Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА-Скопје со задоволство ги поканува сите истомисленици, соборци и граѓани да земат учество во овогодинешниот КОНОПФЕСТ 2018 кој ќе се одржи на Денот на марихуаната (20.04.2018) година под мотото „ЕДНА БИЛКА, ЕДЕН ЖИВОТ“ на Школка во Градскиот парк, со симболичен старт од 16:20 часот!
Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам. „Огромна благодарност до сите артисти кои се согласија да настапат на КОНОПФЕСТ, со што даваат неизмерен допринос во борбата за декриминализација на канабисот во Република Македонија. Голема благодарност и до NYSK Holding, OCB, Град Скопје, Аптека Анифарм, Friedrich Ebert Stiftung за поддршката како и особена благодарност до Novatv Web, Kanal 103, City Radio, Radio Bubamara 105,2, Club FM и Antena 5 Radio MK за медиумската поддршка!!!!“ - истакнуваат организаторите на овој настан.
Ве очекуваме во што поголем број да упатиме јасна и гласна порака до надлежните дека времето за декриминализација на канабисот е СЕГА!!!!!!
До кога ќе се криеме?
Ве очекуваме во што поголем број да упатиме јасна и гласна порака до надлежните дека времето за декриминализација на канабисот е СЕГА!!!!!!
До кога ќе се криеме?
Како пионери во активизмот за декриминализација на канабисот на овие простори во Република Македонија и пошироко, како пионери во долгогодишното орање на „нивата“ на која еден ден сите заедно слободно ќе садиме канабис, ја изразуваме нашата неизмерна поддршка, од страна на целиот наш тим 420Macedonia.
Се гледаме на Школка во 4:20 на 04.20.2018! ;)
Се гледаме на Школка во 4:20 на 04.20.2018! ;)
Детали за настанов ТУКА!
No comments:
Post a Comment