Showing posts with label чад. Show all posts
Showing posts with label чад. Show all posts

Saturday, September 1, 2018

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување


* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите!
Чад од марихуана и чад од тутун

Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!


Зависност од тутун и зависност од марихуана

Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.


Никотин VS. THC

Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови. 


Канцер

Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген! 


Белодробна функција

Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.


Да заклучиме...

Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily

Friday, September 22, 2017

Како канабисот ја третира астмата и го олеснува дишењето?

Истражувањата покажале дека канабиноидите од канабисовото растение ги заштитуваат белите дробови и ја ублажуваат констрикцијата и непријатноста предизвикани од астмата. Проценето е дека едно од 12 деца страда од астма - хронична болест на дишните патишта која се појавува во детството. Иако повеќето астматичари искусуваат минимални симптоми, болеста е поврзана со 3.000 смртни случаи годишно


Канабисот е познат бронходилататор!
Повеќето астматичари го изоставаат канабисот како варијанта стравувајќи од влошување на нивните симптоми. Но, спротивно од вообичаеното верување, истражувањата покажуваат дека канабисот има позитивно влијание врз белите дробови и го олеснува дишењето. Всушност, канабисот повеќе им помага отколку што им штети на пациентите со астма. Чадот од тутунот не е ист со чадот од тревата. Чадот од тутунот е штетен за белите дробови, па оние кои пушат цигари, се препорачува и да консумираат марихуана.

Канабисот во поголем степен ги отвора отколку што ги затвора воздушните патишта во нашето тело! Истражување објавено во Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics покажало колку канабиноидите ги заштитуваат белите дробови. Експериментирајќи на гвинејски свињи, истражувачите ја измериле способноста на канабиноидите да ја спречат бронхоконстрикцијата (стеснувањето на бронхиите). 

Алфа-пинене го олеснува дишењето!
Посебно внимание посветиле на ТНС, ЦБД, ЦБГ, ЦБЦ, ЦБД-А и ТХЦ-В канабиноидите. Откриле дека ТХЦ и ТХЦ-В (THC-V) се единствените канабиноиди кои ја спречуваат констрикцијата и дека ТНС е поефективен. Значи, канабисот делува како бронходилататор, а не како бронхоконстриктор! Резултатите биле вчудовидувачки земајќи во предвид дека бронхоконстрикцијата е еден од најголемите проблеми што ги мачат астматичарите. При напад на астма, бронхиолите [воздушни ходници по кои поминува воздухот низ носот и устата до алвеолите (воздушни торбички) во белите дробови] се стеснуваат. Како резултат на тоа, стапката на проток на кислород е многу намалена. Но, според ова истражување канабисот им помага на бронхиолите да се отворат.

Лекот се крие во трихомите!
Истражување од 1974 година покажало дека бронходилаторниот ефект на канабисот е послаб од тој на исопротеренол-от, но трае доста подолго и дека е еднакво ефективен како салбутамол-от, кој пак, постигнува максимална бронходилатација за пократко време. Д-р. Рејчел Нокс (Rachel Knox), шеф на Minority Cannabis Bussiness Association, вели: „ТНС е многу моќен бронходилататор и е тоа што ни треба кога лечиме астма. Кога астматичарот добива напад од астма, бронхиолите се стеснуваат меѓу себе и значително го отежнуваат дишењето. Тогаш, внеси ТНС. ТНС веднаш ќе ги отвори и дишењето ќе се подобри“


Канабисот поседува моќни антивоспалителни својства!


α-Pinene го има во рузмаринот, но и канабисот!
Канабисот има добро познати антивоспалителни својства реагирајќи со канабиноидните рецептори низ телото вклучувајќи ги и белите дробови. На пример, едно истражување во весникот Mediators of Inflammation открило дека канабиноидот ЦБД го намалува прекумерното лачење на слуз кое е главна карактеристика на астмата. Иако истражувањето не е извршено врз луѓе, научниците заклучиле дека ЦБД е моќна и успешна природна и безопасна состојка при третирањето на астмата, бидејќи го регулира претераното воспаление во телото. Овие кристалчиња со форма на печурки се трихомите на канабисот и содржат најголем број од активните канабиноиди од растението.


Канабисот ја намалува бронхијалната вкочанетост!

Канабисот е познат по своите релаксаторни својства, познат е по опуштањето на мускулатурата. Бронхоспазмот пак, (бронхијалната вкочанетост) е ненадејна констрикција на мускулите во белите дробови која може да предизвика груби реакции во дишењето кај астматичарите. Но, канабисот има неверојатен ефект при ублажувањето и елиминирањето на мускулните контракции. Како? Релаксирајќи ги мускулите во белите дробови, воздушните патишта се прошируваат и така се зголемува протокот на воздух!

Од фановите од Куманово
Според др. Џесика Нокс (Jessica Knox) тоа е резултат на присуството на алфа-пиненот во канабисот. Значи, консумирањето канабис резултира со акутна бронходилатација! Алфа-пиненот (α-Pinene) е терпен кој се скоро сите врсти канабис. Исто така, се наоќа во маслата од иглолисните дрва, како борот, но и во есенцилајното масло до рузмарин!


Кој е најдобар метод за третирање на астмата со канабис?

Значи, позитивното влијание на канабисот врз астматичарите е очигледно, иако многу од нив се двоумат и плашат да го пробаат... Токму пушењето/вапоризирањето/инхалирањето канабис е најдобриот начин за справување со проблемите со дишење. Благодарение на модерната технологија, постојат повеќе софистицирани начини за консумирање на канабисот и третман со истиот. Вапоризацијата е еден од тие начини - испарувањето на канабисот. Испарувањето (вапоризирањето) е многу попријатно за консумирање и го пренесува лекот без никаква иритација, затоа што се вдишува студен чад.

Вапоризирањето е попријатно од џоинт
Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки доктор во полето на медицински канабис, открил дека испарувањето на канабисот е високо ефективно решение за пациентите со астма бидејќи обезбедува поголема температурна контрола. „Можеби 90% од астматичарите можат да вдишат испарлив канабис... Ако го направат то правилно, ќе можат да дишат подлабоко, да си ги прошират белите дробови и да ја ублажат констрикцијата“ - истакнува тој. Доктор Сулак препорачува ДНЕВНО ДОЗИРАЊЕ како лек и за подобра контрола на астмата.

За брзо ослободување од болката при напад од астма, тој препорачува тинктура или испарувач бидејќи така лекот ќе се нанесе без никаква иритација. Но, пред сè, д-р Сулак ги советува пациентите да го слушаат своето тело. „Многу е важно да го слушаш твоето тело. Ако користењето на испарувач ти предизвикува кашлица или ти ги влошува симптомите, тогаш не треба да го користиш овој метод“ - заклучува тој. При таков случај, тој препорачува орална ингестија - џвакање на канабисот, маслото од канабис или тинктурата нанесена сублингвално - под јазикот.

Извор: Wake Up World