Monday, May 21, 2018

Владата на САД конечно признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот и ги заштитува здравите клетки

За скоро еден век, канабисот е демонизиран како „почетничка дрога“, но денес веќе официјално знаеме дека канабисот е всушност „излезна дрога“ и решение за зависниците од опијати, но исто така дека успешно лекува епилепсија, ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата и другите токсични лекови, но и дека лекува најтешки форми на канцери и во најдоцните стадиуми. Зачудувачко признание и потврда на сето ова доаѓа од Националниот институт за рак (National Cancer Institute - NCI), дека канабисот ги уништува клетките на ракот без да ги повреди нормалните клетки и исто така дека ја поттикнува нивната регенерација


Ако сè уште не сте запознаени со канабисот, MedicineNet го дефинира канабисот како растение кое произлегува од фамилијата на конопови растенија. Тие додаваат дека канабисот може да се пуши или да се јаде и може да произведе благо чувство на еуфорија. Во врска со тоа како NIC дојде до ова признание, тие објаснуваат на својата веб-страница дека студиите врз глувци и стаорци покажуваат дека канабиноидите може да го инхибираат растот на туморот. Еден од најдобрите начини да го инхибира растот на туморот е да се уништат клетките на ракот и тие тврдат дека канабиноидите можат да го направат тоа. Тие исто така тврдат дека канабиноидите можат да го блокираат клеточниот раст, како и развојот на крвните садови со кои туморите треба да растат. 


Сега да ги разгледаме студиите кои ги поддржуваат нивните тврдења. Како што споменав, тие правеа студии врз глодари - глувци и стаорци; и една од студиите што ги правеа на глувците беше да се тестира како канабиноидите би реагирале против ракот на дебелото црево. Студијата покажа дека канабиноидите можат да заштитат од воспаление на дебелото црево, кое во суштина би можело да го намали ризикот од рак на дебелото црево или дури да помогне да се уништат клетките на ракот за време на третманот. Друга студија беше спроведена на делта-9-ТХЦ во клетките на хепатоцелуларниот карцином (карцином на црниот дроб). Студијата покажала дека делта-9-ТХЦ всушност ги оштетила или убила клетките на ракот. Истата делта-9-ТХЦ студија на глувци кои страдаат од рак на црниот дроб покажа дека постојат антитуморни ефекти.


Неодамна објавена студија во Меѓународниот весник за онкологија (International Journal of Oncology), започна да ја истражува поврзаноста помеѓу канабиноидите и борбата против леукемичните клетки. Студијата, исто така, ја разгледа можноста за употреба на канабиноиди во комбинација со постојните хемотераписки лекови цитарабин и винкристин. Водечкиот тим на истражувачи се состоеше од д-р Ваи Лиу (Wai Liu) од St George’s Универзитетот во Лондон, објавија Medical News. За да ги добијат резултатите, тестирале различни комбинации на канабиноиди и лекови за хемотерапија, за да најдат најуспешни групи. Тимот открил дека канабидиолот и ТХЦ, кога се користат сами, ги убиле клетките на леукемијата. Исто така, откриле дека почетната доза на хемотерапија, проследена со канабиноиди, всушност ги подобрува клеточните резултати против клетките на леукемијата. Овие наоди се објавени во Меѓународниот весник за онкологија. Сепак, истражувачите истакнаа дека зголемената моќност на двата лека била можна само кога канабиноидите биле дадени по хемотерапијата. 


Заклучувајќи ги нивните наоди, д-р Лиу вели дека резултатите се крајно ветувачки, но имаат долг пат, објавија Medical News Today. Тој исто така им рекол: „За првпат покажавме дека редоследот во кој се користат канабиноидите и хемотерапијата е од клучно значење за одредување на севкупната ефективност на овој третман. Канабиноидите се многу возбудливи перспективи во онкологијата“. Иако постојат значителни докази од мали примероци, сè уште требаат многу повеќе истражувања пред да можеме со сигурност да кажеме дека канабиноидите се одржлива опција за убивање на ракот сметаат истражувачите. Не се согласувам целосно со д-р Лиу, поради тоа што од моето лично искуство како активист и долгогодишниот контакт со пациентите, сметам дека канабис терапијата треба да биде примарна и давана од самиот почеток на дијагнозата (конвенционалните терапии пожелно е да се одложат доколку е возможно), а луѓето што примаат хемотерапија, имале операција за отстранување на канцерот или биле зрачени, треба да примат двојно или тројно повеќе масло од препорачаното. Една просечна терапија изнесува 60 мл масло кое треба да се внесе во период од 90 дена, по што следува период на доза за одржување. Тоа масло сè уште го нема во нашите аптеки, затоа пациентите се осудени законот да ги третира како криминалци и да се снаоѓаат самите како знаат и умеат. 


Читај повеќе:






Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Providr

No comments:

Post a Comment