Thursday, March 21, 2019

Ендоканабиноидниот дефицит води кон фибромијалгија и други дијагнози - вели науката

Повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем. Додавањето канабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати овој систем во баланс. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата за клинички ендоканабиноиден дефицит


Фибро вклучува различни симптоми
Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија. Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење тутун, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност, може да го зголеми ризикот за појава и равој на фибромијалгија.


Функцијата на ендогените канабиноиди

Во 2014 година анкета спроведена врз повеќе од 1.300 пациенти со фибромијалгија од страна на американската National Pain Foundation и Националниот извештај за болка (National Pain Report) покажа дека медицинската марихуана е поефикасна од: Lyrica, Cymbalta или Savella, трите лекови одобрени од страна на Управата за храна и лекови (FDA) за лекување на нарушувањето. Ефикасноста на тие три фармацевтски лекови е дискутабилна, бидејќи пациентите ја потврдуваат нивната неефикасност. Постојат растечки (не само анегдотски) докази дека марихуаната ја ублажува болката од фибромијалгија, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема. Нелегалноста на канабисот им отежнува на истражувачите да ги проучуваат својствата на растението за олеснување на болките. Досегашните студии покажуваат дека канабисот и неговите деривати се корисни, особено за олеснување на акутните и хронични болки.


Д-р Итан Русо го поддржува медицинскиот канабис!
Но, зошто се чини дека канабисот функционира толку добро? Д-р Итан Русо (Ethan Russo), медицински директор на PHYTECS, смета дека повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем на организмот (ECS), состојба што ја нарекува клинички ендоканабиноиден дефицит (Clinical Endocannabinoid Deficiency - CED). Причината зошто канабисот е толку ефикасен е затоа што тој едноставно го надоместува она што му е потребно на телото. Кога имаме недостаток од нашите сопствени ендоканабиноиди, треба да внесуваме канабиноиди. Ова може да се спореди со недостатокот на витамини и минерали во нашето тело, па луѓето земаат додатоци во исхраната за надоместување на тој дефицит, на пример на витамин Д или Б12.


Д-р Русо ги истражува доказите за поткрепа на неговата хипотеза, објавени во преглед насловен: „Клинички ендоканабиноиден дефицит кој се преиспитува: тековните истражувања ја поддржуваат теоријата кај мигрена, фибромијалгија, синдром на иритабилни црева и други синдроми отпорни на третман“ (Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel and other Treatment-Resistant Syndromes). Додека неговата идеја сè уште е теоретска, има некои рани истражувања кои покажуваат дека овој научник е во право. Ендоканабиноидниот систем е составен од канабиноидни рецептори во мозокот, 'рбетниот мозок, нервите, цревата, органите и другите ткива во телото. Погледнете ги видеата на крајот од оваа статија, коишто претставуваат снимки од неговите предавања и семинари, кадешто многу убаво ги објаснува механизмите на дејствување на канабисот во нашите тела.


Дефицитот во ЕКС е причина за фибромијалгија
ЕКС му помага на телото да одржува хомеостаза и е вклучен во голем број физиолошки процеси, меѓу кои и сензација на болка, расположение, метаболизам, меморија и апетит, меѓу другите. Телото природно ги создава ендоканабиноидите - ист вид на активни соединенија пронајдени во канабисот - кои го хранат ендоканабиноидниот систем и го одржуваат неговото најоптимално функционирање. Фибромиалгијата предизвикува разни видови на симптоми низ телото, при што основните се: болки, замор, когнитивни проблеми и тешкотии во спиењето. Одредени други пропратни состојби, како синдром на иритабилни црева (IBS) и мигрена, се многу чести кај лицата со фибромијалгија - толку многу што д-р Русо верува дека сите може да бидат поврзани со недостаток во ендоканабиноидниот систем.


Неговата теорија има смисла. ЕКС игра клучна улога во толку многу од главните системи на телото, па ако навистина е дефектен, тоа би било одговор зошто пациентите со фибро имаат такви различни симптоми. Дополнувањето на ECS со канабиноидите од растението канабис, во теорија, ќе ги ублажи симптомите, бидејќи недостатокот се надоместува. Д-р Русо претпоставуваше дека фибромијалгијата, ИБС и мигрената може да бидат предизвикани од недостаток во ЕКС уште во 2001 година. Неговиот последен преглед дава ажурирање за новото истражување кое го поддржува недостатокот на ЕКС како можен виновник за фибромијалгија, IBS и мигрена. „Дополнителни студии обезбедија поцврста основа за теоријата“ - пишува тој во прегледот - „додека клиничките податоци, исто така, произведоа докази за намалена болка, подобрено спиење и други бенефиции за третман со канабиноиди и придружни пристапи кај животниот стил кои влијаат на ендоканабиноидниот систем“ - додава д-р Русо. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит се базира на претпоставката дека многу нарушувања во мозокот се поврзани со недостатоците кај невротрансмитерите. На пример, допаминот е вмешан кај Паркинсоновата болест, а серотонинот и норепинефринот се поврзани со депресијата.


Ослободи се од болките
Ако е намалена ендоканабиноидната функција, следи дека намален праг на болка ќе биде оперативен, заедно со нарушувања на варењето, расположението и спиењето, помеѓу речиси универзалните физиолошки системи кои ги опслужува ЕКС“ - пишува Русо. Во суштина тоа значи дека ако ECS не работи правилно, тогаш тоа може да биде одговорно за болката, спиењето, дигестивните и други проблеми, толку чести кај пациентите со фибромијалгија. Додавањето фитоканабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати ECS во баланс. „Тоа е клуч и брава во вашето тело кои постојат со причина“ - објаснува д-р Јахан Марку (Jahan Marcu), главен научник од Americans for Safe Access. „Ние испраќаме канабиноиди за активирање на овој систем кој би требало да работи. Тоа е вид на грижа за и хранење на ECS за да може да ја заврши својата работа“ - додава тој. 


Најдобар доказ за CED доаѓа од италијанската студија за мигрена, која покажала намалени нивоа на ендоканабиноид познат како анандамид, кај пациенти со хронични мигрени, наспроти здравите контролни (испитаници). „Редуцираните нивоа на анандамид во цереброспиналната течност кај хроничните пациенти со мигрена ја поддржуваат хипотезата за неуспехот на овој ендоген канабиоиден систем кај хроничната мигрена“ - се вели во студијата. За жал, италијанската студија веројатно никогаш нема да се повтори во САД, бидејќи бараше ризични и инвазивни лумбарни пункции. Во цревата, ECS го модулира движењето на храната долж дигестивниот тракт, го регулира ослободувањето на дигестивните сокови за да се разложи храната и ги третира воспаленијата.


Наместо неефикасните лекови...
Канабисот долго време се користи за лекување на проблеми со дигестијата и беше еден од првите ефективни третмани за дијареа предизвикани од колера во 19-тиот век. „За жал, додека многу анкети од пациентите ја потврдуваат користа од канабиноидниот третман за симптомите на ИБС, а изобилната анегдотска поддршка е евидентна на Интернет, малку вистинска клиничка работа е постигната“ - пишува д-р Русо. Неколку студии со употреба на марихуана за фибромијалгија имале позитивни резултати. Генерално, марихуаната се покажа добра за намалување на болката и анксиозноста и подобрување на спиењето и општата благосостојба. „Всушност постојат докази дека нивоата на барем еден ендоканабиноид (анандамид) се зголемува во циркулацијата кај пациентите со фибромијалгија“ - вели проф. Роџер Џи Пертви (Roger G. Pertwee) од Универзитетот Абердин во Шкотска.


Исто така, постојат значителни докази дека анандамидот често се ослободува на начин кој ги намалува несаканите симптоми како што се болката и спастичноста кај одредени нарушувања. ... Општо е прифатено дека ТХЦ, главната психоактивна состојка во канабисот, може да ја ублажи болката, вклучително и невропатската болка, на пример, преку директно активирање на канабиноидните рецептори. ... Некои не-психоактивни состојки од канабисот, исто така, откриено е дека ги ублажуваат знаците на болка, барем кај животинските модели“ - додава тој. Д-р Русо ја цитира Националната фондација за болка / Националниот извештај од анкета за болка, во својот преглед, велејќи: „Резултатите од истражувањето силно го фаворизираат канабисот наспроти слабо ефикасните лекови на рецепт. Овие резултати, секако, ја поддржуваат итната потреба за поконтинуирани рандомизирани контролирани испитувања на добро формулирани и стандардизирани лекови базирани на канабис кај фибромијалгијата, бидејќи постоечките лекови со регулаторно одобрување се чини дека паѓаат доста под трговската марка“ - додава тој. Повеќе истражувања треба да се направат за да се докаже постоењето на CED.


Она што навистина ни е потребно се рандомизирани контролирани испитувања за внимателно да го разгледаме ова и тоа се единствениот вид докази што [FDA] и повеќето лекари ќе ги сфатат како прифатливи на крајот“ - вели Русо. МРИ и ПЕТ скенирањата сè уште не се во можност да ги детектираат ендоканабиноидните нивоа кај живите пациенти, но како што напредува технологијата, тоа може да стане возможно. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата на д-р Русо. „Ние сме на работ да ја имаме таа способност“ - вели Русо. „Во моите планови е да се гледа во овој вид на нешта во иднина“ - заклучува тој.




Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Зошто треба да се јаде суров канабис? + сладок рецепт

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Роза од Гевгелија лично си ја одгледува билката за самолекување

Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?

1 comment: