Tuesday, October 17, 2017

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Откако накратко ве воведовме во оваа толку многу важна тема за правилно одгледување на најквалитетен лек - спречувањето на мувлата - и ви објаснивме од каде доаѓа оваа габа, како се создава и кои се најчестите три типови мувла коишто може да се појават во било која фаза од растечкиот циклус, но и како да ги избегнете, сакаме да ви објасниме кои се трите најчести моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана:

1.) Кога билките се големи и разлистани...

БПМ на листовите...
Белата прашкаста мувла - БПМ (White Powdery Mildew) е тип на мувла што ги напаѓа билките кои растат во жешки, влажни услови без голем проток на воздух. Овој тип на мувла се развива кога воздухот е застоен. Изгледа како некој да ги испрскал листовите, туфките и стеблата со малку брашно. Малку од белата прашкаста мувла на лисјата е лош знак, но доколку таа премине надвор од контрола, може да ги уништи туфките, па дури и да го убие целото растение!

БПМ може да ги нападне билките и цветовите во секој момент од нивниот живот, па дури и кога се мали и млади, но најчесто таа се јавува кога билките се веќе големи и разгранети, затоа што големите листови го спречуваат протокот на воздухот и ја зголемуваат влажноста. Ова најчесто се случува кога одгледувате во многу мали места како шкафови, шатори за одгледување, гроу боксови... Ако одгледувате во затворен простор, вентилаторот е многу важен, не само поради симулација на ветер, туку и за спречување на овој тип на мувла. Ако билките се многу разлистани и имаат големи листови, светлината речиси всушност непродира преку врвот на растението во средината. Ако вегетацијата е преголема за вашиот простор, ризикувате БПМ да се појави како непосакувана гостинка, особено ако времето е жешко.

БПМ на стеблата...
Колку билката е побујна, толку повеќе вода (пареа) таа испушта во воздухот кога дише. Размислете за тоа со колку вода ги полевате вашите растенија? Најголемиот дел од таа вода завршува токму во воздухот во кој билките растат. Поради тоа што големите билки пијат многу, тие конвертираат многу вода во високи нивоа на влажност. Логично... Тоа е истата причина зошто прашумите секогаш остануваат влажни и магливи! :) Големите растенија што растат збиени во мали простори, поради тоа што имаат помал проток на воздух, најверојатно прават џебови од застоен воздух, создавајќи при тоа идеални услови за размножување на спорите и развој на оваа болест на растенијата... 

БПМ на туфките...
Паметното поставување на вентилатор/и ќе оди долг пат кон спречување на БПМ. Мувлава едноставно не може да расте во проветрена и чиста средина. Ако има мал провев над сите лисја (сите листови шумолат нежно, но не мавтаат наоколу како полудени), не само што ја спречувате БПМ, туку како дополнителен бонус вашите растенија го сакаат тоа и всушност, ќе растат и побрзо затоа што со помош на вентилаторите на вашите „девојки“ им обезбедувате приближно еквивалентни услови како кога би растеле во природа! Колку повеќе вегетација, толку подобра вентилација! ;)

Густи билки во тесен простор - поголем ризик од БПМ
Но, дури и со многу вентилатори, преголемата влажност е најголемиот непријател на билките, а најголем пријател на овој тип мувла. Добар систем за вентилација, т.е. издувен систем со силен вентилатор за издувните гасови, ќе го издувува топлиот и влажен воздух и ќе го заменува со поладен, посув воздух од надвор. Кога одгледувате многу листести канабис билки како овие на сликата (каде што речиси целиот среден и долен дел од билката воопшто не добива воздух) - во тој случај малку ДЕФОЛИЈАЦИЈА (отстранување на одвишокот големи листови) може значително да помогне за зголемување на протокот на воздух низ внатрешноста на билките, а воедно се намалува и влажноста

Добра вентилација
Потребна е добра циркулација на воздухот во растечкиот простор (добар проток/провев) на воздухот. Во краен случај може да се користи и „одвлажнувач“ (dehumidifier) за да се намали влажноста. Последното нешто што можете да го направите е да бидете сигурни дека температурата во вашиот растечки простор никогаш не оди над 80 °F (27 °C), а особено не над 85 °F (30 °C), бидејќи тоа е кога БПМ започнува да полудува, а мувлата може да ја покрие целата билка за само неколку дена! :(

2.) Во доцната цветна фаза...

Во последните неколку недели пред жетвата, пупките (туфките) стануваат многу подложни на белата влакнеста мувла или пак на темно кафената или сива правлива мувла. Колку се поголеми и погусти вашите туфки, толку е полесно да се одржи мувлата на нив. Мувлата може да дојде во многу јаки и чудни бои, вклучувајќи бела, жолта, кафеава, сива или речиси загадена црна боја. Не е важно кој е типот на мувлата, типовите на мувла кои ги напаѓаат туфките од внатре ги имаат истите основни ефекти и можат да бидат спречени со истите тактики. Со внатрешната мувла (често пати позната само како „гниење на туфките“) надворешноста на пупката може прво да се појави нормално, но сите лисја одеднаш ќе умрат. Самата туфка исто така, ќе стане грозна, ќе ја изгуби оригиналната природна боја, наскоро откако мувлата ќе се одржи. 

Сите други билки изгледаат здрави, но што не е во ред со таа единствена билка со жолти лисја?

Иако, многу работи можат да предизвикаат жолти лисја, интересно и воедно мистериозно е кога само една билка покажува такви симптоми, додека сите други изгледаат здрави. Важно е веднаш да се испита дали нешто чудно или ново се случува со вашите растенија. По поблиска проверка, пупката сè уште изгледа главно нормално однадвор, но што е тоа? Кога билката канабис е погодена од гниење на туфките, лесно се отвора на самото место и се открива мувлата што е внатре. Сите листови што ја допираат мувлата е лабави и паѓаат.

Ако туфките се нападнати од гниење, навистина добра идеја е веднаш истите да се отстранат и фрлат во ѓубре - сите погодени туфки, за да се намалат вашите загуби и ќе треба да го оберете растението многу брзо. Цела туфка може да изгние буквално преку ноќ, особено ако друга пупка има мувла, бидејќи тоа значи дека има тони спори во шаторот/растечкиот простор. Оберете ги вашите пупки што е можно поскоро за да не се разбудите следното утро со уште поголема загуба на здравите туфки, само затоа што не сте изреагирале на време!





3.) За време на сушењето и кјурингот...

Скапана туфка...
Најболно за одгледувачите е кога мувлата ќе се појави на самиот крај, по цели 4 месеци макотрпна и посветена работа, откако правилно туфките узреале и сте ги обрале на време. По бербата и кастрењето, не дозволувајте мувлата да се појави за време на сушењето и лекувањето (кјурингот). Сте стигнале до тука, сте посветиле толку многу труд, љубов и време, па кукавички е сега да се откажете и да кренете раце! Од она како ги сушите и „лекувате“ вашите туфки, многу зависи дали крајниот продукт ќе биде просечен, добар или лош. Правилниот кјуринг по правилното сушење не само што ја спречува мувлата, туку може целосно да го промени изгледот и вкусот на туфките, како и потентноста (јачината), но и мазноста за време на пушењето.


Кога станува збор за квалитетот на канабисот, она како ги растеш туфките сочинува 50% од твојот финален квалитет, 25% е изборот на врстата, а процесот на сушење и кјуринг ги сочинува останатите 25% од квалитетот. И покрај зголемувањето на квалитетот на туфката, сушењето и кјурингот на вистинскиот начин ја спречува мувлата. Процесот на сушење/кјуринг е незгодно време кога може да биде лесно да се создадат услови каде што мувлата може да нарасте преку ноќ, па затоа не е добра идеја да ги прескокнете овие круцијални чекори од целиот одгледувачки циклус. Но, најважното нешто што можете да го направите е редовно да ги проверувате вашите туфки (не кога спијат за да не станат хермафродити поради стрес), за да можете брзо да реагирате ако има некаков проблем!


Немојте да пушите скапани туфки и не правете екстракти од згниени туфки... Мувлата може да има различни форми и бои, понегогаш изгледа и доста убаво, но не дозволувајте да бидете прелажани! Ако сте почетници, не дозволувајте да бидете излажани од дилерите дека мувлата се некои „конци“, т.е. канабиноидни влакненца што се поразлично истакнати кај најквалитетните врсти канабис... Подолу, може да погледнете три видеа од Македонец во Лондон кој се соочува со мувла и оваа серија текстови за мувлата, како проблем при одгледувањето е создадена токму на негово барање :) Дознајте како да ја спречите мувлата, дознајте повеќе за врстите канабис за одгледување во овторен и затворен просторкоишто се отпорни на мувла, како и други корисни совети - наскоро, во следните неколку објави!




Автор: Monique Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Време е за легализација, вели сопственик на диспанзер за канабис од Канада

Како се чувствувате кога сте уапсени?

Ова е она што Роланд Свифт (Roland Swift) ги запрашал своите вработени, пред да ги вработи во High Tides, диспанзерот за медицински канабис кој штотуку беше отворен во Дигби, Канада. Тоа е реалноста со која се соочуваат секојдневно, во очекување на легислативата за легализација на марихуаната, со што ќе се стави крај на диспанзерите кои се наоѓаат во Нова Шкотска. „Ние сме во сива област и се држиме за нашите вратови за да им помогнеме на луѓето. Сите сме страсни за ова и за да направиме разлика“ - рече Свифт

Roland Swift
Чекајќи зелено светло

High Tides прво беше отворен на 31 август. Тоа е медицинска продавница за канабис, што им продава само на оние со рецепти за канабис и кои се постари од 19 години. Оваа продавница има дозвола за работа од општината Дигби и е официјална на секој начин, освен еден - диспанзерите сè уште се технички нелегални. „Ние стоиме гордо, знаејќи дека зборувавме со  Ројалната канадска полиција на коњи (RCMP - Royal Canadian Mounted Police), со градот и дека тие знаат дека сме 100 проценти транспарентни. Ова е велнес центар и ние сме навистина тука да им помогнеме на луѓето“ - додава Свифт.


Диспанзерот делува како аптека 

Ashley Roberts
Свифт, менаџерот Ешли Робертс (Ashley Roberts) и помошник менаџерот Колби Тибодо (Colby Thibodeau) продаваат медицински канабис производи, а исто така одржуваат консултативни сесии со сите несигурни пациенти за тоа што ќе функционира најдобро за нив. Примероците се исто така давани на секој со рецепт и ограничен приход, исто како што аптеките или докторот понекогаш ќе обезбедат мал примерок на нов лек.


Време е за образование

Не само што диспанзерот работи со 100% транспарентност, туку исто така го охрабрува секој кој е љубопитен да ги достави своите прашања и набрзо да замине со одговори. „Најголемиот дел од нашата работа овде, надвор од продажбата е образованието“ - истакнува Свифт. „Повеќето луѓе кои се плашат или се против канабисот едноставно не се информирани за тоа што тој може да направи за луѓето“ - рече Робертс.

Colby Thibodeau
Едно од најголемите појаснувања за канабисот е дека тоа е заеднички термин за различни марихуана и канабиноидни производи. Друга точка на разјаснување со клиентите е дека постојат форми на канабис што може да ги консумирате без да го почувствувате хајот, без да се надувате. ЦБД или канабидиол, е уште една состојка што се наоѓа во марихуаната, но за разлика од ТХЦ, една од главните состојки што го предизвикува хајот, но таа не ве надувува. Постојат и различни методи на употреба, како што се пушењето, јадењето и капсулите кои може да се земаат како пилула и секој начин на консумирање дава различен ефект.

Тоа сè уште помага да се справите со болката и има други бенефиции без да го надуваат корисникот“ - додава Робертс. Медицински канабис, исто така, може да се користи за многу повеќе од само контролирање на болката, за што е најпознат. Робертс рече дека некои клиенти исто така го земаат за да огладнат, бидејќи немаат апетит. „Може да се исмејувате дека несаканите ефекти се смеа и глад, но знаете што, тие за некои луѓе се целиот свет“ - заклучува Свифт.


Лична инвестиција

Sherry Outhouse
Свифт е од Островот Брајер и вели дека неговата мајка е меѓу оние што најмногу се против марихуаната кога тој растел. „Мајка ми ми рече дека ќе ме исфрли од животот ако не престанам“ - рече Свифт. „Ѝ испратив книгата за медицинските придобивки од канабисот, а таа се смени за 180 степени. Таа ме држеше и плачеше, велејќи: ‚Има толку многу луѓе што не знаат‘“ - вели тој.

Сестрата на Свифт, која работела како затворски чувар и била целосно против употребата на канабисот, дури и медицински, ја изгубила битката со ракот минатиот Божиќ. Таа одлучи во своите последни недели повеќе да не зема опијати, бидејќи не можеше да помине време со своите деца. „Добивме рецепт за производи од канабис и тоа беше ноќ и ден. Таа го поврати достоинството, нејзината болка не беше голема и беше во можност да каже збогум на нејзините деца. Тоа значеше цел свет“ - рече Свифт.


Дома во Дигби

Робертс се чувствува добро во врска со нејзината нова позиција со High Tides. Тибодo се чувствува исто така, заедно со рецепционерката Шери Оутхаус. „Имавме навистина добар прием во Дигби и мислам дека тоа е добар знак“ - рече Робертс. Свифт се согласи, велејќи: „Единственото нешто што сум го забележал е многу љубопитност, што ние го поздравуваме тука“. Додека разговара за неговиот бизнис, неколку луѓе минуваат низ вратите. Едниот е средовечен, другиот е постар, а третата се чини дека е во нејзините доцни дваесетти години.

Таа разновидност таму е токму она што го бараме и е причината што ја преместив продавницата повторно дома во Дигби“ - рече Свифт, кој ја затвора својата локација во Халифакс. „Тука видов потреба, каде што е потешко да се најдат лекари кои ќе се согласат да препишуваат канабис. Постарите генерации живееле во време кога медиумите ги исплашиле за канабисот. Мораме да работиме за да го смениме тоа, а нашата најдобра алатка се информациите“ - дополнува Свифт. Тој, Робертс, Тибодо и Оутхаус имаат големи надежи дека, со тројцата новодојдени доктори  во Дигби, прогнозите се добри!

Роланд Свифт е сопственик на новоотворената канабис аптека High Tides, диспенсар за медицински канабис во Дигби. Тој е страстен за медицинскиот канабис поради тоа што им помогна на неговата мајка и сестра во последните денови додека се бореа со ракот. „Им даде [нив] достоинство и значеше свет“ - истакнува тој. Ешли Робертс е менаџер на продавницата. Таа е страсна за едукација на луѓето за тоа зошто медицинскиот канабис може да им помогне на луѓето. „Мојата баба го разбрала тоа кога имала рак и дали знаела дека постоеле производи кои би можеле да ѝ помогнат за нејзината болка, без да чувствува хај, тоа можеше навистина да ѝ помогне“ - рече Ешли.

Колби Тибодо работи во центарот, бидејќи тој е страстен за пристапот. „Има толку многу луѓе кои не можат да пристапат до диспанзерите поради далечината, финансиите и други причини“ - рече тој. „Јас работам овде за да помогнам тоа да се промени“. Шери Оутхаус познавала неколку луѓе кои земале медицински канабис и кои виделе итни подобрувања. „Само сакам други луѓе на кои им треба помош да знаат дека сме тука за нив“ - рече таа.

Автор: К. К.

Sunday, October 15, 2017

Избегнете 3 главни типови мувла за време на одгледувањето канабис

Како да се спречи мувлата при растењето? Повеќето од канабис одгле-ДУВАЧИТЕ, воопшто не мислат за мувлата! Постојат 3 главни типови на мувла кои често ги напаѓаат неподготвените одгледувачи на канабис:


Скапана туфка... :(
1.) Бела прашкаста мувла (White Powdery Mildew)
2.) Гниење на туфките (Bud Rot)
3.) Влакнеста бела мувла (редовна мувла [Fuzzy White Mold (Regular Mold)]


Има многу други работи покрај мувлата за кои треба да се грижите за време на растот, како недостаток на хранливи материи, тренинзи на растенијата, заштита од паразити и штетници, зголемување на приносите, зголемување на THC итн. Но, за жал, мувлата има начин да влезе во вашиот живот кога најмалку ја очекувате! Можно е да се создаде мувла во било која точка од животниот циклус на вашата билка, но дури и да успеете да го дочекате целиот развој без мувла, последните две недели пред жетвата (и првите неколку недели по жетвата) се всушност времињата кога постои најголема веројатност да бидете нападнати!


Ова е навистина фрустрирачко, бидејќи мувлата прави туфките да се сосема небезбедни за пушење и најчесто се појавува откако веќе сте посветиле месеци и месеци на напорна работа, труд и посветеност во вашиот раст. Ако не сте внимателни, мувлата може да ја уништи целата билка! НИКОГАШ не пуши мувлосани туфки! Ако цветовите изгледаат влакнесто бели, кафеави, црни или сиви - не пушете ги! Дури и ако сте имале неколку успешни жетви, може да има работи што случајно и несвесно ги правите, што може да ги зголемат вашите шанси за мувла. Одредени видови се многу поподложни на мувла во текот на нивниот животен век, така што добрите практики ќе одат со вас долг пат за да бидете сигурни дека мувлата никогаш нема да ве засегне, без оглед на тоа која врста ја одгледувате! Постојат исто така врсти на канабис отпорни на мувла, како за внатрешно, така и за надворешно одгледување.


Од каде доаѓа мувлата?

Не пушете вакви туфки и не правете масло од нив!
За среќа, мувлата е навистина лесна да се спречи и постојат многу алатки и техники кои можат да ви помогнат да се изборите со мувлата, па никогаш не треба да се грижите за тоа повторно! Ако ги обезбедите основите, можете да ја спречите оваа голема болест да ги уништи вашите растенија! Сите мувли доаѓаат од спори. Мувлата е вид на габа, фунга. Но, како спорите стигнуваат до вашите растенија? Тие можат да се следат од било каде во секое време и секогаш има одредено количество спори на мувла во воздухот доста насекаде каде што одите. Иако е навистина одлична идеја да го задржите вашиот растечки простор колку што е можно стерилно чист, сепак е можно спорите на мувлата да се појават без оглед на тоа што (не) правите.


Всушност, НАСА неодамна почна да расте разни растенија во вселената и тие беа шокирани кога дознаа дека нивните цвеќиња почнаа да добиваат мувла во премногу влажни услови! Дури и НАСА не знаеше дека мувлата ќе може да преживее до Меѓународната вселенска станица. Поентата е дека спорите на мувлата најверојатно постојат во вашиот простор за растење или околу вашите растенија во мали количини, но за среќа тие едноставно не можат да растат и да го нападнат растението без потребните услови за тоа. Бидејќи е лесно да се создаде средина за да се спречи мувлата да ги заземе вашите растенија, можете да бидете сигурни дека сите спори никогаш нема да „расцветаат“ на вашите канабис билки! Во текстовите што ќе следуваат ќе објасниме повеќе за трите најчести периоди кога може да се појави мувлата, врсти отпорни на мувла, како и совети и техники за успешно спречување на мувлата засекогаш :)

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Friday, October 13, 2017

Канабисот успешно ја лекува епилепсијата уште од 1840 година!

Во 1840 година Викторијанските лекари ги третирале пациентите со помош на екстракти од канабис за многу болести. Овој природен начин на лекување вклучувал исто така употреба на тинктури за лекување деца со епилепсија


William Brooke O’Shaughnessy
Ирскиот доктор Вилијам Брук Ошонеси (William Brooke O’Shaughnessy) кој исто така бил и хирург, професор по хемија, научник и иноватор - бил пионер на „интравенската терапија“, но исто така тој е заслужен за воведувањето на канабисот во западната (конвенционалната) медицина. Ошонеси докторирал медицина во 1829 на Универзитетот во Единбург. Во 1831 година на негови 22 години, тој ја истражувал болеста колера и неговите рани наоди воделе кон развој на интравенска течност, како и терапија со замена на електролити. Во 1833 година овој млад научник се преселил на Калкута, Индија за да работи за компанијата наречена „British East India Company“. За време на неговиот тамошен престој тој разви нови техники за екстракција на канабиноиди коишто ги употребувал за третирање на пациенти кои страдале од: колера, тетанус, аналгезија, ревматизам и епилепсија кај доенчиња!!! Во Индија тој првично студирал ботаничка фармакологија и хемија, објавувајќи го својот прв труд за медицински канабис во 1839 година.


Нула смртни случаи до сега...
Во својот труд „За препаратите од индискиот коноп, или Ганџа“ (во оригинал „On the preparations of the Indian hemp, or Gunjah“), објавен во провинцискиот медицински зборник, Лондон, на 4 февруари 1843 година, Ошонеси се осврнува на случајот со бебето кое не е постаро од еден месец, на коешто тој му администрирал етанол (алкохолна) тинктура базирана на канабис. Ова е првиот регистриран најмлад пациент во историјата трериран со помош на канабис! Во продолжение преведовме некои клучни изјави кои ја потврдуваат нетоксичноста и лековитоста на канабисот од овој научник. Ве молиме запомнете дека ова е напишано пред 173 години. „Од сите моќни наркотици тоа (канабисот) е најбезбен да се користи со смелост и одлучност“ - истакнува д-р Ошонеси во неговите трудови за Пресветата билка.


Случај на инфантилни конвулзии, 1843

Од ракописите на овој научник...
Многу интересен случај на оваа болест неодамна се појави во мојата приватна практика, деталите за кои имам дозвола од семејството да ги вметнам во овој труд. Едно дете од четириесет дена, детето на г-динот и г-ѓата Ј.Л., од Калкута, на 10-ти септември имаше мал напад на конвулзии, кои се повторуваа главно во текот на ноќта околу две недели, а за кои вообичаените пургативи - топли бањи и неколку дози на каломела и креда - беа дадени без ефект. На тој ден нападите беа речиси непрестајни и резултираа со редовни тетански пароксизми. Покрај тоа, детето целосно го изгубило апетитот и пребрзо слабееше

Јас оттогаш ги исцрпив сите вообичаени методи на лекување, а детето очигледно беше во состојба на поматување. Под овие околности им кажав на родителите за резултатите од експериментите што ги направив со конопот, и моето убедување дека тоа ќе му олесни на нивното дете, доколку може да се добие некакво олеснување. Тие со задоволство се согласиле за обидот, а на јазикот на детето во 22:00 часот била поставена една капка света тинктура, еквивалентна на дваесеттиот дел од зрно жито во тежина“ - (1/20 од зрно е 3,24 мг).

Не беше забележан непосреден ефект, а за еден час и половина беа дадени две капки повеќе. Новороденчето заспа за неколку минути и спиеше до 16 часот, кога се разбуди, врескаше за храна, ја зеде дојката слободно и повторно заспа. Во 9 часот, 1 октомври, го најдов детето заспано, но лесно се разбуди; пулсот, лицето и кожата совршено природни. Во оваа поспана состојба таа продолжила четири дена целосно да биде ослободена од симптомите на конвулзии во било која форма. Во текот на ова време цревата често се спонтано олеснети, а апетитот се врати до природниот степен. 4-ти октомври, во 1:00 наутро, конвулзии се вратија и продолжуваа во интервали во текот на денот; доза од 5 капки од тинктурата беше давана на час. До полноќ имаше 30 вклопувања, а 44 капки тинктура од коноп беа неефикасно дадени. Пароксизмите продолжија во текот на ноќта. Во 11 часот изутрина беше откриено дека тинктурата што се користела во претходните денови била чувана од страна на слугата во мало шише со хартиена затка, па духот испарил и целата смола се населила на страните на шишенцето. Бебето, всушност, почнало да зема капки едвај од вода во текот на претходниот ден

Секогаш протресете ги препаратите од каннабис пред употреба и чувајте ги во фрижидерот!



Нов препарат беше даден во дози од 3 капки за време на 5-ти и 6-ти и се зголеми на 8 капки со ефект на намалување на насилството, но не и спречување на враќањето на пароксизмот. На 7-ми го запознав д-р Николсон во консултација и очајувајќи за лекот од конопот, беше договорено да ја прекинам неговата употреба, да нанесам фластер од сенф во епигастриумот и да дадам доза од рициново масло и терпентин. Состојбата на детето, сепак, набрзо се влоши, а во 14:00 часот се појави тетански спазам, кој траеше без прекин до 18:30. Ладно капење беше пробано без олеснување на спазмот; Затоа, конопот беше повторно вратен и доза од 30 капки, еднаква на една и половина зрна од смолата, дадени одеднаш“ - тоа е приближно околу 100 милиграми.

* Пароксизам претставува ненадеен, силен почеток на некоја болест; нагло влошување на болеста - напад. Ненадејна појава на силна душевна возбуда, силно чувство; врв, кулминација на некоја возбуда воопшто.

Сонцето изгреја во Охрид :)
Веднаш по оваа доза им се овозможи опуштање на екстремитетите, малиот пациент брзо заспа и така продолжи 13 часа. Додека спиеше, таа беше очигледно под особеното влијание на лекот. На 8 октомври, во 4 часот наутро, имаше тешко прилагодување, а од овој час до 22 часот, се случија 25 прилагодувања, а 130 капки од тинктурата беа дадени во дози од по 30 капки. Сега очигледна беше борбата помеѓу болеста и лекот; но во 22 часот, таа повторно беше наркотизирана, и од тој час не се вратија. Детето е сега 17/12/1842 ужива во најоптимално здравје, и го обнови нејзиниот природен дебелкав и среќен изглед. При разгледувањето на овој случај, се појавуваат неколку многу извонредни околности. Најпрво пронајдовме 3 капки, кои предизвикуваат длабок наркотизам, потоа пронајдовме 130 капки дневно потребни за да се добие ист ефект“ - д-р O'Shaughnessy сосема инстинктивно, но сосема правилно ја зголемувал дозата од канабис тинктурата кај ова бебе! Го проучувал тоа како се гради толеранцијата, па оттаму и условот постепено да се зголемува дозата канабис.


Доколку болеста некогаш се повтори, тоа ќе биде прашање од голем интерес да се забележи количината на тинктура потребна за да се овозможи олеснување. Читателот ќе се сети дека ова новороденче имаше само 60 дена, кога во еден ден беа дадени 130 капки, од истиот препарат од кои десет капки го опијаниле студентот Динонат Дар (Dinonath Dhur), кој го зеде лекот за експеримент. Претходните случаи претставуваат апстракт на моето искуство на оваа тема и претставуваат основа за моето уверување дека со конопот, професијата има добиено антиконвулзивен лек од најголема вредност


Докторов во своите публикации објаснува како ги подготвува своите препарати

Смолестиот екстракт се подготвува со вриење на богатите, лепливи врвови на исушената пушка, со дух, сè додека не се раствори целата смола. Така добиената тинктура се испарува до сувост со дестилација или во сад што се става во сад со врела вода. Екстрактот се омекнува со нежна топлина и може да се направи во апчиња без никаков додаток



Алкохолот што го користел д-р Ошонеси имаше јачина од 84,5% етанол, а во нашите аптеки денес може да си купите легално етанол од 96%. Овој научник е всушност пионерот во подготовката на канабисово масло по методата на Рик Симпсон, нешто што денес го нарекуваме Екстракција на целосниот екстракт од канабисот (FECO - full extract cannabis oil). „Дози - кај тетанус, драхма од тинктурата на секои половина час сè додека пароксизмите не престанат или каталепсијата е индуцирана“. Драхмата изнесува = 1,77 грама. 


Кај хидрофобијата би ја препорачал смолата во меки апчиња, до степен од 10 до 20 зрна за да биде џвакана од страна на пациентот и се повторува според ефектот“ 10 до 20 зрна е околу 0,65 до 1,3 грама, а од описот на д-р Ошонеси за процесот на правење на пилулите од канабис, се заклучува дека тоа всушност е масло од канабис, како што сега го знаеме, а 1,3 грама е многу значајна доза - денес се препорачува пациентите со канцер постепено да стигнат до доза од 1 мл канабисово масло дневно, па и повеќе, а по терапијата да земаат доза за одржување! „Хидрофобијата е чест симптом на беснило. Со алкохолниот екстракт направен од врвовите во начинот на кој го препорачувам, лекарот треба само да го почувствува својот пат и да ја зголеми дозата сè додека не произведе интоксикација за да се провери дали лекот делува“. Погледнете го предавањето во кое се зборува за д-р Ошонеси:


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Jeff Ditch Field

Thursday, October 12, 2017

Како одгледувањето канабис ми помогна да станам експерт во градинарство

Енди Меконвил (Andy McConville) од Спотленд, Рочдејл (Spotland, Rochdale) во Англија, ја лансираше својата работа од соништа - и тој го должи сето тоа на фактот што бил одгледувач на канабис

Одгледувањето канабис е најрелаксирано хоби за лица со АДХД!
34-годишниот хортикултурен специјалист поминал цела деценија одгледувајќи трева за сопствена употреба во неговиот дом. Тоа беше кога тој претрпел ментална здравствена криза пред околу три години и тогаш сфатил дека може своите „зелени“ прсти да ги искористи на попродуктивен начин. Енди беше дијагностициран со хиперкинетичкото пореметување (нарушување на вниманието и хиперактивност) наречено ADHD пред околу три години и како дел од неговиот третман тој посетувал и психијатар, но вистинско олеснување пронашол во канабисот - конкретно консумирањето и одгледувањето на оваа билка.

Моето патување со дрогата започна кога бев доста млад. Експериментирав со сите видови лекови кои ме однесоа на некои темни места. Но, единственото нешто што помогнало е канабисот. Пушев неколку штрафови во текот на ноќта и пред да го дознаам тоа јас повторно уживав во работите. Но, поминав 10 години каде што растев трева, каде што едноставно не бев дел од општеството. Не сакав да ја отварам вратата, јас не излегував. Ми се случија некои луди работи и јас завршив на психијатар. Тој ме праша во што уживав најмногу и јас реков „одгледување“. Тоа беше чудна работа, јас се залетав на тоа, но веднаш знаев дека тука го пронајдов мирот“ - изјавува Енди.

Енди зема канабис за третирање на АДХД!
Требаше да ја имам дијагнозата кога имав околу шест или седум години, но околу тоа време умре мојот брат, па тоа само го доведе моето однесување до депресија. Значи, со години мислев дека ја губам мојата глава. Кога бев помлад, ми беше кажано дека сум луд, не со тоа, ментален. За да се вклопите во вашите групи на врсници, се однесувате како што ви кажуваат луѓето. Значи, кога конечно ја добив мојата дијагноза, сè имаше смисла“ - објаснува тој. Тој првично почнал да пуши канабис за да му помогне да се справи со симптомите на она што сега го знае како АДХД. 

Енди и покрај тоа долги години живеел со дијагнозата за која не бил свесен, тој не престанувал да се бори и не се плаши од никаква работа. Тој проценува дека сменил околу 250 до 280 работни места откако го напуштил училиштето на возраст од 15 години. Ја добил својата прва работа во компанија за гипс-картон и имал голем број трговски работи оттогаш, почнувајќи од тоа да биде водоводџија, возач на вилушкар, па сè до магационер. Тој исто така, работел во фабрика за сладолед, за која рече дека е одлично за добивање бесплатен чај и бил вработен како шетач на кучиња. По неговата дијагноза Енди, кој израснал во Темисајд (Tameside), одлучил да ги искористи своите градинарски вештини за добра намена. Тој се запишал на хортикултурен курс на колеџот Hopwood Hall во Рочдејл и започнал со волонтирање при општествената добротворна организација за бездомници Петрус во градот. И сега тој работи во Todmorden Incredible Aqua Garden - најсовремена хидропоника, аквапоника и градинарски центар за пермакултура.


Andy McConville храбро раскажува за себе!
Почнав да се префокусирам сè она што го научив за одгледувањето канабис на растењето на други растенија. Почнав да гледам во органската страна на нештата, т.е. хранливите материи. Никогаш не помислив дека ќе го работам она што го сакам. Мојот живот сега се разгранува. Секаде каде што ќе погледнам сум опкружен со растенија цело време. Има нови вкусови, нови знаења, нови луѓе. Постои само еден начин да се справите со АДХД, а тоа е да ја бркате среќата. Нема да најдете подобар лек од среќата“ - додава Енди кој својата среќа ја најде токму во секојдневната дружба со канабисот. 

Канабисот му го покажа патот на среќата. Приказната на Енди се раскажува како дел од „Скриените приказни“ (Hidden Tales), проект во Рочдејл кој го води Северозападната Заедница за Уметности (Community Arts North West). Овој проект ги разгледува извонредните животни приказни на осум лица поврзани со добротворната организација за бездомни Петрус (homeless charity Petrus).

Други што учествуваат во проектот се калуѓерката Ноел (Sister Noel), монахиња од Донегал во Ирска, која помина 32 години работејќи во Кенија со бебиња и семејства чии мајки починаа при породувањето. Потоа се раскажува исто така и за и Танзим Махмуд (Tanzeem Mahmood), кој се пресели во Велика Британија на 14 години, со многу малку познавање на англискиот јазик. Таа сега работи за здружение за благосостојба на Рочдејл, која ги поддржува жените од Јужна Азија кои се соочуваат со изолација, осаменост, анксиозност и депресија. „Скриените приказни“ се дигитален уметнички обид околу центарот на градот, кадешто сопствениците на паметни телефони можат да пристапат до филмови, песни и приказни инспирирани од осумте луѓе кои учествуваат во проектот. 


МК поз од Лондон :)
Сара Домвил (Sara Domville), креативен продуцент од CAN, вели: „Нашето партнерство со Петрус е долгогодишно, па ние мора да знаеме многу од доброволците и луѓето кои ја бараат нивната поддршка, гледајќи многу погледи од најдобрите атрибути на човештвото - вера, сила, љубезност, искреност. Беше толку важно што Скриени приказни, нудејќи платформа, го стори тоа така што го наоѓаше најдоброто во луѓето низ времиња на предизвици. Работата надвор од галерискиот простор, правејќи ги видеата достапни дигитално, на лице место во Рочдејл и преку мобилен телефон, значи дека чувството за реалноста станува намерно акутно“. 

Фил Фостер (Phil Foster), заменик-координатор во заедницата Петрус, рече: „Овие приказни погодувачки и искрени прикажувања на луѓе кои ги надминуваат предизвиците и ја покажуваат важноста на разбирањето и загриженоста во нашето општество“. Во вторник, 17 октомври, од 14:00 до 16:00 часот во The Vibe, Рочдејл ќе се одржи настан во живо, организиран од Mancunian wordmith, Мајк Гери (Mike Garry), каде ќе бидат прикажани осумте видео портрети создадени за „Скриени приказни“.

Погледнете го трејлерот за овој проект. Погледнете во внатрешноста на скриените приказни што се опишани во проектот Hidden Tales:


Автор: К. К.

Wednesday, October 11, 2017

КАНАПРЕС: Канабисот ми помогна да се спасам од опијатската зависност!

„‚Мери Џејн‘ и јас немавме никаква поврзаност до пред неколку години откако се сретнавме. Најпрво таа беше повеќе како мој познаник, споделивме многу пријатели и се движевме во слични кругови. Не ја познавав на почетокот. Се чинеше интровертна и маглива. Не бев сигурена за неа“ - изјавува една среќно излечена зависничка од опијати! :)


Канабисот лекува! :)
Канабисот не е „влезна дрога“, туку „излезен лек“ од секоја болест, криза, зависност... Ова секојдневно го потврдува искуството, а од неодамна и науката :) 


Јас го направив вообичаеното тинејџерско експериментирање, дружејќи се со пријателите после една ноќ пиење сега или повторно или земајќи вдишувања од бонг и гледајќи цртани филмови, но не беше до моите доцни дваесетти години кога навистина се зближивме.

Бев љубопитна тинејџерка и мојот авантуристички дух ги постави темелите за зависност од опијати. На возраст од 20 години имав навика за наркотици и до 21 година, пресуда за кривично дело за поседување наркотични супстанци. Ги поминав моите 20-ти години запишани во различни програми за третмани и бев решена да ги победам шансите и да ја надминам зависноста. 




Ми беше кажано дека имам 1 процент шанса. Многу луѓе ми предложија  канабис како важна алатка во справувањето со симптомите на детоксикација од опијати, па сепак после моите доцни дваесетти години, јас му дадов шанса на ова растение. Кон крајот на мојата метадонска детоксикација решив да направам нешто многу екстремно и почнав да го користам канабисот секојдневно.

Излезен лек за секоја зависност! ;)
Пред дванаесет години бев во можност целосно да ги отстранам опијатите. Со години го задржав ова најмногу за себе. Само моите блиски пријатели и семејството беа свесни за мојата употреба на канабис. Секој што ме знаеше, можеше да види дека бев многу подобро, отколку што некогаш сум била. Канабисот не ме задржуваше назад, како што многумина веруваа дека тревата тоа го прави. Наместо тоа, таа го подобри мојот живот и ми помогна во секојдневните задачи. Јас веќе не се потпирав на антидепресиви или помагала за спиење.

Работам како фризер во трговија. Повеќето од моите клиенти се со мене во изминатите 5-8 години. Ме знаат како посветена мајка, образован и сигурен стилист. Имаме изградено интимни односи во текот на годините, но јас избрав да ги задржам тие приказни за моето минато за користењето на опијати и тековната употреба на канабис за себе, бидејќи... граници. Сакав прво да имам професионални врски со овие луѓе како прво и се разбира и пријателство како второ.

Со текот на годините слушав како многу луѓе ги споделуваа своите приказни за блиски пријатели и членови на семејството кои страдаат од зависност од опијати и повремено сум храбра и ризикувам да го изгубам својот бизнис со споделување на мојата историја. Пред неколку години морав да ја бранам мојата употреба на канабис во притворска ситуација. Почнав жестоко да се едуцирам себеси, восприемајќи било какви знаења. Станав љубопитна за тоа што велат и размислуваат другите држави за ова растение, а потоа почнав и да прашувам како ова започна да станува нелегално на почетокот? Одговорите беа изненадувачки за мене. 




Канабисот не е дрога! Канабисот е здрава храна! ;)
Кога Алјаска го отвори својот правен пазар, знаев дека е време да преземеме акција. Почнав да присуствувам на локалните настани за канабис и имав задоволство да ja запознаам Ализа Шерман (Aliza Sherman), ко-основач на Елемента (Ellementa). Присуствував на нејзиниот прв состанок, заинтригирана од идејата за едуцирање на жените за канабис. Се претставив и ја споделив мојата приказна, што доведе до тоа да станам координатор на Анкорижот на Елемента (Anchorage Coordinator of Ellementa). Во моментов имаме месечни состаноци во Енкориџ, а во процес е лансирање во Палмер, Фербенкс и Хомер, а други состаноци се одржуваат во различни градови низ целата земја. 

Мојата намера е да споделам точни, ажурни познавања за канабисот. Една работа што ја реализирав во моите студии е дека колку повеќе мислам дека знам, толку повеќе сфаќам колку повеќе има да научам за ова растение. Со нетрпение очекувам да ги споделам со вас историјата, истражувањата и интересните факти што сум ги собрала.

Автор: К.К.
Извор: Anchoragepress

Tuesday, October 10, 2017

Зошто треба да се јаде суров канабис? + сладок рецепт

Го започнувам текстов со една непоколеблива, универзална, беспрекорна и непобитна вистина: Канабисот е супер-храна! Ова уникатно растение содржи над 400 различни корисни компоненти. Бројот на витамини, есенцијални масла и киселини во канабисот го натерале експертот д-р Вилијам Кортни (William Courtney) да го нарече канабисот „неопходен дел во исхраната“. Канабисот е посебно растение во полето на исхраната бидејќи содржи екстремно високи концентрации на канабиноидни киселини кои се премногу важни за основните функции на клетките во нашиот организам

Канабиноидни киселини

Канабисот е супер здрава вегетаријанска храна! ;)
Две од примарните канабиноидни киселини кои се досега проучувани се ТНС-а и СВD-а. Со загревањето на овие киселини при пушење, испарување и готвење, тие се доведуваат до малку поразлични компоненти - ТНС станува психоактивен и  CBD-а станува канабиноид СВD. Овој процес на доведување до нивна „активна“ форма кој се нарекува декарбоксилација би требало веќе да го знаеме од часовите по хемија во основно училиште, но бидејќи ни го испуштија тој дел од образовниот систем, ние се погриживме на овој блог детално да го објасниме тој процес со кој се соочуваме постојанио кога ќе запалиме џоинт. А, сега спремно и мирно да продолжиме со повисока наука за канабисот. Активните ТНС и СВD имаат свои предности и еден недостаток: телото може да користи само со мали количини на овие активни канабиноиди, затоа што рецепторите се заситуваат до одредено ниво.


Најдобро објаснето од д-р Кортни: „Имаме серија на врсти од канабис наречена ACDC. „АC“ значи алтернативен канабиноид, а тој е канабидиолот на кој му е обрнато повеќе внимание во последно време бидејќи е силна антивоспалителна компонента. И „DC“ значи хранлив канабис. Ако го загрееме, внесуваме доза од 10 мг, а со незагреен, внесен суров, внесуваме доза од 1-2,000 мг“.


Стонерската комедија Harold & Kumar go to White Casle
При јадење на суров канабис, нашето тело може да процесира многу големи количини на ТНС-а и СВD-а без никаков проблем. И потоа преку биохемиски реакции ги претвора во хранливи состојки потребни за метаболизмот. Исклучително важно е да се конзумираат овие канабиноидни киселини бидејќи им помагаат на клетките да комуницираат помеѓу себе преку ендоканабиноидниот систем. Исто така, конзумирањето на поголеми количини на канабиноидни киселини е клучно за превенција на хронични болести предизвикани од ендоканабиноидна дефициенција. Најчести последици се: мигрена, глауком, фибромијалгија, синдром на иритирано црево... и многу други.


Д-р Кортни тврди дека високите дози на сурови ТНС-а и СВD-а се многу поефективни од нивните загреани верзии кога доаѓаат до израз нивните:
- антивоспалитени својства;
- антидијабетични својства и 
- антиисхемични својства (исхемија настанува кога крвните садови се стеснуваат и кислородот не стигнува до сите делови од телото).


Сопругата на д-р Кортни
Д-р Кортни нагласува цедење или блендирање на листовите од канабисот или во комбинација со други листести зеленчуци за подготовка на вкусна салата или смуди. Исто така, нè советува дека листовите од канабис може да се користат како природен зачин и се вкусна замена за магдонос или коријандер. Таа самата успеала да се избори со болеста Лупус токму со редовна секојдневна употреба на сок од суров цеден канабис, за што објаснува во новата доку серија за придобивките од канабисот наречена „The Sacred Plant“. Гледајте ги сите епизоди од The Sacred Plant! <3 Во филмот е прикажана сопругата на д-р Кортни, како идна мајка која си подготвува сок од суров цеден канабис секој ден :) На овој начин таа третира Лупус и неколку други состојби...



Канабисот претставува хранлиз извор на енергија

Хранливите состојки ги стимулираат и зајакнуваат телесните функции на сите живи организми. На пример, телото не може да го синтетизира антидепресивниот невротрансмитер серотонин без присуство на Б-витамини. Како и другите листести зеленчуци така и канабисот содржи изобилие на хранливи состојки и протеини кога се внесува како доматот, краставицата и слични сурови зеленчуци, па затоа и законски треба да биде третиран токму како сите други билки, т.е. треба да биде декриминализиран. А најважни од тие хранливи состојки од канабисот се:

1. Терпени - есенцијални масла кои го одредуваат уникатниот вкус и арома на различните врсти канабис. Во комбинација со канабиноидите, нивните медицински придобивки се зголемуваат. При внес на суров канабис, бројот и квалитет на терпените кои се внесуваат драматично ќе порасне. Ова е супер новост за секој кој мисли дека му треба здравствен „ремонт“. Најчести терпени во канабисот се:

- Линалол (Linalool) - му дава на канабисот цветна арома слична на лаванда. Поседува антивоспалителни, аналгетични и антиконвулзивни својства;

- Пинен (Pinene) - има силна борова арома. Го заштитува нервниот систем и значително ја зајакнува неговата функција;

- Лимонен (Limonene) - го поседуваат сортите со цитрусна арома, како на пример сортата Lemon Haze. Спречува гастроинтестинални проблеми, го зајакнува метаболизмот и го намалува лошиот холестерол. 

2. Омега 3, Омега 6 и 9 масни киселини

Време е да го промениш составот на плескавиците ;)
Покрај тоа што содржат многу протеини, листот и семето од коноп имаат совршен сооднос на Омега 3 и 6 и 9 есенцијални масни киселини. Ова е многу важно бидејќи телото само по себе не ги синтетизира овие масни киселини, туку тие мора да се внесат преку исхрана! Есенцијалните масни киселини се клучни за здрав мозок бидејќи мозокот се состои од 60% масти и нам ни треба постојан внес на правилните типови на масти за да го заштитиме овој орган од невродегенеративни болести и за истиот да може најоптимално да функционира. Есенцијалните масни киселини се клучни за одржување баланс во ендоканабиноидниот систем.

3. Есенцијални амино киселини

Канабисот е побезбеден од спанаќот! ;)
Нашето тело не може да ги синтетизира овие амино киселини само по себе и тие мора да се внесат преку исхраната. Потребни се за фунционирање на клетките: одржуваwе на нејзината структура, обновување на оштетените ткива и за пренос на хранливите состојки, т.е. да постигнување внатреклеточна хомеостаза. Овие амино киселини ги има и во листовите, но најконцентрирани се во семето.

Патем, мојот омилен дел :) Антиоксидансите се клучни за спречување на клеточно оштетување! Кога Владата на САД во 2003 ги открила неверојатните антиоксидативни и неврозаштитни својства на канабиноидите, го забранила неговото користење. А, она што поточно го откриле е тоа дека СВD е помошен антиоксиданс од витамините Ц и Е за кои што до предмалку мислев дека се можеби најсилните антиоксиданси. 


+ Сладок рецепт - сок од лубеница и канабис - ЛУБЕХУАНА!!!

Потребни состојки:

- не многу голема лубеница;
- половина чаша дестилирана вода;
-четвртина чаша кафеав шеќер;
- еден исцеден лимон;
- 4 лажички тинктура од канабис;
- 6 ливчиња нане.

Подготовка:

Лубеницата се сече на мали коцки и се става во блендер. Се додаваат водата, шеќерот и сокот од лимон и се блендира 30 секунди или сè додека не се изблендира целосно. Се филтрира сокот од лубеницата преку цедалка, а пулпата се изостава. Се додаваат, мешајќи, тинктурата од канабис и ливчињата нане. Се остава да се излади во фрижидер или се служи веднаш со мраз. УХ, КОЕ ОСВЕЖУВАЊЕ!!!


Извор: HERB