ВИДЕО!!! За време на дискусијата на комитетот за промените во израелските правила за канабис, еден страствен канабис активист испил цело шише масло од канабис, според Jerusalem Post. „Имам медицинско масло од канабис што содржи 30% THC“ - рече тој. „Вие велите дека тоа е опасна дрога, што ќе ми се случи ако го консумирам?“ - додава активистот
Активист пие цело шише масло од канабис! |
Пост објави дека тој потоа ја проголта содржината на шишето, велејќи дека: „не можете да се предозирате со медицинско масло од канабис“. Беше веднаш отстранет. Човекот е поранешен војник кој вели дека зависи од маслото од канабис за лекување на неговото пост трауматско стресно нарушување, пишува Times of Israel. Друг човек, чија ќерка зависи од канабисот за да ги спречи нападите, рече дека ќе мора да се сврти кон црниот пазар ако реформите за канабис во моментов го принудат на тој чекор. Се вели дека реформите ги вклучуваат промените што ќе спречат некои видови на канабис да бидат продавани од дистрибутивни компании во Израел, што предивика страшна паника помеѓу пациентите кои зависат токму от тие врсти.
„Јас ќе го земам сега, иако рокот му е истечен, бидејќи мојата ќерка веќе не се згрчува“ - рече таткото, пред да го испие маслото. „Ако ја допрете нејзината лиценца за да добива канабис, јас лично ќе отворам лабораторија за производство“ - додал тој. Мајката на друг пациент беше исто така отстранета, иако таа не отиде толку далеку. На нејзиното излегување, таа го прозва министерот за здравство, Јаков Литцман (Yaakov Litzman), како „бездушен“. Литцман ги увери присутните дека Министерството за здравство нема намера да ги спречи да пристапат кон врстите во Израел. Стравувањата на пациентите, исто така, беа поттикнати од гласините дека значително се зголемуваат цените и тој вети дека ќе работи и на решавање на проблемите со цените.
„Канабисот е лек“ - рече тој. „Тоа бев јас, а не моите претходници, кои предложија реформа во полето. Не е лесно. Сакаме да спречиме истекување од огледувачите; ние сакаме само квалификувани луѓе да го добијат канабисот со достоинство во аптеките. Ние додадовме лекари кои можат да препишат канабис за пациентите, а ние ќе додадеме повеќе. Оваа реформа е добра, но тука и таму има тешкотии. Постои проблем со скапи цени за тешките корисници и тоа ќе се решава“ - објаснува министерот. Пациентите кои имаат добиено лекарско одобрение во Израел, моментално го добиваат својот канабис од осум дистрибутивни центри под надзор на единицата за медицински канабис на Министерството за здравство, со еден од најголемите, Тикун Олам (Tikun Olam), растејќи околу 230 уникатни врсти. Тоа беше еден од производите на Тикун Олам, што поранешниот војник го консумирал, Avidekel - масло од канабис со висок процент на ЦБД и минимални психоактивни ефекти.
Медицинскиот канабис е легален за специфични состојби во Израел од 90-тите години и во моментов има околу 26.000 регистрирани пациенти во земјата, а се очекува бројов да се дуплира оваа година. Додека Израел е познат по најсовремената наука за истражување на канабисот, израелскиот научник Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) прв го изолира ТХЦ од канабисот во 1964 година, но израелските компании го водат полето на рекреативното користење и понатаму како нелегално. Предлог-законот за декриминализација на канабисот моментално напредува во Израел.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment