Showing posts with label канабиноиден. Show all posts
Showing posts with label канабиноиден. Show all posts

Sunday, July 22, 2018

Останати не толку познати терпени кои може да се најдат во растението канабис

Како што споменавме во нашата претходна терпенска серија, има повеќе од 100 терпени во само еден цвет од канабис. Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис. Еве некои од најпознатите преостанати нетипични терпени:


Како мирисаат одредени терпени?
* MYRCENE

Мирценот е најзастапен терпен во канабисот, каде што најчесто се наоѓа во природата. Всушност, една студија покажала дека мирценот содржи дури 65% од вкупниот теренски профил во некои врсти. Мирисот често потсетува на земјени ноти слични на каранфилче. Исто така, има овошна арома како црвено грозје. Видови кои содржат 0,5% од овој терпен се обично индики со седативен ефект. Исто така е пријавено дека мирценот е корисен за намалување на воспалението и хронична болка, поради што обично се препорачува како додаток за време на третмани против рак. Видови кои се богати со мирцен се: Skunk XL, White Widow и Special Kush. 

Совет за искусни корисници: Мангото содржи мирцен и го зајакнува ефектот на ТХЦ! Ако сакате да почувствувате посилен хај од марихуана, земете манго и јадете го околу 45 минути пред пушењето канабис или консумирањето канабис на некој друг начин. Мангото содржи значителна количина на мирцен, па затоа јадењето пред конзумирање канабис ќе ги зајакне ефектите на ТХЦ и ќе ја зголеми стапката на апсорпција.


Мангото содржи мирцен и го зајакнува ефектот на ТХЦ
* EUCALYPTOL

Исто така познат како cineole, еукалиптолот е примарен терпен на дрвото еукалиптус. Тоа има препознатливи ментолни и ладни тонови во својот мирис, но повеќето видови на канабис не содржат големи количини од него. Обично сочинуваат околу 0,06% од врстите со целосен терпенски профил. Овој терпен се користи во козметиката, како и во медицината. Кога станува збор за неговата медицинска вредност, еукалиптолот ја ублажува болката, но исто така го забавува растот на бактериите и габите. Иако сè уште е во раните фази од истражувањето, овој терпен покажа некои поволни ефекти и врз Алцхајмеровата болест. Еукалиптолот може да се најде во врстите: Super Silver Haze и Headband.


* TRANS NEROLIDO

Ова е секундарен терпен, најчесто пронајден во цвеќињата како што се: јасмин, лимонска трева и масло од чајно дрво. Мирисот на транс-неролидолот потсетува на мешавина од роза, цитрус и јаболка и може да се опише во целина како шумски, цитрусен и цветен мирис. Овој терпен е најдобро познат по своите антипаразитски, антиоксидативни, антифунгални, антиканцерогени и антимикробни својства. Видовите канабис како: Island Jack Herer, Sweet Skunk и Skywalker OG, се богати со неролидол.


* CAMPHENE

Најдобар начин за да се опише мирисот на камфенот се иглолисни дрва, мокра земја и влажни шуми. Камфеновата арома честопати се меша со мирценот, што го претставува оној препознатлив мирис на марихуаната како нејзин заштитен знак. Од медицинска гледна точка овој терпен има голем потенцијал. Кога се меша со витамин Ц, станува моќен антиоксиданс. Тој е широко користен во конвенционалната медицина како лек за проблеми со кожата, како што се егзема и псоријаза. Нејзиниот најголем потенцијал лежи во неговата способност да ги намали нивоата на холестерол и триглицериди во крвта, што дополнително го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Камфенот е присутен во врстите: Ghost OG, Strawberry Banana и Mendocino Purps.


* BORNEOL

Борнеолот, со миризлив ментол мирис, може да се најде во билките како рузмарин, нане и камфорово дрво. Овој терпен е добар природен отстранувач на инсекти, што го прави одлично во спречувањето на болестите како што е вирусот Западен Нил, пренесен од крлежи, болви, комарци итн. Една студија покажа дека борнеолот ги убива клетките на ракот на дојка. Исто така, широко се користи во Кинеската традиционална медицина, поконкретно во акупунктурата. Видови канабис со висок процент на борнеол се: Amnesia Haze, Golden Haze и K13 Haze.


* VALENCENE

Овој терпен го доби своето име од слатките Валенсија портокали - каде што е пронајден во големи количини. Со своите слатки цитрусни ароми и вкусови, се користи како отстрашувач на инсекти, исто така. Овој терпен може да се најде во видови канабис како: Tangie и Agent Orange.


* GERANIOL

Покрај канабисот, гераниолот може да се најде во лимоните и тутунот. Неговиот мирис потсетува роза, трева, праски и сливи. Тој обично се користи во ароматичните производи за бањи и лосиони за тело. Гераниолот покажа многу потенцијал како невропротектант и антиоксиданс. Тој е присутен во видовите канабис како:  Amnezia Haze, Great White Shark, Afghani, Headband, Island Sweet Skunk, OG Shark и Master Kush.

* * *

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 






Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cannacon.org

Tuesday, May 29, 2018

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Научниците сметаат дека откриле нов канабиноиден рецептор чие понатамошно проучување може да отвори нови можности за лекување. Ова ново истражување покажува дека канабисот може да влијае на човечкото тело на нови и невидени позитивни начини


Откако владата на САД конечно им дозволи на научниците да ги истражуваат можните медицински придобивки од канабисот, целата димензија на човечката биохемија која претходно постоеше во сенките одеднаш се префрли во фокус. Деведесеттите години доведоа до откривање на ендоканабиноидниот систем - витална и важна компонента на централниот нервен систем кој игра улога во сè - од когнитивните процеси и сензорите за болка, до регулирање на апетитот и физичката активност, регулирање на сонот и будноста.


Тоа беше откритие на деценијата! Науката има стекнато подлабоко разбирање за тоа како телото управува и се регулира под дејство на ова најбезбедно и најлековито растение. Во годините откако кутијата на Пандора е отворена, подароците не запираат да излегуваат од неа. Бидејќи ендоканабиноидниот систем достигнува толку многу домени на човечкото искуство, тоа е неверојатно плодна почва за истражување. Тоа е како кога Европејците „ја откриле“ Америка. Одеднаш, има нов, богат свет за да се истражи со чудни нови фасцинации од суштинска важност за среќна иднина на целиот свет и општата благосостојба на секое човечко битие.


Анимација на канцерогена клетка
Делувањето врз ендоканабиноидниот систем со помош на канабиноиди од канабисовото растение ветува превенција и лекување на рак, автоимуни нарушувања, депресија и останати психо-физички состојби, болести и нарушувања. Најголеми и најпознати играчи во ендоканабиноидниот систем се два канабиноидни рецептори најчесто наведени како: CB1 и CB2. Овие молекули се центрите кадешто се случува магијата. Како и сите биохемиски рецептори, CB1 и CB2 се протеински молекули кои примаат хемиски сигнали надвор од клетката. Помислете на нив како на малиот црн дел на вашиот телевизор на кој го насочувате далечинскиот управувач. Тие седат заспани додека не добијат сигнал, а потоа се активираат.


Нашето тело има потреба од канабис
Иако овие два рецептори долги години беа познати како единствени, тие не се единствените рецептори во ендоканабиноидниот систем, бидејќи постојат и други атипични рецептори кои се одговорни за други функции во телото и се активирани од страна на други канабиноиди. Сега научниците мислат дека назначиле нов канабиноиден рецептор, кој може да отвори нови можности за лекување. Молекулата за која станува збор оди со името GPR55, но наскоро може да се нарече CB3. Самата молекула за прв пат била откриена во 1999 година во различни делови на мозокот - хипокампусот, малиот мозок, таламусот итн. Новите истражувања откриле дека се крие и во пооддалечените делови од телото, како што се слезината, гастроинтестиналниот тракт и надбубрежните жлезди.


Доколку оваа молекула е навистина канабиноиден рецептор, тоа значи дека тековното разбирање на ендоканабиноидниот систем е многу нецелосно. Оваа молекула е различна од CB1 и CB2, кои делат многу слични карактеристики. За разлика од тоа, GPR55 има помалку од 15 проценти од својот аминокиселински идентитет. Тоа значи дека е можно оваа молекула, која е насекаде низ нашиот мозок и низ неколку други витални делови од нашето тело, да функционира на нов и поинаков начин отколку што мислевме дека е можно. Би било како да откриете дека нервите во прстите не одговараат на допир на истиот начин како што реагираат нашите прсти; наместо насетување на физички објекти, тие можат да ги насетат магнетните полиња.


Колоректален канцер
Потенцијалот тука е гигантен. Тоа би можело да објасни зошто маслата со целосен спектар на канабиноиди (домашно изработените, не тие од аптека) имаат толку разновиден спектар на здравствени придобивки, од кои многу од нив се докажани преку испитувања, а потврдени и преку искуствата на пациентите, но лошо разбрани од научна перспектива. Ако истражувачите можат да го откријат механизмот со кој функционира медицинскиот канабис, тоа може да нè доведе кон развивање на нови и поефективни терапии за сите видови болести. Но, не само тоа. Откривањето на новите слоеви од ендоканабиноидниот систем и разбирањето како истите делуваат под дејство на канабис, има огромен потенцијал да нè научи за начинот на кој нашите тела функционираат и механизмот со кој се борат против болестите.


Сами одгледајте си го лекот!
Присуството на GPR55 во клетките на ракот звучи опасно, но всушност вреди да се размисли подлабоко на оваа тема. Додека точните функции и фармакологијата на GPR55 се далеку од разбирање, ако можеме да дознаеме што работи во клетките на ракот, ќе знаеме повеќе за самиот рак: како и зошто се јавува, како се шири и како да се стопира и уништува, но и како да се спречи пред да се појави. Ако излезе дека можеме да влијаеме на ракот, манипулирајќи со овој нов канабиноиден рецептор или општо целиот ендоканабиноидниот систем на телото, ќе имаме повеќе оружје во нашиот арсенал на анти-туморските природни лекови. Ова е од суштинско значење за здравата иднина на нашите деца.


Меѓу многуте циркулирачки теории за својствата на CB3 е дека телото може да има способност да трансформира еден вид на канабиноид во друг. Ако тоа е вистина и клетките на ракот можно е да го користат CB3 за некоја лоша намена, па може да биде возможно да се открие соодветен канабиноид од канабисот отпорен на промени што ја забавува прогресијата на туморите и воедно ги уништува. Иако на оваа теорија потребен ѝ е долг пат, сепак заради потенцијалните можности и медицински придобивки вреди ова побрзо да биде истражено многу подетално. CB3 би можел да го претстави следниот чекор напред во лекувањето на човечкото страдање.


Едуцирај се повеќе:

* Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

* Човечкото мајчино млеко природно во себе содржи свои сопствени канабиноиди!

* Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

* Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис


Автор, главен и одговорен Уредник, Основач и Претседател на здружението 420Macedonia: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf