Wednesday, January 27, 2016

На кој начин акупунктурата е поврзана со марихуаната?

Најголемата поврзаност помеѓу акупунктурата и марихуната е тоа што и двата начини на лекување се неконвенционални и нашироко негирани од страна на „стручните“ медицински професионалци. Сепак, денешната развиена медицина која смета дека има одговор на секој проблем, не е во состојба да одговори на многу медицински мистерии. Друга сличност е тоа што и двата природни начини на лекување не само на болките, се применуваат низ илјадници години и има толку многу задоволни пациенти ширум светот и покрај отпорот од страна на лекарите

Која е најголемата врска помеѓу употребата на канабис и (електро)акупунктурата? Овие две работи не биле споредувани се` до пред две години, кога група на истражувачи од Универзитетот Shanghai Jiao Tong во Кина дојде до одговорот. Оваа студија била финансирана од грантови од Националниот основен програм за истражувања во Кина, Националната природна научна фондација во Кина, Шангајскиот водечки проект за академска дисциплина, Шангајската општинска природна фондација за наука и познатиот шангајски TCM академски истражувачки проект. 

Ова откритие објавено на страницата на Американскиот национален институт за здравје (National Institutes of Health), покажува како електроакупунктурата (електрична верзија на традиционалната акупунктура користена за третирање на болките), функционира на тој начин што ја зголемува активноста на природните соединенија во телото кои имаат својство да ги сузбиваат болките. Тие природни телесни „лекови против болки“ се нарекуваат ендоканабиноиди!

Оваа група на молекули, ја нема само во човечкото тело, туку ја има како во канабисот, така и кај сите `рбетници (цицачи). Нашето тело едноставно некогаш не е во можност да излачи доволно сопстени канабиноиди за да се справи со разни стресни и трауматски ситуации во телото, па затоа имаме потреба од внесување на екстерни канабиноиди од растението канабис. Да не ни беа потребни канабиноидите немаше да имаме ендоканабиноиден систем. Денес веќе е општо познато дека многу од болестите настануваат токму поради недостаток на канабиноиди во текот на животот. 

Канабиноидите дејствуваат на болките со тоа што дејствуваат на конкретните рецептори во телото. „Поранешните студии покажуваат дека канабиноидните рецептори CB1 се одговорни за ослободување од болки“ - велат научниците. Научниците исто така тврдат дека тие не биле први кои докажале дека акупунктурата предизвикува зголемување на телесните канабиноиди. „Според најновите извештаи од зборникот American journal of Nature Neuroscience, откриено е дека акупунктурата предизвикува човечкото тело да излачува природни состојки против болки“ - додаваат тие.

Користејќи стаорци со артритични болки, научниците открија дека повторувањето на акупунктурата резултирало со зголемување во канабиноидните рецептори во делот од мозокот наречен стриатум. Ова откритие се комплицира со фактот што стриатумот е преполн со допамински клетки. Претходните студии потврдија дека употребата на марихуана исто така може да го зголеми допаминот. Оваа студија со акупунктурата го докажува истото. Електроакупунктурата исто така довела до зголемување во допаминските рецептори, но дали допаминот играл улога во ослободувањето на болките не беше јасно.

Она што беше јасно и очигледно е дека стаорците имале многу помалку болки по третманот со електроакупунктура - третман за кој авторите велат дека е одобрен од страна на Светската здравствена организација - СЗО за повеќе од 40 здравствени проблеми. Доколку канабиноидите се причина зошто акупунктурата функционира за болки, крајно време е СЗО да ја одобри и употребата на марихуана која е крајно побезбедна од акупунктурата. Акупунктура смеат да вршат само добро обучели лица. Секоја грешка може скапо да го чини пациентот на пример со доживотна парализа. Додека марихуаната може да ја користи секој без да мора да се сомнева дека може нешто да му се случи. Канабисот произведен во домашни услови е 100% безбеден за употреба!


Tuesday, January 26, 2016

Научна студија потврди дека Опсесивно-компулсивното нарушување се лекува со CBD

Бразилските научници го истражуваа влијанието на канабиноидот Канабидиол (CBD) врз Опсесивно-компулсивното нарушување (obsessive-compulsive disorder) на англиски познато како OCD


Канабисот ги смирува пациентите со OCD!
Како што е веќе општо познато, марихуаната од многу одамна се користи за лекување на разновидни анксиозни нарушувања, без да има негативни последици врз целокупното здравје на пациентот. Исто така оваа билка не влијае негативно врз развојот на мозокот како што до неодамна се лажеше наоколу. Напротив! Канабисот ја поттикнува неврогенезата. Токму CBD-то има огромен анти-анксиозен и анти-депресивен потенцијал, а воедно не е психоактивен канабиноид и претставува антидотум на дејството на канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Вториов пак, има веќе одамна докажан анти-канцероген потенцијал, што значи дека растението канабис го има најсоодветниот сооднос на овие состојки - потребен за да излечи било какво заболување и затоа треба да се легализира целото растение, а не синтетичките деривати направени од него во епрувета!

Пациентите со OCD се измачувани од опсесивни мисли и грижи коишто се основа за појава на анксиозност, а потоа и депресија кај најтешките случаи. Единствениот начин да се спречи анксиозноста кај нив е да се спречат компулсивните однесувања. Како размислуваат овие лица? Епа, вака... На сите ни се случило нешто да заборавиме во брзање пред излегување на работа или пак, да мислиме дека сме заборавиле. На пример на сите ни се случило во брзање да заборавиме да ја заклучиме вратата од куќата/станот. Повеќето се во состојба да продолжат со денот и да не `и даваат големо или никакво значење на таа грижа, што може да не` извади тотално од фокус од она што го правиме во моментот. Пациентите со OCD размислуваат многу поинаку. Тие нема да можат да седат мирни се` додека не се вратат дома за да проверат дали вратата навистина е заклучена. Слично е и со миењето раце. Овие луѓе рацете ги мијат по 100 пати во денот, бидејќи имаат параноја дека не им се чисти и дека им се преполни со бактерии. Или пак, се` во домот мора да им е наредено под конец и ништо не смее да биде изместено од зададениот редослед од страна на заболениот. Овие луѓе патат од непотребен стрес, а стресот како што сите знаеме лачи кортизол и предизвикува рак и срцеви болести...

Конвенционалната медицина луѓето со OCD ги лекува со хемиски соединенија, поточно со тешки антидепресиви (ЛЕГАЛНИ ДРОГИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ), како што се селективните инхибитори на серотонин (selective serotonin re-uptake inhibitors - SSRIs) и сл. како што се: Прозак, Хелекс, Асентра, Дијазепам, Лексилиум и др. Овие „лекови“ пациентот само го прават редовен клиент, а во суштина не му помагаат да се справи со психолошкиот проблем што го мачи. Токму за да им се помогне на овие луѓе, истражувачки тим од Катедрата за фармакологија при Универзитетот од Сан Паоло, предводена од страна на Д-р Франсиско Гимареис (Francisco Guimarães), уште пред две години објави научна студија во зборникот Fundamental & Clinical Pharmacology којашто го испита влијанието на канабисот, поточно на Канабидиолот кај овие пациенти.

Оваа слика е вознемрувачка за лицата со OCD :)
Истражувањето се состоело од следново: тие најпрво им давале на заморчињата Meta-chloro-phenyl-piperazine (mCPP) - психоактивна дрога што најчесто ја има во екстазите. Познато е дека оваа синтетичка супстанца ги индуцира нападите на паника кај оние коишто се склони да ги имаат и воедно симптомите на OCD ги прави уште полоши. Студијата понатаму докажа дека токму mCPP ги инхибира анти-компулсивните ефекти на SSRI. Откако mCPP им било дадено на испитаниците, научниците спровеле тест за да ја проверат OCD активноста. Според студијата ниту ниските, ниту високите дози од дрогата не давале забележителни разлики во анксиозните однесувања кај глувците.

Опуштете се со канабис -
нула смртни случаи во историјата!
Вториот етап од студијата било тестирањето на дејството на канабисот. Научниците им дале на испитаниците две различни нивоа на Канабидиол и тоа 30мг/кг и 15мг/кг и потоа го тестирале опсесивно-компулсивното однесување кај секој стаорец одделно. Шокантно било тоа што дури и малите дози на CBD го намалиле анксиозното однесување без промена на целокупното ниво на активност. 

Без разлика што клиничките студии допрва треба да се спроведат, ние на сите лица со OCD им препорачуваме да се само-лекуваат со канабис, да ја најдат соодветната врста за нив со пробување, по пат на пушење или вапоризирање за инстантен ефект. Сативите имаат поголем процент на CBD. Секој пат пробувајте најпрво да се излечите по холистички пат, на природен начин, а на лекар одете кога тоа е неизбежно! 


Запомнете:

1. Подобро е да спречиш, отколку да лечиш!
2. Канабисот не е дрога, туку лек, како за болните, така и за здравите!
3. Само за лицата со OCD - откако ќе престане да ви пречи лошо сроланиот џоинт, знаете дека веќе немате опсесивно-компулсивно нарушување :)


Wednesday, January 20, 2016

Сторија: Канабисовото масло го излечи од рак. Сега тој сака да им помогне на сите!

Дејвид е пресреќен дека е жив!
Пациентот Дејвид Хибит (David Hibbitt) кој преживеа од рак, исто така е основач на фондацијата за поддршка на пациенти наречена David Hibbitt Foundation, откако се излечи со помош на канабисово масло. Овој 33 годишен Британец од Силвердејл беше дијагностициран со рак на дебелото црево во трет стадиум во јули 2012 година и помина радиотерапија и хемотерапија пред да има операција во март 2013 година

Но, кога лекарите му кажаа на таткото на Дејвид дека канцерот се вратил и беше терминален, Дејвид одлучи да прекине со смртоносната хемотерапија и започна да користи канабисово масло, затоа што сфати дека само во црната леплива смола од цветовите на канабисот се наѕира надежта дека тој не само што може да се спаси од прераната смрт, туку и да има нормален и здрав живот. Дејвид сфати дека ниту еден закон не може да го оспори неговото право да се излекува дури и на нелегален начин и дека неговото здравје е исклучиво во негови раце. Тој немал што да изгуби, бидејќи лекарите ја „предвиделе“ неговата сигурна смрт.

Хемотерапијата ќе го уништеше ова семејство!
Сепак, „високообразованите“ и „интелигентни“ лекари не се гатачи и предвидувачи на иднината. Тие исто така немаат доволно верба дека едно обично растение може да биде посилно од сите синтетички лекови за кои учеле цела деценија на факултет. Откако Дејвид доби потврда од лекарите дека сега е 100% излечен од ракот, Дејвид сака да создаде мрежа за поддршка на пациентите со канцер кои бараат алтернативни лекови, вклучувајќи и канабисово масло.

„Кога ми беше кажано дека имам терминален рак, јас не можев тоа да го прифатам. Јас бев во моите рани триесетти и имав син за кој требаше да размислувам, па затоа одлучив да пробам алтернативни решенија“ - истакнува Дејвит Хибит. „Неколкумина веќе ми сугерираа да користам канабисово масло, па решив да направам истражување пред да одлучам да му дадам зелено светло“ - додава тој.

Дејвид сака сите да знаат за канабисот
Дејвид бил повеќе од скептичен и тој не прекинал веднаш со хемотерапијата што полека го убивала. „Јас земав многу мали количества на почетокот паралелно со хемотерапијата, но почнав да ги прескокнувам терапиите поради разни причини“. Сите пациенти со терминални болести сакаат последните денови од животот да им бидат убави и да немаат страшни болки и гадења. Секој човек заслужува достојна смрт, наместо смрт во агонија и под дејство на тешки легални дроги! „Кон крајот на август јас чувствував дека всушност хемотерапијата ми правеше да се чувствувам лошо. Мислев дека ако умрам, јас не сакам да се чувствувам волку болен, па затоа одлучив да ја прекинам“. 

Ракот е осуден на сигурна смрт!
Дејвид сака да им помага на сите со иста и слична ситуација како неговата со совети, насоки, препораки и поддршка. Сепак, тој е реален и не сака луѓето да мислат дека канабисот е магичен лек, туку дека едноставно е само еден и до сега најдокажано ефикасен природен и безбеден лек покрај многуте други алтернативни лекови за канцер.

НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА!

„Фондацијата ќе има група за поддршка во која ќе може потполно бесплатно да се членува и таа ќе биде место каде што луѓето ќе можат да примаат совети, како и да разговараат меѓусебно за своите искуства. Поентата е на луѓето да им се даде малку повеќе надеж“.

59-годишниот пациент Гери Картлиџ (Gary Cartlidge) од Басфорд рече: „Ми беше дијагностициран терминален канцер во oктомври 2014 и лекарите ми дадоа само од три до шест месеци живот. Јас започнав да користам канабисово масло пред 12 месеци и се` уште сум тука. Тоа што го прави Дејвид е презначајно бидејќи постојат многу луѓе на кои им е потребна помош, а не знаат каде да се обратат за совет околу алтернативното лекување“.

Friday, January 8, 2016

Трикови како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана

Неколку совети од NORML како успешно да го надитрите законот

Тестовите за урина се способни да детектираат присуство на марихуана 1-5 дена по случајната повремена употреба, 1-3 недели кај редовните корисници и 4-6 недели кај лицата кои користат марихуана неколку пати во денот. Исто така, лошата страна кај овие тестови е тоа што тие само го детектираат присуството на метаболичките остатоци од канабисот, а не и на психоактивните елементи и исто така, не можат да одредат колку некој е под дејство.

Задржувањето на THC кај секого е различно и зависи
од многу фактори како телесна тежина и дебелина.
Денешните тестови за урина потешко може да дадат лажни позитивни резултати поради присуство на некоја друга супстанца во организмот, како на пример некои лекови. Пасивните пушачи на марихуана нема потреба да се плашат, доколку не биле многу изложени на чадот од канабисот.

Генералната стратегија за негативен резултат на тестот за урина е да се зголеми внесот на течности особено вода и почесто да се уринира, особено два часа пред тестирањето. Пожелно е да внесувате повеќе течности неколку дена пред тестираето и да го забрзате метаболизмот со повеќе вежбање, за побрзо исфрлање на метаболитичките остатоци од канабис. Препорачливо е да не ја дадете за тестирање првата утринска урина, бидејќи метаболитите во системот пловат  повеќе за време на сонот.

Некои лаборатории можеби нема да ви го прифатат примерокот поради разреденоста на урината - преголемата количина на вода и проѕирноста на урината. Затоа може да консумирате поголема доза (50-100 мг) од витаминот Б2 што го има во Б-комплексот за урината да добие жолтеникава боја. Можете да го поттикнете исфрлањето на течности со земање на диуретици (кафе, чај и сок од брусница итн) за поттикнување на мокрењето. Чаевите за прочистување на урината се добредојдени, како Увин.

Чувајте си „чиста“ урина. Доколку можете да подметнете примерок од ваша сопствена или туѓа чиста урина (после соодветна пауза од користење канабис), имајте предвид дека температурата на урината кога ќе ја предаватe треба да соодветствува на температуара на урината што би ја предале веднаш по мокрењето.

NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws) е Американска национална организација за реформи на законите за марихуана. Мисијата на NORML е подобрување на јавното мислење кон легализација на одговорната употреба на канабис од страна на возрасните лица, но и адвокат за сите корисници во обезбедувањето на пристап до висококвалитетна марихуана која е безбедна и со пристапна цена.

Тестот не ја мери моменталната работоспособност
Додека NORML е противник на користење на дроги за време на работата, а 420Macedonia е противник на користењето на дроги воопшто, ние исто како и NORML сметаме дека никој не смее да биде приморан да изврши тестирање на крвта или урината, особено кога се работи за марихуаната, бидејќи таа е лековито растение, а не дрога. Сметаме дека тестовите ја нарушуваат приватноста и не ја мерат моменталната нарушеност, туку минатата употреба. За поуспешна проверка дали некој во моментот е во работна состојба, наместо тестови за присуство на хемиски остатоци од марихуана во метаболизмот, треба да се спроведуваат тестови за моментална концентрација и брзина на реакции со едноставна компјутерска видеоигра.

Во самоодбрана покрај можноста за покревање на соодветна правна постапка, најдобрата одбрана против анализата на урината и крвта е да се биде чист. За жал ова е малку комплицирано кога некој секојдневно сака или мора да користи марихуана за справување со некој здравствен проблем. Исто така, работодавците треба да знаат дека ваквите тестирања само им внесуваат непотребен стрес на вработените и со тоа ја намануваат продуктивноста. Ниту една научна студија не потврдила дека тестирањата за присуство на марихуана и дроги ги прават работниците попродуктивни, ниту пак некако придонесуваат. NORML тврди дека случајните тестирања може да поттикнат употреба на дроги кои се поретко или воопшто тестирани како кокаин, халуциногени дроги или опијати, поради тоа што во системот се задржуваат многу пократко од канабисот - 2-3 дена. Исто така, речиси воопшто не се спроведуваат тестирања за присуство на алкохол, што е најзлоупотребуваната психоактивна и токсична супстанца дури и на работното место. 

Wednesday, December 30, 2015

Колку време остануваат трагови од канабис во метаболизмот по консумирањето?

Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити

Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.

Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.

Концентрации на нивото на THC по консумирањето

Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници. 

Ова растечка и профитабилна индустрија!
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот. 

Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.

Видови на тестови за присуство на канабис

Остатоците во косата остануваат подолго
отколку во крвта и урината
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол. 

Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.

Извор: THC Over Dose

Sunday, December 27, 2015

Научниците велат дека THC може да ги превенира болестите кај идните генерации

Неодамнешно научно истражување потврди дека состојките од канабисот имаат значителна моќ во модификацијата на генетската активност. Истражувачите од катедрата за медицина при Универзитетот во Јужна Каролина велат дека откриле одредена група на микроРНА што ја означува метаморфозата кај глувците изложени на Тетрахидроканабинол (THC)


Ова откритие е од огромно значење, бидејќи микроРНА е фактор што придонесува во регулацијата на гените и многумина веруваат дека е одговорен за предизвикување на многу комплицирани болести.
Според главниот истражувач Д-р Пракаш Нагаркати (Prakash Nagarkatti) и Д-р Мици Нагаркати (Mitzi Nagarkatti), откако проучиле околу 610 различни микроРНА, тие откриле дека 13 од нив имале значителна реакција на THC, вклучувајќи го mir-690, што имаше најоптимистички одговор. 

Ова евентуално може да биде основа за развој на напредни третмани за воспалителните болести, но и за ракот.„Додека нашата студија ги идентификува молекуларните механизми на имуно-променливите ефекти на марихуаната, селектираните идентификувани микроРНА можат да послужат како важни молекуларни цели за манипулирање на активноста MDSC кај ракот и воспалителните болести“ - изјави Д-р Мици Нагаркати.

Други неодамнешни истражувања од страна на италијански научници, исто така довеле до заклучокот и доказите дека сугерираните канабиноиди, конкретно Канабидиолот (CBD), Канабигерол (CBG) и Канабиварин (CBV), можат да ги променат негативните активности на гените поврзани со канцерогените заболувања на кожата. Тие заклучиле дека опсегот на канабисовиот потенцијал да ги модифицира гените, во голема мера ги надмина кожните заболувања и може да ја промени генетската реверберација на болестите како што е мултиплекс склерозата и разни типови на рак и епилепсија.

Friday, December 25, 2015

Ставот на здруженијата што се борат за легализација на марихуаната во Македонија кој произлезе откако ја посетивме јавната дебата организирана од Министерството за здравство на РМ

Државата наместо да ги заштити фармацевтските компании, треба да ги заштити нејзините (нај)ранливи граѓани. Канабисот за болните треба да има симболична цена, а не некој да се богати на нивниот грб. Лицата кои сакаат да го користат канабисот превентивно, треба да можат легално да си го купат во специјални продавници или билни аптеки! Која е логиката растение кое секој сам може да си го одгледува слично како домашните цвеќиња, да се наплаќа како да е злато. Заради користење или одгледување на растение кое само помага, а никому не му наштетило и никој не умрел од него, се лежи затвор и подолго отколку да си убил некого со умисла!
Соопштение до медиумите
Здружението Зелена Алтернатива, Канабис Клуб и активисти од Македонија кои се залагаат за легализација и декриминализација на Канабис во Македонија, на заеднички состанок решија своите ставови околу можното законско решение, да ги соопштат на Министерството за Здравство и медиумите.
Наши ставови се следните:

1. За медицинска употреба на канабис на издаден рецепт канабисот за вапоризирање или маслото да се издава во аптеки и да се води евиденција за корисникот, дозата и лекарот кој го препишал. Секој пациент кој ќе изрази желба за лекување на својата здравствена состојба со канабис, а е влезена во групата на состојби за кои постојат индиции дека канабисот може да му помогне, може да избере да се лекува со канабис. Листата на индицирани болести месечно ќе се евалуира и проширува. Лекарот треба да ја прати редовно состојбата на пациентот и за тоа да го известува органот во Министерство за Здравство како би се собрале корисни податоци за дејството на канабисот на одредени состојби;

2. Нема логика канабисот да се дава само на терминално болните. Дали треба да се чека некој да стане терминално болен за да дојде до лековитиот канабис? Со тоа повторно не се спречува црниот пазар;

3. Условите за правни лица кои ќе добијат лиценци за производство на сушен канабис и преработки од канабис да се дефинираат на начин кој нема да овозможи дејност само на фарма компаниите т.е. лабораториските испитувања на потентноста на сушениот препарат од канабис или масло треба да го извршува државна лабораторија или приватна која за тоа има лиценца од државата по утврден ценовник и тоа за потребите за правните субјекти, приватните здруженија и рекреативните корисници;

4. Секој поединец над 21 годишна возраст да може да засади и одгледува во домашни услови до 4 растенија
едновремено за свои потреби;

5. Доколку навистина една од целите е и спречување на црниот пазар, на рекреативните корисници на канабис да се дозволи купување на канабис во специјални аутлети или канабис социјални клубови по примерот на Шпанија и Португалија. Канабис за рекреативна употреба да можат да користат жители на Македонија по наполнети 21 година старост. Канабисот за рекреативна употреба да е оданочен и има определена цена која ќе биде значително пониска од онаа на црниот пазар;

6. Сите они кои се наоѓаат во Затвор за обвиненија кои се поврзани исклучиво со поседување или одгледување на канабис (со исклучок на други опијати) веднаш да се ослободат од затвор и да им се избрише криминалнотот досие;

7. Поседувањето, одгледувањето и рекреативното користење на канабис да се декриминализира!

8. За поседување на повеќе од 4 растенија едновремено, за поседување на повеќе од 5 грама сув цвет од канабис на јавно место во скриена форма или рекреативно користење на канабис на јавно место да се одговара прекршочно.


Прес конференција на ХОПС за законот за медицинска употреба на канабис

Saturday, December 12, 2015

Ед го уништи ракот на црниот дроб во 4-та фаза со канабисово масло!

Уште долго ќе можат заедно
да му се радуваат на животот!


Неговата сопруга е пресреќна што не дозволиле Ед да се збогува со овој свет, благодарение на ароматичната билка што постои од секогаш на оваа планета

Желбата за живот не е секогаш доволна. Таа треба да биде поткрепена со сите фактори кои влијаат за некој потполно да се исцели. Ед Мур е само уште еден пример и доказ дека канабисовото масло лекува рак и дека конвенционалните методи најчесто не помагаат

„Мојот сопруг беше дијагностициран од четврди стадиум на обичен рак на црниот дроб во март 2012 година. Докторот ни рече дека не може многу да се направи поради тоа што туморот беше голем 7 инчи (17.78 см) и го покриваше неговиот долен лобус и исто така се проширил на неговите лимфни јазли. Ние одлучивме да одиме дома и се обративме во болница за терминално болни пациенти за да ни дадат морфиум против болки. 

Ед го
мразеше морфиумот бидејќи го тераше на повраќање и исто така имаше влијание врз неговиот ум. По една недела дома ние одлучивме да го правиме она што го правевме низ многу години - да се потпреме еден на друг“ - објаснува Биата Мур (Beate Moore) сопругата на оздравениот Ед Мур (Ed Moore).

Ед воопшто не бил задоволен од конвенционалната медицина и од начинот на кој лекарите го третирале. Неговата животна сопатничка го споделува нивното искуство: „Ние бевме во болница само три дена со силни болки. Карциномот го блокираше неговиот жолчен канал, по што ние одбравме натуропатски лекар и не продолживме со конвенционалните терапии“ - вели Биата.


Од сите алтернативни терапии коишто им биле познати, Ед е најзадоволен од канабисовото масло, кое го вратило во живот и го убило ракот, а не него. „Во нашата област ние го растеме нашиот сопствен лек-канабис и започнавме да го правиме маслото на Рик Симпсон Phoenix Tears. Ед прекина да користи морфиум по само една недела откако започна да јаде по грам масло на ден“ - истакнува Биата. 

Ед започнал на разновидни начини да го консумира растението канабис, бидејќи секој дел од билката има свои лековити својства и секој начин на консумирање на канабисот е лековит и кога некој се лекува со маслото пожелно е да ја зголеми лековитата моќ на терапијата со консумирање на што е можно повеќе канабис. „Подоцна ние започнавме да цедиме свежи туфки и листови измешани со зеленчук“. Тој исто така многу внимавал на исхраната. „Ед има 65 години и е во одлична форма. За само неколку недели неговите болки и отечениот стомак исчезнаа, а заедно со тоа се појави надежта и квалитетниот живот“.
Верувај ми, јас сум секогаш во право и никако канабис,
бидејќи не е доволно истражен!
За да се исчисти од токсините од конвенционалните терапии и морфиумот, тој исто така оди во сауна, солени бањи и користи рицинусово масло и многу Витамин Ц. „Ние не отидовме на онколог и направивме само испитувае на крвта по првата дијагноза со компјутерска томографија. Неговиот маркер за тумор премина од над 6.000 во нормала и тој се чувствува добро. Ние не знаеме како ова се случува, но уживаме во секој ден и сме благодарни“ - објаснува сопругата. Ед користи масло од канабис 4 пати дневно во доза од 1/2 грам. „Сега тој консумира по 2 грама канабисово масло дневно и не се чувствува напушен. Јас исто така го пијам превкусниот сок од канабис, кој нема ефект (поради тоа што канабиноидите се активираат со декарбоксилација и се растворливи во масти, а не во вода). Не секој може да толерира толку голема доза на THC, но за него таа е соодветна“ - нагласува жена му на Ед.

Прва книга Мојсеева (Битие) -
Создавање на светот. Човекот образ Божји.
Биата додава дека многу од пациентите со слична состојба како нејзиниот сопруг во доцните стадиуми од болеста, предоцна се одлучуваат за алтернативните терапии, т.е. за користење на канабисово масло и кога ќе започнат да го користат, чувствуваат подобрувања, меѓутоа нивните организми се толку истрошени, оштетени и затруени со токсини од конвенционалните третмани (хемотерапии, зрачења, токсични лекови...), што за некои е предоцна.

Целата автентична приказна за Ед и начинот на којшто тој се хранел (и се` уште се храни) додека се лекувал со канабисово масло, можете да ја проследите тука. Биата Мур со задоволство ќе одговори секому кој се интересира за режимот на исхрана и суплементите што ги користи Ед, како и за канабисовото масло со кое се лекуваат и одржуваат во топ форма. Ова е нејзиниот е-маил: beatemoore@earthlink.net
.

Saturday, December 5, 2015

Терпени - молекулите што го прават мирисот на канабисот толку неодолив

Канабиноидите не се одговорни за мирисот на канабисот, туку ароматичните молекули наречени терпени!


Канабисот мириса на елка поради терпинот Alpha-Pinene!
Доколку се разгледаат состојките од марихуаната што го прават нејзиниот мирис толку прекрасен, може да се заклучи дека помеѓу 10% - 30% тоа се терпините. Тоа се ароматичните молекули во растенијата. Повеќето од мирисите и аромите што не` асоцираат на конкретни растенија и билки се резултат од терпинитие и флавоноидите. Кај канабисот тие се произведуваат во смолата на растението.

Растенијата испуштаат мирисни молекули поради повеќе причини, со цел да се заштитат од одредени предатори, но и за да привлечат инсекти опрашувачи. Терпините се клучната состојка од есенцијалните масла на растенијата. Ароматерапијата ги користи медицинските својства на терпините за да се регулира расположението, проблемите со сонот, но и целокупното здравје. Ароматерапијата помага и при медитација и јога.

Дознајте кои терпини најмногу ви се потребни
Како и од секое друго растение кое има мирис, така и од марихуаната може да се направи есенцијално масло по пат на екстракција со пареа. За да не дојде до забуна кај неинформираните, есенцијалното масло не е канабисовото масло направено по пат на декарбоксилација од смолата на цветовите, користено за лекување рак и други болелсти. Станува збор за миризливото етерично масло, кое се користи во козметиката, за производство на парфеми, сапуни, свеќи, но и како арома за готвење, етеричното масло се употребува во индустријата за производство на слатки/бонбони, како и за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци со вкус на канабис.

Откако канабисот е набран, тој содржи околу 1% есенцијално масло составено од многу лесно испарливите монотерпини (80-90%), кои испаруваат многу брзо. Откако канабисот е потполно сув, количеството на есенцијалното масло е само 0.1% и околу 50% од ова количество е составено од сескитерпини (sesquiterpenes) коишто се многу помалку испарливи.

Повеќе од 100 различни терпини се откриени во марихуаната, но постојат многу повеќе доколку се разгледаат разновидните варијации на растението. На пример, типичниот мирис на цитрусни овошни плодови кај некои врсти на канабис како што е врстата Lemon haze, доаѓа од терпините наречени Limonenes што варираат во концентрација кај секој хибрид/врста. Секој терпин исто така има свои варијации во мирисот. Па така, терпините Limonenes од лимонот се идентични со терпините Limonenes во портокалите, но секоја врста е дефинирана со различна арома, што резултира со минимални разлики во пропорциите на формите на терпините Limonenes што се содржани.

Еве ја листата на главните терпини откриени во билката Cannabis Sativa:
А-Pinene, Linalool, Beta Caryophyllene, Mycrene, Limonene, Terpineol, Borneol, Eucalyptol, Nerolidol. Другите терпини пронајдени во смолата од некои врсти марихуана се: Phellandrene, Phytol, Humulene, Pulegone, Bergamotene, Farnesene, D3-carene, Elemene, Fenchol, Aromadendrene, Bisabolene и многу други! 

Овој мирис за некого е неодолив, а за некого непријатен
Терпините не само што се одговорни за мирисот на канабисот, туку и за вкусот на секоја врста. Важно е да се запомни дека доколку растението има слаба арома, тогаш ќе има и слаб вкус. Возраста на растението и времето за берење исто така може да се одреди според количеството на терпините. Вообичаено мирисот станува многу појак за време на цветањето, но тоа може да варира поради временските услови или стресот што го доживува растението или пак, од периодот од денот. Можете да забележите дека мирисот на канабисот е најчесто многу појак во мугрите, отколку во самрак. 

Секој терпин има различен ефект врз здравјето на човекот.

Терпините имаат многу голема упога во целокупниот здравствен ефект од канабисот. Се смета дека одредени терпини ја зголемуваат моќта на одредени канабиноиди, ја зголемуваат асимилацијата на канабиноидот THC, додека други се одговорни за производството на хормоните допамин и серотонин во човечкиот организам - двата главни регулатори на расположението и однесувањето. Затоа многумина се развеселуваат само кога ќе ја помирисаат свежата или исушена незапалена марихуана. Важно е да се запомни дека диверзитетот што го нуди природата е невозможно да се изолира и репродуцира во лабораторија за фармацевтската индустрија, која упорно се бори да ги изолира активните состојки од марихуаната за да ги патентира и репродуцира по синтетички пат! Факт е дека чистиот изолиран канабиноид Тетрахидроканабинол THC не може да ги има истите својства како целото растение поради недостигот од синергијата на другите канабиноиди и терпините, кои само заедно можат да го имаат посакуваниот ефект. Сега сфаќате зошто фармацијата упорно се бори ова растение да остане нелегално?

Sunday, November 29, 2015

Легализацијата на марихуаната може да ја истисне Виаграта од употреба

Внесете нова димензија во својот кревет.
Доколку канабисот се легализира на глобално ниво и доколку луѓето активно започнат да го користат овој природен лек, односно доколку користењето марихуана стане нормален дел од секојдневието, слично како секојдневното користење на витамини, тогаш експертите сметаат дека никој нема да има потреба од Виагра и слични лекови за поттикнување на машкото и женското либидо. Ова се одлични вести особено за мажите со еректилна дисфункција

Швајцарските научници спровеле научна студија врз глувци за да го докажат ова. Тие веруваат дека постои потенцијална позитивна поврзаност помеѓу користењето трева и остварувањето на подобри ерекции. Истражувачите од Ecole Polytechnique од Швајцарија открија дека марихуаната ги намалува хистолошките карактеристики, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните (со преголемо ниво на холестерол) глувци.

Канабисот ја зголемува желбата за секс!
Една од најчестите причини за појава на еректилна дисфункција е високото ниво на холестерол, што доведува до запушување на крвните садови и намалување на дотокот на крв во пенисот. Со текот на времето ова може да доведе до перманентна дисфункција. За среќа научните сознанија спроведени пред две години објавени во зборникот Clinical & Developmental Immunology (Клиничка и Развојна Имунологија) објаснуваат на кој начин марихуаната може да помогне.

Таргетирајќи ги специфичните патеки поврзани со марихуаната наречени CB2 рецептори, истражувачите од Швајцарија биле во можност да ги редуцираат еректилните оштетувања кај глувците. CB2 рецепторите се присутни во целото тело кај сите цицачи `рбетници, па вклучувајќи го и пенисот. 

„Накратко, активацијата на CB2 ги намалила хистолошките особини, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните глувци“ - велат научниците.  

По три месечна терапија со канабис, примероците од ткивото на глувците покажале пониски нивоа на фиброза (наталожување на абнормално ткиво) и пониски нивоа на други повреди поврзани со холестеролот, во споредба со глувците коишто не биле лекувани со канабис.

Канабисот е природен афродизијак!

Д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) психијатар и пензиониран професор од Харвард (Harvard Medical School), познат автор на многу книги и статии за канабисот и неговите медицински својства, познат и по многу документарни филмови и емисии за светата билка, меѓу кои и филмот „Clearing the Smoke: The Science of Cannabis“ во едно интервју за High Times од 2001 година вели:

„Јас заклучив дека марихуаната во голема мера го истакнува сексуалното искуство кај многумина. Не постои сомнеж дека кога луѓето се „хај“ тие се повеќе осетливи кон нивните сексуални чувства и пориви. Во овој поглед, тревата може да биде афродизијак“.

Канабисот предизвикува љубов! <3
„Видете, доколку дојдете кај мене и ми кажете дека имате потешкотии во сексуалното распалување или доколку се соочувате со прерана ејакулација или еректилна дисфункција, јас би ве прашал: `Дали некогаш претходно сте пробале марихуана? Тоа нема да ви наштети. Можете да пробате`“ - додава Д-р Гринспун.

Марихуаната несомнено го зголемува и женското либидо. Од неодамна создадена е нова врста на канабис наречена Sexxpot наменета за женската популација.

Многу од мажите велат дека тревата ја спречува прераната ејакулација


Врста откриена од жена, за жените.
„Да, дефинитивно. Таа им помага на некои луѓе, но не и на секого. Со марихуаната, морате да ги земете предвид биолошките варијации. Прераната ејалукација е психо-физиолошки одговор“ - истакнува Д-р Лестер.

МИТ: Пушењето на семките од канабис предизвикува неплодност!

Љубовниците кои љубат канабис остануваат заедно!

Кога сме веќе кај оваа тема, сакаме да разјасниме и еден длабоко вкоренет МИТ помеѓу пушачите на канабис. Пушењето на семките во никој случај не може да предизвика неплодност. Семките треба да се отстранат пред пушење поради тоа што пукаат и мирисаат грозно кога се запалени, па затоа го упропастуваат моментот на уживање. Можеби постојат луѓе на кои семките не им сметаат во џоинт - тоа е право на избор, но како и да е нивното пушење не е штетно. Семките се наменети за јадење и за правење на ладно цедено масло (зејтин).

Луѓе! Сакајте се! :)

Sunday, November 22, 2015

Готвење со канабис

WAKE & BAKE!

Канабисот е билка што се јаде! Храни се здраво! Јади повеќе канабис!

Дури и за најискусните пушачи на канабис и консументи на производите од канабис, јадењето на јадења што содржат Марихуана и екстракти од ова растение може да се претвори во потполно ново прекрасно и превкусно искуство. Ова е одлично решение за тие коишто не сакаат да пушат трева, а сакаат да ги уживаат нејзините благодети - идеално решение за лицата коишто користат марихуана во медицински цели.


Консумирајте повеќе зеленчук!

Една од клучните состојки кај речиси сите кулинарни рецепти со Марихуана е токму путерот со канабис (Кана-путер, Cannabutter), којшто при подготовката на јадењето служи како замена на стандардниот путер. Јадењето на свеж канабис и пиењето на сок од суров цеден канабис и правењето на свежи смудиа и сосови од билката има бројни здравствени придобивки, меѓутоа на тој начин не може да ја исползувате целосната медицинска моќ од канабиноидите. За да ја подготвите тревата за јадење и за да го постигнете ефектот што го сакате, таа мора да биде згреена на некој начин. Нема да ги активирате канабиноидите доколку ја изедете тревата свежа без термичка обработка. Затоа кога готвите со канабис многу е важно да употребите некакво масло (зејтин, путер, млеко), бидејќи канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC) е растворлив во масти, а не во вода. Затоа е невозможно да се напушите од пиење на чај од канабис, без да додадете малку млеко во чајот! ;) 

На кој начин делува?

Јадењето на активирана Марихуана е различно од нејзиното пушење. Ефектите траат многу подолго, а искуството може да биде многу поинтензивно. Ефектот може да започне од 30 минути па се` до 2 часа, по консумирањето на храната со канабис. Иако не почувствувате никаква промена извесно време, не бидете нетрпеливи и алчни и не јадете повеќе од препорачаната порција. Најдобро е да се започне со мала порција од оброкот, а потоа истата да се зголеми следниот пат, доколку не сте задоволни од „хајот“. Кога канабиноидите ќе започнат да делуваат, ќе започнете да се чувствувате многу опуштено. Па, доколку седите во удобна положба и на удобно место, нема да сакате да се помрднете, а ќе имате чувство како телото да ви е тешко и многу опуштено.

Што треба да направите доколку изедете премногу?

Запомнете: Предозирањето со Марихуана е невозножно, односно не е смртоносно. Претерувањето со храната подготвена со канабис, за некои луѓе (особено почетниците) може да биде непријатно искуство. Може да почувствуваат паника, вознемиреност, збунетост, понекогаш проблеми со координацијата, но тоа трае многу кратко и не може да предизвика сериозни последици! Доколку се прејадете со колач со путер од канабис или пак, со некакво друго јадење со екстракт од канабис и доколку ефектот е прејак за вас и не ви се допаѓа, може да го пробате следново:

1. Дишете длабоко и не паничете, бидејќи вие ја контролирате анксиозноста и вознемиреноста, Вие можете да си ја зголемите, но и вие сте тие кои можете да ја намалите и победите. Јадете храна со канабис во друштво на вашите добри пријатели кои ќе ви направат убава и удобна атмосфера;
2. Напијте се сок од свежо исцедени цитруси (лимони, портокали, мандарини, цитрони) или јадете ги свежи;
3. Јадете `фстаси или ореви од бор, препорачуваат од The Stoner's Cookbook;
4. Употребете етерично масло од бор со мачкање на кожа или по пат на инхалација;
Гответе со канабис, киф и хашиш!
5. Консумирајте повеќе CBD - Употребете производ од канабис (спреј, тинктура, масло и сл.) богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) или пак, пушете (или консумирајте на друг начин) Марихуана со нивко ниво на THC и повисоко ниво на CBD. Канабидиолот е природен антидотум за ефектот на Тетрахидроканабидиолот, а се содржи во истото растение.

Колку канабис треба да употребите?

Потешкотијата при готвењето со канабис е одредувањето на неговата јачина, што е најголемо мерило за тоа колку трева треба да употребите. Токму затоа не се придржувајте строго кон рецептот, доколку ќе готвите со прилично слаба трева. Треба да се експериментира за да се утврди соодветната количина на канабис за конкретниот рецепт што сакате да си го приготвите. 

Декарбоксилација

Суровиот канабис содржи многу THCA (tetrahydrocannabinolic acid) кој е непсихоактивен канабиноид. Како што марихуаната се суши, таа постепено се претвора во THC. Кога пушите или вапоризирате канабис, канабиноидите поминуваат низ процесот наречен декарбоксилација и стануваат психоактивни. Токму затоа, доколку сакате да го почувствувате целосниот ефект на „напушување“ од јадењето што планирате да го подготвите, најпрво морате да го декарбоксилирате канабисот пред да готвите со него. 


Други методи за екстракција на THC

Канабисот е превкусен зачин за секое јадење!
Путерот од туфки, односно Кана-путерот не е единствениот начин за готвење со Канабис. Во многу рецепти можете да употребите Масло со канабис (Зејтин со Канабис - не станува збор за екстрактот маслото од канабис коешто се користи за лекување рак и други болести), Млеко со канабис (Cannamilk), Мед со канабис (Cannahoney), Брашно со канабис (Cannaflour), Павлака со канабис (CannaCream Cheese) и сл.

Рецепти со канабис:

Неколку превкусни слатки и солени рецепти што можете да ги испробате, а доколку ги немате сите потребни состојки, овие рецепти можеби ќе ја разбудат вашата кулинарна фантазија бидејќи канабисот ја поттикнува креативноста:

2. Специјални браунис (Special Brownies);
3. Крем супа со канабис (Cream of Cannabis soup);
4. Марихуана пица (Marijuana Pizza);
5. Стонерски тостови со топен кашкавал (Stoner Grilled Cheese Sandwiches).


Канабисот го отвора апетитот и ги изострува сетилата и затоа храната е повкусна. Храната може да биде лек. Ти си тоа што го јадеш!
УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ОБРОК и пријатно готвење со канабис :)

Коцки мраз со канабис
Цедење суров канабис