Showing posts with label меланом. Show all posts
Showing posts with label меланом. Show all posts

Thursday, February 14, 2019

Дац најпрво го отстрани меланомот мачкајќи го со канабисово масло, а сега ја нема повеќе и лузната!

Дац од Скопје со нас го сподели неговото искуство пред извесно време на нашиов блог. Тој иако не веруваше, сепак се обиде и успеа да го отстрани меланомот од челото со помош на домашно масло од канабис со упорно мачкање, а сега успеа да ја тргне дури и лузната од канцерот на ист начин! Пресреќни сме што тој самиот на своја кожа се увери во лековитоста на канабисот, а сега сака сите да дознаеме за тоа


Уверете се самите!
Немој само паника да те фати кога ќе се отвори за две недели“ - предупредува Дац. Доколку решиме да отстраниме меланом или некоја бемка, тој во разговорот со нас објасни дека местото најпрво ќе започне да се одделува од останатото ткиво. Тој вели дека можно е да се појави и крв и местото да се разрани, но тоа да не нè спречи да продолжиме барем 2-3 пати во денот да нанесуваме од маслото врз разранетото место и истото да го покриваме со стерилна газичка или памукче, а потоа и со фластер одозгора. „Кога ќе се отвори, ставај вирови да има (од маслото) и дебел фластер. После ќе се нормализира и ќе се затвори, па ќе исчезне. Но, на таа отворена рана не ѝ давај кислород. Мачкај, мачкај, мачкај!“ - истакнува Дац.


Дац напоменува дека на местото каде што бил канцерот/бемката, ќе се појави нова црвенкаста кожа и тоа не треба да нè вознемири, туку да се продолжи и понатаму со мачкање за да се помогне во процесот на регенерација на ткивото и кожата, па со текот на времето целосно ќе исчезне дури и лузната. Тој вели дека од неговото искуство со топично нанесување на квалитетно масло од канабис подготвено во домашни услови, може да се успее и за 2 до 3 месеци. Дац вели дека покрај локалното аплицирање, оние кои можат да си дозволат финансиски, пожелно е да внесуваат канабисово масло и внатрешно, а исто така да внимаваат и на соодветната исхрана и да елиминираат сè што е канцерогено од своето секојдневие. 

Овој скопјанец напоменува дека цигарите треба да се заменат со џоинт за време на лекувањето и во разговорот со нас сподели уште едно искуство. Тој примени еден од нашите совети, т.е. совет од искуството на друг пациент за припрема на поздрава варијанта на џоинт, сролан со лаванда наместо со тутун и вели дека е презадоволен од ефектот. Објаснува како белите дробови му се исчистиле од шлајмови со катран од никотинот: „Абе шлајмови пола литро од плуќа излезе вчера. Еве 24 саати од лавандата. Очекувам уште. Ова добро е. Не мешаме веќе со тутун жими се“ - заклучува Дац.

Дац напоменува да не се прекинува лекувањето и да не се остави разрането местото и дека обликот на меланомот ќе се менува и тоа да не го исплаши пациентот. Тој е жив сведок на безоперативно отстранување меланом, само со масло од канабис, верба и упорност!Споделете го овој текст и вашето канабис искуство со нас за да го забрзаме процесот на освестување, дека канабисот и екстрактите од ова растение не се штетни, туку се незаменлив и универзален лек!




ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

Инструкции од Рик Симпсон за лекување рак на кожа - меланом и изгореници со канабисово масло!

Како да се третира егземата и други кожни заболувања со помош на канабис?

За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

Како да си направите сапун од коноп во домашни услови?

Производи со екстракт од канабис за нега на новите тетоважи

Уредник и новинар: MoniQue Konopova



Thursday, December 20, 2018

Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

Фитоканабиноидите во третманот на меланом: in-vitro и in-vivo студија објавена во Journal of Investigative Dermatology во февруари 2015 година Exploiting Cannabinoid-Induced Cytotoxic Autophagy to Drive Melanoma Cell Deathкако и студија објавена во ScienceDirect во 2019 година Cannabinoids as a Potential New and Novel Treatment for Melanoma: A Pilot Study in a Murine Model - покажаа дека третманот со делта-9-тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD) помогна да се намали одржливоста на клетките на меланомот


Клетките го изведуваат процесот автофагија, дизајниран за чистење на интрацелуларните остатоци (на пример стари делови од клетки [органели], протеини кои веќе не се потребни итн), со помош на лизозоми (органели што содржат ензими кои помагаат да се разградат протеините, мастите, шеќерите, градбените блокови на ДНК и РНА и сл). Претходно собраните докази покажаа дека во првите фази на развојот на ракот, автофагијата е корисна во помагањето да се спречи канцерогениот раст. Сепак, во подоцнежните фази, автофагијата всушност може да придонесе за формирање на рак преку обезбедување на ресурси за клетките на ракот кои помагаат во одржувањето на преживувањето. Во оваа студија, истражувачите испитувале дали канабиноидите може да предизвикаат апоптоза (т.е. програмирана клеточна смрт) и каква улога игра автофагијата во оваа индукција, кај клетките на меланомот.


Што е Меланом?

Меланомот е вид на рак на кожата, предизвикан од прекумерно ширење на абнормални меланоцити (клетки на кожата кои произведуваат меланин, пигмент на кожата) и често е резултат на штета предизвикана од сончевите УВ зраци. Иако клеточната абнормалност започнува во кожата, во подоцнежните, понапредни фази, канцерогените клетки можат да метастазираат (да се прошират и пренесат, т.е. да нападнат и далечни органи), предизвикувајќи голем ризик по здравјето на болното лице и ако растот на канцерогените клетки е неконтролиран и не лекуван соодветно, тогаш може да настапи и смрт.


Други видови рак на кожата вклучуваат карцином на базалните клетки (Basal cell carcinoma - BCC) и карцином на сквамозни клетки (Squamous cell carcinoma - SCC) и меланом. Иако случаите на меланом сочинуваат само 2% од случаите на рак на кожата, поради фактот дека смртта како резултат на BCC е многу ретка, но и како резултат на SCC, со оглед на тоа што зафатените делови на кожата растат во големина и се болни, меланомот е водечка причина за смрт кај рак на кожата. Според Американското здружение за рак (American Cancer Society), во 2014 година, околу 76.100 нови случаи на меланом се очекуваше да бидат дијагностицирани, а околу 9.710 лица се очекуваше да починат како резултат на меланом. Кај мажите, меланомот најчесто се јавува на градите и грбот, а кај жените најчесто се јавува кај нозете. Меланомот, исто така, често се појавува на вратот и лицето.


Ракот на кожата е многу почест кај лицата со посветла кожа, кои имаат помалку меланин. Сепак, од витално значење е и лицата со потемни тонови на кожата, исто така, редовно да се прегледуваат од страна на нивните лекари, за појава на рак на кожата. Често се претпоставува дека поединците со потемна кожа нема да добијат рак на кожата, но кога е веќе присутен, ракот на кожата често се дијагностицира во доцна фаза, кога шансите за ремисија се помалку веројатни. Случаите на меланом се зголемуваат во текот на изминатите 30 години. Додека нови откритија помагаат да се зголеми успехот во третманот на меланомот, некои пациенти не реагираат на нив. Затоа, развојот на нови и тоа природни опции за третман е императив во помагањето да се зголемат стапките на ремисија кај пациенти со меланом, особено поради тоа што случаите на меланом се зголемуваат.



Како може рано да препознаете меланом?

Најефективен начин за откривање на меланом е да посетувате годишни прегледи кај вашиот дерматолог, кој ќе ги следи невообичаените или новите израстоци и ќе изврши биопсии на лезиите на кожата кои имаат потенцијал да бидат рак на кожа. Поединците со семејна историја на меланом треба особено да бидат сигурни дека редовно се прегледуваат. Помеѓу посетите, важно е самостојно да ја следите вашата кожа. Проверувајте ја целата кожа на телото, вклучувајќи ги пределите зад ушите, дланките и стапалата на нозете, помеѓу прстите, под ноктите, на скалпот, очните капаци и околу гениталиите и аналниот регион. Честото само-следење ќе го олесни забележувањето пред растот да стане невообичаен.


Пожелно е да се обратите на лекар доколку забележите промени како:
- Асиметрија: една половина од брадавицата или вродениот знак не се совпаѓа со другата;
- Граница: рабовите се неправилни, парталави или заматени;
- Боја: бојата не е иста низ целата површина на израстокот и може да вклучува нијанси на кафена или црна боја или понекогаш да има розови, црвени, бели или сини делови;
- Дијаметар: Местото е поголемо од 6 милиметри во целина (околу 1/4 инч - големина на гумата за бришење кај моливите), иако меланомите понекогаш може да бидат помали од ова;
- Развој: израстокот се менува во големина, форма или боја (или некоја друга карактеристика).

Други предупредувачки знаци на местото се:
- Болка што не се лекува;
- Ширење на пигмент од граничното место до околната кожа;
- Црвенило или нов оток надвор од границата;
- Промена на сензација - јадеж, чувствителност или болка;
- Промена на површината на брадавицата - испакнатост, извиткување, крварење или појава на чир/жлезда.

Ако најдете место што може да биде абнормално (во согласност со горе наведеното или необично / различно од другите ознаки на кожата на кој било друг начин) закажете преглед кај вашиот дерматолог. Понекогаш, лезиите на кожата изгледаат малку чудно, но завршуваат како бенигни (т.е. не се штетни), но единствениот начин да бидете сигурни е да го посетите вашиот дерматолошки обучен здравствен работник. Откривањето на меланом рано, пред да има потенцијал да се шири на други органи, е од суштинско значење за зголемување на шансите за ремисија и намалување на шансите за смрт како резултат на меланомот.


Како може да спречите меланом?

За да се помогне во спречувањето меланом, изложеноста на сонце треба да биде ограничена. Поединците треба да ја покриваат кожата со облека што е можно повеќе особено во летниот период (т.е. долги ракави, панталони, очила за сонце) и да носат капи за да ја ограничат изложеноста на лицето. Кремовите за сонце со широк спектар (кои ги блокираат UVA и UVB зраците) со SPF од 30+ и цинк оксид / титаниум диоксид (кои дејствуваат повеќе како физичка, отколку хемиска заштита од сонце) треба да се нанесуваат секојдневно и треба да се применат по потење, пливање или туширање (не заборавајте да нанесувате на вашите уши, раце, нос, дланки и други изложени области). Третманите во солариуми треба да се избегнуваат. Спречувањето на изложување на сонце, исто така, ќе го спречи предвременото стареење на кожата (на пример, формирање брчки).


Иако соодветните нивоа на витамин Д се од суштинско значење за апсорпцијата на калциумот и може да бидат произведени од телото како резултат на директна изложеност на сонце, потребни се само неколку минути на сонце (во зависност од вашата боја на кожа). Нивото на витамин Д, исто така, може да се зголеми на соодветни нивоа со јадење храна која содржи витамин Д, пронајден природно во мрсната риба како лосос и туна, жита или млеко збогатено со витамин Д, жолчки од јајца и сл. или со земање на витамин Д суплементи ако не е соодветна исхраната и изложеноста на сонце. Сепак, треба да се внимава (особено кај лица со проблеми со црниот дроб или бубрезите или кои земаат тиазидни диуректици) да не го зголемат витаминот Д до прекумерно ниво, без соодветна консултација со лекар.


Резултати од студијата

Студирајќи ги човечките меланома клетки in-vitro (надвор од телото), истражувачите утврдиле дека администрацијата на ТХЦ ја зголемува клеточната смрт на меланомот со помош на апоптоза зависна од автофагијата, најверојатно преку следната патека: ТХЦ води до создавање на маснотија наречена сфинголипиден керамид (sphingolipid ceramide). Сфинголипидниот керамид доведува до (1) стрес на ендоплазматичниот ретикулум (ЕР, мазниот EР е дел од клетката вклучен во липидниот и јагленохидратниот метаболизам, како и детоксикацијата, а грубиот ЕР е дел од клетката вклучен во синтезата на протеини) и (2) спречување на сигналните патишта Akt/mTORC1 (кои ја спречуваат апоптозата со инхибиција на автофагијата и доведуваат до зголемување на производството на протеини, помагајќи да се одржат клетките живи и да функционираат правилно) преку активирање на протеинот TRIB3. Овој стрес и спречување на патиштата кои доведуваат до зголемување на преживувањето на клетките, може да доведат до зголемена смрт на клетките на меланомот.


Истражувачите забележуваат дека „кога помали дози на ТХЦ се комбинираат со CBD, анти-туморскиот ефект е подобрен внатрешно“. Додека самото користење на ТХЦ помогнало да се намали преживувањето на меланомските клетки, употребата на инхибитор на каспаза (т.е. агент кој спречува активирање на ензими кои индуцираат апоптоза) помогнале уште повеќе да ја зголемат клеточната смрт на меланомот. Поважно, додека ТХЦ помогна да се зголеми клеточната смрт кај клетките на меланом во зависност од дозата (т.е. колку повисока е употребената концентрација, толку повеќе клеточна смрт се случила), немало зголемување на клеточната смрт кај нормалните меланоцити (до концентрација на THC од 6 μM, што е надвор од концентрацијата потребна за индуцирање на смртта на клетките на ракот). Затоа, THC третманот уништил абнормални / канцерогени меланоцити, но, што е најважно, не ги уништил нормалните клетки!


Користејќи глувци како модели со меланом, истражувачите ја оценија употребата на екстракт од целото растение канабис со 1:1 сооднос на ТХЦ за третман на дивиот тип меланом BRAF, форма на болеста која има ограничен третман. Тие откриле дека третманот со 1:1 THC:CBD екстракт, во концентрација од 1 μM од секој канабиноид, помогнал да се намали преживувањето на клетките на меланомот, дури и повеќе од третманот со самото THC. Спротивно на тоа, темзоломидот, агенс кај хемотерапијата кој се користи за третирање на мултиформите на глиобластом - имал многу мал ефект. Според истражувачите „Колективно, овие податоци сугерираат дека ТХЦ и формите како Sativex се поефикасни од темозоломидот во однос на апоптозната индукција и анти-туморскиот одговор, дополнително потврдувајќи ја терапевтската релевантност на канабиноидниот третман за меланом (glyoblastoma multiforme)“.


Овие резултати се особено импресивни, со оглед на тоа што алкилирачките агенси, како што е темзоломидот (кои дејствуваат со оштетување на ДНК), иако се ефикасни во намалувањето на растот на клетките на ракот / зголемувањето на клеточната смрт на канцерогените клетки кај одредени видови на рак, можат да имаат сериозно штетни несакани ефекти, на нови видови на рак. Од друга страна, употребата на канабиноиди се покажа дека е генерално добро толерирана со минимални негативни несакани ефекти. Покрај тоа, според истражувачите, „CBD индуцира апоптоза преку производство на реактивни видови кислород [агенси кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата] и активирање на каспаза во клетките на ракот... што укажува на ангажирање на THC и CBD во различна молекуларна машинерија кои соработуваат за промовирање на смртта на туморските клетки.


Заклучок

Овие резултати се надополнуваат со зголемувачкиот број на докази кои сугерираат дека канабиноидите може да бидат корисни за лекување не само на меланом, туку на различни видови рак на дојка, простата, белите дробови, кожа, панкреасот, мозокот, ракот на мочниот меур, леукемијата. Поточно, тие покажуваат дека употребата на фитоканабиноиди може да биде корисна во третманот на БРАФ-мутираниот и БРАФ-дивиот тип (т.е. „нормален“ БРАФ) меланом. Ова е особено важно за пациенти со меланом BRAF-wildtype, со оглед на ограничените опции за третман за оваа форма. За разлика од алкилирачките агенси кои се користат во третманот со хемотерапија, фитоканабиноидите досега покажуваат дека имаат многу поволен безбедносен профил (не се летални), што доведува до зголемување на истражувањата за тоа дали канабиноидните терапии се поефикасни за третманот на ракот, вклучувајќи и меланом.

Автор: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova

Monday, February 19, 2018

Д.П. е скопјанец кој целосно го уби меланомот во рекордно време со секојдневно мачкање со домашно масло!

Овој скопјанец целосно го уби ракот на кожа со канабисово масло! КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!! Секојдневното мачкање на кожата со вистински домашен екстракт ги убива: меланомите, тртките, бемките, изгорениците, лузните...

Македонски доказ дека канабисот е ЛЕК!
40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа (меланомот) настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!


420 Macedonia: Знаевме дека многу брзо ќе се вратиш со оваа вест на нашиов портал, но искрено не учекувавме дека толку брзо! :)
Д.П.: „Јас сум човек од збор. Со тебе ќе бидам каде треба чоек! Искористи го ова те молам некако

420 Macedonia: Овој експеримент ти одлучи да го направиш на себе за самиот да се увериш дека овој семоќен лек навистина помага! Твојата порака до сите противници на канабисот?


Д.П.: „Да се е*ат у гз тие што се против! Треба сега да им помагаме на другите! Значи сега сакам и јас да бидам активист. Ќе ризикувам сè, на кого му треба помош. Сакам да ти бидам десна рака ако е можно“ - истакнува нашиот револтиран активист од Скопје, кој сака сите да дознаат и да го пробаат овој семоќенм лек!!! :)

Повеќе за битката на овој дечко, кликнете тука

Автор: MoniQue Konopova

Thursday, November 2, 2017

Овој скопјанец речиси целосно го уби ракот на кожа со канабисово масло!

40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!

Средината на септември...
Оваа билка нашиот соговорник ја користи за поздраво и поубаво секојдневие, за разубавување на досадните моменти, за спречување несоница, за подобрување на расположението, за поубави дружења со пријателите, за третирање главоболки и секакви болки воопшто... Буквално за сè! Во разговорот со нас тој потврди дека никогаш премногу не се грижел за сопственото здравје и токму канабисот е заслужен за неговото добро здравје.


Кога на неговата слепоочница се појавил меланом поради рентгенско зрачење од преглед, овој маж го направил вистинскиот избор - посегнал по домашно изработено масло од канабис и упорно започнал секојдневно да ја мачка невообичаената творба на кожата и резултатите се очигледни! Не верувајте на своите очи! Уверете се на сопствена кожа! Маслото од канабис ја подмладува кожата многу подобро од комерцијалните (и штетни) кремови!!!


Овој Скопјанец е свесен дека за третирање на секакви канцери потребно е масло со висок процент на ТХЦ (над 85%), значи од индика врсти (сативите се наменети за епилепсија), сепак тој е многу загрижен за македонскиот див автохтон коноп, којшто вирее слободно насекаде низ нашава земја, а од којшто може да се подготви екстракт идеален за третирање на епилептични деца. Нашиот соговорник инсистира да се превземе нешто повеќе околу тоа. 

Пред месец и пол. Жива рана...
Според докторот Пол Хорнби, патолог од Канада, кој до сега во Македонија веќе неколку пати држеше предавања на семинарите за медицинска употреба на канабисот, потврди дека во Македонија постои автохтона сорта на канабис, кој веќе е проверен во врвни лабаратории конкретно за третирање на деца болни од епилепсија. Резултатите биле одлични, а докторот се чуди зошто државата сè уште го стигматизира ова растение и сè уште не сака да превземе ништо во врска со таа конкретна врста на канабис идеална за третирање епилептични напади, затоа што таков сооднос на канабиноиди не може да се добие по вештачки пат, па дури ни со врстување на врстите...


Ја шириме вистината за канабисот отворено. Над 20 години ја дружиме билкава, реалност е... Инаку со маслово млатам еден меланом веќе месец и пол. Остана розева дамка! Како 85 % да исчезна!!! Рик Симпсон ќе го тетовирам жими се ако ова ми го спаси животот!“ - истакнува тој! Тој пробал со маслото да го отстрани меланомот речиси на шега и резултатите се вчудоневидувачки. Тој за среќа исто така се сетил својот случај да го документира во етапи со фотографии како го уништува ракот на кожа.


Жално е тоа што кога некој ќе се одлучи да се лекува на природен начин со алтернативна медицина, којашто треба да биде примарна, најчесто нема поддршка од блиските и околината. На овој човек не му било лесно како прво да стигне до вистинскиот лек, а како второ отежнување било тоа што немал поддршка практично од никого, осуден бил на потсмев и неверување. Сепак, паметно постапил што не кажал никому дури до сега, затоа што не дозволил никој да му ја сруши вербата во исцелението што само може да ја зголеми и забрза моќта на канабисот. „Сам, без поддршка од никого... Не сакав никого да визнемирувам... Сега се фокусирам на следните пречки во животот“ - дополнува среќниот скопјанец.


Инаку ова беше рана во развој. Три години. После едно рентген зрачење. И се појави. Но, пошто многу дувам... 🙂 изгледа немал плодна почва меланомот да се развива 🙂 Ама летово беше критично. Почнав со третманот на Рик Симпсон. И стигнав до тука“ - истакнува тој. „Додека не се средам анонимно затоа што канцерот уште е тука, но кога целосно ќе се спасам и јавно со име и презиме тоа ќе го кажам! До Нова Година треба да биде крај на мачкањето. Кога веќе ќе го немам меланомот, ќе документирам со чисто чело. Еве како изгледаше проблемот пред месец и пол - жива рана. Ве молам анонимно, за да имам слобода и мир во лекувањето. Ви благодарам и со почит...“ - заклучува тој.

Македонија воведе нови поштенски марки. Пред да седнат на столчињата новава „Влада“ - Фрчко им препорача да ја легализираат „дрогата“. Па, изгледа ќе успееме со Марихуаната...“ - за крај додава тој :) Па, во продолжение може да ги погледнете новите македонски поштенски марки! УСПЕАВМЕ! Го ослободивме конопот во Република Македонија! :D

1.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 1 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 80 - 85)

2.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 2 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 85 - 86)

3.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 3 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 86 - 88)

4.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 4 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 88 - 91)

Нашиот соговорник СЕГА! Само уште мала розева дамка :)
Тој нè поздравува со овие маркици :)



Wednesday, September 28, 2016

Инструкции од Рик Симпсон за лекување рак на кожа - меланом и изгореници со канабисово масло!

КАНАБИС - НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ДО СЕГА - БЕЗБРОЈ ОЗДРАВЕНИ!!! Канабисовото масло лекува секаков вид на рак, дури и меланом, а корисно е и за многу други здравствени состојби на кожата, како изгореници, отворени рани и акни, егзема и псоријаза и тн! 


Пред и по употреба на канабисово масло!
Ракот исчезнува - здравите ткива се регенерираат!
Доколку може да најдете или направите мала количина на правилно произведено канабисово масло, тоа дефинитивно ефикасно ќе функционира при лекувањето на ракот на кожата. Вообичаено потребни се само неколку грами екстракт за успешно да се заврши оваа задача! Пораснете или набавете не многу голема количина на квалитетни туфки (цветови) од канабис од потентните седативни индика врсти, коишто содржат 20% THC или повеќе. Потоа земете околу 30 грама од овие туфки и произведете го маслото од нив, следејќи ги инструкциите коишто се јавно достапни Интернет на официјалната страница на Рик Симпсон - http://phoenixtears.ca/.

Повеќе докази на: www.cureyourowncancer.org

Исто така, треба да се спомене дека при лекувањето на рак на кожата, екстрактите (маслата) произведени од Сатива врстите исто така можат да се употребуваат, затоа што за овој вид на здравствена состојба и тие масла, исто така се доста ефикасни како и маслата од Индика врстите. Тоа е така, затоа што кога пациентот го нанесува маслото на кожата, иако состојките од канабисот преку кожата навлегуваат во организмот, сепак пациентот речиси невозможно е да го искуси енергетскиот ефект што го имаат Сатива врстите.

Малото количество на марихуана за почеток од кое треба пациентот да си направи масло (најдобро сам во својот дом) би требало да даде 4-5 грама квалитетно масло. Ќе бидете пријатно шокирани кога на сопствени очи ќе гледате како го убивате ракот и како тој самиот исчезнува, оставајќи ја кожата од околу (и таму каде што бил ракот) сосем здрава! Дури и најтешките форми на рак на кожа можат да бидат излечени со канабисово масло. „Нанесувајте го маслото на ракот на кожата и покривајте го местото со фластерче, нанесувајте свеж слој на масло и чисто фластерче на секои 3-4 дена и канцерот треба наскоро да исчезне. Јас секогаш им велам на луѓето да не го прекинуваат лекувањето се` додека ракот комплетно не исчезне, а потоа тие треба да продолжат да го третираат местото во времетраење од околу 2 додатни недели, исто како ракот да е се` уште таму. Со ова се елиминираат сите клетки на ракот коишто се` уште можат да останат во кожата. Правејќи го ова, ќе се осигурате дека сите канцерогени клетки се мртви и никогаш не сум видел враќање на ракот, доколку се следат моиве упатства. Доколку сте имале рак на кожата некое извесно време и ракот е доста развиен, потребно е повеќе време за да се излечи“ - објаснува Рик Симпсон. Ракот исчезнува - здравите ткива се регенерираат!

Уверете се самите! :)

Но, вообичаено како што потврдува искуството на Рик со неговите пациенти, дури и најтешките случаи на рак на кожа исчезнуваат за помалку од три недели. Кај екстремните случаи лекувањето може да потрае и подолго и ако вашиот случај е таков - едноставно продолжете со мачкањето на ракот со канабисовото масло, се` додека истиот целосно не исчезне! Многу луѓе може да го излечат својот рак на кожа во рекордно време, сепак тоа е индивидуално и зависи од повеќе фактори - сопствената стапка на исцелување, квалитетот на маслото, како и колку длабоко ракот е напреднат, а да не заборавиме и дека потребна е силна верба во исцелувањето итн.

Ете зошто канабисот е нелегален!!!
Исто така треба да знаете дека јас не зборувам само за ракот овде, нанесете го маслото на изгореница од трет степен и само гледајте што ќе се случува - изгореницата се исцелува безболно и во многу кратко време и не остава лузни. Кога се разгледуваат сите страдања што пациентот со изгореници ги доживува, зошто овој едноставен билен лек не е достапен за сите жртви со изгореници? Ова е само врвот на ледениот брег народе, за едноставната вистина - доколку имате правилно произведени масла од растението канабис на располагање, најверојатно самите ќе дознаете и ќе се уверите дека тие се најефективниот природен лек за лекување на било која здравствена состојба што може да се именува“ - заклучува Рик, кој длабоко верува исто како и ние, дека откако вистината за вистинската лековита моќ на марихуаната ќе стане подобро позната, сите овие работи за кои тој и ние постојано ви говориме и на нашата ФБ страница - www.facebook.com/420macedonia - ќе станат општо познати факти и дел од секојдневието на секој човек! Маслото од канабис наскоро ќе се користи превентивно - како растителен суплемент, слично како што се користи млечот или прополисот од пчелите... :) Од канабисовите цветови инаку се произведува највкусниот и најздравиот мед, но за тоа ќе продискутираме во некоја следна објава ;)

Канабисовото масло лекува изгореници!

Превземено од http://phoenixtears.ca/dosage-information/