Постојат голем број фасцинирачки работи за тетрахидроканабинолот (THC), примарната психоактивна состојка во канабисот. Многумина сè уште се фокусираат на прашањето дали оваа состојка е безбедна за конзумирање, заборавајќи ги неверојатните и уникатни карактеристики на ова растение и целосно заборавајќи го фактот дека до сега нема ниту еден регистриран случај на смрт поради канабис и дека предозирањето е невозможно. Ова се 5 помалку познати факти за THC кои сите негови љубители мора да ги знаат, а сите противници треба да ги знаат за да разберат зошто се против:
Дали знаевте дека THC е липид? Липидите се масни молекули, а канабисот содржи голем број од нив. Бидејќи примарните активни состојки на канабисот се масти, тие се сврзуваат со мастите во вашето тело. По конзумирањето канабис, THC се апсорбира преку белите дробови во крвта. Потоа се пробива низ масните ткива кои ги гледа како свое живеалиште, а меѓу тие ткива и органи спаѓа и мозокот. Токму ова го спречува THC брзо да излезе од телото по конзумирањето и може да се пронајде во вашето тело во просек околу 30 дена по конзумирањето (големината на овој период зависи од личност до личност).
Ова откритие за THC е по малку изненадувачко особено за неупатените, што не ја познаваат проблематикава. Постојат докази дека по интензивното горење на маснотии како при физички напор на телото, вежбањето или пак, брзото губење на тежината, нивото на THC може да биде повторно ослободено назад во крвта. Исто така, постојат извештаи за поранешни корисници на канабисот, кои при тестирање за THC биле позитивни, само поради тоа што изгубиле многу тежина пред тестирањето. Во 1997 година, еден извештај од аутопсија покажал огромни количини на THC во крвта на жртви од задавување, кои морале да ги согорат значителните количества на маснотии пред да починат.
THC оди во крвотокот, потоа се складира во масните клетки, каде со текот на времето повторно се ослободува во крвотокот. Но, каде оди потоа? Додека редовните корисници на канабис може да бидат позитивни на уринарен тест дури и до 77 дена по апстинирање од билката, поголемиот дел од THC се излачува преку дебелото црево. Се смета дека повеќе од 65% од THC се исфрла преку изметот, додека само 20% преку урината.
Интересно е што се покажало дека други растенија и некои видови габи содржат соединенија слични на THC. Црните тартуфи, деликатеси кои можат да се купат за 800 долари или повеќе, имаат ензими потребни за создавање на анандамид, соединение слично на THC, кое кај луѓето се произведува природно. Во Нов Зеланд и Јапонија се наоѓа liverwort, растение без цветови кое исто така содржи соединенија слични на THC. Овие соединенија се перотетинен и перотетиненска киселина. Додека психоактивноста на овие растенија е дискутабилна, перотетиненот се чини дека ги активира истите клеточни патишта како THC.
Дали некогаш сте се запрашале зошто конзумирањето на канабисот дава толку убаво чувство? THC влијае врз нашите чувства за внатрешна и целокупна благосостојба. THC го заменува соединението познато како анандамид во телото. И THC и анандамидот влијаат на ист начин врз клетките. THC се задржува на клетките малку подолго отколку анандамидот, па затоа и овозможува посилен ефект врз умот и телото. Анандамидот е откриен не многу одамна и сè уште има многу работи кои допрва треба да се откријат за него и за неговата улога во нашето тело. Сепак, се знае дека тој е одговорен за важни функции во организмот, како одржување на расположението, чувството за глад, благосостојбата по физичката активност и други витални функции во телото.
Автор: Ангела Т.
No comments:
Post a Comment