Monday, March 11, 2019

Истражувачка колумна: Интравенскиот Витамин Ц е убиец на ракот и ФДА сака да го забрани + неколку вкусни конопнo-овошни пијалaци

Витаминот Ц има широк спектар на антиоксидативни својства со способност да ги заштити клеточните структури и ДНК-то од оштетување на слободните радикали. Витаминот Ц е извонредно безбеден дури и во енормно високи дози. Во споредба со најчесто користените лекови на рецепт, несаканите дејства исто како и кај екстрактот од канабис, практично не постојат!


Витамин Ц во форма на инфузија лекува рак!
Без оглед на тоа колку е висока концентрацијата, витаминот Ц не им штети на здравите клетки. Сепак, преку низа ензимски и метаболички реакции, витаминот Ц има импресивна способност да нè заштити и лекува од широк спектар на болести, вклучувајќи го и ракот. Кога нешто е ефективно во лекувањето на болеста, ФДА (Food and Drug Administration) нема да ги стопира ништо, за да спречат јавен пристап до таа суптанца. Придобивките од долготрајната консумација на витамин Ц во износ поголем од препорачаната дневна доза на САД (RDA) се широко прифатени и вклучуваат намалени ризици од појава на рак, кардиоваскуларни болести и катаракта.

Дозите на витамин Ц повисоки од RDA се поврзани со зголемување на добриот HDL холестерол, намалување на LDL холестеролната оксидација, намален крвен притисок и намалена кардиоваскуларна смртност. Првиот доктор кој агресивно го употребувал витаминот Ц за лекување на болести бил д-р Фредерик Р. Кленер (Frederick R. Klenner), со почеток во раните 1940-ти, кој бил поборник на мегавитаминската терапија. Д-р Кленер успешно третираше: сипаници, заушки, тетанус и полио, со огромни дози на витамин Ц. Тој користеше масивни дози на витамин Ц за повеќе од 40 години семејна пракса, без фатални последици. Многу научници кои вежбаат со IV витамин Ц, сметаат дека третманот е поефикасен од било која некогаш измислена вакцина! Витаминот Ц постои во природата исто како канабисот, а ние само „измислуваме“ нови отрови...


Витаминот Ц особено има водечка антиоксидантна улога во интерцелуларниот простор околу секоја клетка. Исто така, има способност да ги регенерира и оптимизира другите клучни антиоксиданти, како што е витаминот Е. Ц е витамин растворлив во вода, научно познат како аскорбинска киселина (редуцирана форма). Неговата апсорпција е релативно ефикасна кај 70-90% за ниски дози. Вишокот на витамин Ц кој не се апсорбира во дигестивниот тракт се излачува (низ урината), со што предозирњето е невозможно (хипервитаминозата). Ова го спречува предозирањето со орална ингестија. Луѓето се еден од ретките видови на живи суштества, кои не се во можност самите да произведат витамин Ц во своите тела. Ние се потпираме на внесот на Ц, со исхраната за да ги одржуваме залихите. Многу луѓе со ниски диететски внес на овошје и зеленчук, имаат под оптимални нивоа на витамин Ц (авитаминоза). Всушност, пациентите со рак, често се покажале дека имаат многу ниско ниво на витамин Ц.


Консумирајте овошје богато со Ц Вит. на дневна основа!
Доказите го документираат Витаминот Ц како еден од најдобрите антивирусни агенти кои до сега се достапни. Витаминот Ц може да неутрализира и елиминира широк спектар на токсини! Витаминот Ц ќе го подобри одбранбениот механизам (имунитетот) на домаќинот, во голема мера ја зголемува способноста на имунолошкиот систем да ги неутрализира бактериските и габичните инфекции. Една студија во American Heart Journal покажа дека ризикот од срцева слабост се зголемува со намалување на плазма витаминот Ц; На секои 20 .mol​​/L зголемувањето на плазма концентрацијата на витамин Ц беше поврзано со 9% релативно намалување на ризикот од срцева слабост.



Витаминот Ц во третманот на рак

Ова е здрава храна!
Во 1970-тите, лекарите Еван Камерон (Ewan Cameron), Николас Кемпбел (Nikolaas Campbell) и Линус Полинг (Linus Pauling) биле првите кои ја објавија употребата на високи дози на витамин Ц за лекување на терминално болни пациенти од карцином. Тие откриле дека IV и оралните третмани го зголемуваат времето на преживување, во споредба со оние пациенти кои не примале вакви Ц витамин третмани. Од првичните студии на Камерон и Полинг, точниот антиканцероген механизам на витаминот Ц е проучен и разјаснет. Со оглед на различните функции на витаминот Ц во човечкото тело, се идентификувани два различни начини на дејство кога станува збор за ракот. За превенција, витаминот Ц има антиоксидантни ефекти кои ја штитат клучната клеточна структура и функции, што значи дека не само што лицата кои внесуваат многу свежа растителна храна и активирани канабиноиди, особено Витамин Ц имаат помали шанси за појава на канцери, овој витамин ја помага целокупната природна канабиноидната анти-канцерогена терапија. Ова го потврдуваат и пациентите со кои постојано комуницираме како здружение.


Исто така, Ц го спречува создавањето на опасни соединенија што предизвикуваат рак. Дозата за да се постигне антиоксидативен ефект е ниска (под 2 грама) и може да се постигне со внесување во исхраната или со орална суплементација. Вториот механизам на дејствување е, всушност, про-оксидативен ефект. Дозите над 15 грама се покажаа дека имаат „про-оксидант“ ефект со генерирање на водороден пероксид (hydrogen peroxide), кој пак, селективно ги уништува клетките на ракот. Високите дози на витамин Ц претежно треба да се администрираат локално, во близина на областите околу туморот (слично како и со маслото од канабис), бидејќи молекулата на витаминот изгледа слично како молекулата на шеќерот, а канцерогените клетки имаат зголемена побарувачка за шеќер, за да го поттикнат својот нерегулиран раст и на некој начин Витаминот Ц ги измамува и почнува да ги топи од внатре.


Кога во областите околу туморозните клетки, молекулата на витаминот Ц реагира со метален јон, како што се железото или бакарот и формира молекул на водороден пероксид, тој ја оштетува клетката на ракот. Покрај про- и антиоксидантните ефекти, витаминот Ц се покажа дека ја регулира клеточната поделба преку протеинот p53 (од суштинско значење за третман и превенција на ракот), го подобрува имуниот одговор и ја намалува сериозноста на кахексија (губење на телесната тежина поради рак). Една неодамнешна студија, исто така, покажа дека високи дози на витамин Ц ги намалуваат Ц-реактивните протеински нивоа и про-воспалителните цитокини кај пациенти со канцер, што пак, има позитивни ефекти врз тумор маркерите.


Д-р Линус Полинг и д-р Еван Камерон објавија извештај за случајот на 100 пациенти со терминален карцином, кои биле третирани со високи дози на IV и орален витамин Ц. Пациентите кои ја примале оваа терапија преживеале просечно 300 дена подолго од контролата група на пациенти со слични болести, а 22 проценти од нив живееле подолго од една година, во споредба со само 0,4 проценти од контролната група. Врз основа на овие резултати, д-р Полинг го убеди Националниот институт за рак (NCI) да ја процени оваа терапија во клиничко испитување на пациенти со напреднат карцином. Но, клиничката студија била реализирана на таков начин, што кога резултатите беа објавени, витаминот Ц „не покажа“ терапевтска вредност...


Зошто? Бидејќи наместо користење на IV и орален витамин Ц како што д-р Полинг и Камерон го правеле тоа во нивната пракса, NCI користеле само орален витамин Ц. Се разбира, студијата не успеала, бидејќи невозможно е да се постигнат потребните крвни нивоа со орални дози. Телото цврсто ги контролира нивоата на овој витамин со ограничување на цревната апсорпција. Интравенозната администрација го заобиколува овој контролен механизам, а нивото во крвта се зголемува зависно од дозата. На пример, 10 g витамин Ц IV го зголемува нивото во крв 25 пати повеќе од истата доза земена усно, а тоа се зголемува до 70 пати, додека дозите се поголеми. Сепак, недостатокот на студијава им даде на конвенционалните лекари „изговор“ за избегнување на витаминот Ц и до ден-денес, тие го извлекуваат како доказ, дека витаминот Ц е неефикасен како терапија за ракот, слично каков што е случајот и со ТХЦ (нарачани лажни искривоколчени студии за да се докаже „неефикасност“)!!!


Д-р Марк Левин (Mark Levine), истражувач од Националниот институт за здравство (National Institute of Health), направи многу за разбирањето на механизмите на витаминот Ц во третманот на ракот. Всушност, не самиот доктор лично, туку неговиот тим, тимот на д-р Левин, сфати како точно витаминот Ц го убива ракот. Витаминот Ц комуницира со железото и другите метали во екстрацелуларната течност (наспроти во рамките на клетките) за да се создаде хидроген пероксид. Водородниот пероксид игра витална сигнална улога во имунолошкиот систем, насочувајќи ги белите крвни клетки до местата на повреда или болест. Во високи концентрации, тоа се случува многу повеќе. Водородниот пероксид ја оштетува ДНК и митохондриите на несоодветните клетки (слично како ТХЦ, кој делува само на туморните клетки, а здравите ги остава регенерирани), го исклучува нивното снабдување со енергија и ги убива целосно. За разлика од речиси сите конвенционални третмани за рак, како хемотерапија и радијација, кои ги уништуваат сите клетки - Вит. Ц и Канабисот се селективно токсични: го убиваат само канцерот, а останатите клетки ги оставаат здрави, не се токсични за пациентот - до сега нема регистрирано ниту еден смртен случај ниту од Вит. Ц, ниту од канабис, а фаталното предозирање е теоретски и практично невозможно. Без оглед на тоа колку е висока концентрацијата, витаминот Ц не им штети на здравите клетки.



Очекувања, резултати и дозирање

Колку витамин Ц претставува ефикасна терапевтска доза? Д-р Кленер администрирал до 300.000 мг дневно. Генерално, тој давал 350 до 700 mg на килограм телесна тежина дневно. Д-р Кленер нагласи дека малите количини не функционираат. Дозирањето и начинот на администрација на витамин Ц е од суштинско значење за да се утврди дали има директна анти-туморска активност или поддршка, т.е. антиоксидантна функција. Нивоата потребни за постигнување на директни анти-туморни ефекти се најмалку 200-1000 микромоли/L. За да се постигнат овие повисоки нивоа на анти-канцерогено дејство, потребни се IV дози од 25-50 грама. 50 грама витамин Ц IV може да постигне ниво на плазма од над 14.000 микромоли/L. Оралното дополнување е недоволно, поради многу ограничената апсорпција во дигестивниот тракт, како што веќе споменав погоре.


Нивоата на плазма витамин Ц се покачуваат по 200 мг орално дополнување и максимално орално дозирање, пред да се појави губење на столицата е околу 4 грама. Оралната апсорпција може да се зголеми ако дозите се поделат во текот на денот, земени со оброк или во продолжена формула. Дури и кога се користи истата доза од 10 грама, интравенозната администрација постигнува 50-150 пати поголемо ниво на витамин Ц во плазмата, во споредба со оралната доза. Витаминот Ц (а со тоа и хидроген пероксидот) ги достигнува највисоките вредности во рок од 30 минути по IV администрацијата, а потоа се враќа во нормала во рок од 24 часа. Ова го прави директното лекување на ракот поефективно за пократок временски период и затоа се потребни чести третмани.

Во корист на ова е тоа што другите терапии може да се користат за кратко време по витаминот Ц, без страв од интеракции. Најдобрите онколози препорачуваат IV третмани еднаш или два пати неделно, со орална суплементација во сите други денови, најмалку 12 месеци, со редовни лабораториски тестирања за да се проценат туморските маркери и прогресијата на лекувањето. Голем број прегледи и студии на случаи од страна на интегративните лекари за рак и истражувачи, покажаа подобрени преживувања на ракот и подобрен квалитет на животот, па дури и регресија на туморот во некои случаи, по третманот со IV витамин Ц неделно, кој се изведува конзистентно над 12 месеци или подолго. Исто така, важно е да се напомене дека терапијата со витамин Ц може да функционира кај секого и за секој вид на рак и во секој стадиум. Секогаш е препорачливо да се консултирате со вашиот натуропатски лекар, пред да започнете со терапијата со витамин Ц.


ФДА сака IV витаминот Ц да биде забранет!

Сега ФДА изјави дека забранува малите аптеки да произведуваат или дистрибуираат витамин Ц. Ова е без оглед на фактот дека витаминот Ц е моќна лековита супстанција која е одлична за многу здравствени состојби, пред сè за зајакнување на имунитетот и лекувањето на грип и настинки. Не само што ФДА сака да ја искорени употребата на IV витамин Ц, туку исто така работи на забрана на инекции од магнезиум хлорид и инекции од витаминот Б комплекс 100... Овие супстанции се користат за да го направат она што се нарекува „Myers` Cocktail“, кој се користи за состојби како: синдром на хроничен замор, хепатитис, СИДА, мононуклеоза и грип. Сигурен знак на моќен терапевтски агенс е кога FDA се обидува целосно да го забрани!


Нивната одлука нема никаква врска со безбедноста, бидејќи витаминот Ц од многу одамна континуирано се докажува дека е еден од најмалку токсичните хранливи материи (суплементи) во исхраната, а и течните форми имаат безбедна историја на употреба. Наместо тоа, ФДА го забранува IV витаминот Ц, затоа што не може да се патентира и не може да се земе преку процесот на одобрување на ФДА за „нов лек“. Додека оралните дози може да ги поправат недостатоците и да ги одржуваат антиоксидативните нивоа во телото, IV инфузиите се потребни за да се достигнат про-оксидантните нивоа, нивоа на антиканцерозна плазма. За да се искористи максималниот бенефит, потребни се и орални и IV интравенски третмани, за да се искористат предностите на широкиот спектар на антиканцерогени ефекти од овој витамин. Иако се потребни повеќе студии, постои голем број на докази кои потврдуваат дека е ефикасен витамин, кој може да игра една од главните улоги, покрај потентниот ТХЦ екстракт од канабис, во интегративниот план за лекување на рак.


Рецепти за вкусни и здрави овошни пијалаци - смутија, сокови и лимонади со канабис и многу природен Витамин Ц, за канабиноидно-витаминска експлозија во телото:

* Јагода-канабис смути од порталот Cannadish

Консумирајте неактивирани канабиноиди и свежи витамини! Сакате секое утро да се будите свежи и полни со енергија? За среќа постои начин секој ден да си подготвувате различно витаминско-канабиноидно смути! Еве рецепт за едно превкусно smoothie од јагода и канабис.

Состојки:
  • 1/2 чаша канабис млеко;
  • 1/2 чаша млеко;
  • 1 Сецкани замрзнати банани;
  • 3/4 шолја јагоди;
  • 1 лажичка екстракт од ванила;
  • 1/2 кафена лажичка цимет во прав;
  • 1 лажичка мед.

Начин на подготовка:
  • Додадете ги сите состојки во блендер;
  • Започнете со блендирање;
  • Додадете 1 чаша млеко од канабис за посилен пијалак;
  • Време на подготовка: 15 мин.





Уредник и дипломиран новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Совет за искусни корисници: Мангото содржи мирцен и го зајакнува ефектот на ТХЦ!

Рик Симпсон вели дека ТХЦ е лек за ракот, а не ЦБД!

Д-р Боб Меламед е лут што по сите истражувања сè уште не зборуваме дека „Канабисот го третира ракот“

Сè повеќе пациенти со канцер одбираат канабисово масло наместо хемотерапија

Шокантни нови студии: Половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак

Американската Влада конечно призна дека канабисот го убива ракот

Владата на САД конечно признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот и ги заштитува здравите клетки

Повеќе докази: Ракот „се самоубива самиот себе си“ по изложување на канабис

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Националниот институт за рак признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб

2 comments: