Showing posts with label ректум. Show all posts
Showing posts with label ректум. Show all posts

Thursday, March 28, 2019

Марихуаната најдобро делува внесена анално (ректално) и вагинално!

Моменталната канабис ренесанса, ако не со друго, изобилува со начини на консумирање. Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо, поради волуменот на апсорбција. Може да се аплицира многу повеќе лек и лекот се апсорбира многу подобро


Направете си чепчиња со масло од канабис!
Консументите на канабис можат да ја консумираат лековитата трева на различни начини со цел да се ослободат од болките, да ги третираат своите дијагнози или превентивно да уживаат. Сите начини на консумирање канабис се медицински и корисниците можат да вапоризираат (со помош на специјални испарувачи), да пушат цвет, екстракт, хашиш или киф во вид на цигара или со помош на бонг, да го нанесуваат топично (на кожа) во вид на мелеми, креми, масти, потоа да го консумираат канабисот во форма на капсули, екстракти, тинктури и напитоци, преку цел спектар на прехранбени производи и да искусат незаборавен хај преку дебинг на канабисова смола или хашиш.


Всушност, спомнавме повеќе различни начини за консумирање канабис без истиот да се пуши. Според мислењето на научниците и искуствата на пациентите, едноставно можете да го ставите екстрактот од канабис (растворен со кокос/какао или шеа путер во вид на чепче/супозиторија/вагиналета) во аналниот отвор, за да ги искористите сите придобивки од лекот, без да почувствувате многу од психоактивниот ефект на ТХЦ-то. Ректалното консумирање е идеално за оние пациенти кои се лекуваат од сериозни дијагнози, како канцерот и мораат да внесуваат големи дози на масло, а треба да останат будни и фокусирани во текот на денот, поради работата. „Клучната поента за ректалната администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат“ - објаснува д-р Џефри Хержонрејдер.


Внеси голема доза масло без да ја почувствуваш
Иако некои доктори се против пушењето канабис, научно е докажано дека димот од канабисот е различен со димот на тутунот и дека не претставува канцероген, т.е. не влијае негативно, туку позитивно на здравјето на белите дробови и на целокупното здравје на корисникот. Иако претставници од медициската заедница од САД и Канада веруваат дека пушењето канабис е најконтрапродуктивен начин за консумирање на оваа билка во медицински цели, постојат пациенти ширум светот кои го претпочитаат токму овој начин, затоа што им дава инстантно олеснување од болките, нападите и треморот (погледнете го видеото подолу!). Д-р Михаил Коган (Mikhail Kogan) е медицински директор на Центарот за Интегративна Медицина од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, САД, кој мисли дека болните луѓе треба да си помогнат себеси со друг метод на дозирање: анална/ректална апликација во форма на чепче/супозиторија.





Чепчињата може да се користат и вагинално!
Со помош на ректалната апсорпција канабиноидите веднаш навлегуваат во крвотокот, на некој начин заобиколувајќи го мозокот и ЦНС. Huffington Post Canada го сумира аспектот на Коган: „Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо поради волуменот на апсорбција. Може да се стави многу повеќе и лекот се апсорбира многу подобро, но не секој е спремен за овој начин на администрирање“. Затоа постои шема за полесно и побрзо развивање на толеранција кон големи дози на канабиноиди со постепено зголемување на јачината на супозиториите (првите се со по 0,1; следните со 0,2 екстракт од канабис, а последните со по 0,3 екстракт од канабис). За женски проблеми, чепчињата може да се користат како вагиналети, затоа што екстрактот секогаш е најдобро кога се администрира што е можно поблиску до болното место.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Internationalhighlife

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










Thursday, September 7, 2017

Упатство за употреба на канабис-супозитории

„Чепчето се внесува не повеќе од 2 см длабоко со прст и се легнува на стомак и препорачливо е да се лежи во оваа положба минимум 20 минути и да не се оди по голема нужда околу час и половина“ - вели овој пациент


Канабис супозиторија
Многу пациенти нè прашуваат како да ги употребуваат домашно подготвените чепчиња од канабис, поради тоа што многу брзо им се топат во рацете, им истекуваат од ректумот или веднаш ги исфрлаат преку столицата. На интернет нема многу точни информации на оваа тема, па затоа ние прашавме паталец. Прашавме пациент од Скопје кој самиот се лекува од белодробен карцином на малите клетки (small cell carcinoma) со супозитории од канабис. Тој чепчињата самиот си ги подготвува од масло, кое исто така го подготвил самостојно со помош на наша пријателка која има искуство во подготовка на масло од канабис. Таа самата до пред некое време беше пациентка - сега успешно излечена од МС. 


Седнете на шолја или легнете на страна/грб
Овој 59 годишен пациент до сега има примено 2 хемотерапии за коишто бил принуден да ги прими, а паралелно со нив започнал да се самолекува со маслото. За маслото дознал на интернет од нашата страница и без многу размислување веднаш се одлучил да го проба. Неговото првично мислење за канабисот било неутрално, но позитивните приказни на до сега излечените пациенти кои се охрабрија за тоа јавно да проговорат, го поттикнаа веднаш да тргне во потрага по вистинскиот лек.




Упатство за употреба
Првите дози ги земал орално, а потоа одлучил да проба да го консумира маслото ректално преку супозитории. Првите тумор маркери изнесувале 1180, а сега се паднати на 162 по само еден месец и 10 дена од користењето на супозиториите од квалитетен домашно подготвен екстракт од марихуана помешан со органски какао путер и кокосово масло. 


Измијте ги рацете и замрзнатата супозиторија извадете ја од обвивката и со мокри прсти се внесува во ректалниот отвор во седечка положба на WC шолјата. Чепчето се внесува не повеќе од 2 см длабоко со прст и се легнува на стомак и препорачливо е да се лежи во оваа положба минимум 20 минути и да не се оди по голема нужда околу час и половина“ - вели овој пациент, кој сака да остане анонимен и кој сега исто така е наш пријател, кој додава дека супозиториите направени со кокосово масло се топат побрзо, во споредба со супозиториите од како путер којшто е малку потешко достапен на пазарот. Значи најдобро е да се аплицира чепчето веднаш после столица.


Тој ги дозира супозиториите по шемата на Рик Симпсон и веќе прима скоро по 1 грам канабисово масло дневно (3 x 0,33 ml). Поентата е супозиторијата од ладилникот спакувана што е можно побрзо да се пренесе до местото каде што ќе се внесува и да се внесе веднаш по отворањето. Овој пациент по наша препорака следните супозитории ќе ги подобри со додавање на темјан, а на крајот од лекувањето тој исто така по наша препорака ќе продолжи со доза за одржување.



Рецепт за подготовка на супозитории за лекување канцер

Нашиот соговорник своите супозитории моментално си ги подготвува на следниот начин: Подготовка на 60 супозитории со 20 мл канабисово масло за само 20 дена од 60 милилитарската канабис терапија. Секоја супозиторија има капацитет од 2,6 мл. 60 супозитории имаат капацитет од 156 мл смеса, од што 20 мл треба да се екстракт од канабис, што значи 136 мл треба да земете стопено масло од кокос или какао путер.



На овој начин ќе добиете 60 супозитории од по 0,33 мл масло од канабис во секоја. Дневно треба да се земаат по 3 вакви чепчиња = 1 мл масло дневно. Доколку овој рецепт не одговара на вашите потреби соодносот на канабисово масло и медиумот во кој е растворено треба да го прилагодите според вашите потреби, т.е. дијагнозата и фазата на лекувањето. Со помош на супозитории можете да излечите секаков вид на канцер и секакви состојби со тенкото и дебелото црево, хемороиди, Улцерозен колитис, Кронова болест и... пробајте самите, па заеднички да ја надополнуваме оваа листа, која нема крај! НУЛА смртни случаи до сега, а секој ден сè повеќе оздравени и излечени со масло од канабис.

Автор: Monique Konopova