Saturday, September 23, 2017

Легализацијата не ја зголемува употребата на канабис!

Нова научна студија објавена во зборникот Addiction открива дека легализацијата не е причина за зголемена употреба на канабис во земјите каде што истата е легализирана

Поздрав од Кумановка :*
Ова особено важи за младите, но и за возрасните личности во САД. Статистиките потврдуваат само дека легализацијата дури и ја намалува употребата на канабис кај тинејџерите. Ова истражување е спроведено од страна на истражувачите од Истражувачката група за алкохол при Институтот за јавното здравје (Public Health Institute’s Alcohol Research Group).

Тие користеле податоци обезбедени од страна на периодичните национални студии за алкохол. Податоците биле споредувани со резултатите од употребата на канабис од истите студии. Овие податоци беа разгледувани заедно со промените во државните закони за марихуана.

Поздрав од Струмица :)
Резултатите... не покажаа значително зголемување во употребата поврзана со легислативата на медицинската марихуана. Се чини дека усвојувањето на овие политики ги рефлектира менувачките ставови кон користењето на марихуаната, а не обратно“ - истакнува авторот на студијата Вилијам Кер (William Kerr).


Студијата откри дека помеѓу 1984 и 2015 година, употребата на канабис кај мажите се зголемила до 14.7%, додека употребата на канабис помеѓу жените двојно се зголемила од 5.5% до 10.6% за време на истиот временски интервал. Тие исто така открија дека од 2015 година - 12.9% од возрасните отворено изјавуваат дека редовно консумираат канабис. Употребата помеѓу возрасните на возраст од 50 до 59 години исто така се зголемила значително од 2005 година, со зголемување од 2,22% (од 5% на 11,6%) кај мажите и зголемување од 7,2% (од 0,1% на 7,3%) кај жените. 

Согледувајќи ги овие статистики, ќе сфатите дека со текот на времето употребата на канабис се зголемува поради тоа што луѓето стануваат поотворени во своите сфаќања и не се повеќе толку конзервативни. Причината за ова не е легализацијата, ниту декриминализацијата! Теоретичарите и социјалните психолози сметаат дека причина за ова е фактот што генерацијата наречена „Бејби Бумер“ (Baby Boomer) се префрлила во оваа старосна група за време на овие години и тие генерално се поприфатливи кон позитивни промени, во споредба со генерациите пред нив. „Baby boomer“ е описен термин за лице кое е родено помеѓу 1946 и 1964 година. Оваа генерација моментално е најзастапена во светов, т.е. од неа се состои значителен дел од светската популација, особено во развиените земји: претставува скоро 20% од американската јавност.

Од фановите...
Всушност цивилното население е тоа што ги прави промените, имено луѓето се заслужни за ослободувањето на конопот, поради тоа што сфаќаат дека над 100 години биле лажени од своите доктори и властоджци. Поради потребата од канабис и притисокот од страна на напатената јавност - се случува и промена во законите!

Научниците заклучиле дека промената во законската регулатива во САД, што сега вклучува над 30 држави со закони за медицинска марихуана и над 8 држави со закони за рекреативна марихуана - значи сето тоа е последица од промената во јавното мислење, уверувањата на населението и зголемената потреба од овој природен и најбезбеден лек за рак и многу други болести. Има дури и повеќе американски држави кои бараат легализирање на медицинската и рекреативната употреба на канабис преку законодавната власт, а не преку иницијативата на гласачите (Вермонт е држава што е најблиску до оваа цел).

Поздрав од авторот <3
Ова идеално се совпаѓа со други студии кои докажуваат дека легализацијата на канабис не води кон зголемување на употребата помеѓу малолетниците. Зголемувањето на бројот на корисници на канабис се случува во целиот свет, не само во државите каде употребата е легална на едно или на друго ниво. Фер е да се каже дека промената во политиката се должи на промената во ставовите, бидејќи вистината за канабисот веќе не може да биде сокриена, а анти-пропагандата заснована на лаги и невистини, насловена „Reefer Madness“ остана во минатото...

Извор: Marijuana Times
Автор: Monique Konopova

No comments:

Post a Comment