Вткаен длабоко во структурата на човечкото тело се наоѓа сложениот систем на протеини познат како канабиноидни рецептори кои се специјално дизајнирани за обработка на канабиноиди, како тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD), едни од основните активни компоненти на марихуаната. Излегува, врз основа на наодите од неколку големи научни студии, дека човечкото мајчино млеко природно содржи многу од истите канабиноиди пронајдени во марихуаната, кои се всушност исклучително витални за правилен развој на човекот и се нарекуваат ендоканабиноиди
Клеточната мембрана во телото е природно опремена со овие канабиноидни рецептори, кои, кога се активираат со екстерно внесени канабиноиди и разни други хранливи материи, ги штитат клетките од вируси, штетни бактерии, рак и други малигноми. И човечкото мајчино млеко е богат извор на ендоканабиноиди, специфичен тип на невромодулаторни липиди кои во основа го учат новороденото дете како да јаде со стимулирање на процесот на цицање.
Ако не биле во овие канабиноиди во мајчиното млеко, новородените деца не би знаеле како да јадат, ниту, пак, тие би имале желба да јадат, што би можело да резултира со тежок облик на негрижа, па дури и смрт. Верувале или не, процесот во телото е сличен на оној како кога одговорните возрасни поединци кои пушат трева и потоа го добиваат она инстантното чувство на глад т. е. „манчиз“ (munchies), исто како новороденчињата кои дојат природно и со самото тоа добиваат мали дози на канабиноиди кои кај нив предизвикуваат глад и го поттикнуваат растот и развојот.
„Ендоканабиноидите биле откриени во мајчиното млеко и активирањето на CB1 (рецепторите на канабиноидните рецептори тип 1) се чини дека се клучни за цицање на млеко ... очигледно активирањето на орално-моторната мускулатура“ - се вели во апстрактот од студијата од 2004 година за ендоканабиноидот рецепторски систем кој беше објавен во Европскиот журнал за фармакологија (European Journal of Pharmacology). „Медицинските импликации од овие нови случувања се далекусежни и сугерираат ветувачка иднина за канабиноидите во педијатриската медицина за услови кои вклучуваат цистична фиброза“.
Студиите за канабиноиди во мајчиното млеко дополнително ја демистифицираат вистината за марихуаната. Постојат два вида на канабиноидни рецептори во телото - видот рецептори CB1 кои постојат во мозокот и видот на CB2 рецептори кои постојат во имуниот систем и низ останатиот дел од телото. Секој од овие рецептори реагира на канабиноидите, било да е од човечкото мајчино млеко кај децата или од сочна марихуана, на пример, кај возрасните!
Ова во суштина значи дека човечкото тело е изградено за канабиноиди, бидејќи овие хранливи материи играат важна улога во заштитата на клетките од болести, ја зголемуваат функцијата на имунолошкиот систем, го штитат мозокот и нервниот систем и ја ублажуваат болката и воспаленијата предизвикани од болести. И бидејќи науката конечно дознава како функционира овој неверојатен канабиноид систем, стигмата поврзана со користењето на марихуаната е, за среќа, во процес на целосно елиминирање.
Во една друга студија за ендоканабиноидите објавена во списанието Pharmacological Reviews уште во 2006 година, истражувачите од Лабораторијата за физиолошки студии при Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (Laboratory of Physiologic Studies at the National Institute on Alcohol Abuse and Alcoholism), откриле уште повеќе за придобивките од канабиноидите. Тие ја вклучуваат нивната способност да промовираат соодветен енергетски метаболизам и апетитна регулација, способност да третираат метаболички нарушувања, да третираат мултиплекс склероза и да ја спречуваат невродегенерацијата и да регулира и лекува уште низа други здравствени психо-физички состојби. Со буквално илјадници објавени студии кои сега ја покажуваат својата безбедност и корисност, канабиноидите, а особено марихуаната од која во голема мера произлегуваат, навистина се „супер“ хранлива органска материја која промовира здравје, со практично неограничен потенцијал во промоцијата на здравјето и спречувањето на болестите.
Со легализацијата на медицинска и рекреативна марихуана ширум светот, користењето на билкава, се зголемува меѓу бремените жени. Постои причина дека многу од овие жени ќе продолжат да користат марихуана откако ќе се породат. Сега истражувачите развија нов метод за да помогнат да се утврди што значи ова за потенцијалното пренатално изложување на новороденчињата на активните соединенија во марихуаната, коишто гиимаи во мајчиното млеко. Нивниот извештај се појавува во зборникот ACS Omega.
Канабиноидите, активните соединенија од марихуаната, како што се тетрахидроканабинолот (ТХЦ) и канабидиолот, се соединуваат со маснотии, што е во изобилие во мајчиното млеко. Оваа лепливост сугерира дека кај жените кои користат марихуана, овие соединенија може да завршат во мајчиното млеко. Здравствените ризици за овие доенчиња во голема мера остануваат неопределени. Ова делумно се должи на ограничената способност на истражувачите за прецизно мерење на активните соединенија од марихуаната во млекото. Тековните аналитички методи можат да го детектираат ТХЦ на ниво од 1,5 нанограми на милилитар или повисоко, но ниеден тековен метод не може да го мери канабинолот или канабидиолот во млекото.
Истражувачите во Центрите за контрола на болести и превенција развија метод кој започнува со сапонификација - процес кој често се поврзува со создавање на сапун - да се одвојат канабиноидите од маснотиите во млекото. Со овој пристап, тимот може да открие нивоа на траги (пикограми по милилитар) на активни марихуана соединенија, вклучително и канабинол и канабидиол, за кои велат дека би можеле да бидат присутни во млеко поради експозицијата од втора рака. Истражувачите велат дека нивниот пристап би можел да придонесе за идните студии дизајнирани да ги одредат потенцијалните придобивки по здравјето од изложеноста на бебето на дејството од канабисот.
Автор: MoniQue Konopova
Извори: Natural News, American Chemical Society
No comments:
Post a Comment