Friday, December 29, 2017

Сте слушнале ли дека постојат врсти на црн канабис?

Како последен текст од оваа серија посветена на боите на канабисот, покрај розевиот и белиот, ви го претставуваме црниот канабис! Која е причината за постоењето на црн канабис? Зошто некои растенија потемнуваат? Промената на боите кај растенијата најчесто се случува поради климата

Црн канабис
Канабисот кој  расте на топла, медитеранска клима, најчесто е светло зелен. Растенијата кои растат на посвежа клима, започнуваат да создаваат соединенија кои ги претвораат во виолетови. Ваквото соединение се нарекува антоцијанин, а за растението претставува нешто како природен антифриз, како кај розевиот канабис.  Овој антифриз му помага на растението да ја задржи водата која бега од листовите бидејќи формира кристалчиња од мраз помеѓу клетките на листовите.  Со други зборови, на колку поладна клима ќе расте растението, толку повеќе антоцијанин ќе произведува.


Антоцијанинот се произведува повеќе кај растението и во случај кога тоа е премногу суво. Всушност, канабисот произведува повеќе антоцијанин кога растението е изложено на некаков стрес. Оттаму, можеме да заклучиме дека создавањето на повеќе антоцијанин  кај растенијата е карактеристика која им помага за подобро да се прилагодат на околината и да преживеат во одредена околина. Генетиката е уште еден важен фактор за постоењето на црниот канабис.

Генетиката и животната средина се во постојана интеракција за да ја регулираат бојата на растенијата. Студената клима го поттикнува создавањето на антоцијанин кај растенијата, но сепак, некои растенија полесно го создаваат ова соединение за разлика од други. Теоријата за ова е дека некои видови на канабис имаат рецесивен фенотип кој им овозможува полесно да ја претворат гликозата во антоцијанин.


7 познати видови на канабис со црни карактеритики:

The Black
Vietnamese Black
Black Domina
Black Diesel
Black Widow
Black Jack
Black Mamba

Сакате да пораснете свое црно канабис растение?

Доколку сакате да одгледате свое растение кое ќе порасне црно, започнете со тоа што ќе пронајдете одреден вид на канабис со црни карактеристики. Изложувајте го на интензивна светлина, а средината во која треба да расте одржувајте ја свежа. И секако, не претерувајте со премногу вода. Не заборавајте дека секоја марихуана има лековити својства без разлика на бојата, мирисот и вкусот.


Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

No comments:

Post a Comment