Канабисот е годишно растение кое созрева и цвета кон крајот од летото. На есен, кога цветовите се зрели, тие се берат, сушат и поминуваат низ процес наречен curing пред да влезат на пазарот
Сезоната кога природно канабисот созрева, започнува на есен, а сеидбата е на пролет. Овие садници брзо развиваат гранки и лисја во текот на следните неколку месеци и стануваат повисоки и поразгранети до подолгите ноќи по летната краткоденица не ја активира фазата на цветање.
Комерцијално одгледуваниот канабис на отворено, вообичаено се продава поефтино и брзо во доцната есен и зима. Државите со законски дозволена продажба на канабис, честопати доживуваат драстични промени во понудата и побарувачката, бидејќи одгледувачите го преплавуваат пазарот со производот, додека некои потрошувачи се обраќаат кон домашните или поефтините извори на црниот пазар. Врвниот канабис растен на сонце станува постепено достапен во зима и рана пролет.
Како факторите на животната средина влијаат на растечката сезона на канабисот?
Во северната хемисфера, семињата се садат уште рано во март или до крајот на мај, а цвеќињата се собираат од септември до ноември. Сезоните се обратни на јужната хемисфера, така што садењето се одвива од септември до ноември, а жетвата е од март до мај. Во тропските предели, во близина на Екваторот, всушност е можно да се бере канабис во текот на целата година!!!
Растенија канабис се префрлуваат од вегетативна во цветна фаза, кога деновите се пократки и ноќите стануваат подолги. Прецизниот тајминг варира во зависност од географската ширина. Врстата што почнува да цвета во почетокот на јули кога се одгледува во Калифорнија или во Колорадо, не треба да цвета до август во Канада или Холандија. На Хаваи, истиот вид е способен да цвета во речиси секое време.
Температурата, надморската височина, врнежите и другите услови во околината, исто така, влијаат на созревањето на канабисот и ја одредуваат идеалната растечка сезона на која било локација. Благото време ги охрабрува растенијата да завршат порано, додека прекумерната топлина или студот може да го одложат цветањето и зреењето.
Дали различните видови имаат различни растечки периоди?
Генетиката на видот има значајно влијание врз сезоната на растење. Канабис сортите се прилагодуваат на нивното родно живеалиште, а одгледувачите создаваат видови кои се најпогодни за локалната клима. Општо земено, индиките остануваат пократки и цветаат побрзо од нивните роднини сативи, додека екваторијалните сативи имаат најдолго време на цветање и можеби нема да преживеат доволно долго за да созреат кога се растат премногу на север или југ. Видот развиен во ладна крајбрежна област, најверојатно ќе заврши порано, отколку кога ќе се одгледува во топол континентален регион. Модерните генетики на видовите се дизајнирани да даваат повеќе принос за пократок временски период.
Како влијае технологијата на одгледувањето на канабисот?
Техникитена одгледување, стратегиите и преференциите за одгледување влијаат и на сезоната на растење, а одгледувачите прават пресметани одлуки врз основа на нивните искуства и цели. Герила одгледувачите понекогаш засадуваат подоцна во текот на сезоната, стратешка одлука што резултира со помали билки, кои полесно се прикриваат од службите на законот.
Кога цвеќињата зреат на есен, фармерите мора да го изберат најсоодветниот момент за жетва. Цветовите што се собираат порано предизвикуваат полесен, церебрален хај, а цвеќињата што се собираат подоцна, даваат повеќе психоактивни ефекти во телото. Покасната жетва, исто така, доведува до зголемени ризици од мувла, штетници и оштетувања од мраз или невремиња.
Влијанието на бербата, сушењето и кјурингот врз сезонската достапност на канабисот
Откако ќе се соберат туфките, тие мора да се сушат за да се намали содржината на вода и да се отстрани хлорофилот. Растенијата треба да се обесат во климатски контролирана соба од 10 дена до две недели, иако некои тврдат дека само пет или шест дена може да бидат доволни, а други инсистираат на тоа дека две недели е минимум. Според Франко, од Green House Seed Co. - „Разликата меѓу сушењето 10 дена и 14 дена не е многу очигледна за почетниците, но создава свет на разлики за искусниот“. Цветовите кои се сушени премногу брзо, ќе имаат суров или горчлив вкус, а цвеќињата што се премногу влажни нема да горат.
Квалитетниот канабис треба да се „излечи“ по сушењето (процес наречен „кјуринг“ - ciring), но комерцијалните одгледувачи ретко одвојуваат време да го сторат тоа. „Во совршениот свет, ќе има околу шест до осум недели помеѓу сечењето на цвеќето, оставањето да се да се исушат, да се ишишаат, а потоа да се стабилизираат“ - вели Кевин Џодри (Kevin Jodrey). „Реалноста е дека одгледувачот се моли за брзо паѓање веднаш штом ќе се исуши и исече, што би можело да биде толку кратко како 10 дена од сечењето до продажбата“.
Сушењто и кјурингот неверојатно го немуваат вкусот и ефектот. Зачувувањето и развивањето на канабиноидниот и терпенски профил е нежен процес. Температурата и влажноста треба да бидат контролирани и прилагодени според густината на цветовите и терпенскиот состав. Цветовите коишто се суви и поминати низ кјуринг правилно даваат понежен, посуптилно искуство за време на пушењето. „Хајот од тревата која имала кјуринг е секогаш подлабок и поинтроспективен, почесто ставува вид на медитација и алатка за поглед во себе“ - вели Франко.
Кога да се бара најдобриот канабис во сезоната?
Прецизното ракување, рачно кастрење и соодветно складирање го диференцираат домашниот канабис. Цветовите од канабисот можат да ја одржат оптималната свежина една година или подолго, кога се чуваат во (црни ултравиолетови) стаклени тегли на ладно суво место. Се разбира, одгледувачите на канабис не се ограничени од годишните времиња. Одгледувањето под сијалица во гроу боксови овозможува константното снабдување со канабис во текот на целата година.
Извор: Leafy
Автор: К. К.
Автор: К. К.
No comments:
Post a Comment