Showing posts with label лимонен. Show all posts
Showing posts with label лимонен. Show all posts

Saturday, July 28, 2018

ЛИМОНЕН - терпен што им помага на канабиноидите во борбата против ракот!

Од многуте активни состојки во марихуаната, канабиноидите - чудотворните молекули кои ја обезбедуваат медицинската ефикасност на растението - не се целата слика! Некои корисници на канабис најчесто се свесни за терпените, состојките до одредена мера спроедливи со канабиноидите, а кои му го даваат на цветот од билката канабис неодоливиот и специфичен мирис


Зошто некои туфки мирисаат како цитруси, како лимони?
Она што повеќето не знаат е дека терпените, исто така, даваат терапевтски олеснувања, исто како и нивните братучеди канабиноидите. Терпените се произведуваат во посебни секреторни клетки во рамките на трихомите на растението. Тоа се микроскопските смолести жлездички кои ги покриваат цветовите како снежна покривка, а понекогаш и лисјата. Ова е исто така, местото каде што се создаваат сите канабиноиди, како ТХЦ и ЦБД и сите останати. Во природата постојат околу 20.000 терпени, а повеќе од 200 се идентификувани во канабисот.


Како аминокиселините, терпените се моќни градежни блокови во рамките на физиологијата на растението, кои помагаат во производството на витамини, хормони, пигменти, смоли и - ДА - најважниот дел од билката - канабиноидите. Канабис растенијата ослободуваат повеќе терпени кога температурите се повисоки. Покрај аромата, терпените играат неколку улоги, вклучувајќи заштита на растението канабис против предатори како инсекти и животни. Овие специјални молекули сочинуваат околу 10 до 20 проценти од вкупната смола во трихомот. Се проценува дека 10 до 30 проценти од смолата од марихуана доаѓа токму од терпените.


Разбирање на трихомот Лимонен

Лимонен е терпен кој пренесува мирис на цитруси-агруми (портокал, мандарина, лимон, лимета или грејпфрут-цитрон), смрека, рузмарин или мента. Лимоните и другите агруми содржат големи количества лимонен, особено во кората. Така, кога некој ќе почувствува арома на цитрус во канабисот (или која било друга растителна материја), станува збор за буквално истата состојка што го произведува овој мирис во цитрусните овошни плодови. Додека пријатните киселки ароми секако се посакувани од страна на рекреативните корисници, пациентите, пред сè сериозно болните, сè повеќе се интересираат за лековитиот потенцијал што во себе го крие овој терпен. Кога животот ќе ви подари лимони - направете си лимонада!


Како мирценот, лимоненот има неколку медицински придобивки. Се покажало дека помага кај дигестивните проблеми особено со варењето на храната, помага при олеснувањето на депресијата и се покажа дека поседува антибактериски и анти-габични својства. Лимоненот исто така има антиинфламаторно дејство, што го прави ефикасен кај голем број состојби. Негова највредна особина е тоа што тој е анти-пролифератив, што значи дека е ефикасен антиканцероген лек! Анти-туморските својства на лимоненот го генерираа најголемото внимание од страна на медиумите. Овој терапевтски терпен е познат по тоа што помага во борбата против анксиозноста, па дури и го третира рефлуксот (прекумерна желудочна киселина). Лимоненот може да го подобри расположението и дури е откриено дека ги раствора жолчните камења.


Научни студии за Лимонен

Како и во сите области на проучување на медицинските квалитети на канабисот, потребно е да се спроведат повеќе истражувања за подобро разбирање на својствата на терпените како лимонен. Додека човечките испитувања се во недостаток, фактот што лимонен не се појавува во Прилог I од Законот за контролирани супстанции во САД (за разлика од THC, CBN и канабисот сам по себе), лесно е истиот да се добие и легално може да се користи во студиите за научни цели. Студијата спроведена во 2011 година на Универзитетот во Аризона и објавена во зборникот Oncology Reviews покажа дека лимоненот има антиканцерогени својства и е модулатор во рамките на имунолошкиот систем на телото. Студијата заклучува: „... опсервациите од клеточната култура, животните и епидемиолошките студии го поддржуваат присуството на антиканцерогени својства во кора од цитрус“.


Студијата спроведена во 2013 година во Центарот за рак на Универзитетот во Аризона и објавена во зборникот Cancer Prevention Research (Истражувања за превенција на канцери) откри дека лимоненот е ефикасен во спречувањето на пролиферацијата на клетките на ракот и намалувањето на големината на туморот. Овој човечки опит вклучувал 43 жени кои неодамна биле дијагностицирани со рак на дојка. Следната студија во 2015 година покажа слични резултати. Студијата спроведена во 2014 година во Франција и објавена во списанието Антивоспалителни и антиалергиски агенси во медицинската хемија (Anti-inflammatory and Anti-allergy Agents in Medicinal Chemistry) објави дека лимоненот има антиинфламаторни својства, што го прави значаен за лекување на рак (воспалителна состојба). Студијата откри дека лимоненот поседува „изненадувачка“ способност да ги спречи туморите да го нападнат околното ткиво со намалување на нивната способност да создадат нови крвни садови. Овој моќен терпен, исто така, покажа дека игра голема улога во заздравувањето и регенерацијата на кожата и ткивата.


Врсти канабис богати со Лимонен

Луѓето кои живеат во држави кадешто канабисот е нелегален, најчесто се принудени најлековитата билка да ја набавуваат од црниот пазар и со тоа законот да ги третира како криминалци. Поради тоа обично не се во можност да имаат увид во тоа што го купуваат и ретко имаат можност да одберат конкретна врста... Сепак, неколку видови покажале дека содржат поголеми количини на терпенот лимонен од други. За оние среќници кои живеат во држави со легални диспанзери и продавници за канабис, следниве врсти можат да ви обезбедат солидна доза на лимонен:

* OG Kush: Урамнотежена хибридна врста која обезбедува тотална релаксација на умот и телото. Олеснува од болката и анксиозноста без да предизвика поспаност;

* Lemon OG Kush: Индика доминант со брзо дејствување кое обезбедува ослободување од стрес, вклучувајќи релаксација, стимулација на апетитот и покачување на расположението (се бори против депресија);

* Jack the Ripper: моќен хибрид кој создава дебел, груб чад и дава интензивна еуфорија, а покрај од акутна и хронична болка, нуди олеснување и од стресот;

* Lemon Diesel:  балансиран хибрид кој прво обезбедува брзо дејство на сатива, проследено со релаксација на телото како индика;

* Lemon C4: хибрид кој обезбедува среќа и церебрална релаксација;

* Sour Diesel: моќен сатива-доминантен хибрид кој обезбедува олеснување од стрес, анксиозност, болка и депресија и обезбедува долготрајно дејство.


Кога животот ќе ви подари лимони - направете си лимонада! Пронајдете ги соодветните „лимони“ за вас и добро исцедете ги ;) - Ваша МониК


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Massroots

Thursday, July 19, 2018

Биомедицинското значење на ароматичните соединенија терпени

Терпените се класа на органски соединенија генерално произведени од четинари. Познати по нивниот карактеристичен мирис, тие имаат големо значење во медицината. Терпените се испарливи по природа и често имаат карактеристична арома. Нивната арома ги прави доста корисни за ароматерапијата


Терпените се одговорни за аромата
Класифицирани според бројот на присутни изопренски единици, терпените можат да бидат хемитерпени, монотерпени, дитерпени, тритерпени и др. Иако здравствените придобивки од терпените сами по себе не се толку популарни како придобивките од канабиноидите CBD или THC изолати или масла со полн спектар, здравствената корист сепак од нивниот удел во клиничките цели не може да се игнорира. Канабисот се вели дека содржи околу 120 различни терпени, покрај канабиноидите, вклучувајќи THC (тетрахидроканабинол), CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol) и THCV (Tetrahydrocannabivarin). Од ова, само ТХЦ се смета за психоактивна состојка, додека ЦБД и ТХЦВ се сметаат за комплетно безопасни и сите имаат големо биомедицинско значење како терпените, бидејќи сите тие функционираат сигерично.


Терпенско тркало
Од широката палета на присутни ароматични соединенија во канабисот се издвојуваат: лимонен, микрен, пинен, линалол и фитол. Популарни поради нивното биомедицинско значење, терпените имаат посебно место во светот на ароматични соединенија. Терпентите се користат како алтернативен лек за третирање на многу состојби, имајќи посебно својство за намалување на проблеми со дигестивниот систем. Најголемата нивна позитивна страна е дека тие немаат никакви несакани ефекти во повеќето козметички фармацевтски производи. Исто така терпените наоѓаат некои добри апликации во нафтената и маслената индустрија. Се употребуваат за производство на масти и засилувачи на вкус, терпените се практично мултифункционални. Тие лесно можат да излечат многу проблеми со кожата, вклучувајќи болка и чешање.


Каде најчесто се јавуваат терпените?
Терпените наоѓаат најголема примена во лекувањето на депресија и анксиозност, најчесто во ароматерапијата. Имајќи неверојатен седативен ефект, тие го ослободуваат пациентот од стрес и анксиозност. На крајот се чувствувате среќни и задоволни, а користењето на терпените може да помогне за подобар личен и професионален живот. Некои терпени, имено микрен, се толку ефикасни што нивната арома е доволна за да ги покажат своите билни својства. Терпените од некои растенија слични на грмушки, долго време се користат како ефикасен третман за дизентерија, дијареа и дијабетес. Покрај тоа, тие наоѓаат широка употреба во парфемската индустрија и индустриите за производи наменети против инсекти. Нивниот лут мирис ги брка инсектите.


Лимоненот и Пиненот се користат во освежувачите на простории. Имаат антимикробни својства, тие можат ефикасно да се борат со габи и бактерии. Кога се консумираат орално, тие можат да го олеснат варењето на храната. Исто така терпените се користат како природен земјоделски пестицид, терпените наоѓаат апликации и во други индустрии. Тековните истражувања, исто така, сугерираат дека терпените можат да имаат антиканцерогени својства и може да се покажат како корисни во лекувањето на канцерите. Тие имаат инхибиторен ефект врз растот на туморите. Терпените делуваат како бронходилататор кај луѓето кои имаат проблеми со дишењето (особено астматичари), а тие се главно познати и по своите антибактериски и антибиотични својства. Еве некои терпени најкарактеристични за канабисовото растение:


LIMONENE - ​​Лимонен е монотерпен кој е одговорен за карактеристичната арома на цитрусните плодови. Се користи како популарен ароматичен додаток во некои спакувани прехранбени производи, а има големо биомедицинско значење. Соединението се користи за многу медицински цели, вклучувајќи го и третманот на рак и бронхитис. Познат е за намалување на воспалението на срцето и други кардиоваскуларни проблеми.

BORNEOL - Борнеол е терпенски дериват кој се користи во традиционалните кинески методи на лекување. Природен отстранувач на инсекти, борнеолот ги наоѓа своите употреби и апликации скоро насекаде. Познат e за лекување на замор и стрес, генерално се препорачува на пациентите кои имаат проблеми со анксиозност или депресија.

TERPINEOL - Терпинеол е терпен произведен од канабис Индика растенијата, тој е силен антибактериски и антифунгален агент. Оваа состојка е позната по својата антиинфламаторна акција, исто така. Се користи во третманот на ракот, бидејќи го минимизира растот на туморските клетки со потиснување на патеката NF-kB.

MYRCENE - Мирцен е најчестиот терпен во канабисот, тој е монотерпен. Одговорен за производство на силни аналгетски ефекти, микренот исто така се користи за создавање на седативен ефект. Состојкава има пријатна арома што ја прави корисна во производството на парфеми и други миризливи материјали.

PINENE - Пиненот се појавува како два природни изомери, тој исто така е монотерпен. Познат како алфа-пинен и бета-пинен, изомерите обично се добиваат како деривати од турпентин (turpentine). Како природен хербицид, соединението е познато исто така дека покажува значајни антибактериски и антибиотични својства.

Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Herb.delivery