Моменталната канабис ренесанса, ако не со друго, изобилува со начини на консумирање. Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо, поради волуменот на апсорбција. Може да се аплицира многу повеќе лек и лекот се апсорбира многу подобро
Направете си чепчиња со масло од канабис! |
Консументите на канабис можат да ја консумираат лековитата трева на различни начини со цел да се ослободат од болките, да ги третираат своите дијагнози или превентивно да уживаат. Сите начини на консумирање канабис се медицински и корисниците можат да вапоризираат (со помош на специјални испарувачи), да пушат цвет, екстракт, хашиш или киф во вид на цигара или со помош на бонг, да го нанесуваат топично (на кожа) во вид на мелеми, креми, масти, потоа да го консумираат канабисот во форма на капсули, екстракти, тинктури и напитоци, преку цел спектар на прехранбени производи и да искусат незаборавен хај преку дебинг на канабисова смола или хашиш.
Всушност, спомнавме повеќе различни начини за консумирање канабис без истиот да се пуши. Според мислењето на научниците и искуствата на пациентите, едноставно можете да го ставите екстрактот од канабис (растворен со кокос/какао или шеа путер во вид на чепче/супозиторија/вагиналета) во аналниот отвор, за да ги искористите сите придобивки од лекот, без да почувствувате многу од психоактивниот ефект на ТХЦ-то. Ректалното консумирање е идеално за оние пациенти кои се лекуваат од сериозни дијагнози, како канцерот и мораат да внесуваат големи дози на масло, а треба да останат будни и фокусирани во текот на денот, поради работата. „Клучната поента за ректалната администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат“ - објаснува д-р Џефри Хержонрејдер.
Внеси голема доза масло без да ја почувствуваш |
Иако некои доктори се против пушењето канабис, научно е докажано дека димот од канабисот е различен со димот на тутунот и дека не претставува канцероген, т.е. не влијае негативно, туку позитивно на здравјето на белите дробови и на целокупното здравје на корисникот. Иако претставници од медициската заедница од САД и Канада веруваат дека пушењето канабис е најконтрапродуктивен начин за консумирање на оваа билка во медицински цели, постојат пациенти ширум светот кои го претпочитаат токму овој начин, затоа што им дава инстантно олеснување од болките, нападите и треморот (погледнете го видеото подолу!). Д-р Михаил Коган (Mikhail Kogan) е медицински директор на Центарот за Интегративна Медицина од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, САД, кој мисли дека болните луѓе треба да си помогнат себеси со друг метод на дозирање: анална/ректална апликација во форма на чепче/супозиторија.
Чепчињата може да се користат и вагинално! |
Со помош на ректалната апсорпција канабиноидите веднаш навлегуваат во крвотокот, на некој начин заобиколувајќи го мозокот и ЦНС. Huffington Post Canada го сумира аспектот на Коган: „Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо поради волуменот на апсорбција. Може да се стави многу повеќе и лекот се апсорбира многу подобро, но не секој е спремен за овој начин на администрирање“. Затоа постои шема за полесно и побрзо развивање на толеранција кон големи дози на канабиноиди со постепено зголемување на јачината на супозиториите (првите се со по 0,1; следните со 0,2 екстракт од канабис, а последните со по 0,3 екстракт од канабис). За женски проблеми, чепчињата може да се користат како вагиналети, затоа што екстрактот секогаш е најдобро кога се администрира што е можно поблиску до болното место.
Новинар: Никола Станчески
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Internationalhighlife
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
No comments:
Post a Comment