Showing posts with label хартија. Show all posts
Showing posts with label хартија. Show all posts

Tuesday, February 26, 2019

Придобивки и начини на употреба на конопот

Коноп - Употреба и бенефиции; Конопот е едно од најкорисните растенија на Земјата. Низ илјадници години луѓето користеле делови од оваа прекрасна билка за храна, текстил, хартија, ткаенина, гориво, градежен материјал и мазут, а и денес се прави градежен и материјал за изолација, лиена пластика и сл.


Индустрискиот коноп е тврдо, брзо растечко тревно растение. Широкиот лист ја блокира сончевата светлина што ги инхибира конкурентните гранчиња, намалувајќи ја потребата за употреба на тешки хербициди. Во денешно време многу коноп се одгледува органски, без потреба од синтетички земјоделски адитиви. Може да достигне височина до 4,5 метри и може да биде подготвен за жетва за околу 100-120 дена по сеидбата. Но, наместо да се сади во текот на целата година, најдобро се користи ротациона култура, со соја, сорго, итн, бидејќи нивниот долг корен и лиснат зеленчук го враќа многу потребниот азот на некогаш истрошените почви. Еве некои од најважните апликации на конопот:

Храна

Семето од коноп и маслото се многу хранливи. Семето е одличен извор на протеини, минерали и диетални влакна. Тоа е единствената билка која ги содржи сите есенцијални масни киселини и амино киселини потребни за функциите на телото, вклучувајќи го и метаболизмот, кожата, мозокот и срцето. Многу луѓе јадат риби и земаат додатоци од рибино масло за да ги добијат овие суштински масти, но загриженоста околу риболовот и хемиската контаминација на современите риби предизвикаа многумина да се префрлат на вегетаријанска и одржлива опција од коноп (кој содржи омега 3,6 и 9). Конопот е исто така, добар за животните, а некои ветеринари препорачуваат да се вклучи во исхраната на домашни миленици и добиток.


Нега на тело

Поради високата содржина на корисни масла и природни емолирни својства, конопот станува заедничка состојка во лосиони и многу други производи за нега на кожа, коса и козметички производи. Тоа е добра алтернатива на токсичните хемикалии присутни во многу нафтени базирани лосиони и козметички производи.


Хартија

Конопот е идеален материјал за правење хартија. Историски гледано, се користел за правење хартија илјадници години наназад. Од конопот се прави фина хартија, која е природна без киселина и не станува жолта и кршлива или со текот на времето се дезинтегрира како конвенционалната хартија од дрвена целулоза. Тоа е побрз и поефикасен начин на растење на растителни влакна, отколку употребата на дрвјата.


Ткаенини, текстил и јаже

Конопот може да се користи за да се направат различни ткаенини, слични на, но потрајни од памукот. Зборот платно доаѓа од латинското име за коноп. Исто така е одличен за правење килими и други текстили. Најстарата позната ткаена ткаенина е направена од коноп, како и оригиналните дресивни фармерки на Леви Штраус и првото американско знаме. Тоа беше чест материјал за облека додека индустријата за памук не се здоби со сила во Америка. Оваа неверојатна билка е традиционалниот извор на влакно за производство на јаже, поради нејзината флексибилност, сила и отпорност на оштетување од водата. Во изминатите векови, тоа беше исклучително важно за Морнарицата, превозот на стоки и риболов, бидејќи беше искористена за правење јажиња, мрежи и едра.


Гориво

Со векови, маслото од коноп се користело како масло за лампи. Тоа започна да се прекинува во Америка во 1870-тите, кога беше воведена нафтата. Денес маслото од коноп може да се користи за создавање биогорива како замена на бензинот за дизел мотори. За разлика од фосилните горива, биогоривата се обновливи и произведуваат помалку јаглерод моноксид стакленички гасови.



Пластична алтернатива

Стандардна пластика се прави од фосилни горива со токсични хемикалии. Различни алтернативи на пластика може да се направат од коноп. Во 1941 година, Хенри Форд одржа медиумски настан каде што беше претставен прототип автомобил тело (каросерија) од коноп и друг растителен материјал, за да го докаже ова. Технологијата никогаш не била ставена во масовно производство, автомобилите продолжиле да се прават од челик, а пластиката направена од петрохемиски производи станала норма.



Градежни Материјали

Материјалите базирани на коноп можат да го заменат дрвото и другите материјали што се користат за изградба на домови и други објекти, вклучувајќи темели, ѕидови, ќерамиди, облоги, цевки и бои. Современите градежни материјали Хемпкрит (Hempcrete) и Ајзоканвер (Isochanvre) се лесни, водоотпорни, огноотпорни, звучна изолација, самоизолаторни и отпорни на штетници.




Автор: MoniQue Konopova
Извор: Econation

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Monday, June 19, 2017

Првата тоалетна хартија била направена од коноп! Не уништувајте шуми заради нашите задници!!!

Пред тоалетната хартија да биде масовно произведувана, богатите луѓе употребувале КОНОП, волна или чипка за да се избришат после големата нужда. Сиромашните луѓе користеле листови, сено, камења, алги, лушпи или нешто друго што им било при рака во моментот, а понегогаш влегувале во реките каде што можеле веднаш да се измијат :)

Една личност во САД троши просечно околу 23 кг тоалетна хартија годишно. За да се произведе хартијата наменета за бришење на аналниот отвор, секојдневно се сечат премногу шуми... За ексклузивно меката поскапа хартија од дрвена целулоза, се уништува ексклузивен број на дрва, а исто така се употребуваат и ексклузивно многу штетни хемикалии во производството. Тие дрва се белите дробови на нашата планета! Пред тоалетната хартија да биде масовно произведувана, богатите луѓе употребувале КОНОП, волна или чипка за да се избришат после големата нужда. Сиромашните луѓе користеле листови, сено, камења, алги, лушпи или нешто друго што им било при рака во моментот, а понегогаш влегувале во реките каде што можеле веднаш да се измијат :)


Во 1857 година, Џозеф Ц. Гајети (Joseph C. Gayetty) ја измислил првата комерцијална тоалетна хартија во САД. Неговиот производ е направен од Манила коноп (Manila hemp) и парчињата од тоалетов биле навлажнети и натопени со алое. Се продавала како медицинска тоалет хартија, тие се продавале во пакети од по 500 рамни листови, со цена од 50 центи. За наредните 10 години, Гајети го продавал својот производ како алтернатива на користењето на боцкавата „хартија“ од лисја и каталози. Во 1867 година, браќата Скот (Scott brothers) ја превзеле оваа идеја и започнале со производство на сува тоалетна хартија од дрвени струготини, поевтина варијанта.  


Тогаш имало многу дрвја за употреба како суровина, па нивната идеја се проширила на Запад. Денес шумите рапидно се намалуваат и доминира избелувањето со хлор диоксид и други токсини. Додека Гајети имал одлична идеја со употреба на Манила коноп, цената на неговиот производ не била економски изводлива во тоа време, поради тоа што списанието, т.е. капалогот (The Sears & Roebuck catalog) со кој се бришеле сиромашните - тогаш бил бесплатен. Браќата Скот својата тоалетна ја правеле од дрвја за ситни пари, така што овој производ се претворил во нужност за секоја нужда. 


Кликни на сликата за да ја прочиташ!
Сепак, долготрајниот ефект од користењето на дрвените струготини и дрвената пулпа доведе до друг глобален проблем... Што ќе дишеме ако нема шуми??? Пулпата од коноп пак, може да биде произведена без додавање на никакви хемикалии. Згора на тоа, Министерството за земјоделство на САД открило дека 1 АКР КОНОП (4046.86 m2) може да произведе 4 пати повеќе хартија во споредба со 1 акр дрва... Исто така, да не заборавиме да спомнеме и дека конопот е брзо обновлива суровина - созрева за 3-4 месеци, а на дрвјата им се потребни години за да го постигнат истото. И тоа не е сè! Конопот вдишува многу повеќе јаглерод диоксид во споредба со шумите ;)

За среќа тоалетната хартија направена од индустриското конопово растение повторно започнува масовно да се популаризира и произведува ширум светот. Овој продукт е застапуван од страна на еколозите и сите кои се залагаат за чиста и здрава животна средина. Пулпата од коноп е поеластична, лесно се распаѓа и ги заштитува шумите на планетава нечепнати. Споделете го овој текст за повторно и побрзо масовно да ја воведеме тоалетната од коноп! ;) Не игнорирај! Биди и ти дел од решението! СПОДЕЛИ!!!

Извор: The Marijuana Times