Разгледавме уште неколку други здрави билки кои можете да ги додадете во лековитата мешавина за пушење или вапоризирање за подобрен вкус, помазен чад, а истовремено можете на тој начин да си помогнете доколку страдате од одредени дијагнози и здравствени состојби. Еве некои други билки коишто се ароматични, корисни и здрави за да се помешаат со цвет од канабис!
Марихуанила |
Вапоризирањето - (vaping) се здоби со репутација дека е најздравиот и најчистиот начин на консумирање канабис и останати билки по пат на инхалација без да се вдишуваат сите нездрави канцерогени од чадот за време на пушењето. Веќе зборувавме за тоа дека канабисот може да се меша во џоинт со камилица наместо тутун или пак, со лаванда или нане - особено добро за прочистување на дишните патишта кај астматичари и хронични пушачи на цигари. Луѓето ги вапоризираат сите видови растенија поединечно, но многумина не знаат дека многу од вообичаените билки може да се поврзат со канабисот за подобрен и полековит ефект. Билките како: кратом, лаванда и дамиана не само што можат да го подобрат вкусот на канабисот, особено ако имате понеквалитетна трева, како и за да обезбедите дополнителни придобивки.
Сите овие билки имаат пријатни ефекти кога се вапоризираат или пушат сами, па природно, искуството се интензивира кога се меша со марихуана. Според д-р Иан Мичел (Ian Mitchell), лекар и клинички асистент-професор на Универзитетот во Британска Колумбија во Ванкувер, канабисот обично се вапоризира на температура од 175 - 200 °C. Оваа температура може и пожелно е да се прилагоди кога канабисот е комбиниран со други билки. Најдобро е да се најде средна основна температура којашто би била најоптимална за секоја од нив. Доколку консумирате органски одгледан и соодветно исушен и соодветно чуван канабис, нема причина за никаква грижа. Сепак, мораме да предупредиме дека пожелно е да консултирате билкар или натуропатски специјалист, пред да експериментирате со големи количини од некои од останативе билки самостојно или во комбинација со најбезбедната билка на светов - коноп.
Кратом |
1. КРАТОМ
Кратом (Kratom - Mitragyna speciosa) е тропско зимзелено дрво од Југоисточна Азија. Кратомот е една од најпопуларните билки кои може да се пушат и вапоризираат заедно со канабисот. Кратомот се користи со векови, но само неодамна стана повеќе мејнстрим во западниот свет. Сам по себе, кратомот предизвикува лесен хај кај некои корисници, но многу помал од оној што ќе се почувствува после пушењето канабис. Сепак, мешањето на двете билки би можело да отвори нов свет на духовна поврзаност и психоделични вибрации. Повеќето корисници кои се обиделе да ги комбинираат, добиваат состојба при која кратомот помага значително да ги подобри ефектите на канабисот. Идеалната температура за вапоризација на кратомот е 175 - 200 °C, што е во согласност со најдобрата температура за канабис. Се разбира, чувството ќе варира од човек до човек. Сепак, познат факт е дека кратомот и канабисот имаат слични медицински придобивки. Канабисот секогаш ќе биде супериорен во однос на кратомот и другите билки на речиси секој начин (не само поради тоа што содржи незаменлива палета од активни состојки канабиноиди, терпени и флавоноиди), сепак многумина кои не можат да пушат трева заради која било причина, користат кратом како замена. Здравствените придобивки, исто така, може да се зголемат кога кратомот се консумира заедно со марихуаната:
- Намалување на болката;
- Мускулна релаксација;
- Ослободување од стрес;
- Олеснување на анксиозноста;
- Чувства на еуфорија;
- Способност за спиење.
Кантарион |
2. КАНТАРИОН
Кантарионот (St. John's Wort - Hypericum) е дел од семејството Hypericaceae кое првично се појавило во делови од Азија и Европа. Во моментов, се шири низ целиот свет и расте во многу различни региони во дивината. Оваа билка функционира како многу лесен инхибитор на моноамино оксидаза (mild monoamine oxidase inhibitor - MAOI). Ова е нежна и лесна билка, всушност и со толку малку несакани ефекти, често се препишува како стабилизатор на расположение за деца. Се знае дека МАОИ ги намалува потребните нивоа за дозирање за други најчесто фармацевтски лекови за да делуваат во вашиот систем најсоодветно. Но, кои се сличностите со канабисот? И канабисот и кантарионот се многу ефективни антидепресивни и анти-анксиозни лекови. Кога се поврзуваат, пациентите чувствуваат речиси непосредно олеснување кое трае со часови. За легалниот кантарион е познато дека ги влошува симптомите на ADD и ADHD, но докажано е дека нелегалниот канабис помага да се подобрат симптомите кај овие нарушувања. Кантарионот треба да биде вапоризиран на ниски температури, околу 100 - 150 °C. Најдобро е да се вапоризира канабисот прво на 175 - 200 °C, проследено со кантарион. Ако сакате истовремено да ги вапоризирате тогаш страницата Zamnesia препорачува средна температура од 160 - 175 °C.
Пасифлора |
3. MARIHUANILLA СО PASSIONFLOWER
Една суптилна мешавина на марихуанила (Leonurus Sibiricus), пасифлора (Passiflora - Passion Flower) и канабис е уште еден микс кој неодамна стана доста популарен. Тие имаат мазен и сладок вкус, но не го влошуваат вкусот на канабисот, а хајот се разликува од користењето на конопот самостојно. Ефектот корисниците го опишуваат како зголемена енергија. Има смисла имајќи предвид дека честопати пасифлората се користи со други природни психоделици за истите да се зајакнат и да се продолжат нивните ефекти. Некои луѓе избираат да ја исклучат пасифлората и да ја користат само марихуанилата во мешавина од канабис како замена за тутун. Преферираната температура за да се вапоризира пасифлора е 150 - 160 °C, а за марихуанила е 150 - 175 °C.
Кана |
4. КАНА
Каната (Kanna - Sceletium tortuosum) е растение со мали, бели цветови, а потекнува од Африка. Нема многу забележани медицински придобивки за каната, а се користи за анксиозно олеснување, но психоделичните ефекти се добро документирани. Комбинирањето на каната со канабисот може да даде возбудливо надреално чувство, но користењето на премногу кана може да доведе до некои живописни халуцинации и гадење. Мешавината на канабис и кана треба да се вапоризира на температура од 185 - 190 °C за да се почувствуваат полните ефекти од двете билки.
Дамиана |
5. ДАМИАНА
Дамианата (Damiana - Turnera diffusa) е грмушка со прилично жолти цветови кои потекнуваат од Јужен Тексас, Мексико и Јужна Америка. Оваа билка главно се користи како стимулант, но исто така е познато дека е моќен афродизијак, кој може да биде добра или лоша работа во зависност од ситуацијата. Оваа легална билка со ефекти слични на оние на канабисот, често се користи како замена или надополнување на прекрасните зелени цветови од канабисот. Вкусот добро се меша со марихуаната и ги подобрува релаксирачките и еуфоричните чувства кои се чувствуваат кога се консумираат. Имајте на ум дека вкусот може да се задржи некое извесно време по употребата. Некои канабис ентузијасти го обожуваат само вкусот на канабисот, па затоа може да го вапоризираат прво канабисот или да користат одделни уреди за секоја билка. Оптималната температура за дамианата, сама или заедно со канабисот е 175 - 200 °C.
Ашваганда |
6. АШВАГАНДА
Ашваганда (Ashwagandha - Withania somnifera) е адаптогеничен корен. Адаптоген е медицинска билка која му помага на вашето тело да реагира на стрес. Овој корен се користи во индиската ајурведска медицина и од неодамна расте полупарноста на ова растение и на Запад. Некои студии покажаа дека ашвагандата има анти-анксиозни и антидепресивни својства. Оваа билка е научно докажана спротивност на анти-анксиозните конвенционални лекови лоразепам (Ativan) и антидепресивот имипрамин (Tofranil) кај испитувањата на животни. Истражувањата покажаа дека Ashwagandha има анти-анксиозни и антидепресивни ефекти кои се споредливи со двата лека. Ова ги наведе авторите на студијата да заклучат дека Ашваганда има природен потенцијал како стабилизатор на расположението. Традиционално, билката се користи за борба против замор, недостаток на енергија и тешкотии со концентрацијата, затоа мешањето со канабисот ги помага ефектите на двете билки.
Рузмарин |
7. РУЗМАРИН
Рузмаринот (Rosemary - Rosmarinus officinalis), канабисот и црниот бибер - сите содржат терпен наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene - BCP). Неодамнешните истражувања покажаа дека овој терпен се поврзува со канабиноидните рецептори. Поточно BCP се врзува за клеточниот рецептор наречен канабиноиден рецептор 2 (CB2). Овој клеточен рецептор помага во регулирањето на имунолошката функција и воспалението. Постојат и докази дека граничниот премин може да ги ублажи симптомите на депресија и анксиозност. Кога се комбинира со ЦБД, бета-кариофиленот може дури и да помогне во лекувањето зависност. Значи, додавањето на многу рузмарин и црн пипер во мешавината за пушење е одличен начин за засилување на терапевтските ефекти на сите три од овие билки.
Свети бозел |
8. СВЕТИ БОЗЕЛ
Оваа билка (Holy Basil - Ocimum tenuiflorum) се нарекува и Тулси (Tulsi). Светиот бозел е уште еден убиец на стресот. Исто така, се смета дека е добар за акните. Можете да направите едноставен екстракт од оваа билка во вид на масло, слично како маслото од канабис. Ова може да се примени локално како третман за акни, што го надополнува ефектот што канабисот го има врз лекувањето на кожата и спречувањето на кожните состојби и проблеми, како мозолчињата. Ако сте повеќе заинтересирани за анти-анксиозните и анти-стресните својства на билкава, треба да знаете дека ова е уште едно растение со корени во индиската ајурведска медицина (Ayurvedic medicine). За светиот бозел е откриено дека ги намалува нивоата на кортизол (стрес хормон) кај животинските модели. Оваа билка, исто така, има потенцијал како антидијабетски природен лек.
Црн кохош |
9. ЦРН КОХОШ
Оваа билка (Black cohosh - Actaea racemosa) се препорачува за дамите во менопауза. Канабисот има потенцијал во олеснување на промени во расположението и брановите на топлина за време на менопаузата, а истото важи и за црниот кохош. За оваа билка е познато дека промовира рамнотежа во ендокриниот систем, кој ги регулира хормоните. Таа содржи фитоестроген, за кој се смета дека природно заменува дел од она што е изгубено за време на менопаузалниот период. Најчесто се користи како екстракт, кој можете да го консумирате орално. Канабисот, од друга страна, го подобрува ендоканабиноидниот систем, кој делумно е регулиран со естроген. Значи, земањето на двете билки заедно може да помогне да го направите вашето секојдневно расположение малку повесело и посмирено.
Ехинацеа |
10. ЕХИНАЦЕА
Ехинацеата (Echinacea - Coneflower) содржи соединенија кои се слични на CBD кај некои функции. Овие соединенија се нарекуваат N-acylethanolamines (NAEs) и тие комуницираат со ензимот кој ги разложува ендоканабиноидите во телото (природниот канабис на телото, т.е. канабиноидите од човечка природа, наспроти фитоканабиноидите од растението канабис). Ова го подобрува ендоканабиноидниот тон. Одредени N-ацилетаноламини во ехинацеата, исто така, го вклучуваат CB2 рецепторот. Ова се канабимиметички соединенија. Значи дека овие соединенија делуваат како канабиноиди и го ангажираат ендоканабиноидниот систем, па ајде што не ја забраните и ехинацеата?!? Ехинацеата често се користи за обична настинка. Се смета дека ја зголемува имунолошката функција, го намалува воспалението и делува како антиоксиданс. Билката може да има и ефекти на ослободување од болка. Постојат некои прилично моќни соединенија во ова растение. Тие можат да ви помогнат да се релаксирате, да ја намалите болката и воспалението и да го зајакнете имунолошкиот систем за да ја намалите инфекцијата.
Иако е најдобро да разговарате со експерти од алтернативната медицина пред да консумирате преголеми количества лековити билки, инкорпорирањето на повеќе растенија, зеленчуци и овошја во вашиот живот е сигурен начин за промовирање на добро здравје на долг рок. Дали сте користеле некоја од овие билки во комбинација со канабис или самостојно и какви се вашите искуства? Што сте успејале да излечите со нивната употреба? Споделете со нас!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Автор и Уредник, Претседателна здружението 420 Македонија:
Моника Ристеска - MoniQue Konopova
No comments:
Post a Comment