Tuesday, March 26, 2019

Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Покрај тоа што сите поседуваме ендоканабиноиден систем, мозочните клетки имаат рецептори за THC, кое природно ја имитира молекулата невротрансмитер наречена Анандамид! Што е тоа анандамид? Каква е врската на анандамидот со плодноста, меморијата и учењето? Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер? Кои се други извори на анандамид? Која храна го стимулира мозокот и дава добро блажено чувство?


ТХЦ и Анандамидот не случајно се толку слични!
Анандамид

Што имаат заедничко: желбата за чоколадо и глувците кои забораваат? Одговорот е: анандамид. Неговото име доаѓа од ANANDA, санскритски збор за „блаженство“. Состојбите, како што се: munchies (зголемен апетит за специфична храна, на пр. благо особено чоколадо), плодност и меморија и сл., се поврзани со молекулата гласник наречена anandamide. Оваа молекула придонесува за пренесувањето пораки до мозокот во врска со: болка, расположение, депресија, апетит, меморија и плодност. Невротрансмитерот анандамид е изолиран во чоколадото. Интересно е тоа што анандамидот се создава природно во мозокот. Анандамидот, како и другите невротрансмитери, се распаѓа брзо откако е произведен. Откритието на Anandamide може да доведе до развој на сосема ново семејство на терапевтски лекови. Хемиската структура на анандамидот обезбедува увид во процесите кои влијаат врз човечкото однесување на молекуларно ниво.



Мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Во 1988 година, беа откриени специфични рецептори за THC (тетрахидроканабинол - фитоканабиноид, активната состојка во марихуаната). ТХЦ не се наоѓа природно во телото. Активната состојка во марихуаната ТХЦ се врзува со рецепторите, кои претставуваат структури на површината на клетките во кои одредени молекули може да се заклучат, со што е можно да се пренесе сигнал преку клеточниот ѕид. „Активната состојка ќе се заклучи со протеинот на мембраната на клетката, а тоа ќе предизвика реакција во клетката“ - објаснува д-р Дитомасо. Во случајот на ТХЦ, таа хемиска реакција е она што причинува корисниците да се чувствуваат воздигнато и блажено.



Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер?

Бог не згрешил кога ја создавал марихуаната!
Молекуларната структура на ТХЦ е многу слична со онаа на анандамидот. Сличноста му овозможува на канабиноидот ТХЦ да ги имитира функциите што оваа молекула трансмитер ги прави. Анандамидот многу брзо се распаѓа, не дозволувајќи им на луѓето да достигнат хај и да го одржат „природниот хај“. На ТХЦ му треба повеќе време за да се распадне, давајќи му на корисникот психо-активно возвишено чувство. Долгата јаглеводородна опашка на анандамидот го прави растворлив во маснотии и овозможува лесно да се лизне низ завесата богата со јаглеводород, што го изолира мозокот од крвотокот. Забележете дека тродимензионалната форма на молекулата анандамид силно наликува на онаа на THC. Но, за разлика од ТХЦ, анандамидот е многу понежен и побрзо се распаѓа во телото. Тоа објаснува зошто анандамидот не произведува постојан природен „хај“.


Блаженствен рецептор

Канабисот постои со причина!
Нервните клетки комуницираат со ослободување на специјални молекули налик на „клучеви“ кои се пресретнати од други нервни клетки. Постојат многу различни видови на молекуларни клучеви, секој со свој карактеристичен облик. Површините на целните нервни клетки се обложени со рецептори, кои се како „брави“ за да се совпаднат со „клучевите“. Кога клучот се вклопува во рецепторот, површината на нервната клетка се менува на некој начин. На пример, кога молекулата-клуч се заклучува во рецепторот на површината на нервната клетка, таа отвора врата во мембраната која им овозможува на хлоридните јони да допловат во клетката. Досега непознатиот природен молекуларен клуч, т.е. специфичен „блаженствен рецептор“ за THC, беше изолиран од израелскиот научник д-р Рафаел Мешулам во 1992 година: арахидонил етаноламид (arachidonyl ethanolamide), подоцна наречен „анандамид“. Тој успеа да го изолира анандамидот како „блажена“ трансмитер клетка, што THC ja емитира. Д-р Мешулам успеа да го изолира ТХЦ многу порано, во 1964 година.



Клуч и брава

Значи клетките невротрансмитери како анандамидот се како „клуч“ што може да се прикачи како за „брава“ на рецепторите од нервните клетки. Откако клетката гласник ќе најде добра врска со рецепторот, таа може да се закачи и да ја отвори нервната мембрана за да овозможи хлоридните јони да влезат во клетката. Ова го изедначува товарот внатре и надвор од клетката. „Клучот“ мора да се отстрани, за да ѝ овозможи на нервната клетка да работи повторно. Ензимите ги разбиваат „заклучувачките“ трансмитерни молекули по одредено време. Нервните клетки ќе престанат да работат, доколку молекулата гласник остане.


Значи клучевите мора да се отстранат повторно од бравата или нервната клетка трајно ќе остане блокирана. Одредени ензими се создаваат во телото за да ги отстрануваат (со деградирање и уништување) клучевите по одреден временски период, така што нервната клетка може да се врати во функција. Лековите (фармацевтските) кои имаат силен ефект врз централниот нервен систем, честопати имитираат природни молекуларни клучеви. На пример, морфинот е супстанца создадена за спречување на болката, којашто е во можност да се заклучи во „опиатскиот рецептор“ присутен на нервните клетки. Научниците сметаат дека бидејќи морфинот не е природно присутен во телото, мора исто така, да постои природна клуч-молекула со многу слична форма која го активира овој рецептор. Природните клучеви се покажаа како молекули наречени енкефалини (enkephalins). Иако синтетичкиот морфин е само лоша копија на природниот енкефалин, тој е многу помоќен (и создава поголема зависност) од енкефалините, бидејќи ензимите создадени за нивно уништување не можат да го отстранат од рецепторите.


Молекуларна структура на некои синтетички лекови
Разликата на морфинот и канабисот е во тоа што канабисот не е синтетички и природно се совпаѓа со нашиот систем. Подоцна беа воведени „подобрени“ фалсификати на енкефалините кои создаваат помалку зависност од морфинот: кодиен (codiene) и демерол (demerol). Истражувачите почнаа да бараат места на рецепторите за да го објаснат делувањето на други лекови, супстанци и токсини на сличен начин.



Анандамид, учење и меморија

Се покажало дека анандамидот создава или уништува краткотрајни мемориски нервни конекции. Во студии на животни, зголемувањето на анандамидот резултира со заборавање, но ова е здраво заборавање. Анандамидот помага да ги задржите информациите како: Каде сте го паркирале вашиот автомобил или каде сте ги оставиле клучевите? Тоа ви овозможува да ги заборавите непотребните информации како: Облеката или фризурата на случајните минувачи. Познат експеримент прочуен како Morris Water Maze, покажува што се случува со краткорочната меморија кога анандамидот е инхибиран. Глувците се ставаат во базен со вода за тестирање со платформа, за да можат да се искачат надвор од водата. Платформата се отстранува, откако глувците ќе запомнат каде е ставена. Глувците природно ќе ја бараат платформата и потоа ќе сфатат дека ја нема. Тие потоа ќе се фокусираат на преживување со пливање. Глувците со администриран лек за блокирање на анандамидот, вечно продолжуваат да ја бараат платформата, затоа што тие (постојано) забораваат дека платформата не е таму.


Morris Water Maze

Глувци кои забораваат и „блажени свињи“

Анандамидот ензимично се синтетизира во областите на мозокот кои се важни за меморијата и за повисоките мисловни процеси и во областите кои го контролираат движењето. Тоа значи дека функцијата на анандамидот не е само да произведе блаженство, тој постои заради нешто многу поважно. Врските помеѓу нервните клетки се поврзани со учењето и меморијата. Нервните клетки можат да направат нови врски и да ги уништат старите. Повторната употреба на врската ја прави посилна; Некористењето на таа конекција може да предизвика загуба на врската. Некои биохемиски докази сугерираат дека анандамидот игра клучна улога во создавањето и уништувањето на краткотрајните невронски врски. Студиите на животни укажуваат на тоа дека анандамидот предизвикува заборавање. Се претпоставува дека супстанциите кои го задржуваат анандамидот од врзување кон неговиот рецептор, може да се користат за третирање на губењето на меморијата. Земјоделскиот истражувач Гери Веснер (Gary Weesner), ја проучувал ефективноста на анандамидот како животински седатив. „Свињите [третирани со анандамид] одат помалку и лежат повеќе“ - истакнува Веснер. „Гледаме намалена телесна температура и побавно дишење - сите индикатори се во согласност со смиреноста“ - додава тој.



Анандамид и Плодност

Анандамидот дејствува како сигнализатор кога ембрионот се врзува за женската матка. Всушност, анандамидот е во повисока концентрација во матката, отколку во мозокот. Сперматозоидите содржат рецептори кои ја прифаќаат молекулата анандамид. Теоретски, нарушувањето на функцијата на анандамидот може да има врска со плодноста. Повеќе истражувања се потребни за да се испита односот помеѓу плодноста и лековите (фармацевтските) кои делуваат како анадамидот. Ако ТХЦ може да се заклучи во анандамидните рецептори, постои можност овој канабиноид да се меша со сигнализацијата помеѓу матката и ембрионот, што сугерира дека може да биде лек за неплодност.



Првиот повик на мама?

Нашето тело е создадено да консумира канабис! Сите имаме ЕКС!
Надвор од мозокот, анандамидот дејствува како хемиски трансмитер помеѓу ембрионот и матката, за време на имплантацијата на ембрионот во ѕидот на матката. Тоа е една од првите комуникации што се јавуваат помеѓу мајката и детето. Највисоките концентрации на анандамид во телото не се наоѓаат во мозокот, туку во матката непосредно пред имплантацијата на ембрионите и ова го потврдуваат направените досега студии на животни. Концентрацијата на анандамид се менува како што матката станува поприфатлива за имплантација на ембриони. Истражувачите успеале да пронајдат дефинитивна цел за анандамидниот сигнал на матката: двоклеточните ембриони на глувците содржат повеќе анданамидни рецептори од било кое познато ткиво, вклучувајќи го и мозокот.



Храна која дава добро блажено чувство! Која е сличноста на чокладото со канабисот?

Чоколадата има слична структура како анандамидот, односно како THC. Д-р Даниел Пиомели (Daniele Piomelli) го проучувал ова како научник во Институтот за неврологија во Сан Диего (Neuroscience Institute in San Diego), Калифорнија, кој го водел овој проект и продолжува да истражува во Институтот за неврологија, заедно со д-р Емануел Дитомасо (Emmanuelle diTomaso) кој веќе го споменавме и кој работеше на оригиналната студија во Сан Диего (сега е истражувач на Харвард). Чоколадото содржи повеќе од 300 познати хемиски состојки. Научниците работат на изолирање на специфичните соединенија кои можат да објаснат некои од пријатните ефекти од консумирањето чоколадо. Д-р Пиомели заедно со своите соработници открил дека темната чоколада има три соединенија кои го имитираат анандамидот и силно личат и делуваат како него. Тие веруваат дека „чоколадото содржи фармаколошки активни супстанции кои имаат ист ефект врз мозокот како марихуаната и дека овие хемикалии може да бидат одговорни за желбата за чоколадо“. Еден од најпознатите пријатни ефекти на јадењето чоколадо е „доброто чувство“ што го дава, затоа многумина се зависни од чоколадо, кое создава многу поголема зависност од канабисот.



Други извори за Анандамид

Кофеинот е најпозната состојка (ја има во чоколадата во мали количества) што делува на сличен начин стимулирајќи го нашиот мозок, додека пак, теоброминот е слаб стимуланс, исто така присутен во чоколадата во малку повисоки количества. Комбинацијата на овие две хемиски состојки (и можеби и други непознати) може да го обезбеди тоа „чувство на воздигнување“ кое е искуство од јадењето чоколадо. Фенилетиламинот, исто така, се наоѓа во чоколадата. Тој е поврзан со амфетамините, кои се силни стимуланси. Сите овие стимуланси ја зголемуваат активноста на невротрансмитерите (мозочните хемиски сигнализатори) во делови на мозокот кои ја контролираат нашата способност да обрнеме внимание и да останеме свесни и дубни. Додека стимулансите придонесуваат за привремено чувство на благосостојба, постојат и други хемиски состојки и соединенија и други теории за тоа: зошто чоколадата прави да се чувствуваме добро? ТХЦ, сепак, не се наоѓа во чоколадото...



Што е тоа 2-АГ?

Тие се комплементарни!
Чоколадата и ТХЦ се однесуваат поинаку како трансмитери. Пиомели вели: „Одговорот на ТХЦ и на анандамидите од чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите би можеле да се направат споредливи“. Чоколадото може да создаде блажено чувство, додека не дава континуиран психоактивен хај. Неодамна тој пронајде молекула којашто природно се јавува во телото, којашто го имитира анандамидот. Анандамидот не е единствената молекула слична на THC чија функција е сигнализирање во мозокот. Природно произведениот sn-2 арахидонилглицерол (2-AG), исто така, може да се заклучи во блаженствениот рецептор. Sn-2 арахидонилглицерол (Sn-2 arachidonylglycerol - [2-АГ]) може да се „заклучи“ во истите блаженствени рецептори. Оваа молекула е уникатна поради тоа што функционира за 170 пати поконцентрирано од анандамидот. Молекулите на 2-АГ се наоѓаат во различни делови од мозокот. Д-р Пиомели објаснува дека функциите на анандамидот и 2-АГ се комплементарни, едно со друго прават целина, се надополнуваат.



Нов клуч за блаженствениот рецептор?

Научниците, исто така, откриле соединенија кои го блокираат распаѓањето на анандамидот. Д-р Пиомели и неговиот тим пронајдоа други хемикалии во чоколадо, кои може да го инхибираат природното распаѓање на анадомидот. Ова значи дека природниот анандамид може да се задржи подолго од нормално, со што се чувствуваме прекрасно подолго кога јадеме чоколадо и ете зошто консумирањето канабис и чоколадо одат рака под рака. Пиомели шпекулира дека дел од задоволството од чоколадата, доаѓа токму од анандамидот и N-ацилетаноламините (N-acylethanolamines) кои го задржуваат анандамидот. „Зборуваме за нешто многу, многу, многу, многу поублажено од хајот“ - вели тој.


Сепак, ефектот на чоколадата и канабисот не може да се изедначи, иако има сличности на молекуларно ниво. Значи како што кажавме, одговорот на THC и на анандамидите на чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите може да се направат споредливи. „Можеби ќе можеш да го подобриш расположението со блокирање на распаѓањето на анандамидот. Тоа не е само нешто фино што го направивме, така што сега знаеме повеќе за чоколадата. Се надеваме дека тоа може да придонесе за помагање во лекувањето на ментални болести“ - истакнува д-р Пиомели. Разбирањето на тоа како функционираат овие механизми, може да дозволи позитивните лековити ефекти на природниот невротрансмитер анандамид и на безбедниот фитоканабиноид ТХЦ терапевтски да се експлоатираат без негативни последици.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Nature, Nature,

* Студија: „Диференцијална улога на анандамидот и 2-арахидоноилглицеролот во мемориските и анксиозни реакции

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


2 comments: