Monday, January 15, 2018

Анѓа Мариќ: Квалитетен живот и покрај мултиплекс склерозата со помош на канабис!

Во Хрватска лекувањето со канабис исто како и во Македонија е возможно, но скапо. Анѓа Мариќ кажува како се излечила со канабис од МС, исто така, потсетува и на многу сериозните несакани ефекти од „обичните“ аналгетици

Anđa Marić се лекува со канабис од МС
Пред две години Хрватска ја воведе употребата на медицински индиски коноп (марихуана) во здравствениот систем, за да помогне во олеснувањето на симптомите на болеста. Меѓутоа, нема официјални бројки за бројот на корисници, бидејќи Хрватскиот институт за здравствено осигурување (ХЗЗО) не ги собира овие податоци, затоа што овие лекови се издаваат на рецепт кој се нарекува „приватен рецепт“ потпишан од лекар, но здравственото осигурување не ја покрива цената на лековите.



Подготовките засновани на т.н. медицинска марихуана се препишани на пациенти од онкологија за лекување на хемотерапија и радиотерапија, пациенти со мултиплекс склероза, пациенти со СИДА, пациенти со синдромот на Дравет и ретки детски болести кај коишто марихуаната може да ја намали појавата на епилептични напади. Штета што канабисот сè уште не се препишува за лекување на канцер, во што е најуспешен. Вообичаената работа на макрофагите е уништување на страните честички, но при мултиплекс склероза тие поради некоја причина ги напаѓаат нервните влакна - и според прогнозата на лекарите оваа болест предизвикува неповратно оштетување, сè до парализа и предвремена смрт.


„Размислете за купување гроб“

Ова не го велиме затоа што во проесек цената да излечиш пациент кој боледува од канцер со масло од канабис, чини помалку од хемотерапијата со која ќе го доотруете, а што е најтрагикомично канабис терапијата со масло (екстракт) е поевтина и од погребот... Според податоците од Институтот за имунизација, вели сајтот Zeleno Zlato, во хрватските аптеки, на пациентите им е достапно маслото од канабис увезено од Канада, спакувано во шишенца од 25ml. Достапни се две концентрации на THC и CBD активни агенси: 2,5 mg / ml и 5 mg / ml. Најмалата цена за пакување чини 1.000 куни и ХЗЗО не ги покрива трошоците, па сметката е прескапа за повеќето хрватски пациенти и тие сè уште се потпираат на нелегалниот пазар. Затоа уште не е лесно да се привлечат пациенти кои јавно ќе зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.


Нашиот соговорник, разноврсна музичарка Анѓа Мариќ (Anđa Marić) одлучи да зборува отворено и вели дека нејзиниот синтетички состав е достапен во аптеките, но е премногу скап  и недоволно квалитетен, така што таа, за ублажување на симптомите на мултиплекс склероза, сè уште се потпира на марихуаната која ја набавува на меѓународниот нелегален пазар.  Исто така поради тоа што ниту една синтетичка имитација на канабисот не може да го има ефектот како FULL EXTRACT масло од природен органски канабис. Исто така, синтетичките комерцијални фармацевтски имитации на канабис препратите се многу поскапи, отколку самите да си го направите вистинскиот лек во својот дом. Мултиплекс склерозата на Анѓа Мариќ беше дијагностицирана пред пет години, со многу лоша прогноза за развојот на болеста - за две години требаше да заврши во инвалидска количка, и ѝ беше советувано да размисли за купување на гробно место додека било време.


Од моите 30-ти, користам марихуана, бидејќи тоа беше средство што не ги уништи моите бубрези, црниот дроб и дигестивниот систем и немаше несакан ефект. Тоа ми помогна да се смирам и добро да спијам, да се носам полесно со секојдневните стресови на работа и стресот со кој се соочуваат младите мајки. Многу луѓе ми рекоа да земам лекови за смирување, но кога сфатив кои несакани ефекти ги имаат тие лекови, почнав да се едуцирам себеси за природните препарати кои можат да ми помогнат. Па, така го открив индискиот коноп. Од пријателите во Словенија купив индиско конопово масло и морам да кажам дека марихуаната и сите нејзини препарати се многу подобри во Словенија, отколку во Хрватска“ – вели Мариќ. Препаратите базирани на канабис различно се третираат во ЕУ. Нивното испраќање и купување во странство е всушност „сива зона“ помеѓу забраната на наркотици и дозволената трговија со лекови.


Некои од синтетичките имитации
„Претходно се немав напиено ни аспирин“

Кога првпат дојдов во бањата, ми дадоа неколку таблети што секој ден морав да ги пијам. Мултиплекс склерозата се карактеризира со хроничен страв, несигурност, сомневање и за ублажување на овие состојби на анксиозност се препишуваат многу лекови за смирување. Но, овие средства на крајот само ја влошуваат состојбата и моториката. Тоа беше неприфатливо за мене. Пред да се разболам, не пиев ни обични лекови за главоболка. Бидејќи болеста ме тераше да размислувам зошто се појавила, почесто ќе се појавеше дехидратација или глад, па ќе исчезнеше веднаш штом ќе испијам доволно вода или ќе јадам. Благодарение на употребата на индискиот коноп и неговите препарати, немам тремор кој се карактеризира со мултиплекс склероза, имам совршено мирни раце. Не страдам од несоница, која е исто така класична со симптоми на невролошки проблеми, немам грчеви, добро спијам и се чувствувам одлично. Јас навистина не ги разбирам луѓето кои сè уште не го користат овој лек“ - истакнува Анѓа Мариќ.


Таа денес ги користи сите препарати од индиски коноп, дури и масло за јадење, ЦБД масло. Мариќ открива колку луѓе молат за помош во изнаоѓање квалитетна марихуана и нејзините подготовки – на заболените не им е важно дали доаѓа по легален или нелегален пат, бидејќи најважно е да си помогнат и тоа дека постои алтернатива, добро развиена европска мрежа на продавници за марихуана кои служат за лечење од најтешките болести, објаснува таа. И покрај дијагнозата мултиплекс склероза и лошата прогноза од страна на лекарите, тие (лекарите) се чудат како и оди така добро на Анѓа Мариќ.


Овој цвет е незаменлив!
„Како сè уште не сте во инвалидска количка?“

Меѓу оние кои бараат помош се и многу од врсниците на мојот татко, а бараат помош за себе или за своите заболени сопружници. Постои цела мрежа луѓе во регијата која е поврзана со мрежите по цела Европа. Доаѓа до Балтикот, каде што можете да го најдете и купите најдоброто решение за вашиот тип на здравствен проблем, а за тоа да не мора да издвоите богатство кога би требале да се ослоните на купување синтетички препарати од марихуана во аптеките“ – рече Анѓа Мариќ. Сепак, таа исто така предупредува дека покрај марихуаната потребна е целосна посветеност и постојано слушање на сопственото тело кога се лекува сериозна болест и целосна посветеност и внимание на она што се внесува во организмот.

Постојано ме изненадува фактот што луѓето во здравствениот систем се изненадени кога ќе видат стари откритија, бидејќи по двегодишна дијагноза морав да бидам параплегичар во инвалидска количка. Најдобро можеме сами да си помогнеме. Ова не значи дека не треба да ги слушаме докторите, но прво мораме да се слушаме самите себе и нашето тело. На секој лек што ми го имаат препишано сум му дала шанса, исто на секој тип на лекување сум давала шанса барем три месеци, за да можам да кажам што од тоа функционира кај мене, а што не“ – објаснува таа. 


Да го ослободиме овој лек!
„Како на мене може да ми помогне лек за воспаление на коњски тестиси?“

Во моментов, таа не користи конвенционална медицина, туку природни препарати. Марихуаната е исто така прва помош кој несоницата, нема тремор и грчеви и придонесува за здрав апетит и јасна визија. За некои други пациенти со истата дијагноза кои знаат и се ослонуваат исклучиво на традиционални лекови од доктор, велат дека се во многу полоша состојба од неа.

Два пати сум земала кортикостероиди и можам само да кажам дека тоа е едно од најлошите искуства за мене. Не разбирам како мислат дека можат да лекуваат воспаление на коњски тестиси со истиот лек како и моите промени во мозокот. Кортикостероидите требаше да ми помогнат повторно да го вратам мојот вид, но тоа не се случи. Откако престанав да земам храна со глутен, престанав да пијам млеко, а земав огромни количини витамини B, D и почнав да медитирам, говорот и видот ми се вратија. Нашето тело е машина во која не можеме да внесуваме сè што ќе посакаме, мораме да слушаме како и на што реагира. Марихуаната и нејзините препарати се едни од работите кои ми помагаат, но прашањето е во вкупните промени во односот спрема мојот дух и тело. Треба да научиме како да се смириме, како да го смениме начинот на размислување и да водиме сметка за она што го внесуваме во нашето тело“ - заклучува Мариќ.

Автор: Кате К.

No comments:

Post a Comment