Friday, January 12, 2018

Нова реклама за достава на канабис до вашиот дом!

Компанијата за достава на канабис од Орегон објави реклама за нивниот нов сервис за достава на канабис! 


Вдиши длабоко, затоа што понекогаш ти треба канабис! Бевме пријатно изненадени и одушевени од новата реклама од Sandwich Video, која ја исмева фармацевтската индустрија. Исто како кога ќе се претплатите за весник – туфките ги носи доставувач директно до твојата врата. Оваа реклама е типична реклама за поимите на фармацевтската индустрија само што во центарот на вниманието не е лабораториска креација туку „цвеќе“. Во Орегон, рекреативното вдишување канабис е легализирано од 2015 година, а државата фино собира даноци од купувачите.

Фирмата за достава на цветови од канабис Britside ги носи твоите омилени врсти канабис и разни видови производи од канабис до вратата од вашиот дом кога ќе посакате. „Купувајте сега за поединечни нарачки или пријавете се за Discovery, услуга за повторна достава која ве запознава со новите ставки од менито“ - велат од Britside. Како функционира повторната услуга за остава? Дали сакате вашите омилени производи од канабис да бидат доставувани до вашата врата според периодичен распоред по ваш избор? Тогаш Briteside's Discovery Service е совршен за вас.


Прво, ја конфигурирате вашата Дискавери кутија. Вие ни одговарате на неколку прашања за да можеме да ги научиме вашите преференции за канабис. Вие избирате 2 производи од препораките што ги донесуваме врз основа на вашите одговори. Ќе додадеме Discovery изненадување врз основа на вашите преференции. Потоа, за време на проверката, кажете ни ... Колку често сакате да си порачате Discovery Box. И конечно ... Седнете удобно и релаксирајте се додека ја испорачаме Дискавериската кутија на вашиот праг“ - објаснуваат на страницата на Briteside. Лајкнете ја нивната страница на Фејсбук и споделете го овој текст за да го забрзаме процесот на ослободување!


Автор: Кате К.
Извор: Idesh!

No comments:

Post a Comment