Showing posts with label внатрешно. Show all posts
Showing posts with label внатрешно. Show all posts

Sunday, April 28, 2019

Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

Внетре или надвор? Под сијалица или на сонце? Како е подобро? Можеби нешто помеѓу? Одговорот е поврзан со причината заради која канабиот е одгледуван. Повеќе производители на канабис во светот бараат да профитираат од одгледување на отворено, за производство на прехранбени артикли и пијалаци, но фармацијата бара строго контролирани (вештачки) услови за растење на билката


Внатре или надвор? Како е подобро?
Додека сигурно постои простор за дебата, многумина сметаат дека внимателно одгледуваниот индор (внатрешен) канабис дава најдобри суви цветови, додека пак, канабисот кој се одгледува на отворено и на големо може да одговара на потребите за оние сè уште недостапни екстракциони производи. Аутдор (надворешното) одгледување е добро кога „... не ви треба туфка со врвен изглед“ - вели Жанет ВандерМарел (Jeannette VanderMarel), ко-главен извршен раководител и директор на 48North Cannabis Corp. Затвореното производство нуди најголема контрола врз условите за одгледување. Полузатвореното производство со оранжерии/стакленици и пластеници е интересна опција и е некаде на средина, бидејќи иако тие се затворени простори, се потпираат на природната сончева топлина и светлина и често се изложени на влијанијата од надворешната средина, вели Алан Ревак (Allan Rewak), потпретседател за комуникации и односи со засегнатите страни во Emerald Health Therapeutics Inc.

Надворешно производство


Постојат три основни методи за одгледување на канабис на големо:

1. Контролирано затворено производство;
2. Оранжерии;
3. Надворешно одгледување со комерцијални размери - додава тој.



Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис надвор? 

Заштеда на енергија
48North беше првата компанија која аплицираше за одгледувачка лиценца на отворено во Канада, а ВандерМарел го наведува она што го гледа како неколку позитивни страни од одгледувањето надвор - одгледувачите имаат можност да добиваат поголеми и побрзи приноси кога висината и кореновиот раст на растенијата не се ограничени од стаклениците/пластениците или објектите за одгледување (grow rooms), што би можело да помогне во решавањето на недостигот од залиха во оваа индустрија. Најочигледните придобивки од растењето на отворено, сепак, се заштедите на енергија од растење во природна средина, како што е можноста за целосно искористување на сончевата светлина. Покрај тоа што овој начин е повеќе енергетски ефикасен, емисијата на јаглерод на полето е исто така многу помала, а исто така многу од пациентите веруваат дека најдобар благословен лек се прави од билките кои се одгледани на природен начин, наместо во вештачки услови.


Таа додава дека растенијата произведуваат терпени т.е. соединенија во етеричните масла, за да се заштитат од штетници и патогени. „Надвор, [канабис билките] имаат тенденција да произведат повеќе, бидејќи се повеќе изложени на елементите“ - забележува таа. Терпените, исто така, можат да ги подобрат медицинските ефекти на канабисот. Се разбира, растењето на отворено не е без предизвици, особено поради тоа што сезоната на растење е ограничена од зимите (во Канада), а голем недостиг кај овој начин е и непредвидливоста на временските климатски услови (како на пример премногу дождови, ветрови и сл.). „Можеби ќе имате можност да добиете една или две реколти, ако имате среќа, додека пак, можете да добиете три до четири во нормална година од стаклените градини во големи размери“ - вели Ревак.




Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис внатре?

Внатрешно одгледување - контролирани услови
Затворените објекти за одгледување и стаклениците, како и хибридните верзии на овие два производствени начина им овозможуваат на одгледувачите да растат преку целата година и да ги намалат ризиците од микробактерии и штетници. Ревак укажува на објектот на Aurora Cannabis надвор од меѓународниот аеродром во Едмонтон, кој е хибриден затворен објект со стаклен покрив (за сончева светлина), кој „е под висок притисок за да ги заштити честичките и опасните микроорганизми надвор од производствениот систем“. На отворено - „постои помал степен на контрола и зголемен ризик од надворешни фактори, без разлика дали тоа е микробактериски материјал од почвата, итн, така малку е потешко да се контролира квалитетот“.


Хибридни пластеници и стакленици (полузатворени простори)
Додека повеќето затворени објекти и оранжерии не се хибридни како што е објектот Aurora Sky вели Ревак, експертите се согласуваат дека недостатокот кај затвореното производство е дека тоа е најмалку енергетски ефикасен метод поради неговата употреба на вештачко осветлување додава ВандерМарел, потоа трошоци за греење и вентилација (HVAC - Heating, ventilation, and air conditioning). На крајот, ова го прави затвореното производство поскапо. Марк ЛеБланк (Marc LeBlanc), претседател на стартап компанијата во Њу Бранзвик (една од провинциите во Источна Канада) Solargram Farms Corp. вели дека неговата компанија има строго планови за на отворено сега, бидејќи се надева дека ова значително ќе ги намали трошоците за одгледување на канабисот. „Цифрите што ги гледаме за одгледувачите во затворен простор секаде се движат меѓу 1,50 до 3 долари за грам. Нашиот модел на трошоци е под 25 центи“ - вели ЛеБланк.


Употреба на сончевата светлина и топлина
ВандерМарел, исто така, изрази уверување дека приносите на нејзината компанија ќе достигнат приближно 25 центи за грам, додека информациите од веб-страницата на Канада Compliance Inc. забележуваат дека: „трошоците за производство на многу ефикасната операција во затворен простор од големи размери се движат од 1 до 3 долари за грам, додека отвореното одгледување, теоретски, може да донесе комерцијални трошоци за производство под 25 центи за грам врз основа на нашето моделирање“. ЛеБланк понатаму ги цитира неодамнешните бројки од Statistics Canada кои покажуваат дека околу 80 отсто од потрошувачите на канабис сè уште купуваат од црниот пазар и покрај легализацијата. „Тоа значи дека тоа е или поради цената или потрошувачите ги отфрлаат производите кои се веќе во продавниците за канабис“ - објаснува тој.


Генерално, растењето во затворени простории нема да излезе од употреба во скоро време. 48North на пример, ќе ги задржи своите два лиценцирани објекти за складирање на премиум сушени производи, но како потрошувачите настојуваат да купуваат повеќе екстракциони производи откако тие станаа легални, лиценцираните производители се надеваат дека оваа есен ќе предводат на патот со големите фарми. „Јас често ја користам аналогијата дека не нè гледате како растеме масло од канола или пченка за етанол во затворен простор. Тоа се надворешни производства и тоа е местото каде што било кој екстрактивен производ се одгледува“ - коментира ВандерМарел.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Тhegrowthop

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Како инвеститорите на марихуана прават акции? 5 задолжителни книги пред да инвестирате во канабисот

Одгледувачите на зеленчук се свртуваат кон канабисот за да ја забрзаат промената

Како одгледувањето канабис ми помогна да станам експерт по градинарство


* * *

КОРИСНИ СОВЕТИ:







Sunday, October 22, 2017

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!


Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.  


Не се фокусирајте на вредностите од сликава :)
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.

Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.


Дефолијација (defoliation)!

Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси. 


Поздрав од Александар Пешев, Лондон (мувла)
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!


Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла 

Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:

1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)

2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!

Super Sweet Tooth







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Monday, September 11, 2017

Одгледување канабис во стаклена градина

Култивирање на канабисот во стаклена градина: Кои се придобивките?

Оранжериите стануваат најпопуларен начин за одгледување на канабис. Тие ја искористуваат моќта на сонцето, обезбедуваат топла клима и ги штитат билките од суровите еколошки услови. Во основа, стаклената градина овозможува целогодишно одгледување, контрола на климата и контролирана изложеност на сончева светлина. Уште повеќе, тие се поевтини од одгледување во затворен простор (во гроу боксови) под сијалици и произведуваат поконзистентен производ, кој сепак е одгледан на поприроден начин.



Како функционира стаклената градина?

Како стаклената градина (или пластеникот) останува топла дури и кога надворешната температура на воздухот е ниска, под нулата? Ова се случува преку процес познат како „ефект на стаклена градина“ (greenhouse effect). Соларната радијација (енергија од сонцето) поминува низ проѕирните ѕидови на стаклена градина и ја загрева почвата и растенијата. За возврат, почвата и растенијата ја ослободуваат оваа енергија како инфрацрвено зрачење кое не може да избега од стаклената градина. Топлината е заглавена и го загрева воздухот. Ефектот на стаклена градина ги отвара вратите за целогодишно одгледување. Сепак, канабисот е растение кое има потреба од соодветна континуирана изложеност на осветлување и соодветна температура за време на конкретните циклуси во текот на растот, развојот, цветањето и созревањето.



Освежување на животниот циклус на канабисот

Во есен, зима и пролет, сонцето останува пониско на хоризонтот. Поради ова, растенијата добиваат помалку енергија и имаат поотежнато време за да растат. Канабисот бара сончева светлина повеќе од 12 часа на ден за да остане во вегетативен раст. Откако растението ќе добие 12 часа или помалку од сончева светлина на ден, ќе почне да цвета и да произведува пупки богати со трихоми. На отворено, растенијата генерално се садат околу јуни, се на вегетација во долгите денови на летото, а потоа почнуваат да цветаат во раната есен кога деновите стануваат пократки. Напредните оранжерии овозможуваат контрола на светлинските циклуси потребни за професионално да се одгледува канабисот. Други алатки за манипулација вклучуваат дополнително осветлување, опрема за контрола на климата (одвлажувачи, навлажнувачи грејачи, климатизација, вентилатори за стимулирање ветер) и можност за блокирање на сите влезни светла.



Предности од растење канабис во стаклена градина/пластеник

Одгледувањето канабис во оранжериите може да биде поволно во текот на редовното растење на отворено. Овие четири клучни причини наведуваат зошто многу одгледувачи на канабис го одбираат овој начин:


1. Контрола на осветлување

Дополнителното осветлување му овозможува на одгледувачот да ги продолжи часовите на дневна светлина. Таа, исто така му овозможува на одгледувачот да го подобри квалитетот на светлината во облачни денови. Продолжувањето на дневните часови му дава на одгледувачот можност да ги одржува растенијата во вегетативна состојба и да го контролира нивниот природен тек. Подобрувањето на квалитетот и количеството на светлината со дополнително осветлување, исто така помага растенијата енергично да растат дури и кога времето надвор не е идеално.


2. Време и контрола на климата

Контролираната клима е од суштинско значење за производство на лекови цветови со врвен квалитет. Заштитата од надворешните елементи помага во безбедноста на производот. На пример, кога се одгледува на отворено, обилните дождови често резултираат со оштетени и изгниени растенија ако има премногу влага и остануваат заробени внатре во пупката. Растенијата во стаклена градина се заштитени од дожд и имаат одвлажувачи за контрола на влажноста. Покрај тоа, пластениците може да имаат грејачи, климатизација и вентилатори, од кои сите може да се искористат за создавање конзистентна идеална клима за растење, додека сè уште ја искористуваат моќта на сонцето. 


3. Манипулирање со животни циклуси 

Вообичаена практика кај одгледувачите e токму искористувањето на ефектот на стаклена градина, но исто така да се стартуваат циклуси на растенија познати како „light deps“ (светлосни депонии) или депривација на светлина, за време на летната сезона. Тоа му овозможува на одгледувачот да го искористува летното светло, додека истовремено ја ограничува изложеноста на светлина што ја добива билката за да го прелаже растението и со тоа перманентно да се поттикне цветањето.


Тоа му овозможува на одгледувачот да го искористува летното светло, а во исто време да ja ограничи изложеноста на светлина што ја добива. Оваа техника го имитира светлосниот циклус како кај одгледувањето во затворен простор. Оваа техника на стаклена градина имитира циклуси на осветлување во затворен простор и му овозможува на одгледувачот во оранжерии да ја собере првата жетва на културата во почетокот на август, повторно да засади, а потоа да ја собере втората реколта на есен.

За да продолжи со производството на култури за време на есен, зима и рана пролет, одгледувачот повеќе се потпира на дополнителното осветлување и грејачите. На зимската краткоденица во Сиетл, на пример, добиваме помалку од осум и пол часа дневна светлина. Покрај тоа, таа светлина е многу ниска на небото и сиромашна за градинарството. Во стаклената градина, таа светлина сепак ќе помогне да се загрее просторот, но одгледувачот ќе треба да користи дополнително осветлување за одржување на квалитетен производ и за продолжување на часовите на светлина во текот на денот. 


4. Зашеда на енергија

Способноста да се балансира изложеноста на светлина, да се користи дополнително осветлување и да се одржи стабилноста на климата, овозможува во стакленик да се одгледува канабисот во текот на целата година. Разликата е во тоа што одгледувачот користи само дополнителна механика за светлина кога Мајката природа веќе не обезбедува идеална средина. Ова резултира со значителна заштеда на енергија, додека квалитетот на производот останува доследен. Многу култури кои бараат специфични средини одамна се произведуваат во оранжериите, вклучувајќи домати, лиснато зеленило и пиперки, па зошто да не одгледуваме и канабис дома и во оранжериите? Бидејќи легализацијата на производтвото на канабисот се шири и на Балканов, земјоделците го сметаат за безбеден и финансиски корисен за премин од магацини до оранжерии како што се развива индустријата.

Извор: Leafy
Автор: К. К.