Showing posts with label тетрахидроканабинол. Show all posts
Showing posts with label тетрахидроканабинол. Show all posts

Sunday, July 5, 2020

THC ги спречува смртоносните симптоми кај белодробни заболувања поврзани со вируси - СТУДИЈА!

THC дефинитивно има повеќе круцијални здравствени улоги, отколку само да Ве надува и да бидете „ХАЈ“... THC не само што е канабиноид кој е веќе докажан убиец на ракот, тој може да нè заштити од воспаленија, благодарение на неговото антиинфламаторно дејство! Новото истражување објавено во Frontiers In Pharmacology покажа дека тетрахидроканабинолот (THC) - главната психоактивна компонента во канабисот - може да ги спречи леталните симптоми од нарушувања кај белите дробови поврзани со: Covid-19, грип и многу повеќе...


Синдром на акутно респираторно нарушување (Acute Respiratory Distress Syndrome - ARDS) погодува повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот секоја година. Обично, по инфекцијата на белите дробови, пациентите брзо добиваат воспаление, потешкотии во дишењето (скратен здив) и промени на кожата. Тоа е фатално кај 35-50 проценти од засегнатите, особено со беснеењето на вирусот Ковид-19. АРДС е сериозна компликација и лекувањето и заштитата со помош на билка како што е канабисот може да биде корисно во тековната битка против пандемијата, за што сугерираат повеќе студии до сега. ARDS е сериозен проблем за оние изнемоштени од заболувања на белите дробови и сите потенцијални заболувања може да имаат големо влијание врз квалитетот на животот на пациентот, како и врз стапката на преживување. 

Кај пациенти со респираторни заболувања, смртоносните симптоми поврзани со ARDS обично следат по наплив на сигнали во белите дробови наречени цитокинска бура (cytokine storm). Цитокините се мали гласници ослободени во организмот и се важни во имунолошкиот систем кога телото е под напад од инфекција. Тие можат да бидат или про-воспалителни, каде му кажуваат на телото да реагира на местото на инфекцијата со имуните клетки или анти-воспалителни, каде што тие ја забавуваат реакцијата и ги запираат имуните клетки премногу да ја оштетуваат областа. Кај респираторните заболувања, понекогаш имунолошкиот систем прекумерно реагира и ослободува премногу про-воспалителни цитокини, предизвикувајќи хиперинфламација и можна смрт, што се нарекува цитокинска бура.

За да проверат дали THC може да помогне во оваа ситуација, авторот на оваа научна студија Амира Мохамед (Amira Mohammed) заедно со истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Каролина, третирале глувци заболени од ARDS со помош на THC. Овој канабиноид е докажано дека делува како антиинфламаторно средство, па му се чинеше веројатно на тимот дека може исто така да има улога во запирање на воспалението кај белите дробови. Откриле дека во 100 % од случаите, ТХЦ ги заштити глувците од смртоносни симптоми што се случуваат по цитокинската бура со блокирање на про-воспалителните цитокини кои ги доведуваат имуните клетки во областа и предизвикуваат оштетување. Не само ова, THC всушност ја зголеми антиинфламаторната активност, забавувајќи го воспалението и запирајќи ја предизвиканата сериозна штета.


Во апстрактот на студијава истражувачите пишуваат:
„Синдромот на акутно респираторно нарушување (ARDS) е компликација опасна по живот што може да настане по инфекцијата Staphylococcus aureus. Ентеротоксинот произведен од овие бактерии (SEB) делува како суперантиген со тоа активирајќи голем дел од Т-клетките што доведуваат до цитокинска бура и сериозна повреда на белите дробови. Δ9Tetrahydrocannabinol (THC), психоактивната состојка пронајдена во растението канабис сатива, се покажа дека делува како моќно антиинфламаторно средство. Во тековната студија, го испитавме ефектот на третманот со THC врз ARDS предизвикан од SEB кај глувци. Додека изложеноста на СЕБ резултираше во акутна смртност, третманот со ТХЦ доведе до 100% преживување кај глувци. Третманот со THC значително ги потисна воспалителните цитокини: IFN-γ и TNF-α. Покрај тоа, THC ја зголеми индукцијата на регулаторните Т-клетки (Tregs) и нивните придружни цитокини: IL-10 и TGF-β. Покрај тоа, THC предизвика индукција на миелоидно-изведени потиснувачки клетки (Myeloid-Derived Suppressor Cells - MDSCs). THC дејствуваше преку CB2 рецепторот и како фармаколошки инхибитор на CB2 рецепторите ги блокираше антиинфламаторните ефекти. Глувците третирани со THC покажаа значителни промени во изразот на miRNA (miRs) во мононуклеарните клетки инфилтрирани во белите дробови (MNCs). Поточно, THC предизвика дерегулација на let7a-5p што се насочи на SOCS1 и дерегулација на miR-34-5p што предизвика зголемено изразување на: FoxP3, NOS1 и CSF1R. Заедно, овие податоци сугерираат дека промените поврзани со THC при miR експресијата во белите дробови може да играат клучна улога во индукцијата на имуносупресивните Tregs и MDSC, како и сузбивање на цитокинската бура, што доведува до слабеење на повредата на белите дробови со посредство на SEB“.

Овие наоди сугерираат можна рута за запирање на цитокинската бура и сериозните компликации кај пациенти со респираторни заболувања. Се разбира, оваа студија беше спроведена само на глувци и ќе треба многу повеќе тестирања и клинички испитувања пред да стане можна терапија - но, тоа покажува само уште една интересна медицинска апликација на марихуаната за во иднина. Како што се зголемува бројот на истражувања за дејството на канабисот, постојано се докажува дека канабисот може да има многу повеќе корисни апликации, отколку само смирувачко/еуфорично дејство. Веќе се применуваат третмани со канабис за канцери, невролошки и ментални проблеми, како и за хронични болки и ред други здравствени проблеми. Канабисот може да има и огромни други придобивки што допрва треба да се откријат. Сепак, студиите треба да започнат да се спроведуваат и на луѓе, не само на глувци. Ова не е прво истражување за дејството на канабисот врз Корона вирусот и белодробните заболувања. Разгледајте ги и претходните за кои веќе пишувавме на нашиот блог, линковите се во продолжение...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Iflscience

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата





Станете дел од реномираната швајцарска канабис компанија CANNERALD! - Регистрирајте се веднаш на следниов линк - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK

Friday, March 8, 2019

Хемотерапијата ги убива и здравите клетки, но THC ги убива само клетките на ракот!

Медицинската заедница сега е подготвена да го промени својот став кон пациентите со канцери и да им соопшти не само колку добро канабисот ги третира нивните симптоми, туку дека екстрактот може да даде дополнителна (примарна) корист од употребата за време на лекувањето на ракот, бидејќи ТХЦ докажано ги убива исклучиво клетките на ракот!


СРЕЌЕН 8-МИ МАРТ! Заборави на ракот на дојка, матка и јајници!
Студиите со лабораториски и животински модели покажуваат дека ТХЦ е ефикасен убиец, но само на ракот - не и на околните здрави ткива. Канабиноидот Тетрахидроканабинол ги убива клетките на ракот со тоа што митохондриите престануваат да произведуваат енергија. Постојат многу нови и стари истражувања поврзани со канабисот и лекувањето на ракот. Сè повеќе и повеќе студии ги поддржуваат овие факти, додека пациентите од своите искуства потврдуваат дека ТХЦ и ЦБД (меѓу останатите канабиноиди, терпени и флавоноиди кои делуваат синергиски, а кои сè уште не се целосно откриени) се критични во борбата против ракот. ТХЦ му помага на имунолошкиот систем да најде клетки на ракот и ја стимулира апоптозата, додека ЦБД помага да се забават или дури и да се спречат метастазите, а исто така го намалува хајот (делува како антидотум на психоактивното дејство на ТХЦ).


По објавувањето на прелиминарните податоци, како што се оние од студијата во Вирџинија, објавена во 1975 година, Владата на САД ги стопираше средствата за истражување на канабисот за повеќе од две децении. Националната програма за токсикологија на САД не го откри позитивното влијание на канабисот врз ракот до 1990-тите. За жал, можностите за финансирање на истражувањето на канабисот остануваат ограничени... Постојат многу причини за ова, но повеќето застапниците на канабисот веруваат дека финансиските (де)стимулации на фармацијата и клучните фигури во власта, влијаат врз поттикот на истражувањата во медицината. Дозволата сè уште е потребна за сите видови на истражувања на канабисот, а политичкиот коментатор Џон Оливер (John Oliver) изјави дека тоа може да потрае уште со години. По добивањето на лиценцата, потребни сè уште неколку години за завршување на студијата.


На денот на рамноправноста - подари букет од канабис цвет!  <3
Веќе знаеме дека канабисот е безмилосен убиец на клетките на ракот, но секогаш ги остава здравите клетки само регенерирани. Како? ТХЦ ги убива клетките на ракот преку церамидните патеки (Ceramide Pathways), но и преку ендоканабиноидниот систем со CB1 и CB2 рецепторите. Овие канабиноидни рецептори се активираат со фитоканабиноидите пронајдени во канабисот. Постои теорија помеѓу истражувачките кругови, дека болеста канцер доаѓа како мутација од неправилно функционирање на организмот на клеточно ниво, поради недостаток на ендоканабиноиди, кои преку ендоканабиноидниот систем ги регулираат сите останати системи во телото. Ако е така, има доста смисла за тоа дека канабисот може на безбеден начин да третира со широк спектар на состојби, а тоа секојдневно го потврдува искуството на пациентите кои ѝ го свртеле грбот на конвенционалната медицина, а ја прегрнале „алтернативната“.


CB1 рецепторите се концентрирани во нервниот систем, вклучувајќи го и мозокот; CB2 рецепторите се наоѓаат во органите на телото и како дел од имунолошкиот систем. Со зголемувањето на керамидот, митохондриите се повеќе пропустливи за цитохромот (Cytochrome), како важен протеин во производството на енергија. Цитохромот ги напушта митохондриите и клетката повеќе не може да генерира енергија, што значи - смрт! На самиот почеток сме на разбирањето како овие механизми функционираат. Следете нè, истражувајте и проучувајте го канабисот, како ова растение функционира и како го убива ракот, заедно со нас ;) 

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Health and Life

Ова е лекот за ракот! Направете си го сами!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 








Friday, March 1, 2019

Студија открива дека спонтаниот абортус може да се спречи со THC!

Проблемите со канабиноидните рецептори во плацентата може да предизвикаат спонтан абортус, вели новата студија и земањето ТХЦ го спречува ова! Улогата на ендоканабиноидниот систем во репродукцијата е проучувана со години. Постои силна поддршка за нејзиното учество во одржувањето на здравјето и функцијата на плацентата, а со тоа и спречување на спонтаниот абортус


Постојат најмалку четири вида рецептори во човечкото тело, сите активирани од канабиноиди. Најчесто познатите рецептори се CB1, CB2 и CB3, но има и други атипични рецептори во нашите тела. Рецепторот-g (PPAR-g) активиран со пероксизом и GPR55 рецепторот заедно со G-протеинот се дополнителни рецептори кои комуницираат со канабиноидите. Науката неодамна откри дека јонските канали, исто така, учествуваат во пренесувањето на пораките од канабиноидните молекули, вклучувајќи ги и TRPV1 и TRPM8.




Плацента и канабиноидните рецептори

Главната функција на човечката плацента е размена на храна, кислород и јаглерод диоксид, како и протеинска биосинтеза за фетусот. Плацентата е свој орган, кој се состои од многу различни типови на клетки. Метаболизмот во рамките на плацентата создава микросредина неопходна за поддршка на развојот на човечкиот живот. Научниците откриле дека клетките на плацентата ги изразуваат канабиноидните рецептори CB1 и CB2, што укажува на тоа дека канабиноидите од консумацијата на канабисот може да влијаат позитивно на функционирањето на плацентата.


Рецепторниот волумен на плацентата се менува во зависност од раѓањето: вагинално версус со Царски рез... 

Интересно, изразувањето на CB1 е поголемо кај плацентите собрани од жени по царски рез, во споредба со оние добиени од нормален пораѓај. Ова укажува на тоа дека канабиноидната регулација на плацентарната хомеостаза може да биде многу посуптилна, отколку што некогаш се мислеше. На пример, жените со рекурентни спонтани абортуси имаат покачени нивоа на амид хидролазата на масни киселини (FAAH), ензим одговорен за раскинување на ендогениот канабиноид, анандамид.


Значењето на овој наод е двојно. Прво, тоа укажува на фактот дека проблемот со канабиноидната сигнализација може да биде клучен настан во причината за спонтан абортус. Второ, администрираниот ТХЦ ​​може да го третира нискиот ендоканабиноиден тон во плацентата. Понатаму, неодамна беше објавено дека нивоата на анандамид се пониски кај жени дијагностицирани со прееклампсија, што укажува на тоа дека ова сценарио исто така може да се спречи со ТХЦ!


Каква улога игра THC во спречување на спонтаниот абортус?

Постојат неколку студии кои се обидуваат да утврдат дали администрацијата на ТХЦ ќе биде од корист за плацентарното здравје. Во една студија, откриено е дека ТХЦ има заштитен ефект врз клетките во помали дози и дека ова најверојатно се должи на антиоксидантните својства на ТХЦ. Во една неодамнешна студија, научникот собирал плаценти од родените со целосен термин, за да ја тестира хипотезата за тоа дали изложеноста на ТХЦ за 24 часа и 72 часа, резултирала со промени во изразувањето на ЦБ-рецепторите, одржливоста на клетките и метаболички ензими на ендоканабиноидниот систем.


Тие откриле дека и краткорочната изложеност (24 часа) и долгорочната изложеност (72 часа) не предизвикале никакви промени во изразувањето на CB1 и CB2 рецепторите. Кога концентрацијата на ТХЦ е зголемена на 40mM, што е во согласност со обилната потрошувачка, имаше зголемување на ензими кои го разложуваат анандамидот. Истражувачите го очекуваа овој резултат. Во присуство на надворешно обезбедено ТХЦ, клетките работат да го намалат анандамидот за да ги одржуваат оптималните нивоа на агонисти на ЦБ1. Научниците нагласија дека рекреативната потрошувачка на канабис, обично не ги произведува овие високи концентрации на ТХЦ во плазмата.


Ние сè уште не сме таму...

Сепак, истражувачите, исто така, додаваат дека метаболизмот на ТХЦ од страна на човечкото тело е исклучително сложен. Патеката на администрацијата, метаболизмот и количината на масно ткиво кај индивидуата (бидејќи ТХЦ е липофилен канабиноид и се складира во масното ткиво кај луѓето), во склоп заедно играат улога. Откривањето дека ТХЦ комуницира со многу поширок опсег на рецептори во човечкото тело предизвика многу прашања. На пример, дали вообичаените канабиноидни рецептори стануваат изменети во плацентата поради присуството на ТХЦ? Колку побрзо ќе го откриеме ова, толку побрзо ќе можеме да го користиме THC за терапевтски да го спречиме ризикот кај бременоста, како што е спонтаниот абортус.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: RXleaf

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * * 




* * *




Friday, December 28, 2018

Δ9-THC ги обновува протеините вклучени во митохондријалната биогенеза

Апстракт од студија објавена на Национален центар за биотехнологија информации при Национална библиотека за медицина во САД (National Center for Biotechnology Information, U.S. National Library of Medicine): Делта-9-тетрахидроканабинол заштитува од МПП + токсичност во SH-SY5Y клетките со обновување на протеините вклучени во митохондријалната биогенеза


Поздрав од соборците! :)
Активацијата со активaција на пролифератор-активиран рецептор γ (PPARγ) може да резултира со транскрипција на протеини вклучени во одбраната на оксидативниот стрес и митохондријалната биогенеза која би можела да ја спаси митохондријалната дисфункција кај Паркинсонова болест (ПБ). PPARγ агонистот пиоглитазон е заштитен во моделите на ПБ; сепак несаканите ефекти ја ограничија неговата клиничка употреба. Канабиноидот Δ9-тетрахидроканабинол (Δ9-THC) може да има PPARγ зависни антиоксидантни својства. Тука ги испитуваме ефектите на Δ9-THC и пиоглитазонот врз миохондријалната биогенеза и оксидативниот стрес. Диференцираните SH-SY5Y невробластом клетки биле изложени на ПБ-релевантниот митохондријален комплекс 1 инхибитор 1-метил-4-фенилпиридиниум јодид (1-methyl-4-phenylpyridinium iodide: MPP +). 


Извадок од студијата! 
Откривме дека само Δ9-ТХЦ може да ја врати содржината на митохондријалната супстанција во МПП + третирани SH-SY5Y клетки на PPARγ зависен начин преку зголемување на експресијата на PPARγ коактиватор 1α (PGC-1α), исто така, митохондријалниот транскрипциски фактор (TFAM) како и содржината на митохондријална ДНК. Ко-примената на Δ9-THC со пиоглитазон дополнително ја зголеми невропротекцијата против токсичноста на МПП + во споредба со третманот само со пиоглитазон. Понатаму, користејќи лентивирално спречување на PPARγ рецептор покажавме дека, за разлика од пиоглитазон, Δ9-THC резултираше со PPARγ зависно намалување на MPP + индуцираниот оксидативен стрес. Затоа предлагаме, за разлика од пиоглитазонот, Δ9-THC да посредува во невропротекција преку PPARγ-зависна реконструкција на митохондријалната содржина која може да биде од корист за третманот со ПБ. Лентивиралните вектори во генската терапија се метод со кој гените можат да се вметнат, модифицираат или избришат во организми кои користат лентивирус.


Информации за авторите на студијата: 
  1. Plymouth University Peninsula Schools of Medicine and Dentistry, Plymouth, PL6 8BU, United Kingdom;
  2. School of Medicine, Medical and Biological Sciences, University of St Andrews, North Haugh, St Andrews, KY16 9TF, United Kingdom;
  3. Plymouth University Peninsula Schools of Medicine and Dentistry, Plymouth, PL6 8BX, United Kingdom.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ncbi

Wednesday, November 22, 2017

5 помалку познати факти за тетрахидроканабинолот - THC!

Постојат голем број фасцинирачки работи за тетрахидроканабинолот (THC), примарната психоактивна состојка во канабисот. Многумина сè уште се фокусираат на прашањето дали оваа состојка е безбедна за конзумирање, заборавајќи ги неверојатните и уникатни карактеристики на ова растение и целосно заборавајќи го фактот дека до сега нема ниту еден регистриран случај на смрт поради канабис и дека предозирањето е невозможно. Ова се 5 помалку познати факти за THC кои сите негови љубители мора да ги знаат, а сите противници треба да ги знаат за да разберат зошто се против: 


1. THC е маснотија

Дали знаевте дека THC е липид? Липидите се масни молекули, а канабисот содржи голем број од нив. Бидејќи примарните активни состојки на канабисот се масти, тие се сврзуваат со мастите во вашето тело. По конзумирањето канабис, THC се апсорбира преку белите дробови во крвта. Потоа се пробива низ масните ткива кои ги гледа како свое живеалиште, а меѓу тие ткива и органи спаѓа и мозокот. Токму ова го спречува THC брзо да излезе од телото по конзумирањето и може да се пронајде во вашето тело во просек околу 30 дена по конзумирањето (големината на овој период зависи од личност до личност).


2. При согорувањето на маснотиите од телото се ослободува THC

Ова откритие за THC е по малку изненадувачко особено за неупатените, што не ја познаваат проблематикава. Постојат докази дека по интензивното горење на маснотии како при физички напор на телото, вежбањето или пак, брзото губење на тежината, нивото на THC може да биде повторно ослободено назад во крвта. Исто така, постојат извештаи за поранешни корисници на канабисот, кои при тестирање за THC биле позитивни, само поради тоа што изгубиле многу тежина пред тестирањето. Во 1997 година, еден извештај од аутопсија покажал огромни количини на  THC во крвта на жртви од задавување, кои морале да ги согорат значителните количества на маснотии пред да починат. 


3. Најголем дел од THC се исфрла преку изметот

THC оди во крвотокот, потоа се складира во масните клетки, каде со текот на времето повторно се ослободува во крвотокот. Но, каде оди потоа? Додека редовните корисници на канабис може да бидат позитивни на уринарен тест дури и до 77 дена по апстинирање од билката, поголемиот дел од THC се излачува преку дебелото црево. Се смета дека повеќе од 65% од THC се исфрла преку изметот, додека само 20%  преку урината.


4. Пронајдени се растенија и габи со сличен состав на канабисот 

Интересно е што се покажало дека други растенија и некои видови габи содржат соединенија слични на THC. Црните тартуфи, деликатеси кои можат да се купат за 800 долари или повеќе, имаат ензими потребни за создавање на анандамид, соединение слично на THC, кое кај луѓето се произведува природно. Во Нов Зеланд и Јапонија се наоѓа liverwort, растение без цветови кое исто така содржи соединенија слични на THC. Овие соединенија се перотетинен и перотетиненска киселина. Додека психоактивноста на овие растенија е дискутабилна, перотетиненот се чини дека ги активира истите клеточни патишта како THC.


5. THC влијае врз нашето чувства на природно блаженство

Дали некогаш сте се запрашале зошто конзумирањето на канабисот дава толку убаво чувство? THC влијае врз нашите чувства за внатрешна и целокупна благосостојба. THC го заменува соединението познато како анандамид во телото. И THC и анандамидот влијаат на ист начин врз клетките. THC се задржува на клетките малку подолго отколку анандамидот, па затоа и овозможува посилен ефект врз умот и телото. Анандамидот е откриен не многу одамна и сè уште има многу работи кои допрва треба да се откријат за него и за неговата улога во нашето тело. Сепак, се знае дека тој е одговорен за важни функции во организмот, како одржување на расположението, чувството за глад, благосостојбата по физичката активност и други витални функции во телото.

Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Канабисот од блиску!