Помага и за превенција/лекување
на многу други заболувања.
Истото важи и за мачките.
|
Канабиноидите им се потребни на сите живи суштества кои имаат ендоканабиноиден систем и ендоканабиноидни рецептори, т.е. на сите `рбетници за одржување на здравствен баланс. Производите од Канабис и Коноп користени од страна на луѓето за медицинска употреба можат да бидат успешен лек и за нашите крзнени пријателчиња - кучињата и мачињата.
Канабиноидот CBD од Канабисот ги лекува кучињата со епилепсија, а исто така се користи и за лекување на терминално болни животни. Многу е важен квалитетот на маслото/тинктурата, односно од каков материјал истото е направено. Покрај ова важно е и дозирањето, бидејќи животните се многу помали од луѓето и живеат пократко во споредба со нас, па според тоа оздравуваат и многу побрзо. Поради тоа што нивниот организам е многу сличен со нашиот, затоа канабисот помага во лекувањето на истите и слични заболувања како кај нас.
Нашите пријатели од едно здружение за заштита на животните, чиешто име несакаме да го споменеме заради безбедноста на нивните професии, успејаа да излекуваат многу мачиња со помош на канабисово масло, а исто така и да им ги ублажат маките на едни мачиња кои имаат вирус стоматит. Тие исто така му се обратија со е-mail на господинот Рик Симпсон за да го прашаат дали постапуваат правилно и како треба да го спроведуваат дозирањето. Ова е одговорот што тие го добија:
Канабисот е лек за сите, па дури и за нашите крзнени пријателчиња! |
„Пред се` јас немам поим каков е квалитетот на маслото кое го давате на вашите мачки. Дали направивте сопствено масло од јака седативна индика? Кучињата го обожуваат канабисовото масло, но мачките понекогаш знаат да се однесуваат индиферентно, па затоа може да имате мали потешкотии да им го дадете маслото. Затоа ви препорачувам мала количина од маслото да мешате со нивната храна.
Животните оздравуваат многу побрзо во споредба со луѓето и бидејќи маслото не претставува никаква опасност, не треба воопшто да се грижите дека истото ќе им наштети на мачињата, па дури и кога ќе претерате со дозата. Советувам на мачките да им се дава две дози дневно со простор помеѓу нив од 12 часа, а дозата треба да биде во големина од половина капка. Потоа по четири дена третман на овој начин, дозата може да ја зголемите на цела капка.
Мислам дека на вашите мачки овој начин на лекување многу брзо ќе им дејствува и немојте да бидете загрижени доколку животното спие поголем период од времето, бидејќи тоа е ефектот којшто маслото треба да го предизвика. Вообичаено потребна е многу мала количина од маслото за да се излечи мачка и откако животното ќе консумира еден или два грама, мислам дека ќе бидете сведоци на навистина драматично подобрување на нивното целокупно здравје“ - Рик Симпсон.
Кученца успешно излекувани од рак со помош на канабисово масло!
Доколку и ти имаш некаква дилема околу Канабисот, слободно можеш да го контактираш човекот кој со светот го сподели рецептот за канабисово масло, кое е лек за многу болести, а пред се` за ракот: phoenixtearsadmin@gmail.com. Ние се надеваме дека еден ден научните студии повеќе нема да се спроведуваат врз нашите најдобри и невини пријатели животинчиња, туку ќе се спроведуваат врз нас луѓето. Спаси се себе си и спаси ги своите најсакани со билката која од секогаш постои на оваа планета. Канабисот лекува!