Tuesday, September 26, 2017

Што е тоа dabs/dabbing, како изгледа овој процес и која му е намената?

Дебингот (Dabbing) или дебс (dabs) претставува начин на консумирање канабис, што дава извонредно силен „хај“

Екстракт од канабис
Дабс (восок од канабис) во суштина е концентрат од THC што може да се најде во различни форми почнувајќи од восоци, масла, киф, па сè до килибарни кристали наречени шетер (shatter). Нивното согорување и инхалирање (вдишување) се наредува дебинг (dabbing) и вклучува испарување на тие висококонцентрирани екстракти од канабисовите цветови од потентни врсти на висока температура, што произведува чад којштво всушност претставува чисто THC. За да консумирате канабис по пат на дебинг потребен ви е бонг или специјално луле или електронски уред дизајниран за тоа. Главната разлика во бонговите за дебс и класичните бонгови за согорување цветови е во тоа што имаат метален дел, наместо садче за трева. Можете класичниот бонг да го модифицирате самостојно:


Бидете внимателни
Овој префинет начин на консумирање бара од корисникот и малку внимание. Имено покрај алат за испарување, потребна ви е и запалка, но не обична. Потребна ви е исто така специјална запалка со бутан која создава интензивно топол син пламен, што може да развие приближна температура до 1.430 °C (2.610 ° F). Оваа температура е доволно висока за да се стопат многу чести метали, како што се алуминиум и бакар, и доволно висока за испарување на многу органски соединенија. Па, затоа овој начин на консумирање канабис иако е медицински, наменет е за поискусните консументи :)


Спремни сте за едно ново уживање? :)
Загрејте го металниот дел на деб прстенот додека не стане вжештен до црвена боја. Дозволете за момент да се олади и потоа ставете го деб екстрактот врз него. Истиот ќе испари додека го вдишувате чадот преку вашиот бонг. Спремете се да бидете неверојатно надувани! Дебингот е релативно нова техника. Концентратите од канабис се направени од вадење/екстрахирање на THC и други канабиноиди од цвеќињата со користење на растворувачи како бутан или СО2. Резултатот е лепливо и вискозно масло. Варијациите во процесот на екстракција создаваат промени во конзистентноста на маслото и бојата, кое како резултат има различни имиња. Овие имиња вклучуваат восок, шетер, бадер (budder) и „старошколското“ бутан хаш масло (butane hash oil). Сите тие во суштина се однесуваат на истото: dabs.


Луѓето консумираат канабис по пат на дебинг не само за да бидат извонредно надувани, туку и за да почувсвуваат интересен извонреден лековит „хај“. Многу пациенти користат дебс за инстантно и ефикасно олеснување на своите тегоби, како хронични болки, гадење, несоница, агресија, стрес, како и за лекување на одредени дијагнози и како надополнување на канабис терапијата. Дебингот е вид на вапоризација којашто не дава некој посебен вкус, затоа што терпините и останатите мирисни молекули се премногу нежни за да го преживеат овој процес на екстракција. Ова е начин за директно (инстантно) внесување голема количина на активните состојки од канабисот. Најлесен и најбрз начин за правење дебс, т.е. за вадење на смолата (екстрахирање) од туфка, во домашни услови е со едноставна употреба на пегла за коса, парче хартија за печење и квалитетна туфка. Најбезбедна варијанта за здравјето е да ги избегнувате екстрактите од сомнително и непознато потекло и самите да си ги подготвувате екстрактите, за да ги избегнете потенцијалните опасности, на пример штетни материи. 


Автор: Monique Konopova

No comments:

Post a Comment