Monday, January 29, 2018

Потeнцијален лек за домашните миленици: Дали медицинската марихуана може да му помогне на твоето куче?

Алисон Етел (Alison Ettel), никогаш не се здоби со висока слава, но таа би сакала да го нахрани вашето куче со канабис! Зошто? Алисон е извршен директор на TreatWell Health, калифорниска фирма која прави медицински производи од марихуана за луѓе - и нивните кучиња

Alison и колегата Harry прават кана-производи за луѓе и животни!
Нејзините ривали вклучуваат Treatibles, кој продава масло од коноп „за животни од сите видови“ и Pet Releaf, чија тревка изгледа како фенси вегетаријанска ужинка за кучиња. Ветеринарните групи во најдобар случај се претпазливи; но, зголемениот број сопственици на кучиња велат дека лекот е олеснување за анксиозноста и хроничната болка кај нивните животни. Прво, очигледното прашање: Не, тие не го пушат. Или го јадат целото растение. Канабисот како што го конзумираат луѓето може да биде ненајсоодветен за кучињата, така што фирмите прават  масла, тинктури и тематски креми користејќи екстракт од канабис.


Некои користат марихуана, но почесто се користи коноп, кој припаѓа на истите растителни видови. Двете го содржат соединението Cannabidiol (CBD), кое може да го намали воспалението и да се бори против нападите и анксиозноста. Мелинда Хејс (Melinda Hayes), која работи на услугата за доставување медицински канабис во Лос Анџелес, ѝ дава на Тинвел тинктура од канабис за Дајва (Diva), нејзиното 12-годишно куче кое има артритис. „Таа е во добра здравствена состојба за куче на нејзината возраст“ - вели таа - „му го препишувам тоа на добрите гени, добрата храна и канабисот“ - додава. Единствените несакани ефекти кои може да се случат се поспаност и зголемена жед.

TreatWell тинктура од канабис за миленици
Цимет (Cinnamon) од Мисури, го зема маслото од PetReleaf секојдневно за нејзините лоши колкови. Нејзината сопственичка Џојс Латимер (Joyce Lattimer) тврди дека по една доза „таа скокна веднаш од нејзиниот стол кога ја викнав да одиме надвор - обично морам да повикувам неколку пати и да ја туркам“. Следниот ден, вели таа - „таа дојде сама за да се поздрави и да ме лиже по нозете. Јас речиси и плачев, таа долго не го направила тоа“. Можеби мислите, зошто да му дадете на вашето куче канабис кога ќе добиете лек одобрен од ФДА? Производителите признаваат дека за многу сопственици, тоа е последно средство. Нивното куче може да биде крајно болно и страшно да страда од лоши зглобови. „Ние третираме анксиозност, артритис ... но, веројатно број еден што третираме е ракот“ - вели г-ѓа Еттел (Ettel).


Конопот што ќе го добие вашето куче има многу пониски нивоа на ТХЦ, психоактивно соединение кое се наоѓа во канабисот. Г-ѓа Еттел вели дека дури и нејзините напивки од марихуана нема да му наштетат на вашето куче бидејќи дозата е мала и внимателно контролирана. „Има неколку луѓе кои им даваат на своите миленици марихуана од забава без да има медицинска потреба“ - наведува д-р Сара Брендон (Sarah Brandon), ветеринар кој прави производи од коноп под брендот Canna Companion. „Ние им зборуваме на луѓето да не го прават тоа. Не давајте им на вашата мачка или куче марухуана без потреба. Тие не го сакаат тоа, не разбираат што им се случува...“ - објаснува таа. Меѓутоа иако дејството може кај нив да биде непријатно и збунувачко, не треба да заборавиме дека канабисот не може да предизвика никаква штета, ни смрт кај милениците.

Кучето Diva се лекува со канабис од артритис
Но, дали канабисот за кучиња е законски? На кратко, тоа зависи од тоа каде живеете и што сакате за вашето милениче. Законот за канабис во Америка е неуреден, бидејќи додека 29 држави и округот Колумбија легализираат марихуана за медицинска употреба - и девет рекреативно - сè уште е нелегално на федерално ниво. Тоа значи дека е нелегално за американските ветеринари да препишат производи од канабис за кучиња и мачиња. Г-ѓа Еттел може да продава само во Калифорнија. На Сопствениците им треба медицинска картичка за марихуана за да ги купат нејзините производи.

Меѓутоа, проект CBD, непрофитна група во корист на медицинската марихуана, вели дека маслото базирано на коноп врз основа на ЦБД е технички нелегално на федерално ниво, иако американските власти во голема мера ја толерираат продажбата преку државни линии. Запрашани за своите ставови за канабис, Американското ветеринарно медицинско здружение соопшти дека „засега нема да ги советува сопствениците на миленичиња дека е безбедно да користат канабис за своите миленици“. Американското друштво за спречување на суровоста кон животните се согласи со тоа. „Во овој момент, оваа област содржи повеќе прашања отколку одговори“ - вели д-р Тина Висмер (Tina Wismer), медицински директор на Центарот за контрола на отрови кај животните.


Treatibles - велнес компанија - прави тинктури, капсули и закуски
Американскиот пазар за животински додатоци вреди повеќе од половина милијарда долари и се очекува значително да се зголеми во следните пет години. И без разлика дали го гледате како прогресивна или само хипи бесмислица - има шанса канабисот веќе да биде во продавницата блиску до вас. „Имаме стотици илјади животни кои ги користат нашите производи низ целата земја“ - рече Џулијана Карила (Julianna Carella), чија компанија Treatibles продава масло од коноп и капсули.

Растот на индустријата за канабис во целина навистина го премести фокусот на ова. На Државниот универзитет во Колорадо, Колеџот за ветеринарна медицина и биомедицински науки се спроведуваат две клинички испитувања со CBD - едно кое вклучува лекување на артритис, а друго епилепсија кај кучињата. За сега, за CBD го шират зборот на ниво на земјата. „Луѓето со свои очи гледаат што се случува со нивните животни кога им го даваат производот“ - вели г-ѓа Карила. И ако сè што сторивме сега се анегдотски докази, мислам дека тоа е одличен почеток“ - заклучува таа.

Автор: Кристина Т.
Извор: BBC

No comments:

Post a Comment