Вчера на 4/20 - денот кога неофицијално секоја година се прославува како празник на марихуаната насекаде во светот, водачот на малцинството во американскиот Сенат, Чак Шумер (Chuck Schumer), ја објави својата намера да воведе документ за декриминализација на билката канабис
„НАПАД: Официјално е. Денес формално го објавувам мојот план за декриминализација на марихуаната на федерално ниво. Време е да им дозволиме на државите, еднаш и засекогаш, да имаат моќ да одлучуваат што најдобро функционира за нив“ - рече сенаторот на Твитер:
Иако многу држави и Колумбија веќе се одлучиле да го легализираат или декриминализираат растението канабис, на федерално ниво, таа и покрај докажаната безбедност и непостоечка леталност, во моментов е категоризирана како наркотична супстанца од прва категорија. Ова значи дека Администрацијата за борба со дрога (Drug Enforcement Administration - DEA) ја дефинира марихуаната како лек „без моментално прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба“. Со ова, марихуаната се гони исто така сериозно како и другите дроги од истиот ранг: како хероинот, ЛСД, екстази... Оваа категоризација е подложна на критики што укажуваат на тоа дека опасниот метамфетамин и кокаин, на пример, се наведени како помалку опасни дроги од втор ранг, според ДЕА.
Нова анкета на CBS News |
Потегот на Шумер е првпат раководството во која било страна да го повика Конгресот да ја декриминализира билката. Легислативата нема да ја отстрани марихуаната од нејзината тековна класификација на ДЕА, туку наместо тоа, државите ќе им дадат можност да ја направат достапна комерцијално. Ова, исто така, има за цел да „инвестира критички ресурси во истражување на ТХЦ“ како за младите, така и за безбедноста на патиштата, според Шумер.
„Долго верував дека државите треба да функционираат како свои лаборатории за демократија“ - рече Шумер. „Мојот предлог е чекор во вистинската насока насочена кон отстранување на бариерите на напорите на државите за легализација“. Според истражувањето на CBS News објавено во петокот, шест од 10 Американци веруваат дека тревата треба да биде легална, но повеќето (61 процент) сметаат дека ова треба да се случи на државно ниво.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cbsnews
No comments:
Post a Comment