Пациент кој со години своите здравствени проблеми ги решава токму со тоа што се лекува со канабис на различни начини, препорачува дека нема подобар лек за проблемите со дишењето од чист џоинт сролан без тутун, само од сув цвет од канабис измешан со сушена лаванда
Тоа неверојатно и одлично помага при белодробни заболувања, особено кога станува збор за астма и за превентивно прочистување на белите дробови кај здравите лица. Тој сакаше да остане анонимен и тврди дека оваа техника е идеална за хронични пушачи на тутун, кои според него од време на време треба да ги прочистат своите дишни патишта од катранот и останатите токсини од смртоносните легални цигари. Може да се употребат и други билки наместо лаванда за истовремена употреба со канабисот.
СЛУШАЈ ПАТАЛЕЦ, А НЕ ГАТАЛЕЦ! |
Нашиот соговорник тврди исто така дека дејството на лавандата е смирувачко, па препорачува ваквиот џоинт дека има најубав ефект врз целокупното здравје доколку е сролан со индика врсти на канабис и се консумира пред спиење по напорниот ден. Општо познато е дека лавандата (Lavandula) е релаксирачка билка. Има пријатен цветен мирис и од неа се прават етерични масла, освежувачи на простории и е одлична билка за ароматерапија и масажа. Сепак, лавандата и канабисот имаат нешто заедничко. Не само што и двете билки може да се пушат, двете изобилуваат со терпенот линалул. Терпен е фенси збор за мирисна молекула на арома. Кога се комбинира со ТХЦ, Linalool-от има потенцијал како мускулен релаксант.
Кога се комбинира со CBD, линалолот ги зголемува анти-конвулзивните својства на канабиноидот Канабидиол. Сам по себе, линалолот има анти-воспалителни својства. Исто така, ја намалува чувствителноста на болка. Додавањето на малку масло од лаванда може да ги засили релаксирачките, анти-волспалителните и останатите квалитети на маслото од канабис кои делуваат особено против болките. Можете исто така да додадете малку чај од лаванда и активиран цвет и/или лист од канабис и миксот да го употребите како зачин врз вашето омилено јадење, за да ги добиете придобивките од двете билки. Можете да бидете креативни и да си направите чај од двете билки со додавање на млеко за да го извлечете ефектот од активните состојки на канабисот.
Додека вкусовите се многу различни, ефектите се прилично слични. Лавандата е миризливо цветно растение од видот на растението Lamiaceae, попознати како семејство на нане. И лавандата и нането можат да ви помогнат да се релаксирате физички и ментално. Исто така, двете можат да го ублажат чадот и го намалуваат кашлањето, особено кога се пуши од бонг.
Користете ја оваа комбинација пред спиење за да спиете помирно во текот на ноќта и за да ги ползувате благодетите на природно поттикнат континуиран целовечерен сон. Нането најдобро е да се вапоризира на 160 - 175 °C. Кога се вапоризира самостојно, лавандата обично се вапоризира на пониски температури, некаде околу 130 °C. Но, многу корисници на билки ги пушат и вапоризираат заедно со канабисот на повисоки температури и немаат никакви проблеми, а може да ја изгубат само: несоницата, болките, лошото расположение и проблемите со дишењето.
Едуцирај се повеќе:
* Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза
* Сролај џоинт помешан со камилица или лист од коноп, наместо со штетен тутун!
* Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?
* Цигарите го намалуваат IQ-то, а не џоинтите!
* Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?
* Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?
Автор и Уредник: MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment