Showing posts with label CBC. Show all posts
Showing posts with label CBC. Show all posts

Friday, September 14, 2018

КАНАБИХРОМЕН - СВС: Третиот најчест и недоволно истражен канабиноид!

Канабихроменот - ЦБЦ е третиот најистакнат фитоканабиноид во конопот, иако за него не се знае многу, затоа што не е толку искомерцијализиран како Канабидиолот - ЦБД. Она што се знае за него е дека игра клучна улога во неврогенезата, намалувањето на болката и на воспалението, а поседува аналгезични својства и не е психоактивен


КАКО ФУНКЦИОНИРА ЦБЦ?

CBC - Cannabichromene е еден од најпреовладувачките, а недоволно истражени канабиноиди и е третиот најчест канабиноид во канабисот, покрај ТНС и CBD и се верува дека не е психоактивен. За прв пат откриен во 1966 година, канабихроменот е структурно сличен со другите канабиноиди. Сепак, се верува дека игра клучна улога кај анти-воспалителните и аналгетските својства на канабисот. CBC взаемно дејствува преку CB1 и CB2 рецепторите кои вродено ги имаме низ телото и мозокот. Се поврзува и со други нетипични рецептори, како TRPA1 и TRPV1. Овие канали, како и ЕКС (ендоканабиноидниот систем) опфатен од канабиноидните рецептори, се поврзуваат низ целото тело, во сите ткива и органи. Играат клучна улога во пренесување сигнали на болка и воспаление испратени во други делови на телото. Зошто? Што е тоа „TRP“? Тоа е кратенка за канали со непостојан рецепторен потенцијал што значи дека тие се „СОС“ канали преку кои се испраќаат сигнали за болка и воспаление. 



ПОВЕЌЕ-КАНАЛЕН КЛУЧ?

Овие непсихоактивни канабиноиди како CBC имаат улога на додатни клучеви или кодови. ЕКС можеби е главен регулатор, меѓутоа страничните канали како и други мрежи во телото можат да бидат стимулирани од додатните канабиноиди од канабисот (синергиски ефект). За пример, да го замислиме телото како електричен систем на канали. ЕКС е еден канал со канабинодни рецептори и канабиноидите најмногу го стимулираат ЕКС, но имаат пристап и до други рецептори. Поради ова, CBC може да се смета за канабиноиден специјалитет сам по себе. Може да се користи за третман на одредени здравствени состојби. Ова само по себе е револуционерен начин за да се размислува не само за ЦБЦ, туку за целата испреплетена мрежа на сите потенцијално корисни канабиноиди кои работат меѓусебно помагајќи си едни на други и правејќи си пат за дејствување.



КОИ СОСТОЈБИ ГИ ТРЕТИРА CBC?

Благодарение на недостатокот на истражувања и податоци за ЦБЦ, не е јасно како точно овој канабиноид може да управува со болката? Тоа мора да се разбере со идните испитувања и третмани. Може да се испита кај секое нарушување во движењето, каде што воспалението е исто така особина на заболувањето, како што е артритис. Покрај класичните воспаленија и болки, ново истражување од Весникот за експериментална дерматологија (Journal for Experimental Dermatology) открило дека СВС е погоден за третман на акни, бидејќи ја намалува продукцијата на лој од лојните жлезди и го намалува влијанието на арахидонската киселина врз кожата и жлездите. Уште повозбудлив е фактот дека СВС ја стимулира неврогенезата (раст на нервно ткиво). Можеби тој е и клучниот канабиноид кој влијае или ја забавува дегенерацијата на клетките при депресија, Алцхајмер, Паркинсонова болест и болести на моторните неврони, всушност може да се нарече „канабиноид на младоста“.


Својствата на овој канабиноид без сомнеж се фасцинантни. Дури и со малку евиденција за експерименти врз човекови клетки, СВС полека си го завзема својот трон, еве зошто: 
  1. CBC и неврогенеза: Истражување на глодари објавено во 2013 година потврдува дека СВС позитивно влијае врз растот на нови клетки;
  2. CBC ги намалува хроничниот стрес и депресијата; Студијата на Универзитетот во Мисисипи утврди дека стаорците третирани со ЦБЦ дале подобри резултати на стрес-тестовите;
  3. CBC е антивоспалителен, а во комбинација со ТНС и CBD функционира поефективно, како и комбинацијата на било кои два од нив наместо само едниот (поради entourage ефектот);
  4. CBC има големо влијание врз болката. Истражување од 2011 година објаснило дека СВС стимулира мрежи за ублажување на болка кај животни;
  5. CBC има антибактериски својста за кои се знае веќе околу 40 години. Истражувања од 1980 година покажале дека СВС директно влијае врз смртоносни бактерии како E. coli

КОИ ВРСТИ КАНАБИС СОДРЖАТ СВС?


Истражување кое датира од 1970-тите открило дека локалните теренски врсти канабис од Индија имаат високо ниво на CBC. Во нив, СВС е позастапен од CBD. СВС е содржан во повисоки нивоа кај помлади растенија. Во присуство на топлина и светлина, природно се распаднува до друг канабиноид наречен Канабисиклол (Cannabicyclol). Иако ТНС и CBD се најчести канабиноиди, истражување од 2013 ги анализирало канабиноидите од една од најраспространетите врсти во Европа наречена Bediol, кадешто СВС и CBN (Канабинол) – биле идентификувани како елементи во трагови.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







* * * 






Monday, November 6, 2017

Најчестите канабиноиди пронајдени во канабисот

Билката канабис содржи стотици активни соединенија наречени канабиноиди, кои се наоѓаат во секој дел од растението: цветот, листот и стеблото. Истражувачите идентификувале над 70 уникатни канабиноиди во билката канабис. Еве ги најпознатите:

Канабиноидите делуваат синергиски! Не треба да се изолираат!

1. Тетрахидроканабинолна киселина (THCA) -Tetrahydrocannabinolic Acid

THCA е главната состојка на суровиот канабис. THCA се претвора во Δ9-THC под дејство на висока температура, кога гори или се загрева на одредена температура (декарбоксилација). THCA, CBDA, CBGA и другите кисели канабиноиди имаат најголема инхибиција на COX-1 и COX-2, што придонесува за анти-воспалителните ефекти на канабисот. Овој канабиноид исто така делува како антипролифератив и антиспазматик.


2. Тетрахидроканабинол (THC) - Tetrahydrocannabinol 

Најзастапен канабиноид присутен во марихуаната, ТХЦ е одговорен за најпознатите психоактивни ефекти на канабисот и за убивањето на ракот во секој стадиум. ТХЦ делува како делумен агонист кај CB1 и CB2 рецепторите. Соединението е благ аналгетик и лек против болки и клеточните истражувања покажаа дека има антиоксидантна активност.


3. Канабидиолична киселина (CBDA) - Cannabidiolic Acid

CBDA, сличен на THCA, е главната состојка во канабисот со покачени нивоа на ЦБД. CBDA селективно го инхибира ензимот COX-2, придонесувајќи за анти-воспалителните ефекти на канабисот.


4. Канабидиол (CBD) - Cannabidiol

ЦБД има огромен медицински потенцијал особено за третирање секакви форми на епилепсија. Ова е особено точно кога правилен сооднос на ЦБД со ТХЦ се применува за лекување на одредена состојба. CBD делува како антагонист на CB1 и CB2 рецепторите, но сепак има низок афинитет на врзување за двете. Ова укажува на тоа дека механизмот на дејство на ЦБД е посредуван од други рецептори во мозокот и телото.


5. Канабинол (CBN) - Cannabinol

CBN е благо психоактивен канабиноид кој се произведува од деградација на THC. Обично постои многу малку или воопшто CBN во свежата билка. CBN делува како слаб агонист на CB1 и CB2 рецепторите, со поголем афинитет за CB2 рецепторите од CB1. Деградацијата на ТХЦ во CBN често се опишува како создавање на седативен ефект, познат како „couch lock“.


6. Канабигерол (CBG) - Cannabigerol

Непсихоактивниот канабиноид ЦБГ има антибактериски ефекти и може да ги смени вкупните ефекти на канабисот. CBG е познато дека го убива или забавува бактерискиот раст, го намалува воспалението (особено во својата кисела форма CBGA), го инхибира клеточниот раст кај клетките на туморот/клетките на ракот и го промовира растот на коските. Тој дејствува како антагонист со низок афинитет на CB1 рецепторот. Фармаколошката активност на CBG врз CB2 рецепторот е моментално непозната.


7. Канабихромен (CBC) - Cannabichromene

ЦБЦ најчесто се среќава во сорти на тропски канабис. CBC е познато дека ја ублажува болката, го намалува воспалението, го инхибира клеточниот раст кај туморот/клетките на ракот и промовира раст на коските. Ефектите на CBC се чини дека се посредувани преку интеракции на не-канабиноидните рецептори.


8. Тетрахидроконанабиварин (THCV) - Tetrahydrocannabivarin

THCV е минорен канабиноид кој се наоѓа во само некои видови на канабис. Единствената структурна разлика помеѓу THCV и THC е присуството на пропил (3 јаглеродна) група, наместо пентил (5 јаглеродна) група во молекулата. Иако оваа варијација може да изгледа суптилна, таа предизвикува THCV да произведе многу поразлични ефекти од THC. Овие ефекти вклучуваат намалување на паничните напади, потиснување на апетитот и промовирање на растот на коските. THCV дејствува како антагонист на CB1 рецепторот и е делумен агонист на CB2 рецепторот.


9. Канабидиварин (CBDV) - Cannabidivarin

Како и THCV, CBDV по хемискиот состав се разликува од CBD само со замената на пентил (5 јаглеродна) со пропил (3 јаглеродна) синџир. Иако истражувањето на CBDV сè уште е во почетна фаза, неодамнешните студии покажаа ветување за неговата употреба во третманот на епилепсија. Ова се должи на неговото дејство кај TRPV1 рецепторите и модулацијата на генската експресија.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Herb Delivery, SC Labs