Friday, November 17, 2017

Канабиноидите им се неопходни на бебињата за да израснат во продуктивни личности

Ендоканабиноидите - канабиноиди природно произведени во луѓето, постојат во секој дел од телото. Тие и нивните рецептори се наоѓаат во нашите мозоци, имуни системи, стомаци, репродуктивни органи, крвни садови, сврзни ткива, централен нервен систем, периферен нервен систем - буквално секаде каде истражувачите успеале да видат - ендоканабиноиден систем! 


Сите имаме ендоканабиноиден систем!
Иако е именуван според канабисот, според Мартин А. Ли (Martin A. Lee), директор на проектот ЦБД вели - „овој антички, внатрешен, сигнален систем почнал да еволуира пред 600 милиони години (долго пред канабисот да се појави) кога најкомплексната животна форма биле сунѓерите“. Тој еволуирал со нас - како и во секое животно, освен инсектите и е неопходен за хомеостаза на нашите тела и умови. Преку имуниот систем, канабиноидите ја имаат таа моќ да ја наложат температурата на телото да изискри треска која ќе убие вирус или бактерија и потоа да ја спушти кога отстранувањето е завршено.


Како фунционираат ендоканабиноидите?

Во мозокот, невротрансмитерите обично се ослободуваат во синапса, патуваат долж линијата на пренос на информации, а потоа се врзуваат за местото на рецепторот. Но, канабиноидите работат наназад, најпрво се врзуваат за рецепторот, а потоа му кажуваат на процесот да се олади или да го забрза ослободувањето на други хемикалии. Забавувањето на процесите во мозокот е начинот на кој телото помага со инхибиција на нападите, смирување на анксиозноста и умерени други прашања кои се резултат на хиперактивно или неправилно насочено дејство на невротрансмитер. Според Neuroscientist, Григориј Герман (Gregory Gerdeman) од Eckerd College, CBD го забрзува пуштањето на хемикалии и најверојатно ќе биде важно за многу мозочни активности, почнувајќи од регулирање на телесната температура и стрес кон перцепцијата на стравот, просторот и времето.

Истражувањата почнале на индивидуални канабиноиоди во 1940-тите кога љубопитни истражувачи погледнале во терапевтските потенцијали на канабисот, но дури во 1980-тите неврологот Алин Хоулет (Allyn Howlett) открил за постоењето на канабиноидни рецептори во луѓето. Мартин А. Лее во поглавје од неговата книга „Mellow Mayhem“ објаснува дека истражувачите направиле увид во мозокот и откриле дека бројот на канабиноидни рецептори е многу поголем од сите други типови на невротрансмитерски рецептори. Канабиноидните рецептори биле лоцирани во региони одговорни за сеќавање, високо-спознајни функции, движење, апетит и емоции. Рецепторите функционираат како суптилни сензорни уреди - суштински, ловејќи канабиноиди во секоја клетка.


Канабиноидите се суштински од најраните етапи на животниот циклус

Во 1992 г., хемичарот Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) открил ендоканабиноиди. Ендоканабиноидниот систем (ЕКС) на мозокот е суштински уште од најраните етапи на човековиот развој. Канабиноидните рецептори „пролиферираат во плацентата и овозможуваат неврохемиска комуникација меѓу ембрионот и мајката“ и потоа делуваат како водачи за фетална пролиферација и диференцијација на нервни матични клетки. Во суштина, ова им помага на мозочињата од бебињата да ги алоцираат ресурсите во соодветните патеки на развој. Канабиноидите се суштински за развој на бебето до тој степен што ги има во мајчиното млеко. Истрачувачот Естер Фриде (Ester Fride) покажал дека стаорци без канабиноидни рецептори добиваат бебиња кои не се развиваат.

На возрасните, ендоканабиноидите им помагаат во неврогенезата, им помагаат на матичните клетки да стигнат каде што се потребни за да ја елиминираат оштетата од мозочни удари и трауматски мозочни оштетувања. Хроничниот стрес го намалува бројот на ендоканабиноидите во мозкот и телото, влијаејќи врз цело телесно функционирање - што е можеби причина зошто луѓето се подложни да се разболат кога се под стрес. Не само што ендоканабиноидите му помагаат на телото да ја модерира стабилноста и развојот, туку и зајакнуваат форма на учење, наречена долгорочна потенцијација. Овој процес овозможува зачувување на информации поради зацврстување на синапсите. Со зацврстување на врската меѓу два неврони, се верува дека долгорочната потенцијација им помага на сеќавањата да се кодираат што сугерира добротворна врска меѓу зголемено долгорочно потенцирање и третман на состојби како Алцхајмеровата болест. Умереноста и здравото функционирање на ЕКС е суштинска за човековиот развој, правејќи го можеби најважното поле на истражување моментално во медицинскиот свет.

*Истражувајќи за овој текст, дојдов до сознанија кои и мене многу ме изненадија. Меѓу другото, не ни претпоставував дека во самото мајчино млеко има канабиноиди. Сега сум уште повеќе уверен дека канабиноидите се ЕДНОСТАВНО НЕОПХОДНИ за целокупен и непречен развој на секој еден човек и животно!!!

Извор: HERB

No comments:

Post a Comment