Thursday, April 12, 2018

Дали е возможно да се справиме со симптомите на менопауза користејќи канабис?

Менопаузата го означува крајот на менструалниот циклус кај жената. Според Клиниката Мајо (Mayo Clinic), симптомите вклучуваат нерегуларни периоди, промени во расположението, топлотни бранови, сувост на вагината и несоница. Доколку еден од симтомите во менопауза е болка, а следните се несоница и лошо расположение, тогаш има добри шанси дека марихуаната ќе ви помогне


Традиционален третман на менопаузата

Повеќето жени живеат повеќе од една третина од нивниот живот со менопауза.  Поради настанатите непријатни моменти, стресот и зголемената консумација на медицинска марихуана, многумина се прашуваат: Дали е возможно да се справиме со симптомите на менопауза користејќи Канабис? Жените во одреден момент од нивниот живот доживуваат менопауза поради нивната намалена плодност и откако нивните тела ќе престанат да лачат одредени хормони.

За да се контролира хормонскиот дисбаланс, некои доктори препишуваат хормонска терапија. Ова обично се препишува како додаток и тоа естроген и/или прогестерон. Неодамнешните истражувања открија дека Хормонската терапија претставува сериозен здравствен ризик. Според една студија објавена во 2002 година се покажа дека хормонската терапија го зголемува ризикот од појава на рак на дојка и срцеви заболувања.

Подоцна, наредната студија покажаа дека еден од ризиците се деменција (деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи), мозочен удар и згрутчување на крвта со естрогенски дефицит: Според Националното Јавно Радио (National Public Radio), овие студии го намалиле бројот на жени кои земале хормонска терапија за речиси половина. Во интервјуто за радиото д-р Џоан Менсон (Joаnn Manson), која е активна во истражувањето за менопаузата, објаснува дека овие наоди се далеку од јасни.


Oва е голема, комплицирана студија“ - вели д-р Менсон. „Само за еден пример, двете испитувања покажаа дека само земањето на естроген го намалува ризикот од рак на дојката додека пак, консумирајќи го прогестинот тоа го зголемува ризикот за појава на рак на дојката“ - додава тој. Women’s Health Concern тврдат дека, за повеќето жени, непријатноста за време на менопауза ги надминува опасностите од хормонската терапија. Сепак, тие додаваат дека постарите жени треба да бидат внимателни со хормонската замена, бидејќи тие се поизложени на ризик. Резултатот е сведен статистички, шансите на жената за појава на рак на дојката или болести на срцето значително се зголемуваат со консумација на овој третман. Ова значи дека треба да се зема минималната ефективна доза од конвенционалната терапија и како заштита од штетните влијанија од таа терапија, пожелно е да се консумира канабис.


Алтернативни третмани за менопауза

Повеќето жени не се задоволни од хормонската терапија како единствен ,,ефективен“ третман за менопаузата. Наместо тоа, тие се наклонуваат кон суплементи и природни лекови. Лененото семе и сојата содржат фитоестрогени-естроген кој се наоѓа во растенијата, па затоа многу жени ги ублажуваат своите симптони преку исхраната. Експертите велат дека витаминот Е и вежбањето комбинирано се погодни во менопаузата. Но, овие суплементи не можат да ја ублажат менопаузата. За среќа постои семоќнмата билка канабис, со која возможно е да се справиме со симптомите на менопауза. 


Ендоканабинодниот систем

Импакт Канабис (Impact Cannabis), непрофитна асоцијација посветена на истражувања поврзани со медицинска марихуана, ги поврзува дел од непријатностите од менопаузата со намалување на ендоканабиноидното сигналирање. Ендоканабиноидниот систем е биолошки систем на протеини и протеински рецептори чија улога е да се оддржува хомеостаза во телото. Регулира сè, од расположение, до плодност и сензитивност на болка. Истражувањата на канабиноидите во марихуаната, водат кон откритието на ендоканабиноидниот систем во човечкото тело.

Јајниците се дел од ендоканабиноидниот систем. Науката вели дека недостигот на одредени типови на невротрансмитери во ендоканабиноидниот систем продуцираат рана менопауза. Додатно, ниското ниво на естроген што е дел од менопаузата, кореспондираат со ниска активност во ендоканабиноидниот систем. Ова може негативно да влијае врз вашето расположение. Силната врска помеѓу ендоканабиноидниот систем и менопаузата значи дека има потенцијал за со марихуаната да се третира менопаузата. Сепак, поради недостаток на истражувања, научниците сè уште не ги разбираат специфичностите на врските помеѓу овие биолошки процеси.


Она што е добро познат факт е дека марихуаната успешно ја решава болката. Постојат уште помалку научни докази за ефектите на марихуаната врз менопаузата. Знаеме дека канабиноидите од марихуаната функционираат во човечкиот ендоканабиноиден систем. Ова е причината зошто канабисот е ефективен „убиец на болката“, подобрувач на расположение и третира состојби како Паркинсонова болест, предменструален синдром и епилептични напади. Својот потенцијал за олеснување на болката не е ограничен само на кратка листа на состојби. Иако жените имаат помалку канабиноидни рецептори после менопауза, тхц може сè уште да биде моќен алат за справување со (еднократна и хронична) болка.


Марихуана за справување со болката кај жени во менопауза

Постојат уште помалку научни истражувања за ефектите од марихуаната во менопаузата, но искуството на жените кои користат канабис, само потврдува дека оваа билка е лек за полесно да се преброди овој животен циклус. Тоа што го знаеме е дека канабиноидите од марихуаната функционираат во човечкиот ендоканабиноиден систем.

Ова е причината зошто канабисот е ефикасен лек против болки, подобрување на расположението и ja третира состојбата на Паркинсонова болест, предменструален синдром и нападите. Нејзиниот потенцијал за болка е (не)ограничен на бесконечен список од состојби. Иако жените имаат помал број на канабиноидни рецептори по менопауза, ТХЦ сè уште може да биде моќна алатка за справување со болката. Некои експерти предупредуваат дека кај некои постари жени кои имаат пониски нивоа на естроген, потребна е повисока доза на THC.


Автор: Симона Г.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hightimes 


Препорака од Уредникот:







No comments:

Post a Comment