Неодамнешното видео објавено на Фејсбук докажува дека CBD маслото ги стопира епилептичните напади на куче за помалку од една минута. Кевин Спитлер (Kevin Spitler) од Toledo Hemp Center во Толедо, Охајо, кое се здоби со рекордна гледаност ширум светот е сопственикот спасител. Уверете се самите со свои очи како канабисовото масло делува веднаш!
На почетокот од снимката (која е малку подолу во текстов) се гледа како кучето е во средината на својот епилептичен напад. Главата му се тресе неконтролирано. Сопственикот го покажува шишето со CBD екстракт на камерата пред да му администрира доза на неговото куче. Во текот на изминатите неколку години видовме на интернет еден куп видеа за тоа како маслото од канабис делува веднаш на рани, изгореници, напади и сл.
Бројот на ваквите живи докази сè повеќе и повеќе расте и тие само ја документираат чудесната способност на канабисот да ги спречи нападите пред да започнат, но и да излечи дијагнози од кои модерната медицина кренала раце. Од ТХЦ маслени екстракти до ЦБД назални спрејови, ваквите докази сега се непобитни дека канабисот е вистински природен и безбеден лек и нуди вистинско решение за оние кои страдаат од канцери, МС или изнемоштувачки напади. Канабисот не е само за луѓето! Најдобрите пријатели на човекот, мачињата и кучињата, исто така може да имаат напади и исто така, тие може да бидат спречени со екстракти од канабис, затоа што и милениците поседуваат ендоканабиноиден систем како и ние.
„Јас само му дадов две капки од тоа, во устата“ - вели сопственикот. Кучето се оближува и за помалку од 30 секунди ефектите се јасни. Неговата глава запира со тресење и делува целосно смирено. „Да, сега си добар, нели?“ - го прашува сопственикот среќно своето милениче и потоа е време за награда во која кучето може да го ужива благодарение на канабисот. На милиони луѓе ширум светот, миленичињата им се дел од семејството, сакани како нивни синови и ќерки. Да се биде сведок како тоа што ни е најмило страда од нарушувања како епилепсија е болно и го нарушува вообичаеното секојдневие. За кучето во ова видео, екстрактот од канабис со канабидиол (CBD) претставува примарен (забранет) лек. Всушност единствената негативна страна на ова растение (и препаратите од него) е тоа што е нелегално.
ЦБД маслото во видеото е набавено од Toledo Hemp Center, кој е специјализиран за производи базирани на коноп и промовира подобар квалитет на животот. CBD масло наједноставно може да се екстрахира од коноп или посебни врсти на канабис, во кои канабиноидот тетрахидроканабинол (THC) го има само во трагови. Индустриското производство на коноп и производи базирани на коноп сега се легални во Охајо, заедно со медицинскиот канабис. И CBD и THC имаат многу медицински апликации и двете активни состојки можат да ги третираат нападите, затоа што делуваат синергично (меѓусебно си помагаат) заедно со другите канабиноиди. За некои луѓе, CBD екстрактите функционираат беспрекорно, додека други имаат потреба CBD-THC мешавини или дури и екстракти во кои доминира ТХЦ (какви што сè уште нема во нашите аптеки).
Истражувањата за користење на канабис за ветеринарни заболувања се зголемуваат, со ветеринари од Државниот универзитет во Колорадо, кои ги предводат клиничките студии за ефикасноста на ЦБД. Како што забележува извештајот за канабис, најголемата пречка за напредок на истражувањата е федералната забрана на канабисот како Schedule 1 drug со класификација дека „нема прифатена медицинска употреба“. За среќа, државите како Охајо ја игнорираат лудата федерална забрана и ја признаваат чудесната исцелителна моќ на канабисот. Ги очекуваме вашите видеа!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
- Медицинска марихуана за животни - ВЕТЕРИНАРНА МАРИХУАНА - продолжение!
- Лекување рак кај мачки и кучиња со канабисово масло
- Канабисот е лек за сите, па дури и за домашните миленици!
- Животни - Сведоштва - 1 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 111 - 113)
- Животни - Сведоштва - 2 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 113 - 116)
Новинар и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: The Free Thought Project
No comments:
Post a Comment