Friday, July 6, 2018

Уште неколку скриени тајни за ТРИХОМИТЕ: улога и видови?

Бидејќи трихомите се со микроскопска големина, треба да се зумира со лупа или микроскоп на белата покривка од смола која ги покрива квалитетните канабисови пупки за да се види полето на трихомите кое наликува на множетво од стебленца со малечки печурковидни главички


Кликни на сликата!
Според мене, најдобро е трихомите да се гледаат како минијатурни биолошки канабиноидни фабрики кои најмногу се наоѓаат  на цветовите и листовите од марихуаната. Трихомите најбогати со ТХЦ се тие што те напушуваат, а од трихомите најбогати со ЦБД се прави најдобриот лек. Љубителите на марихуана ги интересираат трихомите со главичести стебленца, бидејќи се најкрупни и продуцираат маслести медицински и рекреативни добра. 


Научниците идентификувале четири поголеми категории на трихоми најдени на канабисовото растение:

1. Повеќе-клеточни трихоми со капитати (Multi-cellular Capitate Stalked Trichomes)

2. Сесилни жлездени/главичести трихоми (Sesille Gland Trichomes)

3. Булеви трихоми (Bulbous Trichomes)

4. Не-жлездени цистолитични трихоми (Non-Glandular Cystolithic Trichomes)


УЛОГАТА НА ТРИХОМИТЕ

Трихомите олеснуваат неколку суштински функции за преживување на канабисовото растение. Лепливата површинска покривка од леплива смола претставува гранична одбрана против габи, инсекти и гладни тревојади. Некои мушички, габи и останати микроорганизми не можат да пенетрираат низ бариерата на трихомите, бидејќи им пречи и мирисот што се ослободува. Исто така, трихомите играат клучна улога во растот на канабисот во тешки климатски услови. Еден слој на смола го зажтитува дивиот коноп од штетни ветрови од пустинскиот југоветар до Сибирската снежна олуја. Трихомите дури служат како органски заштитувач од сонцето, па марихуаната ја заштитува од ефектите на УВ зраците. Трихомите се микроскопски супер структури кои ја вдомуваат суштината на психоактивните својства на канабисот. 


Исто така, можат да му помогнат на одгледувачот да го одреди оптималното време за берење на марихуаната. Надгледувајќи ја промената на бојата на овие т.н. смолести главички, одгледувачот може да ја оцени зрелоста на женските растенија во фазата на цветање. Во раната до средна фаза на цветање, смолестите главчиња се светли. Во текот на последната фаза од циклусот на цветањ99е, одгледувачот го набљудува преминот од светли главички до млечно бели и евентуално жолтеникави. Тоа е време кога марихуаната е спремна за жетва. Иако постојат и други фактори кои ја одредуваат зрелоста на цветовите, трихомите нека ви бидат водич за непрерана или предоцна жетва. Потентни концентрати како хашиш се прават од трихоми!


Врската помеѓу трихомите и светлината е клуч за разбирање на големата важност на трихомите. УВ светлината е Х-факторот на влажната марихуана. Канабисот се храни со светлина и кога го апсорбира оптималниот спектар е кога е во најдобра состојба. Спротивно, ќе недостигаат потентноста и вкусот. Трихомите одговараат позитивно на УВ зраците и се верува дека благодарение на нив, трихомите продуцираат одредени терпени и канабиноиди. ЛЕД светилките обезбедуваат оптимален спектар на светлина за канабисот и се поефикасни од ХИД (High intensity discharge) светилките, но мора да сфатите дека ништо не може да го замени природното златно сонце и аутдор одгледувањето.


Зелената Револуција не се ограничува повеќе само на пушење на лепливи зелени цветови. Знаењето за трихомите ги отвора вратите на канабис кујната: прекрасни концентрати, тинктури, множетво на лекови и нови восхитувачки откритија кои допрва ни претстојат! „Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола

Извори: RoyalqueenseedsLeafbuyer

No comments:

Post a Comment