Во 1996 година, Калифорнија стана првата држава што дозволи медицински канабис. Сега граѓаните одат уште понатаму кон декриминализација и ослободување на најлековитата и најбезбедната билка од законските стеги. Пратениците формално вршат притисоци врз федералната власт за да ја рекласифицираат марихуаната!
„Законодавството го повикува Конгресот на САД да усвои закон за прекласифицирање на марихуаната или канабисот и неговите деривати од категоријата дрога број 1 во алтернативна категорија, со што ќе се дозволи легално истражување и развој на марихуаната или канабисот за медицинска употреба“ - стои во заедничката резолуција одобрена од Собранието на Калифорнија во четвртокот (14.09.17).
Најрестриктивната категорија - The Controlled Substance Act Schedule I (Распоредот I од Законот за контрола на супстанции) - треба да биде резервирана за наркотици без никаква медицинска вредност и со висок потенцијал за злоупотреба. Истражувачите веќе долго време се жалат дека класификацијата на марихуаната создава дополнителни пречки коишто не постојат за спроведување студии врз други навистина опасни супстанции.
Од нашите поддржувачи и фанови |
Хероинот и ЛСД-то исто така се наоѓаат во Распоред I заедно со канабисот, но кокаинот и метамфетаминот се класифицирани во помалку рестриктивна категорија II! Калифорниската резолуција, која претходно помина во државниот Сенат, исто така, повика на промена на федералниот закон за да се овозможи „законска трговија со марихуана или канабис, така што бизнисите што се занимаваат со марихуана или канабис можат да ги користат традиционалните банки или финансиски институции за нивните банкарски потреби, што ќе резултира со обезбедување правно средство за овие бизниси да ги плаќаат своите даноци“.
Поради тековната федерална забрана, многу банки не се подготвени да обезбедат финансиски услуги за бизнисите со марихуана. Тоа значи дека повеќето работат на парична основа, што претставува проблем во наплатата на даночните приходи од нивните продажби. Исто така, овие „зелени бизнисмени“ поради тоа што постојано располагаат со готовина се мета на грабежи. На почетокот на овој месец, Комитетот на американскиот Сенат за апропријации изрази загриженост дека сегашниот статус на марихуаната под ранг I ги попречува истражувањата и ги упати федералните агенции да издадат извештај на оваа тема.
Според законот во Калифорнија, заедничките резолуции не бараат гувернерска акција. Текстот на одредбата за канабис сега ќе биде предаден на претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, претседателот на домот Пол Рајан и водачот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел. Одредбата исто така, ќе биде испратена до двајца американски сенатори во Калифорнија и американската делегација од 53 члена.
А, што правиме ние...?
Автор: Monique Konopova
Извор: Forbes
No comments:
Post a Comment