното развивање. Трихомната густина е типично поразредена на надворешно култивирана туфка, во споредба со оние растени во гроу-бокс.
Лево: Indoor; Десно: Outdoor. ПОГОДИВТЕ?! :P |
Боја
Една од најинтересните визуелни карактеристики што можат да се употребат за разликување на канабисово растение растено на сонце, наспроти она собното на струја - е бојата! Надворешно одгледаното има тенденција да има генерално потемна боја. Ако одгледувачот расте врсти на канабис кои произведуваат зелени цветови, надворешните туфки ќе се појават како потемно зелени можно е дури и боја која води накај кафеава. Ако одгледувачот расте канабис кој произведува виолетови или розови цветови, надворешните туфки ќе изгледаат длабоко виолетови/розеви, односно темно виолетови/розеви. Друга визуелна карактеристика е долниот дел на цветовите. Туфките култивирани надвор речиси секогаш имаат светло кафени нијанси околу дршката на самата основа од цветот (не станува збор за мувла). Цветовите одгледани во затворени простори од друга страна имаат светло зелена или виолетова нијанса на истите места.
Канабиноиди
Има раширени митови за тоа дека канабиноидите од надворешно потекло се помалку потентни од внатрешно култивираните. Ова не е точно. Посветените одгледувачи од „Sunna Ra Acres“ го пробија овој мит еднаш засекогаш. Последните неколку години имаат направено споредбени тестови на два клона земени од иста мајка-растение, едно растено собно, другото надворешно. Го спроведоа експериментот со варијатети на видови и подвидови коноп истовремено и се покажало дека растенијата култивирани надвор во природни услови под сонцето, резултираат со целокупен поразноврсен и поголем канабиноиден профил. Ова значи дека имаат повисоки нивоа како на ТХЦ, така и на ЦБД, но и на останатите активни состојки. Овој експеримент покажа дека сонцето го ослободува вистинскиот потенцијал на растението и неговата медицинска вредност, а сличен е случајот и со зеленчукот кој се одгледува под сијалица, во споредба со оној одгледан во природата под сонцето... Затоа екстрактите подготвени од неколку врсти одгледани под сонцето се секогаш подобар избор за пациентите.
Лево: Надвор; Десно: Внатре |
Терпени
Во овој случај, терпените се многу слични на канабиноидите, затоа што нивните профили се интензивираат од сонцето. Низ долгогодишното експериментирање во Sunna Ra Acres, одгледувачите откриле дека ако две идентични растенија се одгледуваат „рамо до рамо“ - едното одгледувано надвор, другото одгледувано внатре - билката што се одгледува надвор ќе има повисок процент на терпени. Во некои случаи пак, растенијата од надвор дури откриваат и терпени за кои никој не знаеше дека биле таму. Кога овие две растенија се пушат, разликата е многу повеќе од очигледна: сончевите цветови се многу повкусни и поароматични. Исто така, треба да се истакне дека терпените се испарливи, што значи дека ќе исчезнат без соодветно сушење и „кјуринг“ процес. Многу од одгледувачите во затворен простор посветуваат поголема грижа во завршните фази на сушење и лекување, бидејќи нивните билки даваат многу помалку принос и нивниот производ се движи од една просторија затворен во друга, обезбедувајќи поголема контрола низ целиот производствен циклус. Почетниците во одгледувањето на отворени простории наспроти искусните, можат да го прескокнат чекорот на правилно сушење, пред сè поради незнаење или поради големиот принос и со тоа можат да го изгубат својот висок терпенски профил.
Кастрење на цветовите
Додека оваа категорија е многу субјективна и не се применува секогаш, историски погледнато одгледувачите на отворено трошат помалку време за намалување и оформување на нивниот финален производ, наспроти одгледувачите во затворен простор. Туфките под сијалица се поубаво обликувани од оние сончевите. Ова обично е поврзано со количината на приносот, одгледувачите на отворено во просек добиваат по 5, 10 или 20 килограми по растение, додека внатрешните одгледувачи имаат принос од 0,5 - 1 или 2 килограми по растение. Кастрењето на цветовите одгледани надвор, не само што ќе трае неколку недели, туку ќе бидат потребни и повеќе лица со полно работно време. Така, крајниот резултат е обично полабаво засекување, особено зашто растенијата на отворено генерално се полистести и поразгранети. Ако имате среќа да имате пристап до истата врста која се одгледува и во затворени простории и надвор, доколку сте вистински страствен љубител на канабисот неверојатно е чувството да имате шанса не само визуелно да ги споредите, туку да можете да ги споредите и канабиноидните профили, аромата, вкусот, чадот, моменталното чувство што го даваат, како и медицинскиот ефект и долгорочен бенефит!
Ништо не може да го замени сонцето! |
Одгледување канабис во стаклена градина
Главната разлика во Outdoor и Indoor одгледувањето е тоа што под сијалица може да имате и 4 реколти во годината, додека под сонцето максимум 2. Оранжериите, стаклениците и пластениците може да се категоризираат како одгледување во затворен простор со користење на силата на сонцето. Тоа е совршен спој на затвореното и отвореното, бидејќи до одредена мера имате контрола врз животната средина како во целосно затворениот простор (одредување на температура, симулација на ветер итн...), со неверојатната моќ на сонцето, наместо вештачко светло од електирчни сијалици. Резултатот најчесто се цветови кои имаат визуелна и ароматична привлечност на Indoor цветовите, но со покачени терпенски и канабиноидни профили што се карактеристика на Outdoor цветовите.
Новинар: Теодор Петковски
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
No comments:
Post a Comment