Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Во Северна Калифорнија, Санта Роса едно малечко девојченце од предучилишна возраст може да продолжи да го носи својот лек на база од канабис за време на наставата во детската градинка од нејзиното јавно училиште
Во саботата беше објавено дека судијата одлучил во корист на 5-годишната Брук Адамс (Brooke Adams), за која веќе опширно пишувавме на нашиов блог. Таа го користи лекот од канабис како итен третман за смирување на нејзините конвулзивни епи-напади поради ретка форма на епилепсија. Униското училиште од Долината Ринкон во Санта Роса (The Rincon Valley Union School District in Santa Rosa) се обиде да го забрани лекот на територија на училиштето. Тоа тврдеше дека лекот го крши федералниот закон.
Детската употреба на медицинска марихуана со препорака од лекар е легална во Калифорнија. Но, сите форми на употреба на марихуана остануваат нелегални според федералниот закон. Од секое правило постојат исклучоци! Привремената наредба на судијата ѝ дозволува на Брук да започне со школување во август, додека биле разгледувани приговорите на округот. Медицинска сестра ја придружува Брук на училиште и мора да го примени маслото од канабис три пати за да ги лекува нападите.
Екстрактите, тинктурите и останатите деривати од целата билка канабис се покажаа како клучни во лекувањето на детската епилепсија. Канабидиолот (Cannabidiol - CBD), е најпознатото непсихоактивно соединение во канабисот кога се работи за третман на епилепсија и напади, дури и кај деца. Но, новите студии ја осветлија улогата на Тетрахидроканабинолот (Tetrahydrocannabinol - THC) во лекувањето на педијатриската епилепсија
Канадска студија
Психоактивното соединение ТХЦ кое дава хај не е клучно само за лекување на канцерите! Една студија спроведена од истражувачите од болницата за болни деца во Торонто, оценува дека 20 деца кои имаат синдром на Дравет, форма на епилепсија отпорна на лекови (drug-resistant epilepsy - DRE) може да предизвика околу илјада напади месечно. Секое од децата е третирано со експериментален третман со масло од канабис во сооднос од 50:1 на ЦБД према ТХЦ. Лекот, кој беше донација од канадскиот производител на канабис Tilray, беше даван со постепено зголемување на дозите во текот на неколку недели. Според еден од водечките истражувачи неврологот д-р Блатнајд МекКој (Blathnaid McCoy), наодите биле ветувачки.
„Ние забележавме ветувачки клинички корисни ефекти, вклучувајќи намалување на фреквенцијата на напади и подобрувања во одредени аспекти на адаптивното функционирање и квалитетот на животните мерки“ - рече МекКој во соопштението. Тие откриле дека колку е поголема дозата, толку е поефикасна. „Кај учесниците кои ја достигнале целната тераписка доза видовме статистички значајно намалување на моторните напади и зголемување на деновите без напади во споредба со оние кои не ја достигнале целната доза“ - додава тој. Вработените, исто така, објавија подобрувања во квалитетот на животот на децата, особено кога станува збор за губење апетит, поспаност и дијареа.
Веќе се знае дека маслата со изолирани канабиноиди се многу помалку ефикасни од маслата FECO (Full Extract Cannabis Oil), благодарение на придружниот ефект - (entourage effect). Сите состојки во канабисот онака како што природно се јавуваат во растението меѓусебно си помагаат. Иако одредена количина на ТХЦ во маслото од канабис може дури и да функционира подобро од лекови само со ЦБД, како што се открива во некои студии, постои одредена доза на загриженост за тоа како децата ќе реагираат на психоактивните ефекти на ТХЦ. МекКој додава дека студијата придонесува „кон растечки докази дека канабиноидите можат да вршат анти-епилептички ефекти и се безбедни и толерирачки во лекувањето на DRE“. Организмот се навикнува на ефектот на ТХЦ и секако дека е најважно децата да немаат напади и да може да уживаат во своето детство!
ПОГЛЕДНЕТЕ како маслото делува веднаш!!!
Австралиска студија
Друга студија, овој пат од Австралија, претставува одговор на наодите од канадската студија. Истражувачите од Иницијативата за канабиноидна терапија Ламберт од Универзитетот во Сиднеј (University of Sydney’s Lambert Initiative for Cannabinoid Therapeutics) откриле дека 75% од родителите кои имаат епилептични деца и користеле лекови базирани на канабис, иако неодобрени, забележале намалување на нападите кај нивните деца. Тие, исто така, забележаа и дополнителни придобивки, вклучувајќи подобрени јазични и когнитивни способности. Интересно е што препаратите што ги користеле овие родители имаа само малку ЦБД, вели Иан Мекгрегор (Iain McGregor), академски директор на Ламберт Иницијативата и автор на студијата.
„Иако нелегалните екстракти што ги анализиравме содржеле ниски дози на ЦБД, три од четири биле пријавени како ‚ефективни‘, што укажува на важноста за истражување на билката канабис во целост за третман на епилепсија“ - истакна Мекгрегор. „И покрај огромното присуство на генерално ниски нивоа на ТХЦ, концентрациите не се разликуваат помеѓу примероците кои се сметаат за ‚ефективни‘ и ‚неефикасни‘“ - додава тој. Мекгрегор вели дека најефикасните лекови за епилепсија, всушност, може да имаат потреба само од повеќе ЦБД, некои само повеќе ТХЦ или дури и двете. „Нашето истражување покажува дека постои потенцијална улога за други канабиноиди, самостојно или во комбинација со конвенционалните лекови, кај епилепсиите отпорни на третман - и ова бара понатамошно истражување за да можеме да се надеваме дека ќе развиеме побезбедни и поефективни лекови“ - заклучува тој.
На ТХЦ вреди да се гледа како на третман против напади
ТХЦ отсекогаш била исклучена од вклучување во епилептични третмани поради неговите психоактивни особини, а неговите ефекти врз децата воопшто не се разбрани. Се разбира, луѓето сè уште се плашат дека ова може да им наштети на децата. Но, ТХЦ се покажа дека е антиконвулзивна состојка и всушност може да биде надополнување на други лекови против оваа болест. Но, зошто да ги труете децата со синтетички лекови кои не помагаат, а само имаат низа штетни ефекти, кога може да ги третирате природно со билен екстракт од целото растение канабис? Затоа некои научници препорачуваат додавање на мала количина на ТХЦ (микро доза) за да се постигне максимално намалување на нападите. Во една студија, наодите откриле дека употребата на препарат кој содржи 20:1 на CBD:THC резултирал со значително намалување на нападите. Поради ова, некои родители веќе се залагаат за прописи кои ќе дозволат не само ЦБД, туку и ТХЦ за лекување на епилепсија.
Џејсон Дејвид (Jason David) и Брајан Вилсон (Brian Wilson) се родители на деца кои страдаат од тешки форми на епилепсија. Во интервју од 2014 година, тие изјавуваат дека откриле: исклучувањето на ТХЦ од третманот против епилепсија може да ги попречи придобивките од растението. Вилсон рече: „ЦБД е многу важен дел од миксот, но само дел. Видовме мала контрола на нападите и напредок во развојот само со ЦБД, но ние не видовме вистинска контрола на нападот додека не додадеме мерливи нивоа на ТХЦ во мешавината. Ниското ТХЦ/високото ЦБД не функционира за секого, исто како и фармацевтските лекови, тоа не е ‚една големина одговара за сите‘“ - додава Дејвид. Па, токму поради тоа вреди да се пробува со различни концентрации на масла, за вашите епилептични деца конечно да се ослободат од конвулзиите и за да ги заштитите од штетното дејство на фармацевтските неефикасни лекови за епилепсија кои можат да предизвикаат кома, па дури и смрт!
Brave Mykayla беше седум годишно девојче кога ја доби дијагнозата леукемија и нејзините родители одбраа да го лекуваат нејзиниот рак со канабисово масло
Тие дури и зборуваат за тоа дека немале друг избор дали да ја третираат или не нивната ќерка со хемотерапија. Лекарите ги принудуваат да ја третираат нивната ќерка со хемотерапија за 3 години или ќе ја предадат на детските заштитни установи. Тоа само потврдува колку е побркан Американскиот медицински систем. Докторите легално ги трујат децата, додека добрите родители ги претвораат во криминалци, само затоа што сакаат своето дете да го лекуваат на природен начин. Мајкајла беше принудена да зема отров, но поради тоа што нејзините родители одбраа третман со канабисово масло за нивната ќеркичка - таа сега е жива, среќна и здрава!
За среќа видеото подолу со интервјуто за сторијата на Mykayla може да им помогне да многуте родители како нејзините да се чувствуваат слободно во правењето на истата одлука како нив - да го лекуваат своето дете со екстракт од канабис. Хемотерапијата е легален отров, па зашто да не ѝ се даде шанса на алтернативната медицина, односно на канабисовото масло, земајќи пред вид дека никој до сега не починал од оваа лековита билка? Канабисот не може да го повреди вашето дете ни на приближен начин како што тоа можат да го сторат фармацевтските лекови на вашиот лекар. Канабисот само ќе помогне. Фармацијата сака само да бидете нејзин клиент и воопшто не ѝ е од корист здравјето на вашите деца... Повеќе воодушевувачки стории...