Saturday, March 16, 2019

THC кристали - најчистиот и најпотентен екстракт од канабис што постои!

Запознајте се со канабисот во чиста, потентна и кристализирана форма. Чистите ТХЦ кристали се најновиот и највозбудливиот тренд во екстракционата технологија. Некои компании имаат постигнато јачина на кристалите до 99,9 % THCA!


Во последно време производителите на канабис ги усовршија концентратите со зголемување на нивната потентост. Постојат разни видови на концентрати. THC кристалите, попрецизно познати како THCA crystalline, не се производ за почетници. Треба да бидете подготвени за да се справите со моќно искуство. Растенијата во свежа форма содржат малку поинаков сет на канабиноиди, отколку што може да очекувате. Свежата трева содржи канабиноиди во кисела, неактивирана фома, наместо ТХЦ - содржи тетрахидроканабинолна киселина (THCA), а наместо CBD - има канабидиолична киселина (CBDA). Овие два кисели канабиноиди, исто така, имаат многу корисни здравствени придобивки, но својствата им се малку поразлични од ТХЦ и ЦБД и тие се помалку проучувани од нив.



Преку напреден процес на екстракција, производителите денес можат да го извлечат THCA, кое потоа кристализира во форма на прав или дијамант, камен. Оттука и името „кристалин“ или ТХЦ кристал. Технички ова е најчистиот канабиноиден производ што може да се најде. Збунувачко е тоа што станува збор за ТХЦА, а екстрактот се нарекува ТХЦ кристал? Ајде да видиме зошто? THCA кристалин останува во својата нестабилна ТХЦА форма, додека корисникот не го подложи на висока температура. Загревањето на THCA ја трансформира молекулата и го отстранува „А“ - процес што се нарекува декарбоксилација, THCA се претвора во THC. Оваа трансформација е причина зошто некои компании ги брендираат своите производи како THC Crystal. Значи, пред да ги загреете чистите THCA кристали, тие се непсихоактивни.


Кои се медицинските придобивки од овие кристали?


Како што веќе знаеме, секој начин на консумирање на канабисот е лековит и како и секоја друга форма на екстракт од канабис, кристалите имаат широка употреба за многу болести и состојби. Некои компании имаат постигнато до 99,9 проценти THCA. Процесот на екстракција за добивање ТХЦ кристали ги отстранува повеќето, ако не и сите други канабиноиди и терпени. Производот е обично проѕирен, без вкус и нема арома. За разлика од јадењата со канабис, нема да мора да чекате неколку часови за да ги почувствувате ефектите. Кога пушите или вапоризирате THCA кристали, хајот доаѓа речиси веднаш. Оваа непосредност е совршена за лекување на акутни проблеми, како што се: ненадејни болки, повреди, воспаленија, мигрена, стрес, нарушувања на расположението, хроничен замор, анксиозност.


Покрај пушење, дебинг и вапоризирање, големи се придобивките од оралното консумирање на овие (неактивирани) кристали, бидејќи тие лесно се раствораат во храна. Консумирањето ТХЦА (т.е. неактивирано ТХЦ), исто така има свои здравствени придобивки. Можете да го земете во форма на тинктура или капсули. Овие екстракти исто како и маслото од канабис - се 100% безопасни - од нив не може фатално да се предозирате. „Најстрашното“ што може да ви се случи е само многу (слатко) да спиете, затоа не е пожелно да возите автомобил непосредно после употребата, особено доколку сте почетник. Благодарение на непостоењето краткорочни и долгорочни ризици и опасности по здравјето од нивната еднократна и/или континуирана употреба (овие екстракти не создаваат зависност), може да помогнат речиси кај секоја дијагноза, во најмала рака ќе го подобрат расположението на пациентот, ќе му го подобрат сонот, апетитот и метаболизмот, затоа што ендоканабиноидниот систем што сите го имаме во нашите тела ги регулира сите останати системи. Досега има многу малку студии конкретно за придобивките од THCA, сепак, прелиминарните истражувања сугерираат употреба кај:


  • Канцери;
  • Воспаленија;
  • Болка;
  • Анксиозност;
  • Спастичност;
  • Невропротекција.

Како се екстрахира ТХЦ кристалин?

Деталниот процес на производство на чист ТХЦ кристалин концентрат е добро чувана тајна. Првиот чекор е првичната екстракција. Ова се прави со користење на стандардни процедури за екстракција, кои ја штитат осетливата молекула на THCA. Повеќето производители користат технологија со ниска топлина, како што е СО2 екстракција, за да го направат тоа. Откако ќе се добие првичниот екстракт, тој сè уште содржи голем број на други соединенија, масти, канабиноиди, терпени и слично. Тие се отстрануваат преку серија различни миења, користејќи специфични раствори во зависност од соединението. На пример, процесот може да вклучува ацетатно перење и хексан перење, сè со цел да се добие изолирано ТХЦА.


Потоа се изведува втората фаза наречена „препаративна хроматографија“ (preparative chromatography), каде што прочистениот екстракт поминува низ различни медиуми и филтри, за да се отстранат понатамошните соединенија. Екстрактот со ралични брзини поминува низ променливи медиуми, додека не се постигне саканата концентрација. По толку многу преработки, екстрактот сè уште содржи неколку непосакувани состојки. Оваа завршна фаза на обработка е потребна за целосно да се „исчисти“ конечниот екстракт. Ова ги отстранува сите хемикалии од процесот на екстракција кои не се погодни за човечка употреба, за на крајот да се добие 100% безбеден лековит продукт.


Какво чувство даваат ТХЦ кристалите?

Чистите ТХЦ кристали, кога се консумираат со загревање, може да дадат навистина незаборавно и интензивно искуство, затоа не се препорачуваат за почетници кои воопшто не се запознаени со дејството на ТХЦ. Ова искуство, иако не е опасно, за неискусните може да не биде најзабавно, може да биде малку непријатно, но за среќа трае само неколку часа, а исто така, постојат и начини за намалување на хајот. Искусните корисници пак, треба да знаат дека постојат и начини за зголемување на хајот, како што е на пример јадењето манго. Нема влијанија од ефектите на терпените и другите канабиноиди, како кога се консумира екстракт со целосен спектар на активните состојки, онака како што природно се јавуваат во самата билка (како во домашното масло од канабис). Кристалите немаат вкус, ни мирис. Корисниците чувството го опишуваат како свежо и енергично и навистина спектакуларно искуство -  чисто блаженство!



Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дејството на канабисот зависи и од начинот на консумирање

Колку долго трае маслото од канабис? Рок на траење на концентратите од канабис

Рок на траење и чување на домашно изработеното масло од канабис

Што е тоа dabs/dabbing, како изгледа овој процес и која му е намената?

Како правилно да ги чуваме продуктите со канабис за да се продолжи рокот на траење?

Кои се едни од најпотентните врсти канабис со повеќе THC?

3 comments: