Триесет и две годишниот Даниел од Радовиш е поранешен фудбалер на кој во 2011 година му беше дијагностициран улцерозен колитис, болест на дебелото црево. Сулфасалазинот и другите слични синтетички фармацевтски „лекови“ коишто му беа препишувани не помагаа, сè додека тој самиот на Интернет не прочитал дека вреди да проба да се лекува со домашно подготвен екстракт од канабис и дека други пациенти се имаат излечено, заедно со соодветна исхрана, масажи, бањи и други природни методи. Даниел уште не е целосно закрепнат, но резултатите потврдуваат дека повеќе нема ни трага од болеста! Тој ќе продолжи уште некое извесно време да зајакнува алтернативно, додека повторно не се врати растрчан на фудбалските терени!
* Како канабисот ги ублажува симптомите при цревни воспаленија?
* Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?
* Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?
Даниел Луков се излечи со канабис |
1. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека фармацевтските лекови се токсични и во најголем дел од случаите, како твојот не помагаат! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да ја убиеш твојата дијагноза?
- Во потрагата по природен и нетоксичен алтернативен начин на лекување, бидејќи по консултацијата со конвенционалната медицина, ни беше кажано дека за овие заболувања нема лек. Ние не сакавме тоа да го прифатиме како факт и на Интернет дознавме дека канабисот може да ми помогне, поради тоа што читавме сведоштва од странски пациенти кои боледуваат од овие болести, а се лекуваат успешно со канабис.
2. Дали знаеш која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? Како го консумираше канабисот на почетокот од лекувањето (на кои начини и колку често)?
- Било која врста на канабис со поголема концентрација на THC мене ми помага, а сите ми се омилеми :) Прво по пат на пушење, за намалување на болките, а потоа почнав да користам домашно изработено масло од канабис.
3. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери и секакви здравствени проблеми со дебелото црево, отколку оралното консумирање преку уста? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали имаш пробано канабис супозитории и како ги подготвуваш?
- Да, меѓутоа за оваа метода на лекување со канабис масло дознав малку подоцна и можам да потврдам дека токму на овој начин јас доживеав значителни подобрувања. Ги подотвував сам во својот дом со домашно канабисово масло и кокосово масло. Најпрво ги правев во алуминиумска фолија и ги ставав во замрзнувач, ги сечев со нож, немаа идеална форма, но ја завршуваа работата. Тогаш сè уште немаше празни калапи за чепчиња во аптеките.
4. Дали ти беше тешко да дојдеш до квалитетна марихуана? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек? Дали на почетокот го набавуваше готово или го подготвувавте сами во својот дом?
- Не е лесно да се дојде до квалитетна марихуана. Мојата мајка на почетокот беше против, но потоа си легна на брашното, откако виде дека кај мене канабисот има позитивни ефекти. Првото масло ми го направи еден другар. Поради тоа што не можев да најдам квалитетна марихуана и да правиме сами, следните залихи ги набавував на црниот пазар преку наши контакти од Албанија.
5. Дали твоето семејство или некои членови имаат некакви реперкусии поради незаконитоста на твоето лекување?
- Да, мојот брат сакајќи да ми помогне поради тоа што финансиски не бевме во можност да го купуваме маслото, се реши да посади неколку стебла што резултираше со една година затворска казна.
6. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото?
- Јас немав никакви проблеми со прилагодувањето на мојот организам на дозата, поради тоа што не бев почетник, затоа што уште пред болеста порано имам консумирано канабис по пат на пушење. Ефектот од маслото беше најголем кај болките, тие престануваа веднаш. Поради тоа што кога јас почнав со мојата канабис терапија, маслото и тревата беа премногу скапи, не можев многу да ги зголемувам дозите. На почетокот го дозирав орално по едно зрно ориз наутро и навечер и по потреба кога имав болки, а потоа преку супозитории.
7. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото/канабисот и какви подобрувања?
- ВЕДНАШ!
8. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари?
- Неспоредливо! Откако навистина се уверив дека маслото ми помага, тотално ги баталив апчињата. Некои од нив ми беа препишани за цел живот, а некои од нив, на пример кортикостероидите се штетни за бубрезите, може да предизвикаат оштетувања на коските и ред други фатални нус појави. Додека маслото го прочистува црниот дроб од токсини, покрај тоа што може да помогне кај секоја болест, буквално го регенерира целиот организам.
9. Дали знаеш каков е составот на маслото коешто најдобро ти помага? Дали знаеш колку ТХЦ, а колку ЦБД треба да има?
- Мојата мајка Зуица беше на еден од првите семинарите за канабис во Скопје на кој гостуваа многу страснки професори праша кој е најдобриот сооднос на канабиноиди за моите дијагнози. Тие одговорија дека со поголема концентрација на THC, а помала на CBD.
10. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени, психички или физички состојби (стравови, комплекси...) состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозите поради кои започна да го користиш? Дали ти го промени начинот на размислување?
- Конечно си го најдов мирот и почнав повеќе и поквалитетно да спијам, што претходно беше невозможно поради болките.
11. Што за тебе претставува канабисот сега, а како на него гледаше пред болеста? Кога прв пат во својот живот си пробал канабис?
- Претходно немав оформено мислење за канабисот, а сега тоа за мене е најдобриот природен лек, што прв пат го пробав како тинејџер со пријателите.
12. Дали откако целосно ќе се излечиш, ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно?
- Би го користел по потреба, затоа што не создава зависност и јас повеќе не чувствувам постојана потреба од овој лек.
13. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?
- Заедно со моето семејство сметаме дека треба да биде целосно декриминализиран.
14. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија што ја водиме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!
- Пресреќен сум што постои вакво здружение како вашето коешто се залага за ослободување на овој лек, бидејќи сметам дека на пациентите им е потребна поголема поддршка и охрабрување, а тоа вие го правите неуморно. Јас ви благодарам Вам. Прекрасни сте! Продолжете со работата! Сметам дека за симболична сума секој треба да може да си го анализира сопственото масло во било која лабораторија, а да постои и можност кој сака да си го купи во аптека, но зборувам за full extract cannabis oil.
15. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...
- Канабисот е Божји дар, еден од многуте што Бог ни ги дал за да живееме здрав живот и среќни да можеме да го славиме Бога.
16. Твоја порака до сите противници на ослободувањето на канабисот?
- Прво едуцирајте се, а потоа судете! За нив имам разбирање, поради тоа што не дошле на мое дереџе и не знаат како е да имаш очајна потреба од овој лек и мојата мајка прво беше против.
17. Што друго алтернативно имаш користено покрај маслото и како изгледаше твоето лекување?
- Целосно ја променив исхраната и начинот на живот. Преминав на сирова исхрана, се посветив на природата и Бог. Консумирав и други тинктури од билки, често одев на бања, а од пред извесно време почнав да медитирам, да се молам и да правам терапии со reiki healing и сфатив дека коренот на болестите често пати се темели во тоа што духот и телото не ни се ускладени.
18. Што според тебе треба секој индивидуално да направи или можеби групно, со цел побрзо ослободување на овој сенароден и семоќен Божји лек?
- Јавно и без страв постојано да се зборува, бидејќи сме премногу на број. Да не се плашат дека ќе бидат етикетирани или казнети. Се работи за живот и здравје! Темава треба постојано да биде во центарот на вниманието и секој од нас може да се разболи од некоја болест, како канцер или моите за кои е потребен овој лек.
Докази дека Даниел оздравува! |